Не можам да дишам .. Чувствувам некоја празнина во душата .. Ми фалат блиските личности . Ми фали едно време , кога со другарките се гледавме во лице . Она време кога телефони добиваа само тинејџерите . Времето кога мајка ми ме викаше од дворот за да си дојдам за ручек . Времето кога дедо ме праќаше да му купам цигари со БМХ-от .. Пораснав додека да трепнам . Не знам . Не осетив . Од ден на ден , се повеќе се оддалечував од детето . Станав девојка во тинејџерски години . Од тогаш наваму , добивав различни удари . Секој ден останал врежан во душата . Изгубив многу драги лица во текот на овие 8 години . Лица кои никогаш нема да ги заборавам . Понекогаш им се обраќам . Онака како што си комунициравме со нив , невин детски речник . Кога се променивме толку ? Да , сакам да се вратам во детството . Кога немав ниту една гребнатина на срцето и душата . Сакам да се вратам години наназад , кога постоеше само фиксен телефон . Кога сите излегувавме на улица и не се прибиравме дома до мрак ... Кога сите спијат , мене ме убива носталгијата , за едно , далечно и многу поубаво време ...
Не знам за вас, но мене ми е особено слатко и убаво кога ќе видам постар пар како се држи за рака. Младите парови не ме допираат толку. Дури ни оние најмалите, кои уште во градинка покажуваат љубов. Љубовта се раѓа меѓу двајца, да, убаво е тоа. Љубовта трае. И тоа е добро. Но кога ќе видиш дека љубовта е сочувана после толку време, тоа е совршено.
Утре одам на одмор значи не сум на работно место. Само ми смета што шефицата ми рече ако треба ќе те викнеме. Синкир многуте дена што ги зедов
Ljubovta e preceneta sostojba.Sopstveniot glad za da bidesh sakana go proeciras na licnost koja sexualno te privlekuva. Koga so tek na vreme ke si ja ispraznis nadezta za da bidesh ljubena imas razocaruvanje. Ljubovta ne e vechna.Taa e promenliva velichina kako i site drugi velichini(strav, taga, sreka, tolerancija i dr). Ako taa ne se hrani , ovenuva. Zena koga ke ovene , teshko ozivuva. No koj ja spoznal ljubovta na zenata , toj go doprel bozestvoto. Taa koga ljubi e vo sojuz so celo nebo i so cel vonzemen svet.
Сакам да кажам, дека сум човек кој набљудува и е тивок. Некој можи ова да го сфати како незаинтересираност, но јас би рекла дека не ми треба подлабок контакт со одреден човек од толку. Ги држам работите на дистанца, но слушам и набљудувам. Кога пишувам некое вакво мислење, тоа е резултат на долги забелешки дали биле тука, дома, на факултет или некое сосема друго место. Многу пати повеќе од еднаш. Што не сфаќам е кога некој би рекол дека си го кажал мислењето и воопшто не му е грижа што вели некој друг, дека сепак тој си е во право. Нели е тоа непочитување? Тебе да те слушаат, а ти да не сакаш да одвоиш минутка. Кога некој ќе речи дека тие не ти зборнале/цитирале само зошто твоето мислење нив не им е важно. Нели и ова е непочитување? Зошто е толку тешко да се слушни туѓо мислење, немора да се коментира, немора да се прифати - ама да се сослуша. Како инаку би знаеле каква подетално е другата страна ако не сослушаме, ако не дадеме шанса да видиме?
Речиси се што сочувствував и ми беше жал кај други, за се што давав поддршка во туѓи животи, речиси се ми се тупна директно или индиректно. За се што се јадосував за туѓ страд ми чукна на врата. Си најде начин како...среќа па не е баш се, туку речиси се. Ептен дека све на куп сме, инаку и ураган ќе ме здесеше или цунами. За војна никогаш не сме биле на чисто, па увек постои шанса. Добар дан туго! Првиот ден кога го слушнав тоа што не се слуша, еден доктор ми рече - девојко, врати си го своето назад. Да бидам искрена, не го сфатив баш баш... Денес и те како го сфаќам и си го сакам своето назад. Едно прашање, до кога бе пичка ли му матер?! А згора на се, во друг поглед некој ме прави будала. Тешка будала...
Хаљо лојте ве исчитав сите, некој на одмор некој брои денови до одмор се посмеав во трета смена и секоја ноќ тамн да ве дочитам и пишам коментар јас кома сум и затоа решив сеа да ви пишам.У последно време многу спијам.Уствари ја секогаш сум си по спањето али ова шо е ногу ногу е по 10 саати. Ние купивме кола и минатиот викенд тргнавне да се прошетаме у најблискиот голем град тука и на сред пат новата кола почна да ни гасне.Мислев дека умираме.Си ги затворив очите и си викам па вака ли млади бе боже мајка ќе ме жали и дм среди некако се паркира и ми вика -шо праеме му викам -назад дома ништо од шетањето.А Си бев возбудена оти дм отиде да си купе нешто како патики и јас пак да ги погледам омилените сандали и луѓе да не ви се верува 50% намалени и си велам сеа бр нема коа да ти имало и бр.Пресреќна.Прв пат у животот да купам сандали со намаление. Ја па со сандалите се заборавив.Колата ја оставиме да ни ја средат и ни кажуваат некоја будала ја чукнал и од осигурање ќе ја поправат и лицето ќе си плате оштета топ.Му велам на дм ништо не е случајно а како за некое чудо ич небевме нервозни тој ден. Убав и пријатен ден на ситее....
Во ред е да се има различен став, различно мислење, различни гледишта. Не е во ред да се навредуваат, понижуваат и омаловажуваат оние кои имаат спротивни. Исто така, во ред е едни да знаат повеќе од други. Не е во ред да се исмеваат тие што знаат или умеат помалку.
