Последниов период - ролеркостер. А кога ке размислам подобро.. и последниве неколку години. Период.. нешто недефинирано. Моите емоции исто така. Брзината на мислите преоптеретени од желбата или можеби притисокот кој сама си го наметнав да мора среќна да бидам по секоја цена, расположена 24/7 или барем така да делувам.. си го направија своето. Се исцрпив. Често излегувам, ама без желба. Исто и вчера. Ништо не ми се правеше.. ама пак излегов. За mood-boost дури се спремав пред огледало и чашка вино стоеше.. за друштво да ми прави де. Ретка случајност која ја занемарив како што правам и со се останато во последно што ми укажува дека нешто едноставно не штима тука. Тврдоглаво суштество.. Нејсе, излегов.. и во кафичот одма до нас под нашиот балкон, балкон од кафаната до нас. Моминска вечер и жива музика. Музиката од нашиот кафич пуштена до даска, овие под нас бетер. И така седам, и буквално од ум ме вади, јас се смешкам, муабет правам, алкохолов не ми е погоден, девојките од долу се дерат ли се дерат, шабанска музика измешана со техно.. од страна седнати група на сепаре со блицот на секои 5секунди у фаца ми светат. Пробав да си отапам перцептивни сетила со плус алкохол, не бе. Не денес, рече универзумот. Стигнав дома и директно в кревет, необично рано за мене.. ама за првпат после толку време сакав само да заспијам, да се одморам и да го исклучам умов, да ја исклучам неуморнава машина. Поминале само неколку саати во некоја полусон-полујаве состојба, жешко ми стана.. ја пуштив климата и светлото од неа што ми паѓаше на очи уште толку ме расони. Го кренав телефонот.. 3саат. Лежев така зјапајки во ништо уште саат време, станав, кафе си направив и дирек на балкон. Намовнав, ама не станав да си облечам нешто.. ми годеше ладниот воздух, ми ја разбистри главава моја тврдоглава. Мир. Оставив лаптоп, телефон и било што со што си одвлекувам внимание и седев така добри три саати. Јас и крваво црвеното небо над мене, првите зраци на сонцето, тишината што толку долго време не ја имав слушнато.. ми текна на фактот дека сум заборавила колку уживав во неа секое утро.. некогаш порано. Некогаш порано кога одвојував време за себеси и го користев моментот без тој немир дека е залудно потрошен во мирување и неправење ништо. Моментите во кои уживате не правејки ништо не се залудно потрошени моменти. Сум заборавила на оваа реченица и фактот колку позитивно влијае практикувањето на ова во овој брз свет и општество каде се наметнува притисок да се биде константно во најдобро издание и среќен и најважно од се', да се прави било што само колку да се прави нешто. Жално е малку, ако се одвои време да се размисли за цела оваа фарса што ја живеат сите. Биди среќен. Насмеј се, зошто си се смуртил така? Не дозволувај никој да те види таков. Од инает на Трајко, Петко.. биди среќен. И фамозната- не дозволувај непријателите да видат дека ти е тешко. -се согласувам со ова и го практикувам, но во склоп со оние погоре страшно многу гуши. Како да мора екстатичен да се биде во секој момент, затоа што ако не си активен во моментот одма тевтерот вадат и дијагнози пишуваат. И тоа е океј всушност кога ке размислам вака. Нека. Се додека не се потпаѓа под тој притисок и не се дозволува да влијае и да не оформува сите по ист калап. Не секоја тишина е резултат на тежина. Исто како што не секоја насмевка е резултат на среќа. Секоја наредна генерација се пофејк и пофејк е. Изроботизирани индивидуи на секој чекор, гледам, набљудувам и се прашувам.. само јас ли го гледам ова? Не верувам. Ама ете свесно или несвесно сите покасно или порано ослепуваат на вистината(под услов во било кој период од животот да оствариле свесност за неа) во име на прилагодувањето и вклопувањето во овај ролеркостер на себе докажување до тој степен што сите сме изгубиле голем дел од сопствената автентичност. Туку настрана од тупењево.. се чувствувам мирно. Го заслужив ваљда или можеби го платив.. who knows? Едвај чекам на море да заминам и да не правам ништо.
Некого е подобро да го имаш помеѓу непријателите отколку меѓу пријателите. Ништо на светот не е потешко од искреноста и не постои ништо полесно од ласкањето“. Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа, не мисли на минатото, гледај само во иднината“. Сите идеали на светот не вредат за солзите на едно дете. Никогаш ништо не преземајте додека сте бесни“. ,,Достоевски,,.
Се ближи денот кога ке морам да одам во болница,и таму да останам неколку дена,а може и недели,затоа што се работи за хирушки зафат(операција),искрено ич не сакам болници,доктори,докторики и сите останати помошници во болниците.Премногу поминав низ болничките соби и ходници,премногу трауми,премногу секирации и нервози,за жал таму ја загубив мојата најголема љубов,мојата една и единствена МАЈКА.Но сакал нејќел ке морам пак да присуствувам во тие простории,сепак се работи за моето здравје. Не го пишувам ова за некој да се загрижи,или да ме зажали таман работа,едноставно си осеќам потреба да си се искажам. Чувајте си го здравјето,чувајте се себе,не за денес,не за утре,него за целиот живот.
