Досега никогаш не сум имала чуство дека припаѓам на некое место. Онака, да си приврзан со душа и со ум за него, да имаш некој и нешто/а што ќе те прикрепуваат, потребните услови за желбите и потребите да ти бидат задоволени... едноставно да не постои причина да бидеш на некое друго место. Претпоставувам тоа е поради уште многуте работи кои допрва доаѓат и треба да бидат изживеани. Или можеби поради фактот што не оставам доволно простор за да се случат истите. Како и да е, се надевам дека еден ден и јас ќе можам да го кажам истото за некој град.
Добросито... ова кхм, добро утро Сега веќе буквално е да отвориш фрижидер и да ти се пушти песната. Нека... се' има крај, нека се радуваат луѓе, ќе лапнат парички Мене само ми се врти во глава, срце кое чука вистински Падни, стани работава. Влечки. Во мода биле. Влегувам во продавници за чевли, влечки продаваат. Се шетаат девојки со влечки. Зошто? Влечка е за по дома донт мејк ит а тинг. Можеби на тој што му текнало, всушност му се остварил оној кошмар, да отидеш на работа/школо по влечки, и за да не му се смеат, рекол ете, сега ова е во мода. И биднало Помалку срам има во вистината, од тоа да направиш цел свет сега влечки да шета низ град. Небитно. Температури=лудило. Луѓе=побудалени. Здравје=средно жалосно. Сонце во глава уште од 7 час ме пече, ама имам некоја чудна енергија, мислам да влезам во некој филм. Да пуштам некое црево, да земам да танцувам по улица. Ми се танцува. СДК луѓе ми должат пари и веќе редно е да ми ги вратат! Фаламногупријатно Еј... бидете добри и полека со влечките
Ви се случува ли нешто да ви снема од пред очи?- мене да. Језиво е малку,еве цела куќа ја превртив наопаку и не го најдов капчето на внук ми(а омилено му беше,му го купив пред 2 години од Грција)исто и неговото парфемче го снема за миг,а сега чистев и раскревав,си помислив ќе му ги однесам во соба и ги снема Пред да ме направите луда,само кажете дали и на вас ви изчезнало нешто пред очи,за да ми олесни де,не за нешто друго #инесеработизацрнамагијазнамнештодругоевопрашањеамашто И знам дека од нигде никаде ќе се појават кога нема да требаат и тоа од местата каде што барав претходно,ете овај процес ме мачи и не ми е јасен
Телевизоров што го имам во соба една година дури сега гледам дека има и други канали освен сител и канал 5. Па и DM SAT имало..
Пред долги години се случи нешто кое тогаш не разбирав што е, бев многу малечка. Со тек на време заборавив на тоа, или барем така мислев. Кога почнав да растам и подобро да ги разбирам нештата, случајно се сетив на тоа, почнав да ги склопувам тие неколку делчиња на кои бледо се сеќавав и сфатив што всушност било тоа. Се штрекнав, повторно се почувствував исто како таа ноќ, но не бев толку збунета како тоа мало девојче кое не знаеше што се случува. Исто како да читаш книга и прескокнуваш страници, па ништо не ти е јасно, нешто фали. Сега, од оваа гледна точка, работите изгледаат многу поинаку. Но тоа не прави ситуацијата да е подобра. Иако после толку време на многу такви нешта кои тогаш не ги разбирав им ја најдов смислата, чувството воопшто не е пријатно. Си велам, дали ќе беше подобро ако можев да сторам нешто тогаш, а дете бев, што би можело едно мало дете да промени кога не разбира сѐ. Не сакам ова да биде оправдување, но ова грозно чувство ми се чини дека ќе ме прогонува цел живот, толку силно посакувам да можев да направам било што. А па некои ќе речат, деца како деца- не разбираат и сѐ ќе заборават. Камо да беше така... Од една страна добиваш одговори и појаснување на толку многу прашања кои со години те збунувале, а од друга страна па те јаде нешто внатре, тоа чувство на немоќ не исчезнува. Живот.
