Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде нека се подобри временцево. Колку е прекрасно вака сонце да има наместо дожд. Уживам во вакво време!
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Често се прашувам, зарем е толку тешко да се покаже еден мал знак на љубезност, култура?
    Толку ли им е скапа на некои луѓе насмевката, еден обичен поздрав или едно повелете, извинете, благодарам? Изгледа научна фантастика е веќе она воспитување, секогаш кога ќе видиш некој познат да му посакаш пријатен ден, да слушнеш едно повелете во продавница и да одвратите со благодарам.
    Наместо манирите да бидат навика и дел од секојдневието, изгледа стануваат се` поретки, дури и можеш да добиеш погледи полни со чудење.
    Ништо не не` чинат oвие толку мали зборови, а толку значајни. Не ги заборавајте љубезноста и манирите, не заборавајте со мали гестови на почитување да разубавите нечиј ден... :f:
     
    На SparkyAngel, Mama25, sweet-cherry и 22 други им се допаѓа ова.
  3. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Бога ми и мене.Се пронајдов во твоите зборови. Ајде веќе еднаш нека блесне :sun: :D
     
  4. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Си читам хороскоп и се ми е така совршено таму, дури се плашам што ме очекува. :)

    Прифаќајте ги предизвиците, не значи дека ќе успеете уште од првиот пат, туку значи дека сте посилни. Колку повеќе паѓања, толку повеќе воља за да се започне се' од почеток.
    Еднаш мора да се успее, зарем не?
    Мора да има падови и подвизи, инаку животот би немал смисла.
     
  5. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    2.083
    Јас готово одлучив. Од сега single and happy. Абе ич не му ја мислам поќе. Најубо е вака, нема никој да те повреди, нема никој да те разочара. Колку му даваш повеќе шанси на некој толку повеќе се разочаруваш.
    Аааа не, си ја научив лекцијата јас. Повеќе ич. Море има да си глам една железна ограда околу мене, море кое железо, од олово ќе биди... па да видам кој ќе успеј да ја сруши. Тој јунако шо ќе се бори до крај е него ќе го пуштам внатре, инаку.. абе ќе прскам со спреј наоколу како за од бубачки за никој да не ми се приближува.
    Толку од мене, изгледа јас и љубовта сме како небо и земја, како оган и вода. Ова беше последен пат, не ризикувам повеќе.. ми дојде умот. Ама ич. За мене љубов нема, па и да си останам сама ќе си живеам среќна со мојот мачор и ич нема да биди гајле за ништо, штета и тој не ме сака ама барем тука е друштво ми прави.
    Ах Меј несреќо златна, зошто само тебе ти се дешава ова... па паметна си, мила си, добра си.. побрзо би се навредила себеси одколку да навредиш некој друг, ни на мравка не можиш ти да стапниш и пак несреќа до несреќа ти се случува. (не сум самобендисана само се тешам)
    И сега ќе помини ајде, ќе издржам некоја недела дури да ми помини таа „еуфоријата“ од пресните случки, па после пак ќе издишам длабоко и ќе се вратам во нормала. Се ќе биде во ред, па што не било па сега и ова.. само ум за друг пат, пази сеее... не е љубов се шо се бацва :D
    Ќе издржам не е ништо страшно, вака така се навикнав.. ми тргна со разочарувањата, веќе и нема ни тие да можат да ме поразат.
    Ох, осеќам ќе повратам.. затоа имав неубаво чувство.. ама ајде.. пак ќе речам ќе помини.
    Ете до некни ми беше сеедно, се помирив со минатото.. сега е полесно сепак не беше нешто многу долго, побрзо ќе помини.. ех додека да трепнам ќе се најдам пак насмевната како и секогаш.
    Само од сега реков, нема повеќе маткање и заебанции. Меј стана сериозна личност и не сака да си го губи времето со будали повеќе.
    Боли малце, се чувствувам неубаво ама ќе најдам начин да го исправам и тоа. Ќе се посветам на нешто друго и нема да мислам.
    Господ нека ми помогне само, тој ја дава маката ама и тој го дава и чарето. ;)
     
