И ајде тебе нека не ти се пријадува кога на ФБ секој втор пост е за храна. Хронично ненајадена сум деновиве се нешто ми фали, но се воздржувам. Хамбургер од едната страница. Скролам подоле, Бурек Подоле, Палачинки некој се пофалил ...
Мајка ми ме прашува заљубена си или пијана си? Ма нееее,онака сум расположена. -Пиши лаже Лааажеее! Душата ми е исполнета. Животот понекогаш има смисла.Искористи ја Вестлајф! Имајте убава саботна вечер!
Како бисери... нанижани една покрај друга, убавина до убавина. Хоризонт, син, седефест.. Мислиш го држиш во рака, а во себе сфаќаш дека тој е толку беконечен. Над него злато, се капи во таа убавина едно преубаво Сонце. Мислиш ги пуштило своите раце во тоа синило од вода и се мие, се огледува во неа секој миг, се украсува и така секој ден одново и одново да биде што поубаво. За миг низ воздухот ти прострујува нова мелодија. Весела птица, распеана, како целиот свет да е нејзин. Гледаш толку радост во неа. И да, ова ме радува. Мали нешта. Мали скапоцени мигови кои се неповторливи. И секогаш како од нов почеток сфаќам, дека моето срце таму припаѓа. Моето богатство е таму, во природата, во она што го создал Бог. А денес го видов тоа во уште посилен сјај. Ова мало чедо, душата од мојата душа, се радуваше заедно со мене. Колку само чистата душа ги препознава чистите нешта. Мојата е извалкана и би сакала да се мие секој миг, па можеби и затоа копнее по таа чистота, но неговата... Неговата денес беше онаму од каде и припаѓа. Од исконската убавина .
Зошто само мене одново и одново ми се случува истото.. Па ми се смачи веќе... насекое истите проблеми, истите случувања.. само со други личности. Зошто не можам да бидам среќна како останатите, да си бидам со еден што ќе го сакам и ќе ме сака.. многу барам а? Па не побарав светот да ми го дадат, побарав само еден вистински човек. Ете се деси што се деси, конечно после долго време патење по еден ист.. скоро 2 години мачење со него играјки си топло - ладно, се ослободив со тоа што запознав нов.. си реков, мора да сонувам.. после толку време и јас да почувствувам пеперутки повторно. Беше вистинско чудо што ми се деси тоа после првата голема љубов.. И што стана? Еве го нема никаде.. испари пуф.. А се беше супер, како две тела една душа да бевме.. си реков тој е тој, вистинскиот. Не, јас деифинитивно немам среќа во љубовта.. ма во ништо немам среќа.. за џабе живеам дефинитивно. Најдобро ќе биде воопшто да не постојам, што ќе сум и онака ништо убаво не ми се случува, цело време само се нервира, плачам.. Зошто само мене ова ми се случува, зошто? Кај згрешив????
Ништо не се планира пред време ... убавите работи и среќните мигови не се бараат тие доаѓаат кога најмалку очекуваш. Сеуште си многу млада за да се разочаруваш од животот Нема зошто да се нервираш и да плачеш... шетај,излегувај, дружи се живеј ... Штом и овој веќе никаде го нема значи не бил вистинскиот,никогаш со никого не се приврзувај за брзо време затоа што кога ќе ги снема боли... Остави се да се случува спонтано Ти посакувам многу многу среќа си знаеш ти
Добро бе, какво е оваа малограѓанство? Никогаш не ја разбрав поентата на сликање во тоалет со дак фејс. Но, нели и простотата е релативна работа, па сега би требало јас да сум проста што не се сликам во тоалет со напучена уста..
...Цел ден ме измачува една мисла која ми се мота низ главата. Ете има и такви денови кога едноставно на сите ни е тешко и најчесто бараме некој да е со нас, барем да не‘ сослуша и да каже: ,,не грижи се,се‘ ќе биде добро‘‘. Дали од самото брзо темпо кое ни го диктира животот,луѓето често се забораваат едни со други,па настанува мал хаос и оддалечување Успевам секогаш да ја гледам позитивната страна, секогаш сум насмеана без разлика на се‘. Но, она што ми паѓа тешко е што некогаш навистина ми треба силна прегратка барем за миг. И не, не барам многу, само се губи она искреното помеѓу луѓето. Денес сите се ситат на туѓа болка, така што слободно можам да кажам дека и самата прегратка која ти пружа чувство на олеснување е луксуз кој тешко се наоѓа во ова време. За жал кога ќе се размисли поубаво се‘ се врти околу парите... Тие се причина поради кои луѓето се оддалечуваат едни со други,причина поради која се испуштаат и најубавите моменти. Се‘ се сведува на минимум. Добра ноќ на сите
A poor man asked the Buddha, “Why am I so poor?” A poor man asked the Buddha, “Why am I so poor?” The Buddha said, “you do not learn to give.” So the poor man said, “If I’m not having anything?” Buddha said: “You have a few things, The Face, which can give a smile; Mouth: you can praise or comfort others; The Heart: it can open up to others; Eyes: who can look the other with the eyes of goodness; Body: which can be used to help others.” So, actually we are not poor at all, poverty of spirit is the real poverty. Подобро кажано АМИН! Добра ноќ !
