Се дебатира за хомосексуалноста како е "болест", "аномалија" и не знам што уште а тие луѓе немаат никаква ни врска ни поврзаност со Вашиот живот ниту Ви штетат на било каков начин. Позанимавајте се малку со педофилите, трговија со деца и жени а не со нешто чисто како што е љубовта.Плукајте по оние кои треба да се плука а не оние кои не заслужиле.
Немам ништо против Џенифер Лопез, но мора ли секој втор ден тимот на Фемина да ни сервира вести за нејзе
Што значи лето за другите:журки,плажа,коктели,романси. Што значи лето за мене:перење теписи,обелување,јуфки правење. Бидете ми поздравени
СДК отсега па натаму самодовербата на ниво ... Јас сум божица , јас сум воин и нема да дозволам на никој да ми застане на патот ни да ме потценува..
Денес ми е роденденн Годините си врват, а јас се чувствувам како да тапкам во место...24 полнам а се' уште сум заглавена во минатото, некаде кај 18-19тата...Туку ај, да не ја тупам со депресивни муабети, останете ми поздравени, и еве една пијачка да се почастите
Без разлика дали е друштво и дружбата со истото, филм, серија... она со што навистина вреди да си го исполниш времето, не ти дозволува да посакаш да посегнеш по скролање на мобилниот.
Никој не научил од грешките и не извлекол лекција , секој пат ги повтараме и повтараме и се навракаме на почетокот...
20 години брак,да ни се множат љубов моја.Среќа е што те имам за вистински пријател,сопруг полн со разбирање и татко на нашите мали јунаци.
4 бандити на сред соба имаат замислени борби. А и јас како нив...тон прашања и измислени конверзации во глава... Сакам да читам ама зафатен ми е паметот... Тивко, свежо Скопје во јули... Каде ќе не однесе крајот на летото?! За мене зборот протокол има сосема друго од вообичаеното значење...и ми се гади од него. На се сум благодарна што дојде и го прифаќам. Мирот...мирот од себе самиот доаѓа...мојов доаѓа, но ме плаши. А каков човек треба да си пак за да сакаш да ремериш туѓ мир?! Од забава?! Од досада?! Од занес?!
Сакам да кажам дека ваква чиста безгрижна среќа и слобода не се сеќавам дека некогаш сум почувствувала. Фала ти Господе.
Некои личности едноставно не можат да ја погледнат големата слика. Не можат да се оддалечат од ситуацијата и да погледнат од друг агол. Всушност можеби и немаат таква способност. За некои работи треба да имаш капацитет и интелект. Фрапантно е колку млади личности сеуште се заглавени во стереотипи, се држат до вистини, ставови, сфаќања и критериуми кои им се пренесени од претодната генерација или генерацијата пред нив. Прогрес еднаков на една голема нула. А целиот свет им е на дланка. Можности - мал милион. Луѓето манипулираат, постојат добро разработени системи кои функционираат речиси соврпени и како вртлози ги влечат оние индивидуи кои се премногу наивни.
7 години на ФеминаШто да кажам, жива заразаДа додадам мило ми е кога стари членки се враќаат на форумов и понекогаш личи се на она лето кога Цеца ја мислев за добар избор на никnow guess not Поздрав до старата багра патем Иначе мислам дека е ова втора година како Фемина заборава да ми испрати нотификација за годишнината и ми краде поениАко ми стигне во текот на денот ќе ве информирам Частење може ли?
СДК добра ноќ на сите. Сакав да пишам нешто на некоја тема, ама очи сами се затвараат. Убава и свежа ноќ, ќе се спие добро
Сакам да кажам и сакам да речам дека е убава летна ноќ, една од оние магичните за кои мислев дека повеќе не постојат.
Здраво СДК, лонг тајм ноу си. Се вратив од одмор и почнав да кашлам, кивам, се будалеам... И ослабев, повторно Се дистанцирав од луѓе... од далеку се поубави. Сум заборавила кога последен пат плачев како душа да ми се откинала. И кога боли, трупаш, одмавнуваш со глава, нека стои таму некаде. Некогаш се рушат кулите... Мислам дека како дете бев доста среќлика. Знаете, како на пример, кога ќе дојде вашиот ред да ве испраша учителката и наеднаш ѕвони. Или ќе ве праша баш за тоа што сте го учеле. Или автобусот ќе дојде покасно, баш кога доцните. Мислам дека одамна ми заврши тој вид на "среќа". Или можеби работите толку едноставно изгледаа во тоа време. Се сетив, првиот школски ден во средно. Мислам дека се сеќавам речиси и на деталите. Не можам никако да се сетам на првиот ден на факултет, а поблиску е. Средно... мислев дека знам се, дека сум најпаметна, дека сум посебна Како да газев по облаци. Не дека не бев толку самоуверена на факултет, едноставно... понекогаш одиш по еден пат, без да размислиш. Како јас тогаш, без да размислам подлабоко дали е тоа тоа што го сакам. Како на филмовине, листен ту јор харт и слични булшит работи. Го слушам срцето, тропа, жива сум. Понекогаш прерипува и се чувствувам како да немам воздух, ама веќе и со тоа се снаоѓам. Љубење од срце. Како пијанство. Заљубеноста е баш тоа чувство после 2,3 чашки фин алкохол, кога сте зашемутени и се изгледа совршено. Човек треба да љуби со памет. Илузиите секогаш се рушат. А баш добро би ми дошол некој коктел. Ладно пиво, ама добро пиво. Ми недостига брат ми, ама тоа не е ново. Загрижена сум. Како да му помогнам? Како да си помогнам? Како да им помогнам? Заврши кафето.