    На LittlePinky и bubac им се допаѓа ова.
  6. Razocaranaaaaa

    Razocaranaaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Некогаш самоубиството е најдобро решение.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.199
    Што знам, ако размислиш можеби можеш жените и да ги дефинираш по бројот на посети на фризер на неделна и месечна основа и воопшто фризурата.
    Не сум сретнала жена без крејзин ај лук, а да не оди еднаш неделно на фризер.
    Немам верба у жена што ќе потроши два-три саати во неделата на фризер. Мислам коса е побогу, ја мијам секој втор ден, не можам да ја поднесам само мрсна, за се останато 15 минути работа, ај хев бетр тинкс ту ду,ама као можам и дома да и се посветам.
    И да, овие девојки најчесто се најбоље другарки со фризерките и имаат изграден однос и интерни шеги и муабети, а таму се имаат запознаено, ете до толку е работата.

    За мене фризерски сало е кокошарник, ма Птици од Хитчког во многу појезива варијанта. Еднаш у сто месеци трауматично го доживувам тоа искуство, не па еднаш неделно или не дај боже па и два пати, пу, пу, пу... Не, не може да е само желбата за убава коса у прашање.

    И по фризурата ќе ги познаеш која ќе прерасне во хистерично женурче. Плави, со медови прамени, строго зафенирани, должина некаде до раменици или малку подолга,со степен и без шишка, односно долги шишки, варира до шишка на страна. Непогрешливо води до заклучок за една напорна жена. Најпрепознатливи - на свадби. Обавезно се залепени до дечко им, евентуално ако се веќе во брак залепена за маж или со детето во рака се расшетава по цела сала,ако е ситуацијата да е и свекрвата тука, пустата пуна пажња до змивчево од снајка и подтрчнува со хаљињата до земја,а снајкава зааааадолжително има фстанчиња во колоритен сатен, зелен, розев или син, а може и некоја комбинација и се држи строго за кус фустан...а јас се држам за чашата за да ја издржам вечерта полна крекање, позирање и досадни муабети... прироитети, шта ќеш.

    Од фризури до свадби, ама тесно се поврзани тие работи. Ама да се вратам на муабетот, да, жена што оди еднаш неделно на фризер (или пак и повеќе), ни е дама, ни е па негувана, ни па држи до себе повеќе од сите останати жени кои не одат еднаш неделно на фризер, туку има вишок време и уста за оговарање. Сериозно не знам како го ставаат тоа во распоред и како воопшто им се мрднува од дома за нешто како фризирање.

    Леле оваа апликацијава на Мимс со водата... ме извади од памет. :rofl:
    Ја инсталирав и бапнав три чаши вода од сабајле, уште не знаев како звучи нотификацијата. И од мрза еве си стискам и оп, гласно почнува вода да тече, кај ме извади од памет, па и инспирира, одма те тера да одиш до тоалет, не вода да се напиеш. :D
     
    На SparkyAngel, sunfemina, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  8. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Секој момент ме исполнува, прави да се чувствувам среќна, од моментот кога станувам насмеана до уши, а не знам кај терам, уште успана дали нешто слатко сум сонувала или е резултат оти насмеана и исполнета сум заспала сношти свиткана.

    Убаво е чувството што знам дека сум сакана и почитувана, уште побаво што имам многу љубов да давам и ја давам на секого без разлика што тој/таа очекува, без посебна причина.
    Ете таква сум цврста во карактер, голема во срцето, ниту еден лош збор, не може лошо да влијае на мене, ништо лошо не собирам во мене, а за возврат од мене може да добијате само една голема прегратка, една насмевка, еден човек способен да ве ислуша, способен да ви помогни, да иди со вас до крај на свет, да биди со вас!! кога другите не можат, кога се зафатени, кога си ги гледаат само нивните проблеми и нивниот живот.

