Сте се запрашале ли зошто само мене ми се случуваат несакани нешта. Дека само вашиот живот е полн со искушенија. Дали сте помислиле дека животот може да ви се смени од корен? Тогаш седнете на некое тивко место и започнете дијалог самиот со себе.... Мора да се преиспитате каде вие грешите,а не секогаш другиот е крив за се....
Сум се прашала. Сум немала одговор. И на крај сфатив. Јас сум таа која сум дозволила да ми се случи тоа. Не за џабе велат, од главата си патиме....
Апсолутно се сложувам,не бадијала викаат како сам што ке си направиш,никој неможе да ти направи,има и една убава мудрост Што ке си посееш тоа ке си пожнееш.
Во задње време ме следи некој малер,ништо не ми оди . Што би рекле баба и дедо: Очи те фатиле. А јас би рекол сум нагазил на овчко
"Be kind, for everyone you meet is fighting a battle you know nothing about." Наидов на цитатов, па ми падна на памет еден тип на зајадлив муабет што често знаеме да го слушнеме, а го прекршува ова толку убаво правило за човечност. Некои луѓе речиси „ничим изазвани“ како што би рекле Србите, за личност со која дискутирале малку пожестоко за нешто во живо или уште повеќе виртуелно - знаат со неподнослива леснотија да донесат заклучок дека има некакви проблеми (нема реален социјален живот, нема дечко/девојка или е во лош однос со истиот/истата итн.) и цинично и малициозно да коментираат во тој правец. И тоа да се разбереме, не зборувам за критикување на некој вистински исфрустриран лик што се служи со навреди - туку за вакви заклучоци на луѓе за личност која во случајот едноставно упорно со аргументи се држи до своето што е надвор од границите на нивните затворени умови. Добро бе, со кое право си заклучувате негативности за личниот живот на некој што воопшто не го познавате освен по име, или дури само виртуелен ник - а кој од своја страна не ве чепнал ништо лично и никого не навредил? И друга работа, уште позлобни и поужасни луѓе сте ако навистина сте во право со таа претпоставка, па некои сериозни проблеми и неисполнетост на некој таму некаде ги користите како навреда против него. Најмногу ми боде очи колку лесно се користи етикетата околу поимот за оскуден социјален живот и исмевањето околу истото, без ни мал обѕир дека којзнае какви проблеми може да има зад истиот, а не е секогаш избор и грешка на самата личност... Не знаете колку е тешко кога животот некому ќе му даде причини да ја мрази реалноста...
СДП... Дали сите овие мажи на кои главен аргумент против ,, педерастијата ,, им е дека газот служел за нужда, а не за секс - а притоа си ги д*пат женит, се всушност латентни хомосексуалци? И дали истиве жени кои се д*пени, а го имаат истиов аргумент, се запрашале дали партнерот им е уствари педер?
@Gosh И што е со оние мажи што практикуваат pegging со жени. Геј или стрејт се ? Теоријава за газ и нужда одамна е "падната" во вода.
После фул недела,денес си ја сакам тишината. Доцна се разбудив ама по ручекот ќе му се фрлам на тв-то и анимал планет. Бурна убава недела беше ова.
Што на ум тоа на друм, добро рекле старите.. Ќе се секираш што ќе збориш, па како ќе те разберат... Абе збори си што ти дојде на памет и онака на крајот на денот сите сме полни со предрасуди, па колку добро и да ни (сме) збореле, пак чудаци излегуваме
Во родното село на дедо ми имаме куќа. На пролет, лето и есен, баба ми поминува поголем дел од времето таму, па често одиме на гости. Подолу од нашата куќа имаме комшии што си живеат таму...Маж, жена и три деца. Вчера бевме во селото. Имаше дојдено многу луѓе и деца...Кој во викендички, кој на поседок, кој за викенд... Се собрале повеќе деца и си играа по улица, меѓу кои беа и децата што постојано си живеат во селото. Не ги приметував толку се до моментот кога почнаа да се караат со повисок тон, па го слушам едно од децата што е дојдено на поседок, како му вика на тоа во село што живее: - Мајка ти што има завршено? Трето одд или осмо? Е мојата мајка има факултет и е професорка....Јас да имав ваква мајка ко твојата, ќе ми беше срам да кажам. Што требаше ова да значи не сфаќам. Дека жената живее во село, значи е проста? Дека е сиромашна е проста? Децата треба да се срамат од неа? Демек овие во град што живеат мозок од уши им тече, а овие од село се заостанати и не знаат што е телевизор, а не нешто друго. Еден професор во средно ни викаше: Никогаш да не се срамите од родителите. И да одат во скинати алишта, и да немаат фарба за коса, и да имаат 8мо одд, и рацете да им се со кал... се тоа го прават за вас т.е. за децата да живеат подобро. Секогаш со крената глава да ги претставуваш кои се твои родители. п.с. Децата од мали ако не ги воспиташ, после џабе е се....Ете тој што се фалеше дека мајка му била професорка, воопшто не го воспитала и веќе е касно...Тој не ги гледа луѓето ко луѓе, туку апла си ги дели.
Знае ли многу често да ве стегне нешто во срцето, да не ви е ништо ама сепак тешко сте воздивнале и во тој момент сте се почувствувале како да ви е многу тешко... Само мене ли знае срцето да ме боли.. само мене ли ми навираат солзи на очи секој ден ?!
Навреда од родител најмногу боли! Сум била неспособна,не сум можела да успеам во тоа што го сакам Ако сум мрзелива за ова што го работиме сега не значи дека за тоа што сакам да го направам ке биде исто. Не ти дават воопшто да се израдуваш на тоа што сакаш да го направиш.Сум имала просто размислување за некој што има завршено факултет Ти си проста,без факултет можеш вода да ми носиш мене. Секогаш ја бранам и ја заштитувам од другите ама денес беше доста ми го пукна филмот. Не сум била способна да заминам да работам некаде на страна Животе што ти згрешив? Едвај чекам да заминам,ако имам шанса нема да се вратам. И да се вратам ке се иселам одма штом најдам работа. Не го очекував ова!
Лелее, колку пати и мене моите ми викале дека не ме бива за ништо дека ќе си останам не писмена само затоа што не сум ги послушала за нешто, во моментите тоа ме болело многу,но сега кога ќе ги видам тие личности поуспешна сум многу од нив.. иако не сум се запишала на фах. А тие се запишале и успеале... Ич не се секирај,се во свое време.. нека лошите зборови ти влезат од едното уше а излезат од другото.. МНОГУ ПОДОБРИ И ПОУСПЕШНИ ЛИЧНОСТИ СМЕ ОТКОЛКУ ШТО ДРУГИТЕ ИЛИ НИЕ САМИТЕ МИСЛИМЕ!
Се вртам во круг. Од грешка во грешка запаѓам. Има ли крај? Излез? Сакам да престане. Јас за ова не сум родена. Нека престане да се врти, ќе се симнам. Ми се лоши.
@k.frosina @Starlič во контекст на муабетов... Која беше најтешката работа што ја направив? - Верував во себе тогаш кога никој не веруваше во мене Се ќе си дојде на свое место
@СуперДевојка Не ми се допаѓа ама знам дека ќе ти помине, Секое чудо за три дена. или нешто треба да смениш или нешто треба да научиш