Работи кои ужасно ме вознемируваат: Звукот на стоматолошката турбина. Кога некој јаде со отворена уста или лиже прсти. Плукнати мастики во пепељара. Случаен допир од непознати (при разминување, во автобус...) Веѓите на Лила Филиповска.
Знаете ли кој ќе ги осудува Вашите постапки? Знаете ли кој ќе Ви вели дека сте себични, злобни без љубов, емпатија спрема другите? Знаете ли кој ќе Ви вели дека не можете? Оние кои се неостварени личности. Остварена и исполнета личност никогаш нема да ти каже себичен си, злобен или не знам каков веќе. Остварена и исполнета личност си го гледа само својот живот.
И туѓите ставови и речник што целосно ќе ги оправдате и поддржите, ве отсликуваат исто колку она што самите го кажувате.
Све беше убаво синоќа,но уште поубаво ќе беше да не се вратев дома како накиснат лилјак на велосипед И ај после не сум бил малер
Ќе мора да се тетовирам што поскоро ако сакам да одам во пеколот, оти нели како велат, убаво е во рајот, ама во пеколот се истетовираните пријатели
Сакам да кажам, ако некој го знае дечкото што пред саат ипол негде сакаше да ме чести уште еден сладолед во "Радост", да ме извести во ЛП. И за тој што ќе ме извести, јас ќе го честам сладолед. Имено типот ми пријде и ми рече многу ми се јаки обетките (на кои пишува don't care) , си влезе по сладолед, излезе и ми вика, многу слатко јадете, поради вас и јас влегов по сладолед, а не планирав. И тука почна ајде уште еден од мене, му викам не фала ви многу ама фул сме. И така некако, ме праша дали дечкото до мене е брат ми, и он јадел со сласт и така тоа. И океј, викам ајде идеме ние, убав ден чаос, стануваме од клупа и дечково целиот превозбуден ми вика, сакате да ви правам друштво? Јас бев као не, океј е, и почнав да одам побрзо, ама после 5 минути го гледам како иде позади нас, па не престаса и баш беше сонце. Собрал храброст така да пристапи а јас мислев деген е...
Не знам дали само мене ми се чини, ама како се повеќе и повеќе да станува досаден и одбивен фејсбук. Многу подобар ќе беше ако функцијата му беше само за допишување....При зачленување пишуваш твое име, презиме и оставаш една слика...Толку...Ко порано месинџер што беше. Ама не.... Каде ќе се означуваат неизживеаните на секој чекор? Како ќе замараат некои родители со по 5000 слики од децата во текот на денот? Каде ќе објават дека дипломирале или се вработиле? Како ќе знаеме дека Х и Y се во врска? Не е битно дали уживаш во моментот, дали си со луѓе што ги сакаш, туку битно е да се означиш и да се пофалиш дека си излегол некаде. - Си седнал во кафана, а не си се означил? - Тоа ти е исто како да не си бил никаде. - На полноќ сте се собрале да играте карти, а не сте се означиле? - Не бива, исто ко криминално дело да правите ако не сте означени. - Малото сонце Ана се бањало во базен, а вие не ја сликате? - Ајде брзо на фб да објавите...Не е играчка тоа. - На свадба си, а не си се пуштил во живо? - Што ти е на тебе алооо? Брзо пуштај во живо додека играш пајдушко. - Гледаш слика од болно дете, а не си ја споделил? - Како сакаш Господ здравје да ти даде ако не ја споделиш сликата? Ајде брзо сподели ја, пиши АМИН и прекрсти се.
Ретки се луѓето кои сфаќаат дека почитта секогаш мора да се заслужи без разлика колку години има и личноста што бара почит, и онаа што треба да покаже почит. Кршењето на нечие достоинство, макар и кон млад тинејџер не треба да биде показател за авторитетот и строгоста, со кои личноста кажува дека може да надвладее над секого Оние луѓе што најмалку бараат почит и покорување, најмногу заслужуваат да бидат почитувани.
Секогаш е заради жена. И тагата во очите негови. И гневот. И омразата која ја истура. И световите кои ги освојува. И парите со кои се фали. И успехот кој им го плеска во лице на сите. И луѓето кои не сака да ги види. Секогаш сето тоа е заради една жена.
And suddenly I felt nothing. Почувствував како е да не чувствуваш ништо. Да ти е сеедно. Не го очекував ова од себе. Но, не е лошо. Чувствата изгледа ми отишле на годишен одмор. И нека не се враќаат дури не се одморат убаво.
@JollyGirl колку убаво напишано. И покрај сите предности што ги носи интернетот лично ми фали времето кога не беше распространет во сите домови. Кога најмногу саат време поминувавме во некое интернет кафе. Кога некаде на почетокот на тинејџерските години момците ни пријдуваа со прашање дали може да не запознаат место да не додаваат и да ни лајкуваат по фб. Кога скоро секој ден излегувавме и низ град се сретнувавме со луѓето наместо да си пишуваме. И колку и да звучи банално сум рекла - да видам човек што споделува по фб - му го знам паметот.
Леле луѓевооо... се прават дека многу те сакаат а од небо се гледа дека се дволични и себични, и само чекаат да паднеш да те згазат.. ццц Посакувам да заминам во некоја друга држава каде што никој не ме знае и да почнам нова страница од мојот живот..
Јас и баш не го сфаќам како личен пораз, туку како созревање. Може малку покасно од што требаше, ама битно се случи.
Не не бива... Две деца одат два месеци на работа во фирмата каде што работи мајка им... Додека се на распуст. Платени се по 12 000... Убаво... Нооо, тоа е јавна институција... Зошто децата на вработената, зошто не некој од илјадниците невработени млади луѓе кои што секој месец се пријавуваат во агенцијата за вработување? Тие не сакаат 12 000, не им требаат? Не, не не бива... И се прашувам дали некогаш ке не биде?
Колку глупав и чуден ден.. Вчера заспав размислувајќи за среќата што требаше да ја доживеам во блиска иднина. Денес заспивам молејќи се да ми се врати денов, да ми се врати од почеток за да можам да си го спасам од тоталнава катастрофа што ме снајде денес. Сакам утре да се разбудам и да сфатам дека се било само еден лош сон и дека денот штотуку почнува.