Сакам да ве поздравам и заблагодарам на сите вие кои сте одвоиле макар и минута да ми одговорите и на најпрости прашања.Ви благодарам на сите совети и критики од ваша страна. Колку погрешни одлуки би донела , да не ми помогнеа непознати девојки и момци.Луѓе на кои не им знам ни име,а најверојатно никогаш нема ни да ги запознаам , ама од авион им се гледа искрената и добра намера.Иронијата да не го наречам револтот е што во последниве години, не добив ни половина корисен совет или утеха кога ми била најпотребна. Вие ме радувате тие ме разочаруваат повторно и повторно . Како во бунар без дно паѓаме надолу и се давиме во сопствената злоба , себичнот и гнев. Толку млади , а толку отровни ... Мило ми е што не сме сите исти
После 4 години и 3 месеци прекрасно поминат заеднички живот исполнет со многу љубов, утрово го пронајдов мртов. Мојот пес - Дон, во текот на минатата ноќ некој го отрул. Сега седам на тараса, пијам кафе, плачам и размислувам, каков ли нечовек може да биде дотичниот убиец и да одземе живот на невино суштество кое никакво зло ни штета не му нанело? Еве не знам... Денес загубив уште еден дел од мене
Колку треба да ти тежи егото малтретирајќи некого психички? Ти се набилда веќе?! Ако може да знам.Фала и пријатно.
Медицино уште ти се радувам Љубов моја единствена,ке се глупираме заедно од септемвриКога веќе сум у топ 10 има и прва да бидам.
Тоа се п... во душа пореметени луѓе во мозокот што неможат на човек па преку животно гледа да ти наштети е тоа е Кики. На мене порано ми труеа кучиња. Болката ти ја разбирам земи си друго за да ја ублажиш болката ма да тоа е тешко. А на ретардираните ќе им дојде пресуда Бог е голем.
Зошто немаме доверба во луѓето? Барем за мене си кажувам. Немам доверба во никого , па дури ни во најблиските...
Некои работи што си ги ветив за Нова Година а си ги зачував за себе сега си ги остварувам. И сум посреќна и помирна. А за другите баш ми е гајле.
Далеку од едуцирани луѓе, неписмени и без три сврзани зборови во реченица, еден ден ќе се дрзнат да напишат книга..не знам дали и на тастатурата им фалат букви, лекторот ќе плаче и ќе лекторира, има мајчиното млеко да си го исплука дур ја среди "книгата".. Голем замав, голем.. Голем залак, преголем.. Сакаш да си козметичар, сакаш да си високо воздигната општествена личност, ама дадичке бе, со азбуката шо прајме ? Камери, публицитет, а да гукнеш не знаеш, ни сама не знаеш што зборуваш, и да се преслушаш повеќе пати, на крај ќе се убедуваш дека не си ти таа. Дај бе работете си го она за кое ве бива и сте талентирани. Книга пишуваат луѓето што читале нешто во животот, што доживеале нешто и со емоции го пренесуваат на тој бел лист хартија.. Да ми е да знам каде ќе ја печатиш, да одам да запалам свеќа.. Не можеш да бидеш мултитаскинг вомен зашто си крајно неписмена, на секој ептитет, имаш големо НЕ напред, не знам што толку те величат луѓево или пак се жедни за сеир. Да се знаевме лично, ќе ти се јавев да ти плеснам да не се бламираш и да идеш да се опуштиш у џакузи малку. Ама не сме другарки, и нема да бидеме никогаш, се додека си вака неписмена, а за некои работи е касно.. Тоа НЕСЕ на крај, ми го прободе левото око и ми ја пробуши аортата. Затоа другари, да не бидете хејтани, бидете паметни и не плескајте се на вашите социјални мрежи.. А штое проблемот ? Убав ден.
Поминувајќи на пешачки со точакот ќе ме удреше веспа,на човекот му се брзало што ги поминал неколку коли и прошиша на црвено па и не ме примети дека можев да загинам поради негово невнимание. Некој ден ќе го прежалам точакот ама ќе го добие некој на хауба или на мотор. И јас возам кола па внимавам на другите или јас сум глуп и останатите како мене. Нашите животи не се најдени на улица !!! Додека плаче моја мајка ќе плаче нечива осеќам.
Разговор помеѓу млад пар: Ж: -Ќе одиме вечер на слава? М: -Каде тоа? Ж: -Па на Бојан му е куќна слава...Прееска спомна Аце за да одиме....Ти се оди? М: -Бојан? Оној (член од партија)? Не бе не одам. Ж: -Абе се зезаш? Сите не поканил.....Дека е (член од партија) не одиш? Ај не зезај. М: -Не, нема шанси...Речи не одиме...Измисли нешто. (Намерно не пишувам вмровец или сдсмовец или левица или други....Не спомнувам за која партија поточно станува збор) Суштината на муабетот е таа...Дека бил од друга партија, не му одел на слава Ете толку политиката е важна на некои луѓе, што дури прекинуваат контакти со останати луѓе што не се во иста партија ко нив. Вчера видов твит или не знам што беше поточно, ама не можам да го најдам, затоа ќе имровизирам...нешто вака беше... Јас: -Ќе одам на слава и нема да зборувам за политика. (Јас на слава после неколку чаши алкохол) Жално
Го гледам и се чудам. Очи полни солзи. Што од среќа што од страв. мој е , еден и единствен. да можам и душава да му ја дам би му ја дала. И ова звучи тажно , а уствари не е. Ова е полно со љубов...
Мистеријата како сите деца на професори завршуваат на универзитетите во Италија, со особена прецизност - Комо и останати мистерии на универзумот. Трасата е - Лион Франција, Лугано Швајцарија и Комо Италија. Евтин живот... А деца со 10,00 од обични семејства немаат транспарентен пристап и менторство до овие стипендирани програми...
Сосема ок е да си заминат некои личности од нашиот живот. Тоа што тие другарства настанале во градинка, основно и што опстојуваат со години не е причина да се одржуваат уште. Луѓето се менуваат. Не сме истите што сме биле во градинка, основно, средно на факс. Не им замерувам. Не сум ниту јас истата ниту тие.
Господ некако си ги решава работите како што треба да бидат за нас,коцките се местат како што треба да бидат а не ние како што сакаме,и се радувам што етоа така,затоа не треба да се прават планови за иднина се што е мое ке си дојде,работите ке си дојдат само треба трпение-спасение.
Премногу ми се допаѓа животов,сменив се пред месец дена и сега си уживам.Ова е еден од најубавите периоди исполнет со прекрасниии луѓе и вистински пријателства,искрени насмевки и прегратки.Не остана никој што може да ме нервира и да ми ги уништува најубавите денови. Како и да е..денес половина отидоа на одмор,после јас одам..Како ке издржаам до 4 Август без нивв
2 + 2 = 5 Неточно е, но во исто време и точно. Може и да не значи ништо, но сепак претставува нешто додека има контекст. Два плус два е пет. Навистина е пет. Секако, ако зборот „пет“, односно знакот „5“ претставува 4 единици. Интересно е кога ќе се сетиш дека сѐ е измислено и постои само додека ние му го даваме контекстот. Засега, 2+2=4, но ако сите одлучиме утре да е 5, не постои пречка да биде. #JustShowerThoughts #ОкејЌеСиЛегнам
Од луѓе што сакам да ги имитирам најомилен ми е типов од лева страна, влезен во филм или подобро речено во серија од оние шпанските што ги даваа на времето Знам дека повеќето веќе не можат да ја поднесат песнава ама морав да си се пофалам за имитацијата