Летна шема за точаци. Наместо да возиме по стаза и им пречиме на оние што се шират по стаза па лево,десно ко муви без глави, можеме ние во Вардар да возиме со точаците со ајкулите Е вака слично нешто може и за на одмор да ми послужи како педалинка Ољаааа
Моќта им е дадена само на оние кои се доволно храбри да ја поседуваат и да ја владеат, бидете храбри а со самото тоа ќе бидете и моќни. Силата е во умот а не во мускулите.
Може објавава не ми е за тука али ова што е направено е најголем срам.Каква клтура е ова остро го осудувам овој кој и да е. Многу пати прават гужи,застануват баш на таа лента каде што застанува автобусот и водат инает и не се тргат ,не внимаваат и проблеми на овој дел од Скопје ,ми се има случено за малце и да ме згазат се имам најдено кога ваков таксист и се има дерено на една жена и ја прашува каде оди? Ја би му рекла каде одиш ти на тротоар безобразен.Е од ваквите затоа стоиме во место . http://faktor.mk/video-malogragjans...-otstrani-zashtiten-stolb-za-da-si-se-parkira
Има и таква сорта ,,пријатели,,кои се сетат дека постоиш само кога треба да ти споделат глупости од типот на ,,сподели го светото писмо на 100 пријатели и ке се случи чудо,,..инаку за нормален муабет да те прашаат што си како си,време немаат..
Роденден ми е, ок? Се разбираме? 22 години преживувам на оваа планета каде сигурно сум паднала по грешка. Се борам со доброто и злото. Со (не)луѓето. Со се што ме опкружува. Сум паѓала и сум станаувала. Во тоа е мојата супермоќ. Одам понатаму и после се. Не се откажувам. Понекогаш, кога ќе излезам од униформата за меѓу луѓе и ќе се опуштам се прашувам од каде сила за сето тоа. Зошто да се мачам кога можам просто да речам "не можам повеќе" и сите да ме сожалуваат? Но, логово на аватаров ми кажува која сум и дека хероите не се откажуваат. Затоа што во мојот свет, С е за надеж. А додека живее надежта за се постои решение. И нека ми е среќен роденденот и голема да растам. Желбите сама ќе си ги исполнам!
Жално што животот не направил површни и исплашени. Па со недоверба и во себе гледаме , а не во другите. Жално што моќта нна допирот и мекоста на мигот„кожа на кожа“ сосема ја игнорираме брзајќи по експлозивното и екстремно задоволство. Жално што емоциите итаме да ги убиеме, замениме со ѕидови и стравови, занемарувајќи ја силата на „те сакам“ „ ми требаш“ „ само тебе можам да ти кажам..“ Жално, ете навистина жално што бегаме од љубовта, од се убаво што носи таа, убедувајќи се дека емоциите може само зло да ни донесат, дека ранливоста е за слабите и дека разумот е победа....Губиток не себе е тоа...ете само тоа!!!
Има разлика од човек до човек. Некој се смее погласно, сака погласно, љуби погласно, помага, се радува на твојот успех. Друг пак не си ја сфатил својата улога во светот и мисли дека е центар пажња, а всушност само постои. Го заклучил срцето и се препуштил на судбината и после кука како е несреќен или пак ќе си нацрта насмевка, од онаа лажната, да помислат среќен е. Не, среќа не се глуми, ни човечност, ни добрина, се тоа оди заедно со добриот човек. А него ќе го препознаеш лесно.
Порано многу ми беше жал кога ќе видев некој стар човек, посебно ако го гледам сам, знаејќи дека уште малку му останува.. Сега ми е многу повеќе жал кога ќе видам збунети млади луѓе со лажна насмевка и неизвесност за се што ги очекува во животот, меѓу кои сум и јас.
Последно време глеам на ФБ како сингл ликови се сликаат со кинески копии на Харли, со црна цвикера 200 денарска верзија на Полис или Реј Бан, 500 денарска верзија Левис-501 и некакви кошулчиња со цветни дезени или делфини. Не знам колку тоа им носи успех на пазарот на врски, бракови и секс и дали својата невпечатлива појава и очај го гарнираат со поими како kukle, lutko, mace, lepotice, da te kacam na masinava imada svrsis hhehe и слично. Па си викам што се тие повеќе од мене бе, дај да пробам и јас тука, па официјално распишувам тендер за потенцијална женска. Главно е да има Веспа, по можност од 50 кубика, идеално четворотактно, стриктно од Пиаџо, талијански а не некакви кинески верзии. Од моја страна нудам сомнителни муабети, лев карактер и едноставни кулинарски специјалитети. Знам и да уклучам машина за прање садови. Понуди во сандаче.
Јас оној таксистон би го стрпал 10г во затвор. Па нека прави пак штета од моето и од вашето ова све е направено од наши пари. Гнаса народ ццц. А таксисти манијаци и психопати врие,жално што им го земаат лебот на поштените и културните.
Сакав нов почеток и го добив. Работа во индустрија која што ме прави среќна, големи можности, интересни луѓе, патувања, професионално надоградување секој ден, доста поголема материјална компензација од сегашната работа. Ги пребројав сите плусови и минуси, споредив сѐ што можеше и време е да се пуштам во нешто целосно поинакво од сѐ што досега сум работела. Знаеш дека тоа е работата од твоите соништа ако би била спремна да ја работиш и бесплатно бидејќи тоа е тоа што те прави среќна (после правата работа нормално и само во слободно време, да не летаме во облаци сега). Ти благодарам Боже за тоа што сите мои желби ми ги исполнуваш.
Духовниот живот и молитвите ме јакнаат многу,верувам во господ и неговата милост и љубов што ми ги пружа.
За ваквите малце е 10 години. Внимавајте да не се качите во вакво такси,пример да ти наплати 100 ден. ќе ти наплати 200-300 ден. и ќе те ограби искуство од близок(му украдоа телефон,пари и останато)Освен тоа има да те избуља и да те искритикува. Вака нека направи во друга држава има да го јаде на големо или во С.Кореа има да го искасапат на делчиња Ја прават они гужвата кај веро.Вчера поминав од местото ступчето е пак вратено. Се надевам дека овој ќе добие казна за другите да им дојде памет. Тротоарите се за нас,а не за колите.
"And you run and you run to catch up with the sun but it's sinking Racing around to come up behind you again The sun is the same in a relative way but you're older Shorter of breath and one day closer to death Every year is getting shorter, never seem to find the time Plans that either come to naught or half a page of scribbled lines Hanging on in quiet desperation is the English way The time is gone, the song is over Thought I'd something more to say" Ноќеска Скопје ечеше, а мене морници ме лазеа. И криво ми беше за другарчето што не дојде. Јер знам колку ќе уживаше во атмосферата. Дамна вака не било.
Денес сите ги сакам, за утре не гарантирам зависи како ќе легнам па како ќе станам...всичко си има процедура и ред на моја листа за сакање. Сеуште не сум спремна за авантура и пат а времево мине , па мине, се врткам, се трткам непотребно. Се надевам ова лето ќе биде поразлично од сите други меланхолични кои наликуваат секогаш едно те исто, се надевам и посакувам ова лето да ми биде исполнето во шетање, дружење, забави, авантури, љубов, секс, коктели, плажи. Добро е штом имам волја за промени. Почнав од промена на облека, следна недела идам на фризер, промена на коса, следно промена на екипа за дружење и места за излегување и забавување. Втора промена започнува денес и тоа е промена на мојата статичност и неизлегување од дома на подалечни релации. Имајте убав викенд. Ве сака ангелчето.