Чувството кога вечер треба да излезеш,а облеката што си ја порачал уште не ти стигнала,па наместо да се шминкам јас на прозор чекам Hermes да се појави
СДК... Искачувањето по угорнина не треба да биде обид за да не видат другите, туку можност ние да ги видиме останатите. Погледот од освоената висина е триумф на духот.
Никако не можам да разберам од каде таа упорност во нас жените, од каде таа суицидалност, да се вложуваме себе во работи кои од почеток се осудени на пропаст? Колку ли е тешко да разбереме дека кој не не сакал од првиот ден нема да не сака ниту на 1001виот. Колку ли е тешко да разбереме дека оној кој не идел по нас, кој не го пополочувал со нежност, допири и љубов секој денн за нас, нема никогаш да го стори тоа. Колку ли е тешко да разбереме дека оној кој не ни верувал нема маѓично некогаш да почне да го прави тоа. Колку ли е тешко да разбереме дека сексот е чин на размена на емоции длабоко сокриени, па кој не се научил да милува со душа и да шепоти те сакам, нема тоа никогаш да го направи ни по 10 години. Колку ли е тешко да разбереме дека оној кој од првиот наш поглед немал исти поглед нна светот, на љубовта, нна животот нема да се промени, нема чудесно да создрее. Колку ли е тешко да погледнеме дека се ова говори дека некој никогаш не не сакал и нема, ете нема никогаш чудесно и неверојатно да не засака Мислам добро е да разбереме, ради нас, ради емоциите со кои се расфрламе залудно како да се конфети безвредни.....
Poleka no sigurno pagjam vo depresija.. Ne sakam da zapocne denot, bidejki nemam nikakvi planovi. Me boli i sum tazna, a nz sto tocno me boli...Sfativ deka podolgo vreme privlekuvam idioti od luge pokraj mene i ne znam kako da go smenam toa. Ne znam kako da zapocnam otpocetok. Ne znam kako naednas ostanav sama. Sakam da go smenam ova, no ne znam od kade da zapocnam..
Uf.. Ama nr se plashi Pocni da mislis na dobri nesta, ne obrnuvaj vnimanie na loshite. Ti posakuvam da se izboris. Znam kako e.. No veruvaj mnogu zavisi od tebe..
Оние кои се обидуваат да ги спуштат другите за да се издигнат себеси нема да се поместат од дното... Бедни се!
Човечки е да се греши и да се простува,патем и никој не е совршен,но човек треба да научи да простува и да каже извини,а тоа не го може и умее секој,па мој совет,затоа бегајте што е можно подалеку од оние себе-прогласени:совршени,безгрешни,вечно повредени и скршени од околината.
Колку само животните се по благодарни од луѓето. Зимоска како и секогаш моите мачки се внатре т.е мачката со нејзините мали. Покрај овие мали во двор си имала мачиња уште една мачка, кои ги забележавме откако пораснаа поголемки и почнаа да шетаат. Арно ама од кога видов каде спијат почнав да одам да им носам јадење. Од толку што беа "диви", исплашени неможеше да се проближиш кон нив веднаш бегаа. Од тие мачиња две избегаа некаде, не ги сретнав повеќе, остана само едно. Полека, полека почна да доаѓа со моите мачки, да јаде со нив. Тие му р'жеа малку, ама со тек на време го прифатија. Но пак неможеше да го фатиш и да го внесеш внатре. Кога падна снег милото си застана еднаш на прозор и сакаше да влезе. Го пуштивме нормално и од тогаш до ден денес си доаѓа внатре. Кога го пуштивме внатре беше толку мило и БЛАГОДАРНО што спиеше дури надвор од креветчето на мачките, до шпоретот. Толку е чуствително што ако ги карам моите маики оно е повеќе усрамено од нив. Срцка. Уште не е многу опуштено, ама сега пак се галии си игра. Со тек на време ќе стекне повеќе доверба и се надевам дека повеќе нема да има исплашеност кај него. Видеото е како си игра, долго е затоа само слика ставам бидејќи го немам онака сликано. Зеленко.
