Порадо би отишла на забар, него ли на обичен лекар. Најозбилно. - Кажи аааааааааа. Ама пошироко. Ај јазикот подоле. Главата горе. Диши малку. Диши малку повеќе. Диши побрзо. Ај закашлај се. Ај диши нормално. Сега преку уста. Не диши толку јако. А да не пиеше нешто ладно? Излезе со мокра коса? Од кога ти е ова? Зошто не дојде порано? А со кратки ракави да не си излегла? Добро, можеби до времето ти е. Јас не памтам денес у колку саат станав од спиење, а не пак дали сум излегла со мокра коса. И тоа пази, завчера! Јас уште не можам да се снајдам со смениве, која сум во школо. Постојано прашувам. Па не е лесно, бе. Ти на секои две недели да се менуваш... па уште и празници во меѓувреме. И се прашувам дали било викенд или што било. Мојава меморија и не ми е баш јака страна. А да не зборам колку е ладно, тоа што ми прави диши - диши. Ко електро шок ми доаѓа. Океј, малку претерав. Знам дека е нормално да се поставуваат такви прашања, ама барем на заболекар си спијам со отворена уста. Не ме прашува дали сум јадела благо, дали сум јадела на десна или лева страна, дали споро или брзо јадам, на колку време ми се распородени оброците и слично. Она си шмиргла, јас си спијам. Дури сум среќна после тоа. После тоа застанувам пред огледало и му се дивам забот. И прошлиот пат си направив беља. Се лечев, ама не се долечив. И сега грлово ми е цело распарталено. Ко крупното ренде. Ама ме мрзи да идам на лекар, бе. Амоксиклав пак треба да пијам, после мести аларм, затоа што сто кома осумдесет и девет проценти - ќе го заборавам. После не ми ѕвонел алармот, затоа што не сум ги штиклирала сите денови. Па ако сум се напила два саати покасно, мора и наредното да биде два саати покасно. Тее. Вака кога помине - помине. Нема белки два месеца да ме боли?
Колку само беше супер овој ден. Направив глупост, помина, исчистив стаклото. Го понесов кутрето со мене на гости, и тоа ми го простија моите. Дури и дојдоа со автомобилот да ја земат. Го расипав колото на електричниот шпорет, и за тоа ништо не ми рекоа. Мајка ми ми купила смоки и кисело млекце за вечера да си направам, татко ми со автомобилот нѐ донесе дома мене е школската. Понекогаш се срамам од нив и нивните одлуки (пр. кога татко ми пее, како поп да ми пее по дома), но тие ми се родители. Тие ме створиле, тие ме чуваат. Не може да се опише мојата љубов кон нив. Му се јавувам на татко ми да дојде по мене бидејќи е ладно, а тој душичка на кратки дошол само за јас да не го чекам на ладното. Си доаѓам дома, од врата мајка ми:" Гладна ли си? Ти купив смоки и кисело млекце утрово (мојот омилен рецепт)". Дури и кога сум изнервирана или исплашена, тие се овде за мене. Ги сакам.
Сакам да кажам дека морам да сменам начин и темпо на живот. Наредниве неколку месеци морам да си ги посветам на себе и само на себе, без ич уво да не ме боли за останатите зајадливи усти. ахх денес денов ептен депресивен
Не може секоја девојка да биде Одри Хепберн. Мака ми е кога ќе видам која се не ја постира и збори како идол.