Абе добро, дали има некој плачено на Марта? Јас се сеќавам кога ја читав. Лет ит би ми биеше во срцето и ја чувствував нејзината мачнина (дури изненадена што можам да сочувствувам со фиктивен лик од книга) кога си ја исече косата и проба да се самоубие, доживеа нервен слом. На оваа книга ми се појавија првите посериозни животни чувства за кои не ни бев спремна, ниту пак толку зрело и свесно да ги прифатам, во таа позиција каде ја гледам состојбата од страна. Уште си мал и млад, а учиш за нешто сосема поинакво од оние твои жмурки кога ќе се стемни. А Борко патеше по нејзината коса и нејзината љубов. Си ја замислував и Ванила во лето, а кога ја читав беше едно така убаво топло лето, мислам дека моето последно безгрижно лето. Затоа се читаат книги, затоа што учиш за илјадници емоции и чувства кои можеби никогаш нема да ги доживееш, но ќе ти помогнат да го разбереш светот и луѓето кои можеби ги доживуваат... Е затоа ограничени се оние луѓе кои не читаат книги. А убавото е што уште од така млад имаш шанси да почнеш да учиш за светот и луѓето, ама лектирите за жал се разбираа како родителски давеж во слободно лето...
^Уште прашуваш. Живеам, ама како да не живеам. Ете, така се чувствувам. Ми треба некое опасно раздвижување, некој адреналин да ме крене на нозе. И кога и да се плашам од нешто ново ова ми поминува низ глава, “Don't waste your time with fear.. Fear won't keep you safe from being hurt.” Поголема вистина здравје. Стравот е само пречка што нè спречува да живееме и искусиме нови работи, ништо повеќе.
Дефинитивно имам најпрекрасен дечко на свет. Прееска дојде да ме види на кратко , ме однесе на фитнес зошто многу врнеше , после фитнес ми врти да дошол да ме земе и да ме носи дома пошто многу врнело , да не сум наврнела.Јас се стопив Ама не од дождот туку он од што е срце Јас скоро дома бев дека завршив порано а тој упорно ми се нуди да дојде , ама не сакав да го мачам на 5 минути од дома.Сега еве го 5 саат сабајле е и му велам колку ми се јаделе прееска индиски ореви ама сите маркети ми затворија , не стигнав да купам , а тој ми вели сега јас ќе ти донесам каде има какви што сакаш Па буквално се стопив , можно ли е некој да е толку прекрасен!? Ме инспирира, прави да се трудам да бидам подобра личност , зошто не е само добар дечко ,туку е и добар човек.
Колку сум само среќна сама. Многу. Сега сум скорз сама. Немам другарки, немам другари, со моите сум скарана, работата ја изгубив, дечко ми го изгубив. Многу ми е убаво вака. Многу. Камо ли да не живеев веќе.
Еве баш ми е убаво што ќе врне и што врне цело време. Си имам најубав чадор, мантилче, гумена чизма и најубава сум кога врне. Тоа е, не се може против природа. Незнам, повесела сум кога врне него кога пече сонце на 40 степени. Си гледаш како врне и си расположен за фини работи, дома покрај прозор да читаш книга, седиш на тараса покриена со ќебенце и топол чај во рака, отвараш прозор на работа за да ти замириса на дожд, седиш во кафич и ги гледаш луѓето како брзаат да избегаат од дождот. И Лола многу сака дожд намерно лежи да ја врне или ја мрзи да се помести... незнам... Убаво е.
Жално е што цел живот на училиште те учат за тоа кои се вистинките животни вредности, а кога ќе матурираш, сфаќаш дека тие важат само за одредени луѓе или воопшто не важат.
Да, атеист сум. Но тоа не значи дека не верувам во ништо. Верувам во надеж, љубов, во природата верувам.. Доста ми е од туѓите зборови. Доста ми е од одбивноста само затоа што немам религија! Доста е! Милион пати сум кажала:" Не одам во црква јас. Не ми е местото таму. Не верувам во Бога.", но никогаш не сум добила позитивен одговор. Секогаш ме гледале со презир. А тие? Тие самите н веруваат во Бога, се познава ако си верник. Не. Тие само ги прават адетите што ги прават нивните родители и одат во црква да даваат пари на попови. Не сакам да навредам никого со ова мислење, но тоа е реалностаа. П.С. Мислам дека удри гром во близина. Обожавам да ги гледам и слушам громовите. Јооу.. Едвај чекам да удри уште еден.
Кој сака да врне, нека му врне дома! Јас сакам сонце! Сакам позитивна енергија, а не вакви тмурни, депресивни денови... Не сум расположена за ништо, веќе 2 недели сум пасивна, не можам никаква обврска да завршам. Времево ме уби.