    Животот е прекрасен!! Само ме плаши тоа што деновите летаат, годините си врват...
    Како ли јас да го запрам времето, како да уживам во срекните моменти подолго, знам дека други ќе дојдат, но јас ги сакам овие и тие што поминаја сега се во минатото, но никогаш не се заборавени!!
    Ќе останат засекогаш, ќе останеме ние тројца среќни и весели и ништо и никој не може тоа да го избриши, колку и да го промени, спомените остануваат во нас засекогаш.
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.326
    Пол:
    Женски
    Денеска повторно си ги надоградував моите кујнски способности. :lol:
    Станав рано уште во 6 часот и сега ќе правам куглоф, абре големата готвачка јас. Си викам зошто да не ги изненадам луѓево кога ќе станат во 8 да има куглоф. На крај ни к од кугловот. :tmi:
    И сега цела така уфилмана дека ќе ми излезе супер, дека нема да ме осетат дека правам куглов (божем не мириса кога се готви) извадив специјалниот сад за куглоф што е, извадив китапот со рецепти и најдов сите потребни состојки, дур средив се тоа 7 часот беше речиси.
    Си се растропав фино лепо и стана мајка ми и ме гледа прво зачудена 5 минути и ми вика: „Добро бре девојче нормална ли си, си се растропала, спијат луѓе“. Ми ги зема работите и ништо од кугловот, расипувачка на забави е значи! :( Веќе штом станав толку рано си реков ајде да не седам така бадијала ќе учам, ма какво учење утре тест правам, мене гајле не ми е.
    Па, вчера на гости и диетата си ја расипав. :doh:
    Ме следи некој малер мене, ама добро деновиве ќе има принова во семејството, тетка ми за првпат ќе стане баба, братучедка ми за првпат мајка, а јас ќе станам тетка. :D
    Ај само за убаво нека е!

    П.С Леле како ми се јаде куглоф уф, ми доаѓа да ја убијам мајка ми (не дека ќе ми излезеше како што треба ама ај). :devil:
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Чувај го сестро....
    Но зошто?
    Ќе свтиш кога ќе го изгубиш!
    А патем девојки јадете си слободно нема да има лето :lol: .
     
    На Crystals21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... ако за се нешто, за се некој имаш да уфрлиш по некоја критика, да осудиш или ставаш негативен знак ... замисли се тогаш зошто ТИ постоиш. :^)

    СДК ... мојот период од годината е во полн ек. Убаво ми е ... :wasntme:
     
    На kate21, kala21, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Намерно ја оставам темава неотворена долго време за еден ден да скролам низ важите споделени моменти овде.
    Секој пост го читам. Патувам во вашиот живот, вашите размислувања, нервози, иронии, емоции... па и глупости. И секоја од вас како да ми е најблиска. Плаз од туѓи моменти низ главава.
    И ве читам меѓу редови.
    Очиве шараат лево-десно читајќи ве вас и живеејќи го вашиот живот преку вашите зборови.

    А јас немам што да кажам.
    Празен бел искинат лист.
    Проклета пролет со фантастични дождови.
    Проклета јас што веќе не знам која сум.
     
    На Libera, kate21, do-re-mi и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.189
    Допаѓања:
    136.056
    Убаво ми е кога се гледам со другарките, иако ретко во последно време. Работа, смени, обврски, мажи, дечковци, мајки, браќа, сестри, и на крај, се гледаме само кога имаме мака. Оти кога мораме да си помогнеме, се можеме да оставиме на страна.
    И пак, милион безвеза разговори, а колку ме прават среќна. Другарки веќе 23 години и пак не можеме да се назборуваме.
    Денес и било роденден на Хепберн. Јас за нејзиниот роденден посакувам денешните девојки да почнат да учат од неа. Преубава, без да и се гледа прслукот и да и се гледаат гаќите. Без да носи штикли со платформа и два тона шминка. Безвременски убава, не за една вечер.
    А можеби и аватар ке сменам после 3 и пол години, ете, во нејзина чест.
     
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    Гледаш колку е сат? :^)
    Подготви убава вечера за кратко идат гости :D почекај уште сат време за да кажиш и ке ме најдеш в кревет :^)
    И во ресторан има убава вечера ама и таму треба да кажиш порано за убава вечера :^)
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Сдк не знам кои луѓе се полоши!
    Оние кои многу зборат ( што треба и што не треба)
    или оние што многу молчат.

    Изгледа вторите ќе да се, со оние првите барем знаеш на што си.
     
    На kala21, Daydream, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Знаете кога некој нешто ќе заебе така квалитетно, фино, што после едноставно, ти се менува целото мислење и перцепција за таа личност. :^) Мислам, способност е да успееш да се заебеш толку многу работи за по некое прашање, а посебно за да треба јас да реагирам. По некое време сфаќа дека заебал, и тоа така квалитетно, и гледаш дека кружи као киша око Крагујевца. Значи, не зафркнал, не упропастил, ами заебал. За сва времена. Пињау!