Променливо време = Променливи чувства Во главава едни мисли, во срцево други чувства. Може ако се стабилизира времево, може ќе се стабилизирам и јас. Може ќе се одлучам. Може ќе ми помине. Може ќе престане да боли. Може ќе го заборавам... А може и не http://www.youtube.com/watch?v=cO9zTgku ... e=youtu.be
Седеш пиеш кафе со пријателка, зборувате нешто битно што ќе и се случува во животот, и одговара скрос ноншалантно, незаинтересирано и невозбудено, демек јебига, јас сум јача од тоа, знаев дека така ќе испадне, и сакаш да и тресниш една и да ја закубиш така добро, оти пола година само за тоа зборува и зборува и зборуваааа, и кога го доби конечно - глуме ладна и демек прибрана накај очекувана реакција, а одма шом стигнеш дома на инстаграм и фејзбук објавила и слика и врескање и извичници и колку е само најсреќна...Мислам жено една глупава, за кого мислеш дека живееш, и шо глумиш и се преобразуваш шом излезеш од дома, зар си толку плитка и проѕирна?! И кого побогу мислиш дека лажеш краво една црна. Не можам луѓе, не можам да ги сфатам овие ваквите тумурути, намќорести и демек ладни женишта кои го срамат женскиот род! Точка. Денес, денот ми беше релакс спа аt home. И така деновиве се сиви, ладни и намрштени, па решив да искористам да се средам и да се опуштам. Кутрето ме разбуди накај 1, си се изнагушкавме, се изборивме убаво , и станавме. За неа сува храна и апче против глисти, за мене големо јако нескафе. Си седнав у дворот у дуксер и пижами и на раат си го испив кафето без лаптоп. После си направив мераклиски ама сепак здрав појадок, па си раскренав низ дома се, изнесов да се луфтира, измив садови, си запалив свеќи две, си ја пуштив печката, и го пуштив тушот врела вода. Се киснев едно саат и нешто. Си ставив маска, си направив пилинг, се избричив, си дремев под туш, без да знам дека некој у секој момент ќе ми тропне или ќе ми вика остај ми вода, ма не, тоа беше уживанција... Од кога кожата почна да ми се жале се познава нели на прстите, си испаднав и пред печка си седнав, си се мачкав со лосиони, си направив педикир, се масирав со антицелулитна крема, се масирав со масажерот...а и кутрето си доби педикир на тие ракчиња од ноџиња што ги имаше. Убав, убав ден, затоа и ги обожавам ваквите сиви врнежливи денови. Време само за мене, во опуштено и удобно издание.
Правете се модерни колку што сакате ама јас никогаш нема да разберам луѓе што јадат (или се прават дека јадат) јагоди и нутела. Бре 1во. Кај сте се изнаучиле со тоа нутелата? Па сите сме израснале со агроплод, сеа нешто ми глумат италијанци . И како може бе еурокрем да се смета само тоа чоколадното ? Па кај ви е белиот дел од лешник? Не можам да се помирам... Епа не ми е волшебна нутелата мене. Чао! 2ро. Па јагоди со чоколадо Оваа комбинација гарант е од софт филмови за возрасни. Друго објаснување немам. Ај банана, разбирам. Иде. Ама јагоди и топено чоколадо ?! Ај вие што се водите од оваа пропаганда бидете искрени барем со себе, навистина ли ви е вкусно?
Ајде излезе замена на цигарите,демек да не се труе народот,па оп излегоа овие еко цигари,демек поздрави биле Штознам. можеби и така е?Ама луѓето ги користат за да си го сочуваат здравјето,бидејќи се зависни или ова е сега некој моден детал,па да се прчат: ПУФ,ПУФ ИМАМ МОДЕРНИ ЕКО ЦИГАРИ.Бреј многу битно.И ајде излезеш на кафе,во ресторан,некаде каде секако оди кафенце и цигарче,или каде се задржуваш подолго време па не можеш да издржиш без да запалиш,ама ова што го видов денес ми е. Господин во маркет на каса,нормално количката полна до врв па и повеќе,еден куп луѓе чекаат ред,продавачката ги куца производите и чека дотичниот да си ги става кесите,а тој пуши ли пуши,баш го гајле фраер е во сред туш. Неможел да издржи па мора и на каса во продавница да изиграваат некои господа.А не дека истава работа е луксуз,за негова информација многу луѓе можат да си ја приуштат,ама ете демек тоа е непознато за нас.
Гледајќи на сите страни тоа слики јагоди со нутела, па си земав купив и јас нутела ( која инаку не купувам, мислам закон ми е тоа кремче од Кам бај д веј) и јагоди, мислам онака убаво примамливо изгледа црвената, сочна јагода со чоколадо, ама кога пробав си реков сама на себеси исто ова што ти го напиша Да не глумиме лудило не иде комбинацијава дефинитивно
Ми се прави еден кафе муабет сега. 1. Не им е лесно на машкиве кога сакаат да и се пуштат на некоја. Дечково има 35 години, и фрлил око на една лепојка. И ја манијачи, ја зјапа, ама и таа му возвраќа. А, се гледа возрасна девојка, ама се понаша малку зелено. И му помагам да ја најдеме, фб го докопавме, ќе не мислат некои терористи сме. И конечно ја најдовме, девојчето во Март направило 19 години. Се разочара дечково начисто. А, јас малку се порадував зошто на моите години сум како дете. Абе девојчиња, цел живот ќе бидете жени и женишта, што толку сте се затрчале да се носите така, кого ќе заведувате ? Колку убави алишта има, интересни балетанки, ненападна шминка постои, а тие на граница со кловновското се облекле и накинџурале. И така си велам, не им е лесно на машкиве, утре може ќе го уапсат што завел некоја малолетна, ама што е тој крив. 2. Кога сум кај облекава не и е лесно на Кејт Мидлтон. Некогаш си викам кога би била на нејзино место, како би ми било... Уффф...не можам да се замислам. Ми се чини со пеглата в ташна се шета. Се на неа мора да е строго под линија испеглано и дотерано. И многу дизајнери душа давале за да носи нивна облека, многу жени ја копирале... Јесте да знае да се облечи убаво, скромно и средено, што би рекле бабичкиве: натокмена. Ама не можам бе јас во таква облека. Ќе се угушам. Облечено до в гуша, стегнато, нема никаков детал, до коленици, штиклички, глупости, тракатанции в коса. Ма не !!! Среќна сум што не сум принцеза. 3. Денес ми се оди на кафенце со другарка, ама да си тераме општи муабети. Не сакам веќе муабети: еј оваа види како се облекла, оваа се здебелила, на оваа кој и е овој, знаеш дека брат и се развел, мајка и ја пикнаа на работа, тетка и купила кола...бла...бла...бла...бла.... Ама скоро и како да нема муабет, освен рекла-казала. Ај досадно бе !!!!
