Почитувам различни мислења, ставови, постапки. Но она што не почитувам е кога некој моето мислење го обезвреднува или навредува само затоа што не се совпаѓа со неговото. Баш напротив, сакам различности. Тоа нѐ прави уникатни, свои, изградени личности. Со оние кои ме навредиле/вербално нападнале затоа што сум open minded на одредени теми, а притоа зборуваат со гнев и омраза, не вреди да водам никаква дискусија. Не вреди да го трошам моето време на нив. Моите зборови, мојата енергија. Не сфаќам како некој, било кој, смета дека светот ќе се подобри со омраза. Нема еволуција без љубов. Жалосно е што некои луѓе се трујат себе, а и останатите околу нив со такво негативно чувство. И зборовите повредуваат, онолку колку и делата. А некогаш можеби и повеќе.
Што убав ден си имав, расположена од кога станав, ама мора некое говедо да се најде на патот и да ти заебе. Пред малку ми искрсна нешто и морав до Веро да одам, завршив работа и тргнав накај дома. Преминував пешачки, од другата страна имаше 2-3 машки, и на разминување бап раката на гз. Леле у иста секунда се свртев и сета сила што ја имав му ја дадов со бокс у грб и си продолжи ко ништо да не било. Кретенштина неиживеана гази по земјава мајко моја. Се вратив дома и си поплакав, смешно е знам ама сама бев и многу се осетив некако мало, понижено. Мајка ми ми се изнасмеа, ми вика ехее уште колку пати ќе се случи. Е знам де, не ми е ни прв пат ни последен некој да ме помилува така сочно од позади, ама аман бе до кога ќе шетаат ваквиве без скршени раце? Ах колку сакам да му го запамтев ликот или да знам кој е па да му пратам некој да му оддржи 2-3 лекции. Сељачана неиживеана, женско со очи што не видело.
Денес со тешко срце се поздравив со мојата колешка и менторка со која заедно делевме едно биро, заедно поминавме низ се и сешто, се мрзневме на минусните температури, се смеевме дури не држи глас како да сме сами на сред пустина, една до друга седнати ги оговаравме клиентите преку фб кога ќе ни дојдеа со смешни џемпери, си делевме јадење дури и последно колаче, доаѓавме саботи останувајќи до доцните саати да ја завршиме недовршената работа.... ќе ми фали од дното на душата
@ceca-1 Ќе се збунеше сиротиот, тахикардија. Кај фаќа прв пат во живот, па уште и два пати да испофачка убаво ехееее Море ме заебаваат сите, раката му се позлатила ај
@Panthera Поентата ми е - Look on the bright side. Биди оптимист Во никој случај да не си дозволила да се депримираш заради него Јас да сум ќе му кажам - Фала па нека се чуди после
@"Zoki" Ептен во брзање беше на пешачки, он мене за газ, јас него го удрив и така. Кратка љубовна приказна @ceca-1 Остај така ми дојде безвезе некое чувство, ме расположивте тука
Татко ми запнал да ми купи некоја мини спалничка,како да кажам како лежај нешто,ако ме разбирате 17-18 години си спијам на стариот кревет и не ми се дава да го сменам за жива глава,но од една страна морам бидејќи е доста користен и остарен на некој начин(почнува да крцка) Но,од друга страна ми е незгодно,мајка ми скокна да коментира зошто ми бил нов кревет да ми купуваат сега,требало да се мажам и да ми купуваат голема спална,а јас како да и докажам дека за скоро не доаѓа во предвид брак
Можеби проблемот е во тоа што сакам сѐ одеднаш. Не. Проблемот е во моментите на жолти минути на очај кога верувам во таква глупост. Ако не сега, кога?
За неколку часа заминуваме со дечко ми на одмор на подолг период. Дојде денот.. имам малку страв од авиони .. Во очите на моите дома гледам страв, татко ми штотуку ме гушна најсилно и ми посака среќен пат. Едвај се воздржа да не заплаче сиротиот.. Ме скрши .. Ќе биде се добро, ви ветувам, знам дека премногу се грижите, не сакам да ве гледам тажни и расплакани, ве молам. Разделбата со сестра ми на аеродром допрва следи, а уште сега е цела во солзи.. Само се да помине добро, да стигнеме живи и здрави, те молам Боже. Ова е голем ден за мене.
Оние што заслужуваат најмногу, секогаш добиваат најмалку. Живеат само со надеж дека на крајот ќе ја добијат својата заслуга.
Хелоу пипл. Кој ги пишува, поточно копира текстовите за насловна на фемина? Милион слики со две реченици за бојата на костумчето/купаќите/фустанот на рандом селебрити. Ок, гледаме дека розово е, ајде уште 30 слики за убаво од сите агли да видиме. А на што прослава е, какво значење има, што има на мени, колку народ присуствува...не дека и тоа е многу битно ама кога веќе пишуваш за настан бедно е само костумчето да го пишеш ко да нас читачите тоа единствено не интересира. Или тоа или мајки кои ослабнале после породување или нешто поврзано со деца. Толку многу нови и интересни информации секојдневно а се затупува со неколку теми исцрпени веќе начисто. Немој да назадиме ако не знаеме Џеј Ло денес каков фустан носела. За се друго сме во тек па уште тоа остана.
Пред малку одев во маркет со внука ми,и ме застанува пред врата еден огромен,ама огромен чичко и ми вика со страшен тон:како преминувате преку улица како да е ваша,јас му одговарам а како да поминеме? Ми заврти страшно со глава и замина,јас пак му велам:се познаваме? Се врти уште пострашно ми одговара,јас вас ве познавам,и замина,а јас цела прашалници останав Типот или се дрогира,или забегал со умот,трето нема,неможам да речам дека се препознал кога беше ептен чуден и нападен
Во трка со времето, прво по потрага за личност која ќе ја прогласам за света... еве се шетаме по мостот. Со нови калкулирања, стравови и желби, од сите по еден тон.И како да нема крај,или толку често го минувам, што чувството е постојано Хех, мост на вечноста ли се вика?
Значи како шо-Пато масовно.. Така гледам школскиве мои и некои колеги скоро сите масовно почнаа да ствараат фамилии уште на 26.. А ЈАС СИНГЛ..... една од класот што се омажи на 20 сега се разведе со девојче мало од 5 години, “ лижачкката на професорите,мазата,што беше најпркосна од сите и се подсмеваше в лице на сте-се прородила во Австралија каде воедно и живеее......Че прам лудост некоја,че фатам цела че се изменам....и знам ко че појдиме само со една че прам муабет а другите шо беа едвај доволни или добри че си пра муабет ( да не речам шоим се пикаа на машките)Добро како можеше во средно да му седи в скут со ц*цките него сега таа мажена со дете да му се испули в о очи? Ам И гоинг крејзи каз ај ем сингл?