И после се останав на нозе што секој момент ќе се скршеа. Тука беше тој што ми го смени животот и покажа дека не е се црно,тој ме држеше како столб. Многу пати сакав да се откажам од животот и од сите но повторно беше тој што ми ги бришеше солзите и ме молеше да не плачам зашто срцето му се криши. Он е причина што денес сум среќна,жива и здрава Он е причината да размислувам за заеднички живот,за семејство за дечиња. Он е мојата најголема подршка,он ме прифати таква како што сум со лошо минато али како велат ако немаш минато немаш иднина. Сега со тој што ми го осветли животот планираме заедничка среќна иднина. Колку и да направам за него малце е за се што он направи за мене. Сега тука му се заблагодарувам најмногу на светот и најмногу го сакам.
Фрустрирана сум. Многу. Зошто сите се обидуваат да ти солат памет за твојот живот кога и нивните животи не се средени?! Зошто сите мораат да паметуваат за туѓите животи, а да не си ги гледаат своите?! Од каде доаѓа таа потреба за се да се биде најпаметен, за се да се коментира и искажува сопствено мислење?! Убаво вели старата поговорка дека молчењето понекогаш вреди злато. Понекогаш некој ти раскажува нешто не затоа што сака да го слушне твоето мислење (кое најчесто не решава ниту мал дел од проблемот), туку затоа што едноставно има потреба да биде сослушан. И да, не треба да се паметува за прашања кои не ти се познати, како на пример за нечии чувства. Ти никогаш нема да знаеш што се јас сум поминала и како сум се чувствувала, исто како што јас нема да знам како ти си се чувствувал/а во некои мигови. Секој со својата животна приказна, со своите стравови, желби, соништа, љубови се справува на најдобар можен начин и за тоа НИКОЈ нема право да му суди. Никој и никогаш.
Живoтoт е крaтoк. Живејте гo секoј ден кo дa е пoследен. Денес те имa, утре те немa. Живoтoт е круф не знaеш кaде ќе сврти,кaде ќе зaстaне сaмo знaеш декa некaде и вo некoе време те чекa крaј-смрттa. И немa нaзaд. Бидете сo тие штo ги сaкaте, бoрете се зa нив. Ете денес слушнaв лoшa вест. Прелoшa. Бoг дa те прoсти тетин. Некa ти е леснa земјaтa и биди сo aнгелите.
Кога едно нешто му се случува на друг човек ондак тоа и не е така страшно уствари воопшто не е. Ама кога ќе ти се случи тебе тогаш е најлошото нешто. Нема човек со поголем проблем од твојот.
И да, лесно е да си инстаграм пи*ка која изгледа добро и у лајнарки со крзно, со тренерки од сатен у зелена боја, нашминкана ко за вечер, на сред бел ден, сликана на плажа или на кафе, и над сликата пишува као демек принцеза, не можеме да ти се фатиме,најјака си,и други обиди за набивање на комплекси... Ела златна еден еб*н ден поработи нешто да те видам, па сликај се после до миље воље.. Али окрече се коло срече...
Живо ме занима дали кога некој во одредена тема ќе напише "ако може некој ЛП, ми треба совет" навистина добива пораки и дали советите се од некаква корист?
Непризнавањето на сопствените грешки и изнаоѓањето други виновници е обид за отфрлање на одговорност и бегство од чувството на вина. Учењето од своите грешки е учење од искуството. Достоинството и гордоста нема да ги изгубиме со тоа што ќе признаеме и ќе се покаеме. Круната не паѓа сама, ја губиме со непромислените постапки.
Никој не може да му наштети на човек како што тој самиот може на сам себе. Не за џабе велат, човекот сам себе си е најголем непријател. Само што не сакаме да го прифатиме тоа и секогаш бараме други виновници за нашите проблеми.
Постојат некои луѓе што кога прв пат кога ќе ги сретнеш во животот, можеш да разговараш со саати и слободно да се однесуваш пред нив, ко цел живот да ги познавш. Пред некое време ја шеткав внука ми, додека ја чекавме мајка и да заврши работа. Внука ми си седеше во количка, а јас седев на клупа одма до неа. Ми дојде 4-5 годишно дете до мене, ми се претстави како се вика, и ми рече дали можел да си поигра со бебето. Внука ми сака мали деца, па многу му се израдува кога го виде детето. Двајца се смееја...Тој ја задеваше, ја нишкаше со количката, скокаше пред неа, ја скокоткаше, а таа од радост му фрлаше по него со играчки.... Дојде и мајка му на детето. Се насмевна кога виде што прават и рече дека такво си било детето слободо и со сите си сакало да се дружи....па дури и со бебиња. Седна до мене па почнавме да зборуваме...И таа беше млада, немаше повеќе од 30тина години. Ни тргна муабетот, а децата си се смееја. Времето ко за миг да летна....Не знам од кога не сум сретнала толку пријатна и слободна личност....Не знам од кога не сум направила толку добар муабет со некој непознат. Се чувствував ко да ми е најдобра другарка....Пријатни очи и топла насмевка. Но, ми заѕвони телефонот и морав да ја напуштам. Не разменивме никаков контакт со жената ама кажа дека редовно го носела тука детето. Навистина е чудно дека секојдневието го делиме со некои луѓе што немаме толку заеднички нешта, а таму некаде подалеку има луѓе со исти погледи кон светот како нашите.
Во последно забележувам дека тешко ми е дури и да се поздравам со гостите,за разлика од порано кога им сврзував муабет ги служев и слично,независно дали се домашни или странски роднини јас уште пред да дојдат бегам право во соба. Кој знае можеби затоа што ми се смачи од непотребно испрашување и мешање во приватноста,но во секој случај подобро ми е вака
Кај лета времето, а кај сум јас ? Само секунда те дели од авантура, авантура... авантура... и се така потивко и потивко запаѓаш во тишина и почнеш да ја бараш таа авантура внатре во тебе, се што бараш внатре во себе најди го прво, после од надвор надополни се што ќе избереш за добро, нема простор во тебе за негативните работи, утре ќе се разбудиш со плодот од вчера. И така понекогаш самотијата те прави да размислуваш како ќе ти биде со луѓе околу тебе, а истовремено сакаш да уживаш во неа, во тишината, па да го најдеш човекот со кој ќе ја споделиш и неа, тоа е priceless. Самотија а ? Страшна состојба во време на празност во тебе, ако имаш извор на надополнување, не го троши залудно, бидејќи тој извор утре ќе треба да го наполниш со нешто од тебе, а времето е тоа што секојпат прави проблеми па може да направи истовремено и двата извори да се празни. Од кај ќе се наполнат ? Од времето. Толку е битно времето во животот, и се друго да изгубиш, пак не си изгубил се, имаш време