Кога на А5 ќе се утепаш од мавтање на непознат човек,само затоа што си видел скопска регистрација...кој не е далеку од дома,нема да разбере
Цел фб со свидетелства и петки. Се натпреваруваат чие дете повеќе дипломи, пофалници и петки има. Магистри ви станале децата веќе без гајле чим се на фб оценките. Глупава работа! #МојатачудеснаМакедонија
Религијата не е мерило за човечност, морал, вредности. Човек може да го слави Бога а душата да му е трула, додека друг човек не го слави Бог но има далеку поголема љубов во своето срце.
Денес сите се обраќате со "драги пријатели од муслиманска вероисповед" а утре веќе тие за вас се "шиптариштана, гупчишта, турчишта.." Држете си страна, не бидете дволични. Или ги поштовате и ви се драги или не ги поштовате. За многу години.
Сакам да сум на некоја ливада, токму пред да се стемни, да лежам на тревата и да гледам како бледата месечината срамежливо се појавува.Целиот свет да запре, да украдам трошка мир од тој момент! А потоа... " Тамо по с'рце в кавал да свирам, с'нце да зајдвит, ја да умирам!"
Повеќето луѓе што живеат во поголемите и поразвиени земји, дефинитивно се имаат скарано со хигиената. Често начекувам видеа на youtube или низ програми на тв, од странски семејства... дали што снимаат дневни влогови, дали актери што готват, дали други познати личности што се снимаат во опуштена домашна амосфера и не можам да поверувам колку се гнасни луѓето. Децата пуштени надвор боси трчаат насекаде, и после со истите тие калливи нозе и алишта, ни измиени, ни ништо, си влегуваат низ дома, си скокаат низ кревет и ручаат. Баш пред некое време гледав познат актер требаше да готви нешто, па заедно со 3/4 годиншиот син беа прво во голем маркет да пазарат. Детето си трчаше босо низ маркет, каде што дневно газат по милиони луѓе, па надвор околу маркетот...и после кога се вратија дома, татково ни го изми, ни ништо, па малиот си се качи на работна маса и така со нозете си газеше додека татко му сечеше овошје и зеленчук.....На работна маса...во кујна со тие нозе Сфаќам деца се. Нека скокаат, нека трчаат низ трева и кал, нека паѓаат, нормално не може по 1000 пати да ги тушираш, ама дома кога ќе влезат барем рацете и нозете изми му ги бре. Ајде децата, па и возрасните така прават. Имаат големи дворови и си одат боси насекаде, па дури и по улица до кај комшијата- цел време БОСИ. Може 1000 пати таму почисто е од нашите улици, ама со такви нозе после дома да влезеш и низ кревет со детето да играш...Не го бива Македонска мајка (и низ странство и кај нас) такво дете не би дозволила да и влезе во кујна. Ќе влезеш така низ дома и ќе почнат по тебе влечки да летаат, за прво да се измиеш. Не знам дали воопшто се плашат од бактерии, вируси, нечистотии??? Па хигиената е половина здравје, а овие што прават. Стварно осет немаат.
На еден човек со годините, позицијата и хиерархијата по дифолт може да му следува само културно однесување со соодветни манири од страна на секоја воспитана личност околу него. Но, вистинската почит секој треба да ја заслужи – со својот карактер, човечност и квалитети.
Колку што не ја сакам љубомората, толку сметам дека е добра. Не мислев така, но сега мислам. Ако некој сака да си ја труе душата со љубомора не е моја работа, туку негов голем проблем. И мојата иднина е само мој проблем, а не на некој друг. За потсетување живеам во сегашноста. И сметам дека со моите и негови две раце се ќе создадеме оти кај што има слога има и Бога. Испитување за финансии одоколу е многу ниско. Да ви кажам и вие сте ми инспирација плус. Ако некој не се радува на туѓ успех, барем дај му причина да цркне. А ако вие од висока класа што немате осет да донирате ни 100 денари за болно детенце ме жалите, што да кажам повеќе. Вашиот живот и цело богатство не го посакувам никогаш! И се заблагодарувам што не сум како вас.
Во последно време, сѐ повеќе пробувам да ја протумачам човечката природа. Едно нешто не ми е јасно: зошто децата не се третираат како човечки суштества? Не мислам на насилство и злоупотреба, таман работа, туку на најосновни работи кои се однесуваат за сите возрасни луѓе. На пример, ако се удриш во дете на улица, зошто да не му кажеш извини? Или ако ти подаде нешто да му се заблагодариш. Или феноменот кој ми беше најчуден како мала, влегуваш во соба полна со луѓе, фаќаш со сите по ред да се поздравуваш, децата ги скокнуваш? Ќе ти падне раката ако се поздравиш со петгодишно дете, аристократијо, или испод част ти е? На крај краева, како сакаме децата да ни бидат културни и воспитани, кога никој така не се однесува со нив?
Живот како живот. Не носи на многу непредвидливи места, со многу непредвидливи моменти како и многу неочекувани личности кои ни стануваат причина за живот. Причина поради која секоја вечер зспиваме со наамевка на лицето, причина поради која се будиме радосни, причина поради која сме лошо расположени само доколку таа личност не е до нас. Колку и да набројувам не е доволно за да можам да објаснам што всушност значат некои личности во нашите животи. Личности кои сме ги сретнале сосема случајно, биле дел од нашите животи, а сега откако ги нема, неможеме да го замислиме животот без нив, но сепак продолжуваме од таму каде што застанавме. Спремни во секој момент да ни се вратат иако знаеме дека никогаш нема да се вратат и ништо нема да биде убаво како што беше со нив..
Прекрасен роденден поминат со луѓето што најмногу ги сакам. Не очекував многу, ама добив многу денес. Не многу, но искрени честитки од срце. Ми значи тоа. Ќе си го сакам повеќе животот годинава, ветувам. Ќе ги ценам сите моменти, си докажав дека го можам тоа. Можеби така и животот ќе биде понежен со мене...
Имам период кога заспивам порано и порано станувам. Се будам свежа уште на првото звонење на алармот. Полна со енергија,елан,идеи. Куп работи можем да завршам и да не се изморам. Имам сега и овој другиот од кој имам потреба чат пат. Едвај заспивам,едвај станувам,со сила работам,главата табула раса. Единствено убаво од овој период е што после го ставам плугот трикрилен на грб и со лесно го влечам. Одморена. Секое крило си има своја намена. Сите три неможат едно без друго како и јас што неможам без овие две состојби.
Дека вчера вечер ќе настрадав фала му на Бог што ме спаси. Верувам во Бог секогаш,и знам дека секогаш ме пази. Фала дедо Боже.
Ужасна ноќ.. Значи човек неможе да си проветри во домот во оваа жега ни на вечер Отвараш... И в-в-р-р-у-у цела екипа од инсекти ти влегла во соба.Цела вечер се бркам со комарци, мушички, пеперутки и не ги набркав сега ми досаѓаат по светлото од тел доаѓаат