Ако не ми се допаѓа кафето што сум го направила, го истурам и правам ново. Ако почувствувам дека не припаѓам некаде, си одам и не жалам. Но ако знам дека нешто ми припаѓа, ако нешто посакувам со цело срце и знам дека таму е мојата среќа, се борам до крај. Погрешно ли е што секогаш го слушам срцето?
Не!!! Да можев да го слушам срцето пред да настапи гордоста мислам дека половина од стресовите и нервозите ќе ги немав.
Ќе дојде ден кога ќе бидеш успешна и сите капа ќе ти симнат, затоа што си успеала а си се водела по свој памет.. Кој што сака нека збори ти имаш свој живот и пишуваш свои правила не на комшите, пријателите или на мама и тато
Тригодишната внука на сопствениците на апартманот кај што бев на одмор ме гушна и ми кажа нешто на заминување. Постојано си зборува нешто, ама јас не ја разбирам. Баба ѝ беше таму тогаш и ми рече she's saying you're beautiful. Ми го разубави денот. Да се надеваме дека навистина децата се најискрени суштества. Или подобро да се надеваме дека навистина така кажала, а не дека бабата превела нешто друго.
#ОнаКога дури сега загледуваш фантастична популарна серија од која сите досега снимените епизоди се излезени пред некој месец и сакаш да ја споделиш во живо или по социјални мрежи опсесијата со фанови што ја изгледале, ама и очајно се пазиш од спојлери...
Овие мои другарки се срање.Спремни се другар ми да ми го земат а да не зборуваме што ке биде кога ке фатам дечко.Со една излегов оној ден и уште ми вика аа вие сте заедно сигурно ке се заљубам ако го видаам.После овие глупости си направив црна листа и ги запишав сите луѓе со кои никогаш повеќе нема да сум блиска и оние проклетници од минатото.Сега и мислат дека другар ми е дечко па го замараат детето а не го ни познаваат.Да ти се плукнам и у среќа и у другарство не ви го давам другар ми бее.А и онака нема да ве погледне.
Кога бев помала дедо ми и баба ми често ги слушав како ја употребуваат фразата :угоре високо,удолу длабоко. Да,моментално точно така се чувствувам,сакам да одам горе,ама крилјата ми се скршени, не можам да летам ќе паднам,а ми се здосади од толку падови. А што ако одам надолу? Ќе се снајдам ли? Нема да се удавам Знам само дека стојам на раскрсница,и тоа на голема раскрсница...каде ли да тргнам???
СДК 1 Не сме свесни ние луѓето колку ќе сме посреќни и поголем мир ќе имаме во душата кога ќе сфатиме дека никој ама баш никој не се замара со нас, на никој не му е гајле што сме направиле па толку да се секираме. Не за џабе велат, секое чудо 3 дена. СДК 2 Ми се оди во село на планина, на езеро/море, било каде. Без телефон, без социјални мрежи. Ми треба одмор. Но за жал во моментов не е остварливо.
Понекогаш (за среќа, само понекогаш), имам време вака како денес и се мислам.... Која будала сум била јас на повеќе наврати. Кои се рсаботи сум дозволила да ми се случат. На кои будали сум му дозволила да ме допрат со рaботите што ги прават. Колку многу значење сум му придавала на ситници (уште го правам тоа, је*и га) и од тоа сум добила само стрес, несоници и оболен желудник.. Се мислам, во колку се ситуации требало да ги отерам во три лепе и да не се завртам уште еднаш.. а јас не, тинтари ги, токми ги, смирувај ги, попуштај му.. Татјано, која будала си бре девојче. Зошто го правиш ова од тебе? Вредиш повеќе, мноооогу повеќе. Крени глава таму ајде. Среди се и обрни си внимание себе си. Многу му се мислиш... Премини преку тоа и напредувај, проби се. Повеќе си. Запамти еднаш веќе..
благодарна му сум на мајка ми - што ме создаде таква каква што бев, толку несовршена и со маани. потоа дојдоа и други луѓе кои ме прифатија каква што бев. дојде само еден човек на кој му сум благодарна што ми ги отвори очите и не дозволи никогаш повеќе да ги затворам, него го запознав пред неколку години и повеќе не го ни мразам....и уште три суштества дојдоа после тоа. првото ми го држеше срцето во неговите раце, и до ден денешен ми го нема пуштено. другото, едно мало мало маче - ја крстив сара, што ја ослободив од заробеништво, ја нахранив и за 3 недели си замина по својот пат, се надевам дека е ок...и едно лице кое никогаш нема да биди свесно што конечно ме залепи скрос и ме направи воин како него. ми поклони ист меч како неговиот и тој меч го чувам како очите. затоа каде и да си, што и да правиш, ти ја посакувам сета среќа на овој свет, а јас ќе аплаудирам оддалеку за твоите успеси. и нормално, ќе бидам достојна за мечот што ми го поклони..... посветено за сите мои херои, оние кои знаат дека тоа се, и оние кои не знаат....
Големината на карактерот е да издржиш и кога е неиздржливо и да докажеш дека можеш кога мораш! Кажи каков личен пораз е ова сознаение? На истото место сум и јас... Ама нејсе...ние преку нив пораснавме, а тие.... ех тие... ќе останат небитни
Ми се повраќа од личности кои пред тебе глумат сѐ нај нај, срцки, а зад тебе ти кројат лоши работи и ти го мислат најлошото. Личности кои мислат дека се беспрекорни, безгрешни, што не знаат да признаат и да се извинат кога грешат. Таквите се најголеми ѓубриња и нека не продолжуваат да глумат добрина, зашто нивната лажна добрина, нивното лажно добро лице веќе е откриено и никој не им верува повеќе во нивната глума.
Кога се смени толку светот, па немаме сочувство? Зошто тоа што не сме, ни создава одбивност кон некој што е? Па нѝ е досадно да слушаме за пелени, дечковци, неверни мажи, само затоа што не сме мајки, слободни или омажени? All we need is a little sympathy...