Once upon a time ми се случи љубов. Љубов , една голема, голема колку сите планини, длабока колку сите мориња. Ете таа љубов водеше големи борби, со сите сили. Покрај сите падови и неуспеси, денови и ноќи непоминати заедно, разделени, расплакани, битката е освоена...WE DID IT бе, now and forever ! Од тој ден па наваму нашите патишта заедно се вкрстуваат, нашите души заедно се сплотуваат. Cheers to love!
Ми стигна покана за на суд одамна не сум пишал на форумов Е што да пишам Еве една дупка на Водно после жичарата некако стално ме боде у очи кога ќе поминам со точак,мислам дека 5 лопати цемент би завршиле работа,друго би било добро и целиот тој пат до крстот да се асвалтира за да може безбедно да се вози велосипед,друго добро е што на неколку пати имам забележано полиција,денес ме пресретна глутница кучиња а што некој ако шеташе куче имаше партали да му го направат,они и мене ќе ме направеа можеби но застанав почнаа да ме лаат куц,муц ги смирив. Андреналински е навечер да се спушташ од крст надоле 200та на сат Денс
Има денови кога баш од се ти е доста. Кога ти треба само мир и тишина. Денес е баш таков ден. Сакам само да си ги смирам нервите, да си ја одморам душата. Сакам да побегнам барем на кратко. Но од оваа кожа во друга не се оди.
СДК: Дека ова веќе нема смисла! Цела недела немам спиено како што треба, по 2 саата максимум (дека нели испитна). Еден ден ќе имам време да се наспијам и баш тогаш кошмари ќе имам!!! Марфи го*на да јаде! Пс. Добро утро
Разговор помеѓу мали деца: Дете1: -Ја слушнав мама кажуваше дека сум била родена како царски рез. Дете2: Што е тоа? Што значи? Дете1: Па не знам...Може сум принцеза. Дете2: -Па ајде да ја прашаме мајка ти... Дете1: -Ама неќам... може сум посвоена од некој цар Рез. Дете2: Може си од Краљево....Ејјјј....Ајде да им кажеме и на другиве....Леле, ти може си принцеза....Имашшш замоккк...Ако да дојдам и јас со тебе? Дете1: - (почнува тажно да зборува) Ама јас сакам овде да живеам со мама, а не кај царот Требаше да ги снимам и кога ќе пораснат да им пуштам. Има цел живот да ги зезам за ова
Она кога ќе гледаш некој mind-blown филм, и дури потоа ќе дознаеш дека е сниман по книга... NEVERMORE!!!
После точно 10 години, дојде и ти на овоj свет. Беше како Божјо чудо Денес точно 2 години - како цела куќа е исполнета со детски глас, детска насмевка, љубов која е најискрена. Не само куќата, туку и нашите срца се исполнети
Во темата како се чувствувате денес напишав дека ќе бидам нервозна цел ден бидејќи ме разбудија рано.Но некако седнав пред компјутер во пиџами,и со чаша топло млеко со банана и праска .И ја пуштив 4сезона 4епизода од The O.C. серија која ми дава некаков мир и ме успокојува кога ја гледам.Ова е последна сезона а од дамна не ја бев гледала но добро се сеќавам на претходните 3сезони.Песните се многу убави,ликовите исто.Омилена ми е Џули-Купер-Никола .Жената ја даваа во последната сезона на вампирите и многу ми е остарена но овде е прекрасна.Ви посакувам убава недела и седнете пред лаптоп,компјутер,телевизор и гледајте си серии како мене Бидете секогаш насмеани и полни со позитивна енергија бидејќи само така ќе бидете исполнети.
- Со возраста секогаш правопропорционално иде зрелоста и чувството за одговорност - Со завршување на повисок степен на образование секогаш иде вистинска интелигенција и способност - Со голема посветеност и ставање приоритет на религијата во животот кај една личност секогаш иде добрина, човечност и емпатија ...Трите општи површни верувања кои се најголеми фарси ever.