Многу жално е кога млади и здрави луѓе се фалат со успехот на родителите. Наместо да се труди да си постигне нешто за себе и родителите да се горди на неа, таа се кити со туѓи перја. Родителите си се за себе, ама ти што си? Лично ти што си постигнала во твојот живот? Седиш на маса и слушаш мама ова има постигнато, тато ова има постигнато, а дедо беше секретар на Тито....добро ок е да си горда на нив, ама ти што си? Што правиш всушност ти во животот? Само од вакви разгалени личности нема ништо да биде. Случајно начекав слика на фб од школски, заедно учевме до 8мо. Тој период немаше леб да јаде. Дете од 12-13 години секое сабајле во 5 сабајле станувал за да оди со татко му по дрва. После и помагал да меси леб и погачи со мајка му, па ги продаваа дрвата и погачите. Кога ќе дојдеше во школо беше изморен и нормално сите оцени му беа слаби. Доаѓаше со едни скинати фармерки, а после истите му ги даваше на помалиот брат да ги облече. Рацете му беа многу уништени...Ние не кревавме ништо потешко од пенкало, а тој дрва сечел. ЗНачи беа многу сиромашни. Гледам заминал Германија и човек се направил. Фризурче најнов стил, скапи наочари, слушалки, телефон...Сликан по скапи хотели и теретани....Вежба со најскапи опреми. Искрено многу мило ми падна. Нека ужива. Среќата му била таму. Битно не чекал од неговите, туку сам се снашол...Тој може да се фали...Сигурно работи тешка работа од јутра до сутра, ама барем има во џеб пари со своја пот заработени. А тие што се фалат и чекаат ко мали бебиња од родителте, такви цел живот ќе си останат....Неспособни.
@Rama некои жени сериозно си ја прифаќаат улогата како домаќинка. Но, и јас не ја разбирам која е поентата... Животот кратко трае за да се замараш по цел ден дали е све беспрекорно чисто... Уживај во младоста, мајчинството... Детството нивно кратко трае... За домаќинка ќе биде цел живот. Не и бега тоа...
Извинете ве молам, о магистри по медицина што некоја во очај си пикнала лук во вагината, или пак сода бикарбона... Исто така ви се извинувам што на многу луѓе им помогнало. Стварно извинете, еве на!
Ми треба одмор од шетање и патување. Сите ќе почнат по одмори да идат, а ја веќе се изморив. Ако добро избројав, 18 града во 7 држави за 6 месеци сум посетил. Најдоброто беше секако во Мадрид, опишував во таа тема на форумов, останатово не толку вредно за споменување, освен Солун и Белград по 4-5 пати. И давав интервју за хрватско радио, не сум толку лош, онака ладнокрвен. Али некој шо ме познава подобро би се изненадил без да му кажам, кога би слушнал дека моето радио деби беше за правата на ЛГБТ заедницата и како тоа и ние шо не сме во ЛГБТ треба да подигнеме свесност. Научив да едитирам аудио, Хутенберг е права ствар. Толку многу мисли ми се мотаат низ глава али ми треба одморрррр
Чув многу умно нешто: ..на врвот има орли..ама има и змии. Не оти чувме нешто ново,туку убаво е да си повториме.