Денов ми започна со појавување на гледачка, бајачка или што и да е пред врата како наводно продавала нешто од ствари и реков не сум заинтересирана и почна типката да ми збори работи за животов мој, за страдањава мои, ја пратил ли некој којзнае што е работава... знам само дека не сакам да верувам во такви работи и видно се вознемирив и сега ми е непријатно да си седам сама во куќава.
Шта причаш пријо, ми стигна нотификација за петгодишнина на форумов иако не можам да се наречам активна форумџика бидејќи одамна се имам прегорено и истрошено на еден друг форум овде си се осеќам своја, како да пиеме сите на купче во кругче турско кафенце во оние малечкине шољи, го шмркнуваме со сласт и една почнува за пудра друга за дечко трета за свекрва, со петта муабетиме за книги и поезија...уникатни жени, а од неодамна и мажи Ве читам сите, и како да ве знам, па и ве знам. Овде ги споделуваме нашите најубави, најранливи моменти, некои од нив не можеме и на глас да си ги кажеме, што од убавини што од кнедла в грло. Нека има само убави! Пет години, абе таман ми помина језата дека многу брзо ми мине времево, ете ти пак уште еден показател...ајде, попаметни, поубави, помуди , и помудри да се надеваме. Што треба да покаже? Времето
На овој ден е родена една личност што има важна улога во мојот живот. Таа личност има само едно име - мајка. Времето си минува толку брзо, годините исто така, се плашам од самата помисла дека староста те достигнува, да можам да имам моќ би го запрела. Да имам само моќ да направам времето да стои, се ќе направам. Се сеќавам како да беше вчера - како ме чуваше од мала, ми удоволуваше, како ме караш когаа сум лоша или ќе скршам нешто. Ме научи сепак најважна работа никогаш да не се откажам од ништо, секогаш да одам напред и да гледам позитивно. Среќен роденден мила мамо, без тебе не можам, не си легнувам без твојата прегратка и без твоите милувања по моето лице како мало бебенце за добра ноќ. Се што сакам да ти посакам е многу здравје и да живееш уште многу години, да доживееш многу радости. Те сакам највеќе на цел свет, само без тебе и тато не можам. Повелете на торта
Одамна ме немало. Жива, здрава... физички да, ментално и не баш... Светов се распаѓа, не ми се верува колку е се лажно. Јас, која цврсто верував во љубов, вечен романтичар, мене, која ме движеше искрено пријателство, убав разговор, хуманост се откажувам. Не знам како стигнавме до ова ниво, нема веќе тронка љубов, нема веќе искреност, нема веќе добрина во луѓето... Каде испари сето тоа? Се се сведе на секс, на користољубивост, исти кармини, фејк принцези, фејк живот на инстаграм, лајкови... Глума, глума насекаде. Лојалност? Што беше тоа? Паднавме на ниво да се натпреваруваме кој иа повеќе лајкови, кој ќе покаже поголем газ, кој ќе има подобра кола... Со кого и да разговарам сите ми велат ова е реалноста, помири се. Отсекогаш било вака. Каде сум живеела јас ако било вака? Зошто не сум забележала порано...И како побогу некој се помирува со тоа? Не гледам веќе сродни души и заљубени парови... Гледам само некој што глуми добро. После толку време набљудување јас навистина немам аргументи да кажам дека остана нешто вистинско во луѓето...
Не прифаќале да им биде премиерка поради нејзината сексуална ориентација, пошто условот за компетентност е да си стрејт Нешто, нечесност, корумпираноста и крадење? А? Ма није важно дали ќе краде, се додека ја привлекува здрав и прав Рисјанин што би рекла Стојнето од К-15, со љубовен тепих напред, а ако има среќа, и од позади, по можност Мојсеј да не ја разделил косата од влакната на грбот Ех, луѓето, уште мислат дека тетоважите се одлика на лошите луѓе
Во 2009 година додека чекав автобус за да одам на пречекот на Новата година, на автобуска станица чекаше и едно момче со ранец, ми пријде со намера да ми каже колку време чека и си започна разговор со мене. Бев изненадена од неговиот пријателскиот став и добрина. Ми рече дека израснал во дом без родители и дека сега бил кај другарка која му направила пакетче, го отвори ранецот и несебично ми поклони чоколада. Автобусот дојде и ни се разминаа патиштата, а не го прашав ниту како се вика. Од тогаш не го сретнав, не се сеќавам точно како изгледаше, но на истото место со поглед секогаш го барам. Денес поминав од кај место се сетив како твојата насмевка ми ја разубави таа вечер, дека човек може да биде добро воспитан и покрај тоа што пораснал без родители и за толку краток разговор чувствував дека долго те познавам и ако ти кажам некој проблем, ти ќе ми дадеше искрен совет. Таа вечер ми се врати вербата дека постојат добри луѓе кои случајно ќе ги запознаеме и дека непознати луѓе знаат да дадат поискрен совет и од другарите што ги знаеме цел живот. Се надевам дека си добро и дека имаш убав живот
Овој ден требаше да биде убав, преубав. Толку му се радував на денот, на вечерта. И само една вест успеа да ми уништи се. И еве сега пишувам со солзи во очите. Смртта боли, многу, многу... Но не за оние што умираат, туку за оние што гледаат како некој заминува.