Сакам да кажам дека толку ми беше жешко утрово кога бев излезена што буквално поминав покрај две личности кои ги познавам и онака после долго викање и после физички контакт да ги забележам. Се срамам еј. Дури и местото каде работи дечко ми го разминав, а он немал луѓе па тркна да ме собира од по пат (и уз пат да ме кара дека пак сум шетала по жешкото).
Преубаво ми е кога слушнам дека луѓе кои децении се сакале, кога смеело и не смеело, кога болело и не болело ете си се зеле. Ете конечно се утешиле еден во друг... И најлошите денови и најстресните , знаат да ми расцеваат како миризлив јоргован и да се смеам како зелче по ваквите информации верувајте.... постои љубовта, онаа силната и јас сакам да верувам во неа
Вчера другарка ми индиректно ми кажа колку мојата работа е безначајна и не се смета како работно искуство. Сакаше да каже : Џабе работиш. Извини што не сме сите родени со златни лажици во уста, princess. Јеи, другарки насекаде.
Ако не знаеш што да кажеш молчи си, многу попаметен ќе излезеш одколку да збориш напразно за нешто што поима немаш!
За лицата кои немаат клима уред (како мене) постои замена, вентилатор пред кој ќе има замрзнато пластично шише, што поголемо тоа подобро, со солена вода (3-4 големи лажици на литар). 3-4 такви се доволни за еден ден. Не е баш клима но и тоа како помага
Сликите по ѕидовите и облаците кои натежнале, а ветрот ги растргнува, го отвора синото небо ветувајќи надеж, е се она што сакам да остане запаметено од оваа страна на прозорецот, чекајќи во лекарската соба.
Многу интересно како некои жени си мислат оти имаат матка, па се способни да имаат деца. Многу интересно и како некои жени, кои како - така израснале деца, се дрзнуваат да судат како некој друг ги, или би ги растел своите деца. А да си ги прочитаат животите што си ги имаат раскажано на форумов, колку вистинити или пак лажни, може и ќе се запрашаат дали е тоа така...
Поимот другарство со онаа која што низ годините многу и дозволував, верував, простував и исто многу ја советував, охрабрував, смеев, натажував...Истата која ми правеше кавги пред колоквиуми и простував и на која три пеколни кавгии ги простив и продолжив да се однесувам исто како пред кавгите...истата која за мене знаеше и знае(се до денес) голем дел од приватниот живот... Вечерва се симна само и само на едно кафе во две, три недели и тоа би било тоа. Чудо е тоа што јас досега воопшто и ова сум го трпела... Има ли човек меѓу луѓево?
Ми вртиш грб, па ме прашуваш: „Што ти е, што е со изразов на лицето?“ А, немој. Немој да го потценуваш оној кој позади тебе оди цел живот. Немој да го потценуваш оној кој сенката ти ја прегрнува наместо тебе. Немој. Тој човек е гневен. Лут е. Бесен. Полн со чекања и неостварени соништа. Тој нема што да загуби, бидејќи ти му направи да мисли дека ништо нема. Тој е подготвен на се'. Немој да го потценуваш срцето кое упорно го кршиш и за кое си мислиш дека никогаш нема да е цело после тебе. Тоа срце е гневно, луто и бесно. Тоа срце од инает ќе се состави, од гордост ќе се направи цело преку ноќ. И ќе ти се насмевне. Поубаво до било кога. Немој да го потценуваш оној кој го повредуваш. Тој поуспешен од тебе ќе е сигурно во животот. Оти додека ти си одел напред како да си крал и не си гледал ништо подалеку од носот, тој некој одел позади тебе и растел на секоја твоја грешка.
Прво пишував во испукај се, сега продолжувам тука. Што убаво е кога ќе си ја отвориш душата, па ќе си кажеш што ти лежи! Имам почит кон претпоставен, ама неправди не сакам. Камен ми падна. Од што ми олесна, на раат се изнаплакав зошто пред тоа од лутина не можев. Или подобро или бетер...