Зборовите упатени од колешката дека ме мислела како сум стигнала дома во ова летно време/невреме се поголема награда за мене од која било добивка на наградна игра. Ме разнежни во моментите кога многу ми е потребна емотивна наклонетост. Некои луѓе навистина знаат да бидат луѓе.
За џабе не рекле дека времето лечи се. Во некои ''леви'' моменти кои ми наидуваат се сеќавам на личности кои ми поминале низ животот, направиле хаос и си заминале без збор. И не, не зборам само за дечковци. Многу повеќе во оваа група ги сметам така наречените "другарки" низ годините. Некои ми недостигаат, некои не. Ама една посебно Се трудев за тоа другарство повеќе од што можете да замислите, но кога нема повратен ефект се паѓа во вода. Секогаш партнерите и беа побитни, секогаш јас трчав кај неа кога и да и беше потребна помош. Но убаво си пишав погоре. Време лечи се. Зборела дека и недостигам, а да нема храброст да се јави за мене тоа не е другарка. Јас изгубив волја за неа, сета енергија ми е насочена сега кон други работи. Само колку и да сум разочарана, сепак се надевам дека е среќна...
Навистина не сакам кога одредени луѓе кажуваат како и што треба да носат крупни луѓе, а што слаби. Не значи дека ако имаат одредена форма на тело, дека не смеат да носат одредено нешто. Секој си има личен вкус, не може на сите истото да ни се допаѓа, ниту пак сите да носиме како што ,,правилата'' наредуваат. Тогаш би се изгубила индивидуалноста и сите би се униформирале.Мене пак ми е за почит кога покрупна девојка ќе си се облече како што сака, или ако послаба девојка си облече фустанче со деколте или како и да е. На крај краишта не е до облеката, до самодовербата е. И за жал од вакви комплекси кои ги набиваат луѓето, си патиме. Оди на одмор, не сака да се соблече, имала целулит. Или мали и биле градите, или имала спојлери. Никој не е совршен. Дур се замараме со вакви работи, животот ќе помине и нема да ја искусиме неговата убавина. За 5/10/15 години ќе ви биде ли битно дали сте имале спојлери на плажа и сте дремеле незадоволно наоблечени, или пак би сакале да се сеќавате на убавите моменти, уживањето во водата и воопшто не замарањето за вашето тело? И на крај кој како си милува така нека си носи. Секој си има различна перцепција за тоа во што се чувствува убаво, и во што изгледа убаво. Затоа може да се потрудиме да не судиме.
Се сретнавме со другарка, воедно и бивша комшивка од детството. Си направивме квалитетен муабет, се присетивме на сите смешни, згодни и незгодни ситуации. Сеќавајќи се на една од ситуациите од минатото, дефинитивно се изнасмеавме. Кога имавме 6-7 години, на лето преку ден игравме дома или кај неа или кај мене. Едно попладне бевме кај неа. Се залади надвор, па мајка и ни викаше да излеземе...Ние заиграни низ дома, не ни се излагаше некако, па мајка и ни рече: - Ама ајде излезете и поиграјте си надвор...Ќе си играте со другарчињата....Играјте во дворот, а јас и татко ти ќе одиме да ти купиме сестричка или братче Ние двете зачудени си викаме како ќе купуваат? Па почна другарка ми да поставува илјадници прашања. Мајка и објаснуваше дека во спалната имало посебен влез само за мајки и татковци, и таму купувале Излеговме надвор, а јас (паметна) и викам: - Јас мислам твоите ќе се бакнуваат сега и затоа не избркаа... Па со цел памет (после некое време) тивко се вративме дома, и пред спална слушавме што се дешава Одеднаш ја отвораме вратата, и ги начекуваме тие двајца легнати...Додуша не правеа ништо, туку само лежеа гушнати и покриени....Ни рекоа дека го нарачале бебето, па сега одмарале Мајка и ни се развика и излеговме надвор среќни дека другарка ми наскоро ќе има брат/сестра (после нецела година се роди сестра и ) И Џолана присуствувала на зачнувањето на нов живот
Дали јас остарев, јали дечишта се накотија на форумов???????? Уффф, хималаи па на хаваиии...кој го измисли климаксот...грррр
Како тоа мажена си а на друг имаш да му кажеш нешто? И без грам осет си пишуваат на форумот без да се замислат дали некој ќе ги препознае. Јас сум будала што дури ме погодуваат вакви работи, ама ќе откриеш идентитет, пишуваш баш се што ти лежи на душа а после се жалиш зошто си пред развод. Офф, очигледно ми треба сон и пмс-ов да ме попушти. Се исхејтав денес, ќе се тутнам до него и ќе затворам очи. Тој е мојот мир.