Ау бе, како ми фалат спомените од прошлите лета кога им се одмаздував на моите комши. Живеам во куќа, и наспроти мене се моите ранобудни комши кои од 6 сат сабајле стануват и одма се фаќат за работа.А мојата соба е одма наспроти нивиот двор. И тие увјек значи секој ден сечеа дрва со пила моторна (таа за дрва сечење со јак и ненормален звук) и ја увјек отечени очи сум легнала во 4 сабајле тие во 7 сат брчат. и кога им излегов едно сабјле разбушавена цела, и така како некоја бесна бабичка им се пулам. И ај така нека биде... И вечерта кога залади тие почна да ги цепат дрвата а јас за инат нивни и да им вратам моите излезени јас буферите ги уклучив, пуштив блек метал дома, ко спиште тоа музиката металот јачеше, јас па како вредна домаќинка ги отвоив прозорите као демек ги бришам. И им се смееам. Уште што не им реков ова ви е вратка за секое утро хаха. Па таа комшиката како цигара за цигара, чадеа од нервоза Само да напоменам, ми фали тоа време Секоја ден се молам, да се спасам од овие проблеми, па да се деси некое чудо и пак да се усреќам ама овај пат ќе бидам паметна
Вчера при излегување до трговски гледам мајка со ќеркичка на 4-5 годишна возраст, скоцкана и елегантна и жената, и девојченцето преслатко и дотерано... глетка за мерак. Сѐ додека девојчето не потрча, па се сопна и падна при што ѝ се извалка малку, а мајката веднаш на цел глас почна да ѝ вика „Гледаш ли ма кај идеш ти, нормална ли си? И не ми цмиздри тука пред луѓето“ Денеска пак го видов твитов... и сакам да кажам, се потсетив колку најнеубава глетка во јавност ми е издерувањето на родители кон свои деца придружено уште и со погрдни зборови, да не зборувам веќе и за шамар како „дисциплинска мерка“. Детето е личност која откако знае за себе има свое достоинство, а родителството уште на дете на најмали нозе треба да подразбира и љубов, нежност и пред сѐ самоконтрола во воспитувањето. Не знам колку родители се свесни дека ниедна несмасна незгода или несвесна грешка на детето нема да ги посрами во јавност толку колку што лош впечаток ќе оддадат токму самите тие со вакви агресивни и бесчувствителни реакции.
Сакам да кажам дека .. Интересен момент е кога на некои стари слики си гледаш кој ти ставил лајк и ќе забележил некои луге кои од тогаш па до моментот те избришале од листата на пријатели - Сфаќаш колку си пораснал Луге бе, што ви е !? Еј знам дека е жешко надвор. Имаме нови автобуси со клима нели, ама едно не ми е јасно бе луге. Зашо не отворате прозор бар малце во автобус, како можете да дишете цело време со затворен прозор ? Не значи дека ако само е ладно и дека е добро . Не приметувате дека воздухот е влажен и не се дише, да поцрка човек. Значи не треба сите да се отворени, ама 2 прозора у бус може да се отворени за циркулира сув воздух како и да е ладното ќе си стои. Малце сетилата позаострени следен пат .... ПозЗ3³ ®
Let's face it: муабетот "не сакам да имам дечко/девојка во периодов" е културно одје*ување. И треба да се сфати и разбере дека типката/типот не е заинтересиран(а) за врска, но конкретно со тебе. Доколку постои заинтересираност и привлечност, нема таков фактор што ќе спречи близина, бакнеж, секс.
Сакам кога навечер ќе почнат рандом сериите. Ќе се заседнам рандом од 23часот па до 2часот и тивко ќе си заспијам. Жештината си го прави своето,почна да ме успива денски. Ако ништо друго барем се одмарам дома.
Секогаш во животот кога мислам дека е крај и кога на некои лица треба да дадам аплауз тогаш гадно се лажам. Животот е претстава, секојден секој си игра различна улога. Се разочарувам од секој пријател и познаник.
Ќе извадиш некого од калта, а потоа ќе сфатиш дека тој всушност таму и припаѓал... Уште една лекција!
Трпението и смирението во најтешките моменти не' водат до најголемата среќа и убавина која не сме можеле ни да ја замислиме.
Девојки моногу е топло . Пред една недела се вратив од одмор ама таму ме обли бран од морето....а овде сега топлотен
Неконстантноста на убавини или на неубавини во животот не прави неконстантни во однесувањата и навиките на него. Ако било како се трудите да фатите една траекторија на живеење ќе створите само аритмија на неживеење и борба со животот. Животе суров си но убав за живеење и патување низ тебе што подолго.