Полека ги бројам деновите кога ќе им кажам догледање на колегиве од сегашната работа! И, се радувам како дете, веќе не ме допира нивната некомпетентност и неодговорно однесување. Нека прават како што сакаат. Сфатив дека цела година ми го переа мозокот, убедувајќи ме дека јас сум дел од топ менаџментот, дека без искуство успеав за кратко време да се покажам и дека ги имам „конците“ од фирмата во свои раце... да, секако. Сѐ само за да се нафатам да завршам повеќе работа отколку што ми плаќаат, за да работам како за тројца и да не се жалам и да не барам покачување. Наивна. Би сакала од грешките на другите да учам, но некогаш постојат работи за кои што не сум ни свесна дека се случуваат додека не поминало време... и не се чувствувам искористено, напротив - вложив многу и научив многу. Одам напред со поголема самодоверба и неколку искуства плус.
Добро бе,овие од сервисиве за оддржување електрични апарати се катастрофа Втор пат, блендер, пратив на поправка во Куманово. Првиот пат ми го вратиа со распарчена кутија и променети чаши. Денеска ми во вратиа со два блендера,без чаши и без гарантниот лист
Неутешна и незгаслива е желбата што ја имам овие неколку дена. Ме убива нескротлива емоција за минатото. За градот, за времето таму. Безмилосно беше кога заминував. Не ја разбирав мојата подобра иднина. Чувствував, ми ги крадеа спомените. Не разбирав зошто сите моравме да те оставиме, тебе, без можност да станеш, а да лежиш засекогаш, или само можеби да гледаш од небесното синило, како ние среќни сме, но никогаш комплетни. Чувствував, безмилосно ми ги предизвикуваа болките. Да беше можно, барем на кратко, да можев да ги смирам овие неостварени соништа, овие напластени нагони. Исто како тогаш, кога трчав боса во твоите прегратки. Да можев, само да можев макар за момент да го вратам времето назад. Секогаш бев јака и храбра, но во срцето неутешна. Ти требаше да бидеш таму кога бев облечена во бело. Плачев. Но никому не кажав зошто. Ги криев солзите под тишината на велот. Не, ни после толку години не можам да се помирам. Секогаш има нешто болно или нешто убаво, што ужасно многу потсетува на тебе. Сакам да кажам дека времето не лекува, ами само чува спомени. Некои бледнеат, а некои остануваат засекогаш, како убав дел на едно време. Ете, денес, малку ми се појаки чувствата. Малку ми се појасни спомените.
Од проблеми никогаш доста. А за некој не може да се најде и решение. Животов е суров. Посакуваш нешто не го добиваш. А толку си се трудел и напорно си работел.
Врв на ПМС-треска е она кога успева да те расплаче до липање и мрсулавење, најобична реклама за Dove антиперспирант. Депилација на пазуви...лелееееее, сироти жени.
Неодамнешното присуство на една свадбена церемонија во реномиран новоотворен ресторан каде што покрај приборот за јадење недостасуваа салфетки се уште ми е енигма според бон-тон правилата. Дали персоналот толку го преценил менито што го издигнал до степен на изреката Прсти да излишеш од што е превкусна храната или пак немајќи избор гостите ќе бидат принудени салфетките да ги заменат со прстите без оглед на вкусот на сервираното во порциите останува угостителска равенка со една непознат. Тешко сфатлив новитет, ама остварлив. П.С. И за оние што ќе добијат ненадеен напад на кивавица има решение. Тука е трпезариската прекривка... А зошто да не добие изглед на Шарка кога некој тоа го овозможил?
Малце ми е полесно на душава сега кога знам дека конечно можам да сум послободна... Еден товар помалку.
Добре бе луѓенца На ѓо бевме да пешачиме,ајде мрднавме тоа нозете...бидна На ѓо саем на книги па ај купив книга...ми олесна...си најдов то шо барав На ѓо бевме да касниме тост да касниме оти стомачињата ни пропеаја ај ин а лав ин да шејп оф фуд ју ит и ајт и то.Арно. На ѓо бевме да се освежиме...ајде седнуваме во Интермецо таквото кафичо шо го викат накај киното шо е таму е...Е то...седиме така.Келнеро се врти кај си шо прајш муцка со другарите ова она прц фрц мрц а ние седиме на ѓо чекаме да дој.Демек цедевита да маниме.Не...Се изнервиравме не викаме келнер ни нишо оти глеаме се му е рамно на чоеко флегма си шета некој можи да стани и да не му плати...Шубо така асфалт се да ти е мајке ми..Ајт ние гитла оттаму и марш у кучи брате. Значи луѓенца да ви кажам ко седнавме во еден кафич...ко не почастија...бооо 50 денари еј...воздух не' почастија...многу убо,освежително,ја ја жими снего на Пелистер...
Веќе трет ден, како ги игнорирам и им вртам грб на лошите и негативни работи, па дури и на мајка ми. Не сакам да бидам веќе тажна... ми се здосади. Немам подршка од никого. Ама, сатоа сум тука ЈАС самата, да си се усреќам, па си барам причини и најмали ситници да си го расположам расположението. Пред некое време се плашев да мислам убаво и позитивно и воопшто да се радувам, бидејќи после секоја моја радост после тоа одмаследуваше нешто лошо. Но, се навикнав. Сега не се плашам, сега кажувам дека сум посилна од порано. Сега се радувам, знам дека сеуште не е решено све, но имам убаво чуство. Господ ми праќа предсказание дека све ќе се среди. Сонував дека носам бели чорапи, и на цел глас и викав на мојата покојна баба, велејќи неможам повеќе те молам помогни ми( и барам помош за да се спасам од ова ситуација). Верувам и во сонови, барем досега све што ќе сонам се исполнува безразлика добро или лошо. Господе ти благодарам за трпението и разумноста што ми ги подари. Благодарна сум многу. И знаааам ии веруваам јасссс ќе се спасам од сите проблеми.... Сите сте против мене го знам тоа, ме понижувате... акоо.... јас ќе успеам, јас ќе се борам до крај и јас ќеееее победаммммм. (белите чорапи значат веридба, а баба ми радост во семејството) многу ми имат кажано дека ќе се среди све. Го чекам денот кога повтоно ќе почнам да се смееам на глас, ќе се вратам во нова форма. Поискусна и ранета.
