Политика и врски Затоа обично си бирам неопределени бидејќи стварно неможам да смислам дечко ми да трча по штабови и да го праќаат на митинзи
Се велев чекај бројче нека помине година две, чекај да средиш ова па она и на крај се свестив и си реков бе до кога вака? Тоа што го чекаш може и нема да дојде. Нели, не знаеме што носи утрешниот ден.А јас додека чекав и тапкав во место другите си ги живеа своите животи секако не беа совршени ама секој го прави тоа што мисли дека е најдобро за себе. И ете, почнав да живеам..
Бабичке мила зошто сега и зошто вакааа????? Гушкајте ги блиските дури се со вас, бабо те сакам најмногу
Колку и да се жалам од животот што бил неправеден спрема мене тоа сум јас, заедно со сите мои неуспеси, порази, несреќи. Некогаш ми создаваат убаво чувство дека сепак сум ги надминала и дека сум цврста личност. Ќе има уште. И може многу повеќе ќе има тага од среќа. Но среќата е секаде околу нас, мораме само да ја препознаеме. Зависи дали ги цениме ситниците или чекаме нешто големо за да бидеме среќни. И по некое време тоа големо ќе избледи, па ќе се стремиме кон нешто поголемо и додека ја бараме среќата животот поминал. За нас обичните луѓе среќа е испиеното утринско кафе, среќа е ако го дочекаме утрото, среќа е кога нашите се живи и здрави, се друго е илузија. Среќата е во сегашноста.
Сакам да кажам дека .. Скоро секогаш одвојувам време да ги читам мислењата на другите членови. Затоа доаѓам тука често за да го правам тоа. Секогаш се дознаваат нови работи. Не ги читам моите. Сигурно и вие сакате да ги читате мислењата на другите. Во меѓувреме, драги пријатели и пријателки, почитувани членови на форумот, сите оние кои ме знаат и не ме знаат, македонци, албанци, бошњаци, роми и припадници на било која заедница, како и секогаш, фала што го прочитавте моето мислење и бидете горди за џабе потрошеното време. Можеше да биде и полошо. ПозЗ3³ ®
Ќе молчиш како најнема личност на свет,ќе молчиш како глупача,и ќе ти се скурчи и само еден збор ќе кажеш и оп одма скокаат на тебе со погрдни зборови да ти ги ископаат очите и згора на се и со пискав тон да ги слушнат до Грција дури Ок,нема врска,морав да го кажам тој еден збор,но сега ми е криво,бидејќи јас несум како нив,не ми изглегува од душа со лесно злобата,јас неможам да навредувам и омаловажувам константно некого,па повелете слободно продолжете си,јас ви стојам на располагање со моето наведнување на глава и молчење,бидејќи едноставно тоа сум јас,не сум како вас и нема да бидам никогаш Добар дел од карактерот си мразам(не дека неможи да се смени) но точна е онаа народната,да не се роди чоек атерџија,ако се роди одма отепај го.
Се ужаснувам целата кога ќе прочитам дека млад живот ќе згасне. Зашто вака ни се случува,денес сме тука утре не нема. Бог да те прости пријателче. Ценете што имате покрај себе утре можеби ќе биде доцна за се.
Не сакам луѓе кои се ставаат себеси на прво место, самобендисани, секогаш тие да се нај. Макар и на момент тоа да го видам кај некој, ми ствара одбивност. Добриот човек не е таков, а покрај мене не сакам некој што не е добар.
Ми треба промена, радикална. Некое ново место, некои нови луѓе. Без старите лоши спомени и чувства. Ќе ги носам со себе само убавите, оние кои вредат. Нема да чувам гнев во мене туку ќе им простам на сите кои ме повредиле. Не за нив туку за мене. И ќе успеам во се, амбициозна сум и знам.
На тема Што денес за ручек, предлогот скара беше најприфатлив за стариот мачор кој му раскина на длабокиот сон, па така дремлив се упати кај неговата чинија чекајќи ја храната. Миленици... умеат да бидат благодарни за грижата кон нив. А човечката алчност нема граница. Тие знаат за малку, а луѓето посакуваат повеќе од можностите. Сега и јас сум во очекување сонот да ми се претвори во јаве затоа што е среќа...
И денеска полошо од вчера мислев ако напишам денес во темава ќе ми олесни душава,срцето ќе се смири од чукање,очите ќе престанат да плачат,рацете ќе престанат да се тресат ама не исто е... Помина цел ден талкајки со мислите насекаде и чуството на невидливост,помина цела непреспиена ноќ мислејки што понатака со себе и животот дали вреди да се бориш или не ,али сепак одговорот е не! Не вреди да се бориш за оно што си се борел и си се трудел да се смени.Не иде животот со лажна насмевка ,позади таа лажна насмевка се кријт милијони таги,милијони ноќи заспивајки во солзи,милијони нервози и стрсови,милијон пати кажувајки добро сум,а не сум. Секој ден го прашувам бога со што заслужив животов да ми биде пекол,зашто и јас да не бидам среќна каде згрешив ?Да направив грев се каам и после две ипол години,секој ден те молам да ми простиш да ми дадеш подршка и сила,да не ме казнуваш. Секој ден пропаѓам во темнина која нема дно нема никој да ми подаде рака и да ми каже доста е ќе биде подобро се ќе се смени. Талкам помеѓу луѓе полни со горчина,себични луѓе,без љубов,луѓе без душа до кога? Зар ќе видам јас сонце кога ќе биде премногу касно,кога ќе дојде време да дојдам јас кај тебе кога ќе ме земеш? Ако така си ми ја пишал судбината кога сум се родила да талкам цел живот без среќа,здравје и љубов во ред ќе прифатам и ќе го чекам денот кога ќе ме земеш може таму среќна ќе бидам и таму нема да бидам сама моите најмили се таму таму е тоа едно нај нај најмило што ме чека е кога ќе ги видам неговите очи тогаш ќе бидам најсреќна на светот. Ова само сакав да ти го кажам знам дека ме гледаш и ми ги читаш мислите.