Сакаат да изгледаат убаво,а не вежбаат,не пазат на храна,јадат како храна да не виделе со очи,па после се жалат како неможеле на плажа да шетаат опуштено,морале да носат едноделни купачи,срцка извини ама таа шија не е од туршија,и тој газ не е од праз.
2 дена како одам на пракса во аптека и можам да кажам дека со сигурност се повеќе и повеќе се заљубувам во медицинава. Многу е убаво кога го учиш и работиш тоа што го сакаш.
Добар ден драги гледачи , во денешната емисија ќе дискутираме за тоа како да се справите со крлежите кои ја окупираат Македонија секое лето. Инспирирани од денешниот немил настан на членка во 40+ год темата(издржи , Македонија е со тебе) , решивме да ја свикаме оваа емисија и да го повикаме нашиот експерт Доктор Јипман. D: - Благодарам Доктор Јипман што одвоивте време од вашиот тежок живот да ни помогнете и да не советувате за овој проблем , ве молам да не должиме , повелете. Y: - Да благодарам што ме повикавте , се надевам моите совети ќе помогнат на многу луѓе , значи овој проблем може да се реши едноставно за 10-20 мин преку употребата на 7 чекори. Значи тие чекори се следниве : 1.Location Location Неговиот упад нема да го осетите , но затоа неговиот престој ќе го осетите со чешање , црвенило и нервоза. 2. Choice Одкако ќе го лоцирате натрапникот доаѓаме до вториот чекор. Избор. Во овој чекор имате избор да самостојно , силно , и без никакви сомнежи да се соочите со натрапникот , да му покажете кој е газда у кафана , или да отидете кај мажулеетоо , кај докторчетооо , кај сестричетооо и да барате помош. 3.First Attack Дотолку се одлучите за првиот дел од вториот чекор, време е за напад , земете го зејтинот кој го имате во кујната , моја претпорака е Dijamant зејтин , бидејќи која жена не сака дијаманти , потоа намачкајте ја раната или областа каде што е крлежот со зејтин, по можност нежно и секси. 4.Watch him suffer Одкако ќе го намачкате , доаѓа на ред чекор број 4 , зејтинот ќе го затвори процепот за воздух и крлежот ќе нема друг избор освен да се мачи како давеник во вода, а вие ќе гледате и чекате 10-15 мин и ќе уживате. 5.Kill the infidels Не може веќе воздух да зима , ќе бара излез, ќе ја дигне главата и ќе бега , тука ќе го фатите вие со пинцета и ќе убиете како казна за неговата инвазија. 6.Victory must be celebrated. Честитки , самостојно успеавте да се справите со крлежот. Време е да се почастите со нездрава вкусна храна. 7.Victory must be celebrated again. Сепак беше голема и тешка битка , може и со десерт да се прослави. И така со оваа примена може лесно да се остранат натрапниците. D: - Во ред , имаме време за еден гледач да слушнеме , повелете на линија сте. G1 - Доктор Јипман , но има ли некаква опасност од следење на овие чекори ? Y: - Едиствената опасност е вашата сексапилност која им штети на мажите во околината хехехе. .............................. .................................................. D: - Го изгубивме гледачот , немаме ни време веќе, Благодарам и имајте убав ден.
Мене лично ме иритираат постови,мислења,светски трендови и се останато кое диктира и подржува негирање на сопственото јас. Па до кога бре луѓе ке исмеваме нечии недостатоци и нечии вишок килограми? Не смееме да бидеме дебели затоа што можеби на некој нема да му се допаднеме на плажа?Нема ништо поубаво од мирот со самиот себе.Да се биде во хармонија самиот со себе,да се сакаме онакви какви што сме.Брчките,килограмите лузните,...тоа сме ние.Среќа е да се допаднеме самите на себе,не на другите. А оние кои фотките на фејс и инстаграм ги преобличуваат ,посебно кога ке видам дека од 1.70 се направила 185 само за да и се допадне на машката популацуја и да добие лајк плус што да и кажам? ,,Мистерија,,ми се мажите,со жена ,деца,дом,кои упорно си ги прошируваат хиризонтите со нови пријателства со девојки кои не ги познаваат.А верувам во вистинска љубов,не дека не верувам.Се на се изобличен свет,изобличени вредности,изобличени луѓе..
Dream-Girl многу убаво те разбирам тука. Каков и умор да осеќам самото тоа што сум на клиника ме исполнува. Секој ден ми е се поразличен и секој ден се повеќе учам. Прекрасно е посебно кога ке се сретнеш со луѓе на кои единствена позитива си им ти! Ти посакувам вака секој миг да си се чувствуваш на пракса па и на раб место утре
Одллучна сум да не им придавам ниту грам значење, ниту внимание на оние кои ме повредиле. Одлучна сум да не тагувам и да не ги хранам со моите солзи. Ќе бидам повторно убава, згодна,успешна позитивна и среќна девојка која ќе го живее својот живот со полн здив и ќе чекори по својот пат за да ги оствари своите соништа.
Треба да се однесуваме соодветно со бројот на годините кои ги имаме, а не со бројот на чевли кои ги носиме.
По повод #СуперКупот во Скопје, на Booking е 91% све зафатено. Хотеливе ги дигнаа цените до небо. Лидер е Hotel Gold со неверојатни 92.361 денар за една ноќ, за трокреветна е 123.148 денари.... А, денес конкретно двокреветна е 3.088 денари. Добро бе, дали се нормални? Мислат ли дека ако е фрка за соба, дека некој би дал 1.500 евра за една ноќ? Заборавија на Airbnb очигледно...