Изморена сум. Во последниве 48 часа спиев само 4 часа. Да се знае кој е студент у комшии. Мртва уморна сабајле тргам на испит и не се надевам дека ќе положам туку дека ќе ме удри некоја кола по пат. До толку што ми беше сеедно! Го положив со 10ка и уморот магично исчезна хаххахахахахах НЕ! Не можам повеќе
Понекогаш застанувам во целата животна врвулица и само се прашувам: што е целта? Зошто сѐ ова? Ќе биде ли некогаш подобро? Дали сум само јас толку чуствителна кон светот околу мене и морам вечно да се преиспитувам, себе и одлуките што сум ги донела? А сѐ што сакам е да бидам слободна, да бидам слободна да бидам јас - јас, да искажам сѐ што ми лежи на душа без страв за утре.
Читам пред некој ден, слабо било учеството во кулинарската тема за морски плодови, и после доаѓам попладнето и од страна читам (а не дочитувам оф корс), тема: Школки и си викам, аха, од морските плодови се офајдија, сега со кој памет избрале школки да готват , а тоа да ти било фото-натпреварот Ама ја битно си кажав, самата во себе Арно не отидов да коментирам Инаку СДК Гицка ми го направи денот посончев!
Колку и упорно да се трудам да се случи тоа што чекам долго време, никако да се оствари. Во последен момент, се менуваат работите. А пак можеби и нема да се случи... Можеби и не треба, па и подобро да биде... Кој знае
Сакам да кажам дека ... Епа вака, јас сум Читател и ме викаат Читко. Можете и вие да ме викате како ви е згодно. Инаку сум студент. Не сум од оние нормалните, со малку среќа студенти кои со прочитани прашања пред полагање ќе положат. Јас сум ти од оние студенти што кога спрема испит ги проаѓа, книгата, белшките, презентациите, што учеле тие од 2011 год, прашањата од предходните испити и на крај нема да биде сигурно дали ќе положам со можност за непроаѓање. Од две групи на мене ќе ми се падне левата. ------------------------------------------------------- Сопственикот: Да платиш кирија !? Кираџија - Немам сега пари, наредната недела ќе платам Сопственикот: Како бе немаш пари, до кога ќе те чекам тебе !? - Ќе дојдам таму се ќе демолирам !! Кираџија - Демолирај твое е, што да ти кажам. Го знаете моментот кога ПозЗ3³ ®
Сакам да кажам дека гледам одредена злоба во луѓето. Велам одредена зошто не верувам дека сите сме лоши по природа, туку дека некои ситауции не наведуваат на такви активности. За што конкретно сакам да зборувам е насилство. Насилство, сите велиме дека не го поддржуваме, но се почесто и почесто го гледам она „ама“ во секое такво мислење. Маж тепа жена - ама таа го изневери. Родител тепа дете - ама тоа укради десет денари. Народот тепа политичари - ама тие направија голем криминал. Ако сега ставам слика од некој кој врши физичко насилство врз некој друг ќе се згрозат повеќето, ако наведам некоја причина ќе го оправдаат. Зошто? Поентата ми е, насилство е насилство и тоа „ама“ треба да се отстрани и насилство под никој случај да не се оправдува.
Совет од постара жена за како да си го зачуваш бракот: - Секој ден после 22.00 часот ги забораваш сите улоги од секојдневниот живот (мајка, ќерка, другарка, сестра, колешка), и само се форусираш на улогата сопруга па целосно се посветуваш на таа улога. Од една страна си викам ај ок, може во право е што зборува, треба да му се дава доволно внимание на бракот за да успее...ама од друга страна си викам, зошто па само жената да изигрува будала за да го зачува бракот? Мажот не треба да е во улога на сопруг? После 22.00 часот, демек децата си легнуваат и ти ја исклучуваш улогата мајка? Ако плачат, нека плачат...јас не сум мајка тогаш. Дечки, во 7 сабајле пак ќе ве замолам да заплачете...Тогаш се враќам во улога на мајка Да си дете на некој, да си мајка на некој, да си другарка на некој... не е некаква актерска работа, па за во 22.00 часот да ти помине смената и улогата Како и да е Пред мене одеа дечко и девојка. Им дојдоа околу нив мали дечиња што просеа, па прво на девојката и бараа ама таа не ги регистрираше...Па му се завртија на дечкото и му викаат: - Ајде бато, да ти е жива и здрава љубовницата...Да ти роди близначиња... И девојката дофрла: - Дури децава по улица знаат за твојата курва. Не е смешно очигледно си имаа проблеми, ама од страна да слушаш смешно е
Лето,или во превод период кога просечниот македонски човек од досада ќе земе да го вади дворот и цементот пред куќа, а други чекаат притисок во купатило да се искапат... Доаѓа притисок,па го чекаш бојлерот да загрее вода... Во меѓувреме дошло 1ч по полноќ, те надвјасал сонот и си велиш, јебига, и некапен ќе шетам
„Пиво не е пиво ако додатно не те испоти во жежок летен ден“ Morgan Freeman за "Shawshank Redemption"
Сватив дека не сум среќна..и дека ќе бидам среќна само ако се социјализирам со луѓе надвор од работата, скоро секој ден во неделата... Исто така сватив и дека тоа не можам да го постигнам со моменталната работа... А најјасно ми е дека не би можела да го постигнам скоро со било која работа во државава... Значи во глобала, треба да се превземат радикалнi мерки да се промени истово, само што скоро ништо не зависи од мене, или пак цел живот да бидам несреќна...
