Порано се нервирав а сега им се смеам у лице. Машкиот род во мојот град од денес ми е раса на кучиња.Не ми се верува што се видов за 2-3 недели .Откачив 20 луѓе од мојот живот,не знам што воопшто барале кај мене.Фраери де,ке ги среди некоја еден ден
Како да верува човек во вистинска љубов кога околу тебе на секој чекор има неверства и предавства. Не се само озборувања, туку се вистински случки за жал. Дома има млада, убава, бремена жена а тој вика: - Ај брат мести некое девојче... Знаеш... Женава трудна па да легнам нешто и јас. Или... Брачен пар 7-8 години се бори со неплодност, и таман им се раѓа синче, мажот си најде љубовница. Не се крие... Жената со бебето дома, а тој по ручеци со другата. Или... Менаџерка на јака фирма, маж убав, млад, две деца мали... Лично фатена од сопругот во вц со 20 годишен колега. Или.. Има жена и дете, ама редовно после полноќ си се гледа со бивша девојка од минатото. Бремена книговотителка и директор... Доктори и сестри... Професори... Обични работици...Македонци и Албанци... што се случува со луѓето? Добив одговир: Од самата блискост се привлекле и затоа си фаќаат љубовници колеги. И порано имало неверства ама сега ова е претерано. Ова се случки само во моја близина... Ова е само капка во морето. А кој пати на крај? - ДЕЦАТА. Дефинитивно се премногу ретки од помладите генерации што се навистина среќни во бракот без неверства. Останува само да гледаме романтични филмови и да фантазираме дека и кај нас постои љубов.
Колку треба да си бездушен за да земеш да кршиш гробишта?да не ги оставаш починатите во мир,ахххххх да имам власт,има да жалите мајчино млеко што сте цицале,и да се каете што сте дошле на светов.Каде има сила нема правдина :/
Многу се интересни овие на твитер што ќе стават слика од некој од фемина и ќе му се смеат.Ајде да се насмееме ве молам,многу е смешно.Хе хе хе. Спојлер: ЛИНК https://twitter.com/LaFilleSofshe/status/884919537094848512
Следува напорен период на носење тешки одлуки. Кој пат да се фати и дали она што го сакам ќе успее?! А дали истовремено, ќе е најдоброто за мене?! За нас? Go big, or go home! Чиниш едноставно, но длабоко комплицирано е. Note to self: ако бидне првото, ќе бидеш добро. Ако бидне второто ќе преживееш. Remember that.
Ако не знаеш да направиш шега на сопствена сметка и се лутиш за се, дефинитивно не треба да правиш на туѓа. Не за друго, смешно изгледа. Ко сам да си ги покажуваш комплексите на цел свет.
Сето ова е во ред, ама не го разбирам делот Македонци и Албанци? Овде се зборува за изневерување, океј, ама што со вистинската љубов? И таа е забранета само затоа што станува збор за две различни етнички групи? Just sayin'
Како ти текна за вистинска љубов кога во цел пост за изневерување пишувам. Не спомнувам и не мешам љубов со националност. Може погрешно си ме разбрала.... Исклучиво за изневерување пишувам. Само пишав и Македонци изневеруваат, и Албанци изневеруваат....онака за пример ги наведов тие националности пошто сакав да нагласам дека сите изневеруваат....да не ги пишувам со ред... Турци, Роми, Власи...
После толку вести што ги научив од Фб, а не бев дел од истите, одлучив да го деактривирам... Сега ќе бидам во информативен мрак
Нека е за многу години празникот Св.Петар и Павле. @Petar80 нека ти е вечно името,па да си дадеш форумски за празников И некој друг ако има нека се каже
Многу пати ми се има случено. ми го снема парфемот, а на дечко ми клучот, го ставивме на маса и мојот и неговиот и оп изчезна, цела куќа превртевме, го немаа
Со тоа од што паметниот се срами, глупавиот се гордее. Ова секогаш го помислувам кога ќе слушнам или прочитам некое либерално мислење, а за жал светов се повеќе наликува на Содома и Гомора.
Лош викенд, лоша недела. Многу грешки, а ич време за жалење. Животот продолжува. Две другарки и еден другар ми лежат со гипс на нога. И јас лежам. Ама на плажа. И сите мислат дека мене којзнае колку ми е убаво. А уствари, не дека ми е лошо ама ми се дешаваат гадни работи. Можам да ги спречам можеби ама не се трудам. Понекогаш убаво ми е да живеам во сопствениов хаос. А понекогаш се жалам. Ама тоа ни е во природата, никогаш да не сме задоволни со ништо. Само нека прекине овој малер. Преку глава ми е од гипсови, од повреди, од телефонски повици „на болница сум“ и од него со таа што ја влечка сегде ко приколка. Наводно роднина. Како да не. Уствари, тоа ми е најголемата мака. Ама ќе ми помине.