- Зошто нема да одиш на екскурзија во Италија? - Затоа што Италија за време на Првата Светска војна била од страната на фашистите. Добро, што одговор сакаат да им дадам? Да се почувствувам глупаво? Јас не сум Леон мамичка со прстето во уста, од видеата на Марјан. Не се исполнуваат сите желби така лесно. Ок, позз.
Денеска видов во една продавничка кај Билна скроз на крај (продавница за чевли) пишуваше дека бараат продавачка.Ако сака некоја нека помине нека види,нека си ја проба среќата. П.С. не правам реклама,само велам некому може од корист да биде.
Човек никогаш не треба да се оптoварува со нешто на кое не може да влијае и не зависи од него, ниту да биде осудуван од другите за истото.
Станав сабајле, го наместив креветот, си напрајв за јадење, јадов најбавно шо можев, го истресив чаршафот, средив масата, изметив со правосмукалката, му поможив на мајка ми со ручекот, ручав и пак средив се, а сега бдеам над лап топот... НЕДЕЛАТА ШТО ИДИ Е КОЛОКВИУМСКА
Ми викаат дека сум била пребирлива, а уствари цел живот ми нудат само глупости и никако да разберат дека имам се што ми е потребно. Секое утро се будам и го бакнувам оној со кого ја поминав ноќта, а го немам. Станува, и ми носи доручек во кревет некојси што го немам. Пијам утринско кафе заедно со оној што го немам. Опкружена сум со неизмерна љубов и внимание од оној што го немам. Се шетам низ паркот држејќи се за рака со оној што го немам. Приготвувам прекрасна вечера, јадам и пијам чаша вино со оној што го немам. Навечер кога не ми е дојдено до ништо и никого, легнува до мене оној што го немам и ми кажува колку ме сака, секојдневно... Јас имам се, само тоа моето се за вас е невидливо.
Попладневни поројни дождови од кога немаше заврнато заборавив како изгледа таквото време Колку и да го сакаш таквото време ќе ти здосади ,па не е фер шо ... Абе порано кога ќе заврнеше се радував го сакав таквото време(го сакам сеуште но во овој момент не)уживав да сум дома и да се досадувам или да си читкам нешто додека врне, посебно па Леат дождови и Дождот од Нокаут колку обожавав да ги слушам додека надвор врне а сега и песните ги замразив од времево бее несакам да ги слушнам досадни ми се Кога ќе размислам па дека доаѓа лето и жештината што ќе морам да ја трпам цело лето си велам: нека потрае дождот летово ќе го барам и ќе ги сакам ваквите моменти ... Сеа си барам соодветна песна за со времево затоа што овие две што ви ги споменав веќе ми се преслушани
Го чувствувам она што никогаш го немав. Го доживувам детството кое не верував дека нема да го доживеам. Си велев:" Јас никогаш нема да имам спомени, никогаш нема да знам какво е чувството кога си безгрижно дете. Зарем е фер ова? Зарем е фер секогаш кога ќе слушнам за нечии детски моменти да се прашувам што е тоа?". Е денес го доживеав тоа детство во неколку часа. Се радував, домашните ме разгалуваа, си апнував што сакам, пуштив музика до најгласно, пеев како детенце кое се обидува да биде Бијонсе, се качив на "таванот"- моето скришно место, седнав наземи и зјапав во телевизорот без да трепнам, танцував.. Сѐ во најдобар ред...Направив и една глупост... Јоој, убичу се. Ај, нема везе. Утре, очигледно нема да биде така, но не ми е гајле. А, да. Има уште. Банката "Лајтнинг" е повторно отворена. Само денес ќе ја имаме најдобрата понуда до сега: Кредит без камата.. Ама да ве потсетам, кредитот никогаш не мора да се исплати. И знам дека нема да се исплати, но сестринска љубов е тоа. Ако не ѝ ги дадам неа сите пари, кому ќе ги дадам? Абе и за кладба било. Ај, нека си јаде таа Милки и палачинки, за мене кому му е гајле. Форгет абаут ит. Јес, ај вил. Ај олвејс ду. И така, банката повторно ќе се затвори сѐ додека не добие некој вишка денар. А банкарот само нека се надева дека ќе добие плата или слично..
Мммми е гајле ако врне.Гајле ми е и сонце да грее.Ма свеедно ми е. Кога една личност ти го разубавува цел ден,ма каков цел ден..и цела недела,тогаш навистина не ме засега какво е времето надвор. Сонце! Соонце! http://www.youtube.com/watch?v=1UUYjd2rjsE
Дарјан Раденковиќ @darjanr Бачковци ,срамота е више запирка вака да користиме,или вака , или па вака. Не е мрсење муда, ствар на елементарна писменост е.
Времево е само за некој филмски маратон на романтични филмчиња и топло кафе. Уживајте, не ни треба сонце повеќе. И онака заборавивме како изгледа. Викенд е, нека врне, нека се истури, ама од понеделник не сакам да видам дожд.
Преубав текст. Не дека нешто се пронајдов или слично ама така фино необичен за да ми фати око и да ме натера да ми е малку ѕвездичката што ја ставив туку да сакам и да ти го цитирам за ти кажам дека стилот со кој си го напишала ми е многу мерачки. Ми личи како убав сплет на мисли кој би поттикнал убава дискусија доколку би се разработувал во литературни друштва или како на времето во средно што обработувавме книги не дека некој ме прашува, ама чиста 10ка од мене
Добро бре, добро, разбирам брзање и брзо возење, ама каде се брзате во сабота во 6 попладне каде? Абе од глава до пети ме истушира бре, у кривина со трета влага убрзан, умислен до немај каде, како да само он некаде брза и мора да стигне порано. Џоамити Њујорк станавме, сите брзаат некаде, немаат време и само бизнис митингс имаат, мај ес имаат
Ваљда за да се посочи како НЕ треба и како лошо изгледа неправилното Целата прва реченица е неправилно напишана. По правило се пишува запирката после зборот споено и следи празно место за да ја освои од наредниот збор.
ПМС те мразамммммммммммммммммммммм !!!! Ме уништииии !!!! Се мразам самата себе кога сум во пмс , јас сум друга личност , ЈАС не се познавам самата себе. Се околу мене ми смета , се ме нервира , се ме вади од такт , на све сум бесна .... Ахххх железо ке стопам во раце. Но има две позитивнни работи за прв пат во мојот живот кога сум во пмс наместо да се карам со дечкоми , му испопраќав љубовни пораки и замислете ми рече овој пат пмс добро ти реагира и втората е дека прв пат во животот ставив туш на очите како што треба другото се е пропаст.
Jас убаво разбрав, само мислев дека објаснувањето следи после „користиме“. Вака, ми се чини ко техничка грешка.