Мех, плаќаат 50 долари за ова, за да бидат најјаки женски на плажа... Bitch, please... Ја сум родена ваква. Тоа ти се вика полицистични јајници... Или шо би рекол другар ми, дека не можам дечко да си фатам оти нема поголем муж од мене. Нејсе, пазете се. Оваа година ЈА ќе бидам намодерна женска на плажа, сите ќе цркнете од љубомора! И тоа за ич пари.
Јас би да се пофалам,се мавнав црна во косава,а на фаца сум бела снег.Резултат: Самара Морген Станав за wc по грешка се видов во огледало умрев од страв. Панирам утре косава да ја скратам сосе главава.
Некогаш сакам да се вратам назад во тие безгрижни денови каде што сите мои проблеми се решаваа во моментот кога ќе заспиев.
Тоа што искрено од срце го посакувате ќе се случи во вистинско време, на најдобар начин потребна е само верба и трпение.
Додека го миев ѓезвето од кафето, се сетив на деновите кога бев сеуште дете и мене ме тераа да варам кафе на гостите. На некои им го погодував, на некои не. Критиките ги ,,прифаќав" велејќи: На кој не му се допаѓа, нека не пие. Подоцна, кога почнав да готвам сама, добивав критики кога беше пресолено или недоволно солено. И повторно: На кој не му се допаѓа, нека не јаде. Сфатив дека вистински сум пораснала тогаш кога критиките почнав да ги прифаќам без инает и трудејќи се да не ја повторам грешката. Ете, помислете се до каде сте вие со вашиот процес на развој, затоа што токму ова е еден од тие показатели. Како ги прифаќате критиките кажува многу за вас. Ова погоре е само еден пример. Мислам на општото прифаќање критики и на тоа дали знаете да признаете дека грешите и да се поправите наместо тврдоглаво да одите со глава во ѕид.
Здраво друштво Спојлер: игра хаха Сакам да кажам или да прашам ја игра некој награднава игра со пепси за карти за супер куп. Јас од вчера се обидувам да испратам код и никако да успеам ми вели кодот не е валиден а бројките се тие 4 цифри под капачето - грешка нема 100 %... Помош?!
Вчера преку телефонски повик ставив крај на токсична ,,пријателска" врска. Но, научив неколку лекции. 1. Ако приметите дека личноста со која се дружите покажува помалку иницијатива од вас за кафе средби, веројатноста дека и пречите е голема. 2. Ако често се вади со изговори ,,ме боли глава, не можам, утре" а притоа се чекира со други во ресторан или кафуле. 3. Ако често ја фаќате во лага. 4. Доколку одбива да доаѓа на прослави, со лажни изговори дека нема пари и сл. 5. Често и нагло исчезнување, (како и не јавувањето на вашите повици и покрај тоа што знаете дека е секогаш телефонот со неа), се знаци кои укажуваат дека е лута и бара начин за перманентна дистанца. 6. Честите промени на расположение пред вас, се можеби индикација дека и досадувате. 7. Пасивно агресивноста е аларм за прекин! Плашете се ако сте ја налутиле, а лутината ја прекрива со насмевка. Постојат солидни шанси дека ќе најде време и место за да ви врати. 8. Држете се на далечина ако приметите дека е голема озборувачка, додека вам ви ласка. Веројатноста дека и вас ве зборува на истите тие луѓе кои се мета на озборувањето е голема. 9. Внимавајте ако кои не ви честита за некоја принова, успех, или не ве бодри во носење на некоја животна одлука. 10. Ако често или секогаш се наоѓате во ситуација да немате пари сами да си ја платите сметката, или да почастите, подобро не се дружете. Денес се сѐ врти околу парите, и немојте никогаш да верувате на оној кој се труди да ви го докаже спротивното!
@poenta Слободно кажи го името на ресторанот, да знам никогаш да не стапнам таму. Нека е храната и пар екселанс, ако немаат кодекс и хигиенски навики џабе е.
Имам една другарка,пред 2 години се омажи,и целосно се посвети на домашните обврски,по цел ден готви,чисти,пери,а во меѓувреме си поканува гости за кафе,меѓу кои и јас,и пред мене ќе земи ќе работи,значи не седнува никако. И само се жали немам време за ништо,дрн дрн,ќе те видам тебе каква ќе бидиш кога ќе се омажиш. А време како време се наоѓа,се трудам да и докажам,дека време има и за домаќинство и за шеткање и за деца за се,а оваа уште нема деца и само кука се жали немала време за ништо,ама не оди тоа така,познавам стотици мажени жени па имаат живот и надвор од кујната и куќата. И да,ова трезвено го кажувам,и од такт ме вади она ќе те видам кога ќе се омажиш. Да,ќе ме видиш како гледам деца,како готвам и чистам низ дома,ама дека ќе се затворам само во кујна не