По некое непишано правило,кога мало дете се прашува кој го сака најмногу на свет-тоа одговара мама и тато,само внук ми одговара мама и тета. Љубов ми е од првиот ден,по 24 саати сме заедно,изведуваме разни акробации и лудории,секојдневно тој ми е причината за среќа и насмевка,и знам дека интензитетот на нашата љубов нема да се намали ни кога ќе се омажам и ќе имам свои деца
@baba Rada mozes da napises sto sakas vo ova vreme, ic da ne se pritisnuvas, decata ne se tuka, vo ova vreme od nokta, visat na tema "so kogo sakate da imate seks vecerva".
Ми приоѓа насмеана рандом жена на улица: Добар ден, како си? Јас (збунета): Добра.. Вие? Непознатата (која што продолжува со small talk) : Добра и јас, еве накај работа. Ти на работа или шеташ? Јас: шетам..после сум на работа. Сеуште непозната : уживај, баш е пријатно за шетање. Имај убав ден. Поздрав. Ја поздравувам гледајќи ја сеуште со ват да фак израз на лице зашо стварно не ја знам женава. А така фино ме поздрави. Ни комшиите (што секој ден ги гледам) не ми се вака насмеани. Ех, кога би биле сите искрено љубезни едни кон други.. The world would be a better place.
Госпоѓа не се станува преку ноќ. Госпоѓата е Госпоѓа и дома и надвор. Госпоѓата си има држење и манири кои не се учат во школо или на курс. .. Ова,зашто многу влегоа во "улога" кога во маалското дуќанче им се обратија со "Добро утро Госпоѓо".
Сакам да кажам дека чувстувам како да ми фали нешто ако мислењава во темата „Сакам да кажам...“ не ми започнуваат со зборовите „Сакам да кажам дека ...“
@BlackAndWhiteSwan можеби се препознала жената, можеби си и личела на некоја позната и блиска девојка со која разговара.
Бев човек кој се откажа од љубовта, од луѓето. Човек кој мислеше дека цел живот ќе го мине во самотија, кој е несфатен од околината. Потоа се појави тој. Недовербата ме тераше да се сомневам во секој негов чекор, збор, постапка. А немаше причина за такво нешто. Едноставно, тоа ми беше лоша лекција од животот - дека не треба никому да верувам. Така поминаа неколку кратки години кои никогаш нема да се вратат. Но од тоа излеговме како победници. Една вечер, се' се смени, наеднаш. Решив да верувам, да имам доверба. Да дадам нова шанса. И тоа беше како нов почеток за нас. Потоа поминавме тешки моменти во кои секој друг човек би си заминал од мене, зашто секој ома право на среќа без да се мачи со здравствените проблеми на другиот кои како да немаа крај, а ќе го следат како сенка до крајот на животот. Беше покрај мене. Ми беше поддршка, не замина. Напротив. Рече дека никогаш не би ме напуштил и ме праша дали ако бев на негово место, јас ќе заминев? Ми помогна да се вратам во живот и тоа беше буквално неизговорениот завет "и во добро и во лошо..." даден многу порано, кога не мораше, а сакаше. До ден денешен остана со мене, а врската меѓу нас се' повеќе се зацврстуваше со секој изминат ден. Впрочем, откако сме заедно е така и продолжува во таков тренд. Секогаш кога на едниот од нас му е тешко, другиот нуди помош и поддршка, а во убавите моменти уживаме без пардон. Ете тој човек пред некој ден беше пресреќен што ме зема за жена, јас него за маж. Тој е мојот другар, оној кој ќе ме ислуша, кој ќе ме посоветува, кој ќе побара мислење од мене, кој е подготвен на компромис, мојот љубовник, мојот заштитник. Мојот живот, среќа, светлина. Моето се'. А покрај него ми се врати и вербата во луѓето, ми дојде во пакет со прекрасни другари кои веќе се заеднички. Кои имал среќа да ги најде, среќа каква што сум немала јас. Благодарна сум му на животот. Благодарна сум што ми докажа дека постојат луѓе, дека постои љубов, другарство, некој кој нема да те остави во зло. Благодарна сум што го имам него покрај мене и ќе го чувам до крајот на животот. На сите им посакувам ваква среќа како мојата...
@Bitter-Sweet помислив дека можеби се препознала, ама ептен бевме face to face. Who knows maybe i have a twin
Кога најмалку се надеваш тогаш излегуваат работите во посакуваниот правец,слава му на бога што секогаш ми е најголема подршка во мојот живот. Ти благодарам господе за се што правиш за мене.