Како изгледа тоа да изброиш во себе до 10 пред да испукаш нешто ? Не знам како изгледа јас само пукам и пукам и се што имам кажам и што треба и што не , но после некое време кога се освестам лелеле што се сум кажала....Извинете сите овие 2-3 дена што несум добро друштво пмс е виновен
Anastasijaki е веќе Госпоѓа Стапив во брак со моето хани, со човекот со кој делиме неизмерна љубов Нема посреќна од мене, нема
Не ми е јасно зошто луѓето кои се однесуваат неморално, се правдаат под изговор 21-ви век било. Тоа што е 21-ви век, апсолутно нема никаква врска со вашето разуздано однесување. И во 21-ви век може да бидете патријархално воспитани. Не се препуштајте лесно на страстите. Имајте малку почит спрема тебе.
Факултетот и дипломата нема да ни ја дадат работата за која сонуваме, за тоа ни треба труд, снаодливост, одредено знаење ( а да заокружам на врски подобро ) . Во животот има нешта кои се позначајни од парите, барем за мене е така, да сум здрава, жива, среќна, да бидам опкружена со луѓето кои ги сакам и ме сакаат. Да имам сопруг, деца, внуци, мене тоа би ме исполнило. Да, парите се многу битен фактор во животот. Но, што ако имам пари, сопствен дом, кола, работа, а го немам тоа претходно наведеното Што ќе ми е сето тоа ако мене душата ми е празна, ако нема кој да го продoлжи мојот род, ако немам за кого да се радувам, ако немам кој да ме прегрне додека спијам..
Си ги гледам децата, и не ни сваќам колку брзо стареам...чат пат ко ќе се видам на selfie заради фризурата ми станува јасно . И така ја си ги гледам децата и си читам по форумов тажни љубовни приказни и си викам...лелелеее и моиве вака ќе пишуваат, ќе патат од а ја нема ни појма да имам што им се случува...пошто по default нема да кажат на мама нели!
Кутето мое ми се разболе, едвај на нозе стои. Не знам што да му правам, ветеринарот беше вчера бочки 3 му стави. Оф, денес повторно исто, гори од температура кутрото куче. Како да му помогнам, побарав помош од ветеринарот кој инаку ми е вујко, ми кажа што да сторам ама не и Не. Кога стави еден инат кучево уста не отвора, не може да го испие лекот. Лекарската помош после пладене, до тогаш како да го оставам на мака кучево. Леле нема уста да се пожали, ме гледа тажно со очите. Што да му правам, како да му помогнам. Како дете мало е, гледа тажно со очите и моли за помош. Ах, Господе зошто баш сега кога сум сам дома ваква проблеми ми даваш Каде се изгуби тоа весело и разиграно куче? Не можам да го оставам сам, жал ми е. Од друга страна се плашам да му се случи нешто, нема играње со висока температура. Ако е куче и тоа има душа.
Сакам да ви се пофалам за нешто убаво и што мене ми значи. Еднаш почнав да пишувам книга и ја завршив конечно. Првите што ќе ја прочитат, нормално, ќе бидат другарките. Тие се многу позитивни во врска со книгата и малку се внесени во приказната и велат дека била интересна, па ви викаат дури да ја издадам. Не сум размислувала на тој начин, јас сакав само да ја запишам приказната која ми се моташе низ глава, да создадам нови ликови и да запишам некои мои интересни моменти и испадна навистина добро. Ако еден ден се решам да ја издадам можеби ќе сакате да ја прочитате
И после ќе ми кажат парата го менувала човекот. Абе една плата од 20000 и одма живее живот на висока нога, а не па поголема паричка да види.