Да не беше темата за “провинцијалки и скопјанки“ или како и да и беше името... немаше да знам кој каков памет носи. Сега, после исчитаната тема знам со кој сакам да имам муабет на форумов. Запрепастена сум од народов ни наш...
ми префрлија на форумлв дека многу сум била исфрустрирана заради мажите. точно.признавам. каков одличен заклучок. бравос. а ти ме анализираш на секој чекор? се што пишам пратиш? дали имаш видено дека пишам и во одделот за диети и мали деца? делот за вработување? затоа, мила моја публико, кога плукам по некој, не е без причина, но што знам, можеби имам и некого кого сум го утешила или поддржала. се додека прво ср гледа негативното, а потоа позитивното кај луѓето, ќе си тераме впривалија, не само мажите, се ќе замини ...
Утре сум на свадба кај најдобрата другарка од петто одделение. И се прашувам, зарем толку брзо помина времето, па сега дојде ред за да се мажиш? Не дека не сум среќна за неа, најсреќна ќе бидам од сите на свадбата, само што сега ќе се мажи и ќе стане мајка за неколку месеци, а времето кое го поминавме заедно, како вчера да беше. Не сме престарени, пак ќе минеме време заедно, но нема да биде тоа што беше. Долгите ноќи зборувајќи преку телефон, смеењето на глас, плачење.. Толку многу убави моменти кои не се забораваат никогаш. Јас верувам дека има само еднаш најдобар другар/ка. Кукло, ако читаш од некаде, сакам да знаеш дека ти си ми најдоброто нешто во мојот живот, и сакам секој да има ваква другарка како тебе. Секогаш да си среќна, другото не е важно!
На слики сите се среќни, за пред народ абе едни мили насмевки што ти имаат мислиш зрачат со енергија и емпатија. Во живо кога ќе отворат уста им се губи убавината, а не дај боже да се насмеат мислиш светот им пропаднал. Така млади, а толку уморни од се. Ама шта чеш битно е да се одглуми среќен живот, нели на нас од страна ни е многу битно да го знаеме тоа.
Овие категории на луѓе: - сељачана што се вреѓа од се зошто е свесна дека е сељачана па кога ќе воочи некој падавичарат, увреѓени као - такви што се удружуваат со послаби за да се чувствуваат интелектуално супериорни - материјално пресметани створења кои создаваат релации само по тој основ, ма каква љубов бре - лажни хуманитарци и самариќанци - бесчувствителни кои глумат чувствителност само кога они се во прашање... ...секогаш инсистирам да ми се симнат од курац. Не ме итересираат нивните сомнитално морални интенции. Ако се на чисто, ем нема да се пронајдат или ќе уживаат во својот лицемерен фецес расфрлан по сечии лица и ќе им биде сеедно. Издепилирана, налакирана, со нова фризура и боја на нокти. А фала и на вагава, - 4 покажува, си одат течностите конечно... нешто да се дешава. Прееска ми снеарни, па по еден повик ми стана све јасно. Сега поарно, да не речам стабилно.
Љубезноста не кошта ништо, а значи се. Убавиот збор, гест, повели, фала, извини, навидум обични зборови, ама имаат сила планина да поместат. Да му го разубават денот на некој и цел ден да ја носи насмевката на лицето. И вербата, дека постојат се уште добро воспитани луѓе, полни со емпатија. Животот и така задава многу шамари, ама ние можеме да го направиме светот едно поубаво место за живеење.
Колку слатко е кога мало дете ќе ти рече те молам и фала ,ова се мали зборови а толку моќни,кои да бидам искрена одамна не сум ги слушнала од возрасна личност во мојата околина.
Понекогаш со месеци изгледа како ништо да не се променило а понекогаш за само 24 часа ви се менува животот. Чудно, за само момент може така да треснете што ќе ви биде потребно доста време да се свестите и да се издигнете или пак во подобар случај така убаво да ви се наместат коцките што ќе се чувствувате незапирливо. Не рекле бадијала не тагувајте премногу кога сте тажни и не се радувајте премногу кога сте среќни бидејќи се е минливо.
Ја скратив косата.Ама ја носам старата фризура. Конечно ја распакував новата перница,мада старата ја складирав да фаќа прашина. Да,тоа е доволен покаџател колку сум спремна за промени.