    Мојот проблем, а и општо проблемите на оние родени во рак :D , е што имам преголемо, ама преголемо трпение и толеранција. Ајде, кажи си, извини се, па вака беше, така беше, јас ќе те ислушам, ќе климам, и на крај.... мавни ми се. У реду е, како ќе кажеш така нека биде, ама не ме интересира. Еднаш ако ми се скрши филмот за некого и ако сетам дека се дерам и ако сетам дека едноставно ми е гајле каков ќе ми биде односот со таа личност понатаму, готово е. Знам дека некој буткал и притискал толку далеку, што успеал да ја премине и таа линија што е мнооооогу подалеку од линиите на некој со нормално трпение.

    Иронијата е, што порано ќе ми беше многу мака, веројатно и ќе се насекирав дали постапувам правилно, да не сум грешка нешто. Сега? Воопшто не ми е гајле, додека мене ми е таман, се' друго е таман.
    :angel:
     
    На imelda, sesilija, kate21 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Tirquoise

    Tirquoise Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    69
    Same here само што личноста беше рак,а ајде јас ко вага туркај дипломатија ,ама ја претера веќе,сечие трпение се троши.На крај се се сведува на она дека кога некој те турка далеку еднаш ќе те турне толку да веќе нејќеш да се вратиш назад
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Во животот постојат многу мали битки кој треба да ги победиме да би ни бил денот посладок и поуспешен.

    Една од тие битки е таа која се случува за време на славите , родендените , разни крштевки и дешавки ...

    На овие места најчесто , барем во Балканот кога служат јадење и пиење све си е на една голема маса и можеш да си зимаш што сакаш и колку сакаш , или барем колку ќе успееш да земеш без да те приметат другите.

    Тука најчесто се сервираат 10-20 разни главни јадења и 10-15 врсти на колачи , нажалост само 40% од тие јадењата се оргазам а останатите 60% се бабите и дедовците .
    Така со овој податок уште од почетокот на прославата започнува битката за главниот алфа мажјак , женскиот род не се рачуна бидејќи тие сите идат на слави со фустанчиња и тесни и кратки облеки и неможат сеа да земат да изедат цела маса така да битката останува помеѓу мажите . Сингл мажите имаат предност бидејќи тие што се дојдени со партнерка најчесто мора да седат барем 30 мин па тогаш може да орбитираат наоколу со чинијата и да ги собираат ресурсите, тука се и тие кој мораат на диета да бидат оти женска им наредила така а на нив им се јаде им се плаче . Тие испаѓаат од играта бидејќи додека дојдат до вкусните јадења веќе е предоцна и ќе мора да јадат тоа што има , така остануваат многу мал број на мажи кој ќе успеат да соберат све. Они сите се спремни , затоа и се носат фармерки или пак нешто што има каиш кој може да се олабави . Но ова е една од најтешките битки , можеби и во топ 5 , еве на пример пилешки прсти , ги има 30 , а 10 гладни мажишта кој ги меркаат како Аца Лукас дрогата што ја мерка , неможеш да отидеш и све да земеш , што ке кажат гостите , што ке кажат твоите , затоа земеш 2-3 чинии , идеш таму и се преправаш дека зимаш најубавите јадења за тебе и + остало друштво , се разбира ќе земеш и од тие што не ги сакаш јадења , да не се види дека сите чинии имаат ист состав на храна , непосакуваното ќе го претуриш во туѓа чинија кога ќе вратиш на својата маса , и така драги мои се победуваат битките на славите , можеби утре ќе треба да се трча на кеј али барем тие 3-5 саата ќе уживаш во најубавите и ретки јадења додека другите се мучат и трошки ручат.
    Се разбира на крајот од настанот , ќе прошеташ покрај сите маси со полн стомак , не за друго , да покажеш на останатите машки каде се пилешките прсти и да покажеш кој е главниот алфа мажјак во кафаната.
     
    На SparkyAngel, Hipster, Markusa2 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ајде, уште неколку понеделнички депресии, па распуст.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Дојде...
    Се надевам ќе трае.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.