Животот е само момент. Момент кој ви припаѓа на вас. Уживајте во овој момент додека го имате. Не дозволувајте да ништо ве забавува во работата на она што го сакате. Живејте го животот сега, не заборавајте да бидете среќни. Не се оптеретувајте со неважни работи, не си давајте себе си за право да управувате со туѓите животи. Влезете во својот микросвет, радувајте се на убавото време, среќата, љубовта, радувајте се што го живеете овој живот. Вашите позитивни мисли ќе ги привлечат и другите убави работи. Не се давајте…
Си седам на кревет и наместо да читам се загледав во моја слика кога сум имала 3-4 години. Си викам што не ми дојде ова девојче ко на филмовите што си доаѓаат сами на себе од минатото? Да си направиме мал муабет. После се замислив кога би имала прилика што би и кажала на ЈАС од минатото? Може би и кажала кои грешки да не ги прави во иднина, дека досега ништо не постигнала од тоа што си замислувала во тоа време, и ќе и укажам дека џабе фантазира- не е ништо резево ко што си мисли. Гратис: Да не му верува на никој. Ќе и дадам ветување дека ќе се обидам да ги исполнам тие желби на тоа мало девојче од пред 20тина години....но ако не успеам, да не се разочарува и да не се лути. П. С. Досега, според тогашните детски и наивни желби, требаше да имам 3 деца (Кети, Мери и Александар) и сопруг што ќе биде професор по физичко и ќе се вика Миле
Овој ме потпрашува дали сум се пофалила на другарки и колешки дека ке сме ишле на дејт а ја му прам филмови дека демек само одредени луѓе знаат. Не е свесен дека цел форум знае за дејтот наш утрешен Утре прес после 10ч очекувајте! И да, возбудена сум
Луѓето често велат дека мотивацијата е променлива. Не траат ни ефектите од капењето. Затоа и се препорачува секојдневна доза.
Друштво, не сакам да пишувам во тема земјотрес за да не стварам беспотребна паника, па затоа ќе пишам тука. Апликацијата ме известува дека веќе неколку часа по ред дрмаат поприлично јаки земјотреси во Турција и Грција. Прочитав дека јако се осетило на островот Лезбос, од каде дури има и слики од урнати градби. Не можам да прашувам дали има потреба од превентивни мерки, бидејќи прашањето нема смисла, ама можам да кажам дека чувствувам доза нелагодност, поради тоа што дома чувам дете и мачка, а сама сум. Во мисла сум да ги земам под рака, и да излеземе да шетаме низ населба.
Струмичани, имате најубав градоначалник! Не знаев оти таков лепотан можело да биде градоначалник!!! Официјално и он ми е симпатија и од денес официјално комуњарка ке бидам! Абе лепота типот! Ај у ЛП пишете ми нешто адресичка а-у
Сакам некогаш да можам, да можам, да ги купам сите паломи и марамици што ги продаваат дечињата. Сите!
Она коа сфаќаш дека картите за Мароко се така евтини и кога имаш мајка оптимист која ти ги праќа у 2 после полноќ со порака - ќе можеш, размисли, шанса е. Една е мајка. Една. Светски патник, потпора, душа, срце, збор, прегратка, изгубен разум, топлина, оптимизам, одговорност, болна одговорност, човек со потенцијал и изгубени можности заради ропачки системи, среќлија, детелинка со четири листа, нежност...филозоф... и страв дека еден ден нема да ми го распознава ликот... ама прво да се фатиме да дојдеме до тој далечен еден ден. Што ќе донесе утре... лето, ко за старт веќе ме разочара... како ли, зошто ли... ти си знаеш... бар да слабеев, а не да се дував како меур... ќе се фатев за тоа ко плус у све.
"Не треба да бидеш интересна, треба да си добра." Пред шест години ми го кажа ова некој што тогаш ми беше потполен странец, а сега најдобар пријател. И се присеќам на ова секогаш кога треба да направам нешто, дали за приватен живот, дали за работа. А пали кај луѓето да бидеш интересен. Да привлечеш внимание. Ама вреди ли? Што кога не оставаш ништо вредно позади тебе? Тоа ми е најголемиот страв.
Нели викаа дружи се со сите без оглед какви се. Не сме сите исти и различни сме. Ама не не ским се ја то дружим. Си ставив прст на чело вчера и се замислив. Никогаш толку страв не сум осетила како сношти, никогаш не сум била во близина на такво нешто. Морам да раскринкам еднаш засекогаш со ова девојче!