Наспроти сите генерализирани клише муабети „какви времиња дошле“ во смисла на тоа дека веќе не постои добрина, пријателство, љубов и воопшто луѓе, па многу морализирања на разни теми... нешто што единствено реално се приметува генерално низ годиниве дека се менува во негативен правец во светов, е времето itself во буквална смисла на зборот - т.е. временските услови. Преку лето секоја година сè потешки за поднесување се горештините, гледаме невремиња од дожд и град какви што немаме видено претходно... и не само тука, туку за во цел свет можеме да слушнеме временски непогоди нетипични за разни краишта. И да, за тоа точно е дека во голема мера е виновен човекот - но не во смисла дека е казна оти „цел свет побеснел“, дека луѓе „се прават модерни и либерални“ поддржувајќи „изопачени“ различности итн, туку во многу поопиплива и реална смисла - преку загадувањето и глобалното затоплување. Вистинското самоуништување и лошо влијание на човекот на човештвото е во занемарувањето на основната општа култура, на која нè учат уште од најмали нозе, ама за жал за многумина останува само теорија.
Никој од горе не те казнува... Едноставно, таков е животот. Секој со своите. Секој има, и ќе има некој што ќе му почине, секој има болест или некој со болест, секој се мачи, но и секој понекогаш гледа бел ден...Дали порано, дали подоцна, али го има... Ако некој ти каже дека ќе биде подобро, те лаже...Затоа што ни тој не знае. Не знае за себе , па за тебе...Затоа не можам ни јас да те излажам... Судбата не ти е пишана, па и да е - од кај знаеш што пишува понатака? Може и сама си ја пишуваш, од каде да знаеш... Кога мислиш на своите најмили, мисли на тоа дали тие се среќни со животот што го живееш сега - жалејки по нив, и сожалувајки се себе си... Почни да го живееш својот живот ако не за себе, туку за нив... Ако некои луѓе ти сметаат - напушти ги. Најди други,најди нови занимации и места, се што те заморува - пушти го. Да , радикално е. Да , преедноставно е... Затоа е и толку тешко... Ама жив човек, на се ќе се навикне... Со среќа.
Времињата не ни се криви туку луѓето и нормално е да се менуваат работите со тек на годините,ама барем да се менуваме на подобро,јас некако не сум сигурна дека ке ни биде добро на ова парче земја,се чудам како сеуште господ не трпи,барем да мавне некој земјотрес од 9 по рихтер и сите да НЕ СОТРЕ.
Брат ми има еден другар, кој на секое негово " Ајде ?", вели "Ајде !". Има еден другар, во работа и во уживање, во цепење на дрва и пиење на сок, во варосување на куќата и пиење на кафе, во косење на тревата и најголемите шеги. Мајка ми има една другарка, која на секое нејзино "Може ?", вели "Може". Другарка во пиење на кафе и правење фризура. Другарка во шетање и чистење на куќата,во садење на цвеќиња и правење на торта. Јас имам една другарка, која на секое мое "Одиме?", вели "Одиме". Другарка во јадење на сладолед и учење за испит, во пиење на коктели и средување на собите, во правење на палачинки и гледање на филмови, во безброј испринтани скрипти и ноќи непреспиени. Најголемите совети и возење низ град. Имам и еден сопруг, кој на секое мое "Душо ?" вели "Секако душо ". Сопруг во добро и во лошо, во тага и во среќа. Мојата најголема поддржка и светла точка. Мојот поттик за успех, мојата најголема прегратка и насмевка. За сите по еден ваков човек !
Токму така, и покрај сево ова ќе се најде некој (дури и претседател) да каже I don't believe in climate change, како да е нешто за верување.
Случка од пред 15тина години. Бев кај братучедите дома за да си играме (кои живеат во комшии кај мене). Стрина ми зборуваше на телефон дека имала еден куп за миење ама никако да се реши да почне. Одеднаш дојде чичко ми и рече: - Долу се кумовите, еве ги на гости ќе дошле. Во тој момент, стрина ми со брзина на светлина фати од купот неизмиени чинии и ги сокриваше во електричниот шпорет Ние деца, не разбиравме точно што се случува ама се смеевме, а ти ни се развика и не избрка во соба. Дојдоа гостите, си седеа во дневна, а ние во друга соба. По некое време братучед ми вика ќе одам сладолед да земам....Бара ли бара низ кујна, и одеднаш на мајка му и вика: - Мамо, ни се јаде сладолед...Лажички од каде да земам? Од овие пред малку што ги стави во шпорет ли да извадам? Стрина ми и ден денес мисли дека јас сум го натерала така да рече, и ден денес ме гледа со резерва И дури сега пред малку седам во соба, а од надвор слушам некоја глупа музика (од типот на Драгана Миркович ор самтинг). Изглегувам на тераса и на мајка ми и викам: - Добро, кој слуша толку гласно? Па и музкава бе...Што е ова? Поттик за самоубиство? По две минути ете ја стрина ми на нивната тераса. (Ме слушнала што реков за нејзината музика). Зборуваат со мајка ми Што правиш, како си....и таа само вика: - Еве дур си работам слушам музика...Мене со оваа музика младоста ми помина, ама не знаев дека толку и сметала на Џоли...ќе намалам. И ми фрла поглед......(сигурно уште памти за лажичките ) Ете такви се моите комшии и стрини, а вашите?