Одсекогаш чувствував потреба да се однесувам заштитнички кон послабите од мене. Кога некое дете ќе беше малтретирано јас секогаш со сите сили го бранев,исто и подоцна на работно место ако некој вербално беше исмејуван,јас го бранев,и сега ако видам деца на улица или во парк,да малтретираат послаб од нив веднаш реагирам. Кој знае,можеби најубаво ги сваќам јас слабите луѓе,бидејќи низ нешто слично минував до четврто одделение,бев многу мирно и слабо дете,на никој ништо не му правев,едноставно бев повлечена,но често ме малтретираа и ми ги кршеа наочарите за видот што ги носев,ме вреѓаа со погрдни зборови,и всушност јас им потклекнав,си набив комплекс и почнав да не ги носам наочарите за вид,иако имав потреба од тоа...
Овој ден е претежок за мене,на овој ден е родена најпрекрасната личност,личност која се бореше до последниот ден за мене,и за нашето семејство,на овој ден е родена мојата МАЈКА,која за жал прерано отиде горе на небото.Верувам дека таму горе го прославуваш овој роденден,со твојте родители,со својата прерано почината сестра,со сите оние кој тебе те напиштиле прерано,верувам дека ме гледаш и мене,и дека ми го следиш секој чекор,дека ме чуваш од злото.Мамо знај дека моето срце чука за тебе,затоа секогаш ке живееш во МОЕТО СРЦЕ ТЕ САКАМ
Имам една "другарка" која успехот не може да ми го прости. Не знаев дека се било натпревар со неа. Јас не се осеќав ко така. На нејзината среќа сум се радувала. Последно кога и кажав што е следен чекор дури ми се налути (како тоа јас толку далеку да стигнам). почна да збори погласно, да се фали дека она ова направила или она....како сакала да оди за америка (иако претходно велеше не мрда од овде) сега све наеднаш. Дури почна да навредува.... Од една страна си велам-не ми треба ова, батали ја, не и кревај веќе кога ѕвони. А од друга ми иде така да ја испи.карам да не знае каде и г.з каде глава. А потоа ми текнува дека така само ќе се спуштам на незавидно ниво. Еве не знам што да правам. Ама два дена ме мачи ова. Ме мачи зошто за нивна среќа човек треба да е никој и ништо... кога станавме толку злобни!?
Кога ќе сфатат некои луѓе дека секој зрел човек се облекува како сака, за своја душа...кога ќе престанат да дофрлат коментари дека провоцира или изгледа смешно со таа облека... Кога ќе престане да им биде грижа зошто некој е толку слаб/дебел... Кога ќе престане да им биде гајле зошто некој имал тетоважи, пирсови, и живее во град каде не се родил... Кога еднаш засекогаш ќе сфатат дека секој има право како сака да го живее овој еден живот... Дека секој е роден со исти права... Дека секој има право да биде хомосексуалец, црнец или да верува во Буда........... Е тек тогаш може конечно ќе ги напушти тој гнев што го имаат во себе и конечно ќе излезат од таа затворена кутија што ги прави прости. Со еден збор може тогаш ќе ги биде за ЛУЃЕ.
Синоќа се видов со другарка од детството што ја немав видено две години. Нејзиното родно село е родното село на моите родители. Дијалектот на кој зборуваме по дома, е и нејзиниот. Ама ајде познај дека е од мало место, со нејзиното совршено литературно говорење. Во меѓувреме созреала и станала толку прекрасна личност, што еве цел ден се смешкам и сум пресреќна за неа. Јас подобар муабет не сум направила со никој одамна. И се има изборено и од ништо постигнала толку многу. Ми рече дека ако успее да се вработи, бидејќи заврши медицина (во рок, со просек, без ниеден паднат предмет), ќе дојде да живее во Скопје. Едвај чекам. Борец од човек, прекрасна. Камо сите да беа како неа. И ја читам темата за провинцијалците. И ми се згади.
Фб воопшто не требаше да ја укине опцијата да не може да ви пишуваат однадвор. Значи ќе истакне човек убавина и некој атрибут и веднаш се полни инбоксот, ми се смачи едни те исти дно дна да ги бришам. Сликата сум ја ставила за себе а не да палам некој на фб, а кога имав слика облечена до гуша никој не се ни појави... И потоа немало облечени девојки, сите голи...дноо дна.