СДК дека се изгубив. Станав обична, идентична со другите. А бев уникат, бев слободна. Не осетив кога ме снема. Ќе треба да променам многу нешта за повторно да се пронајдам. А тоа ќе ме чини многу скапо.
Често погледот ми застанува во непознати ликови кои се во поодминати години, каде убавината оставила траги, проучувајќи ги за момент нивните црти на лицето, прашувајќи се како изгледале во младоста.
СДК некако во последно време како да чувствувам дека полека ми се чистат од животов некои личности кои ми одземале непотребно енергија...љубоморни, себични, "пријатели".. Овој пат повнимателно ќе бирам кого ќе го пуштам во своја близина. Некако пак се чувствувам слободна, не целосно ама добро е и вака за разлика од тоа што беше. Убаво ми е и се радувам на периодот што следи и се надевам на убави моменти без притисоци, гушење и негативна енергија. Ми недостига искрена насмевка, добар, долг и невообичаен разговор на некои чудни теми од кои глава боли покасно...гимнастика на мозок... Сакам да заминам некаде сама барем на недела дена ако не повеќе и да се опуштам целосно, воопшто да не комуницирам со никого..рехабилитација од секакви глупости кои ми држат простор, а не ги сакам веќе во себе..сакам да си одам..да заминам од сите што ги знам и да запознавам нови луѓе, да истражувам, да искусам нови нешта... буквално да талкам зошто не секој што талка е изгубен.
Се почесто се губи вистинското значење на љубовта односно прецизната дефиниција кога е вљубен човек. Чинам модерно стана постојано да си заљубен во наводници. И да,ептен ме нервира кога слушам некои рандом фаци или пак јавни фаци без разлика,како се лигават :ама јас сум секогаш заљубен(а тоа што 2324 години се сингл ако,важно заљубени си се луѓето) Љубовта е многу повеќе од тоа да мислиш дека си заљубен ради реда само
Сите имаат потреба да бидат прифатени,да припаднат некаде,да имаат некој покрај себе, да не бидат осамени,да споделат радост или тага со друга личност.Всушност, си требаме меѓу себе,ние луѓето.Треба да ги отвориме срцата,да си оддаваме малку повеќе почит меѓу себе,да си даваме поддршка еден на друг,да се сакаме малку повеќе и да шириме позитивна енергија.Тогаш,никој не би бил осамен,би се имале сите едни со други и светот би бил поубаво место за живеење.
Претпоставувам дека по неколку години пак ќе седам вака под отворено небо од некоја локација. Ќе го вратам филмот назад, некои спомени ќе ми измамат насмевка, за некои кога би го вратила времето би си удрила два наопаку и би се отерала у три лепе за непотребно изгубените живци. Не дека тие стварно се изгубени, али небитно. И ако некој ме праша како се чуствувам моментално, вистинскиот одговор е мирно. Проблемите ми висат над глава, обврските ми остануваат, подочњаците до колена исто, борбата до остварување е секојдневие... тоа ме чека. Но во овој момент сум мирна, не трчам for the hills, седам со дуксерот на тато на мене во двор и уживам во тишината на ноќта. Сѐ до моментот кога ќе влезам внатре. Тогаш се враќам на старото. Барање правилни решенија, донесување одлуки, решавање лавиринти и излези, тестирање на издржливост и останати способности... Лесно е кога без труд ги добиваш работите, благодарение на тоа што ти е в глава. Тешкото доаѓа кога ти завршува тој период на лежерност и "безделничење", па и стоте проценти не се доволни на моменти. Затоа ќе си поседам "уште малку" надвор.