Ретко разговарам со мајка ми и татко ми за несекојдневни теми. Прво, не се согласуваме во скоро ништо, и второ, ми шират негативна енергија. Ама еве, се случи еден таков разговор: Татко ми: Во оваа држава работите мора да се сменат. До кога неспособни идиоти ќе ги заземаат работните места на оние што навистина заслужуваат да ги добијат? До кога оние со средно образование, неписмени и прости, ќе седат во канцеларии, а тие што се мачеле да завршат факултет ќе седат дома? До кога... Јас во себе: Зошто ли воопшто седнав овде.. А добро, тоа е сепак премногу омраза и исфрустрираност.. Не тато, тоа не се случува во државава, тоа се случува во твојата реалност. Луѓето учат и работат и сè им е во ред во животот, но ти веруваш дека сè е хаос и затоа добиваш докази дека си во право. Ама, како да ти објаснам дека... Мајка ми: Денес нема пријатели. Сите гледаат да те искористат, а кога ќе престанеш да им требаш забораваат на тебе. Ако ти е лошо во животот, на нив им е мило, ако ти е добро, љубоморни се. На никого не се верува. Пред тебе пријател ти се прави, а зад грб којзнае што зборува. Затоа ти велам, да учиш, да постигнеш нешто во животот, па сите да пукнат од мака! Јас во себе: Боже, во каква заблуда живее. Не знае дека како зборуваш и како мислиш - така е. Колку горчина... Зарем не сфати дека треба да успееме заради самите себе? А што да кажам на ова, ќе се правам глупава.. Јас: И? Решивте ли? Ќе купувате кујна? Татко ми: Ќе видиме. И онака на вашата листа на желби нема крај. А парите не растат на дрво. Постојано нешто ви треба, не знаете вие за... Јас во себе: Леле, ете го пак почнува за скромноста.. Мајка ми: Флоренс, стани да јадеш. Јас: Не сакам од тоа. Нема друго? Мајка ми: Да видиме кога ти ќе имаш деца дали ќе можеш cè да им погодиш.. Татко ми: Во наше време... Јас во себе: Еј, ми дојде идеа за пост на фемина... Некој можеби ќе си рече дека сум разгалено детиште и дека моите родители се во право, но не заборавајте дека тоа е само вашето гледиште на работите. Од друга перспектива изгледаат многу поинаку.
После многу години да си здрава и жива,врати се на овој пост,заедно ќе го анализираме..збор по збор. Знам,досадни сме..ама верувај ми,ќе дојде време кога истото ќе го збориш,не од што сакаш да ги деморализираш децата туку од што толку многу ги сакаш и толку многу те боли за нив.
@Florenсе кога ќе почнат родителите да ти ги зборуваат муабетиве, сети се дека ТИ си ги избрала И не очекувај и предвидувај што ќе кажат (затоа што на тоа и ќе сведочиш), наутро стани со "амнезија" и речи си : "ајде да видам зошто сум ги избрала токму нив за мои родители" Бидејќи и ова е само твоја перцепција на нив ( на многумина нема да им биде јасно што пишувам, ама ти знам дека ќе ме сфатиш)
@referentka Јасно ми е зошто моите родители ми го зборуваат ова. Знам дека е од љубов, дека се плашат за мојата иднина, дека и тие се изгубени во овој живот, не знаејќи како да си ги заштитат саканите. Знам дека сè зборуваат со најдобра намера. Но верувај ми, го прават тоа на еден толку погрешен начин, што влијаат лошо не само на мене, туку и на себе. И не ги обвинувам, никаде не го ни спомнав тоа. Не се виновни што не се свесни колку таа омраза и погрешни гледишта ги попречува на патот кон посреќен и поквалитетен живот. И се стремам да им помогнам. А, кога велиш дека и јас ќе го зборувам истото, тука многу грешиш. Никогаш, и под никакви околности не би ги "давела" моите деца со негативни разговори од типот тешко е да најдеш работа, нема вистински пријатели, тешко се доаѓа до пари итн. Зашто јас знам какво влијание имало тоа врз мене. @Avery Јасно ми е за што зборуваш. И тоа како си во право. Има многу начини како да ги променам нив, но ништо без да почнам од себе.
@Florenсе И моите родители спаѓаат/спаѓаа во таа категорија "најди подобра работа, подобар партнер, подобри пријатели." Кај нив се е теорија на заговор хах Како тинејџерка (претпоставувам дека си сега тинејџерка) мене тоа многу ми сметаше. Се бунтував, се расправав/ разговарав како да се дојде до промена. Како да ги убедам да сфатат дека со негативни ставови нема подобрување во ниедно поле во животот. Но толку бевме различни (и сеуште сме) што не успевав никако во тоа. Не успеав да ги променам, но се променив себе. Ги прифатив како такви, зашто тие се моите родители. Прекинав да им ги кажувам сите мои "филозофии", решив да искоренам некои мои негативни особини кои водеа до нервози и конфликти, донесов подрастични одлуки (некои паметни, други не) но сепак успеав да си го подобрам (значително) односот со нив. Низ годините учиш многу нешта (и тоа учење трае додека сме живи), јас научив дека промената за подобар живот е во нас самите, не во некој друг. Пишав пошто твојот пост ме потсети на мене и моите родители во едно друго време