Кога гледам филмови често знам да се нервирам за ситници што се случуваат во филмот. Ги гледам и им се чудам на паметот, па често знам сама да се карам со глумците. Ама после кога ќе размислам вакви комични, и по малку нервозни случки всушност може да се случат секому и во секојдневниот живот. Па така ми текна на случка кога се доселија новите комшии до нас. Млад брачен пар, со две деца еднојајчани близнаци. Си работи татко ми низ двор, и го гледа на ограда новото мало комшивче, па му вика: - Кај си бе чичо ти? Како се викаш? Како ти се свиѓа овде? - Ама јас не сум чичко, јас сум дете и се викам Марко. ( Татко ми почнал да се смее, па си направиле мал муабет со детето). Следниот ден, пак татко ми си стои низ двор, а во дворот кај нив ете го пак детенцето...па татко ми почнува со мубает: - Оооо Марко здраво, кај си ти другарче? Детето (другиот близнак) кажува дека не се вика Марко и му вика дека не смее да зборува со непознати, па бега со трчање дома. Татко ми се изненадил, па дури и малку се загрижил После 2-3 дена пак татко ми во двор, а детето (сега пак Марко) му доаѓа и прво му зборува И се прави ко ништо да не било. Доаѓа татко ми дома и со сожалувачки тон вика: - Абе загреота ова детенцево од новите комшии, изгледа има синдром на повеќекратна личност (почнува да објасува некои термини, и ја објаснува ситуацијата што му се случила) И сега си размислувам ова да беше на филм ќе мислев не е можно да се случи во реалност...Како близнаците не излегле никогаш заедно надвор? Како татко ми не сфатил дека очигледно е различно детето или зошто не го прашал Марко зошто така избегал дома пред некој ден? Па затоа отсега решив да не се нервирам на филмовите и да верувам во нивните приказни
Сакам да кажам дека после толку години на форумов и толку излижани штикли, јас дознав дека Лилит има курац, со извињење, плус се депилира, лакира и праи фризура. Курацот не ме плаши, ме плаши тоа после него. Не си стаила категорија збуњени, ќе се пронајдев у тренутку тамо, кис4е
План за иднината:ќе остарам со 45421 мачки околу мене...накај тоа тера. Жално ал вистинито? или Симона многу филмови гледа?
Немојте да бидете родители кои на детето ќе му поставуваат ограничувања, стеги. Немојте на детето да му наметнувате како треба да живее и што треба да постигне во животот. На детето му треба само простор, поддршка и разбирање. Детето ќе отстапи од шемата која сте ја замислиле и тогаш само охрабрете го, немојте да се заканувате и да му се лутите. Детето кое живее со ограничувања поставени од родителите, всушност не е среќно. Тоа е под притисок, особено тогаш кога ќе го утне она што тие го очекувале од него. Таквите деца, поради тој притисок и страв, често има шанса да тргнат по лош пат во животот. Бидете родители какви децата ќе се среќни што имаат. Немојте да бидете како овие опишаните. Создајте среќни деца полни со љубов, а не несреќни полни со страв.
@simonna.a се нудам да ти подарам неколку, до посакуваната бројка. Сакам да кажам дека секој ден се будам рано. Деновите кога неможам да се будам рано ми се деновите кои ме се важни да бидам будна рано. Сакам да кажам дека на форумов почнав да гледам како на втор дом. Се сеќавам кога почнав прв пат да идам тука па цитирање и означување ми беа чудни. Или на друг форум кога имав букмарк ставено на една тема и секое влегување пишував на таа тема и не ми беше јасно зошто секогаш истото ми излегуваше. Да, ова беше многу години и години назад во минатото, само што сум фатила интернет, ама вака од сегашна гледна точка изгледа дебилно. Џабе не ми вели мама дека секогаш сум била малку неонка. Спојлер алрт, ми требаше време да сфатам зошто ми вели неонка.
Кога нешто не се случува онака како што сакаш, мислиш цел свет е против тебе, лично. Се’ и сите се здружиле баш против тебе, малечкиот човек. А без болка, без пречка, што би бил овој живот? Каква и да е, моја си е. Никој не ми ја наметна, сама дојдов дотука. И си има зошто и затоа. Кога се кршиш при секој пад, бараш некој да те собере, да те состави. Ама види чудо - некогаш никој не се појавува. За кого ќе се држиш? Дури тогаш немаш избор - ќе се сопнеш, ќе се затетеравиш, ќе паднеш и некако ќе се вратиш на нозе. Нема таму quick fix, и тоа е лекцијата. Болката на падот? Сите деца така растат.