Порано децата од нашата улица и децата од улицата до нас, како традиција да имавме за кога некој ќе слави роденден да се собираме сите дома кај славеникот. Не одевме по игротеки или пицерии или кафани, туку сите бевме дома на купче. Обично славеникот еден ден пред роденденот, сите не известуваше за во 18 часот да сме дома кај него. Па така на овој ден јас ги канев кај мене. Дома лудници. Уште пред да дојдат децата, со мајка ми местевме во тањирчиња саламчиња, кифлички, кашкавали, грицки, сокчиња, прибор за секој дете, а тортата чекаше во фрижидер. Со нетрпиение ги очекував да дојдат. Од прилика знаев кое дете кога ќе дојде, пошто секој година истите дечиња доаѓаа (плус мисус нови/стари), па знаев кое другарче доаѓа порано, кое доцни, а кое нема да дојде. Поклоните ми ги даваа на врата. Рамки за слики, споменари, лабела, мали ташнички, мали перничиња во форма на некој дизни јунак, украсни детски кутии за детски накит и тн и тн... Се радував со децата, ама повеќе се радував кога ги отварав поклоните Јас на чело седната, а останантие околу мене...Јадеа, пиеа, муабетеа, а мајка ми се врткаше и гледаше дали нешто фали. Тортата се сечеше на крај, па после веќе полека сите станувавме и одевме да продолжиме надвор со играта. Нормално славеникот е главен. Што ќе посакаш тоа ќе играат. Од секој роденден имам слики. Ги гледам и ми се будат преубави спомени....Времето не се враќа, "децата" сите веќе се зрели и млади личности, но затоа сликите се тука да го зграпчат моментот и да ти украдат насмевка после многу години. Еххх спомени...
Животот не е живот ако се гради без мака. Но оди живеј со маки секој ден. Од камен да си ќе се скршиш. Ми се смачи од проблеми. Реши еден, ете друг чука на врата. До кога вака? До кога?
Не е важно колку пријатели имаш. Важно е колку од нив ќе ти помогнат кога ќе ти е тешко... и колку од нив ќе се сетат на тебе кога им е добро.
Ретко дете да прифати критика, прекор, сугестија, па да се поштедиме од плачки, лутење, (а според некои екстремисти) рушење самодоверба, фрустрираност, ги смируваме (поточно лажеме) дека се нај, нај... И утре овие деца, сега возрасни личности, не знаеле да прифатат критика, сугестија. Па, нормално дека нема да знаат! А се декларираат како возрасни луѓе, омажени/оженети, деца ќе воспитуваат! Тоа што сте возрасни, не Ве прави зрели личности!
Викаат дека кога некој ќе смени фризура сака промена во животот. Решив, конечно собрав храброст, долгата коса до задникот да ја ишишам, конечно нема да биде долга и рамна, туку шишана постепено напред... Го менувам полека и стилот, се сменив целосно физички а ова ќе биде само главната промена. Го сменив и карактерот. Кога ќе ја ишишам косава ќе се осетам како се да фрлам и оставам во минатото... Само за убаво да е, да не се разочарам од косава и да плачам...ама ај коса е.
Сакам да кажам дека .. Уххх ај вака на кратко за да не забегам. Нема единстврно решение за одреден проблем или ситуација. Кога решаваме нешто најчесто го зимаме она што ни е најпознато. Главниот мотив на ова размислување ме поттикнаа пар луге кои ги познавам и се премногу релиозни, значи премногу. Повеќето од нив преживеале тежок период во животот и од тој момент како утеха да нашле таму, што потполно ги разбирам. Но јас не принерувам дека навистина има промена кај нив, суштинска. Сепак тоа им било најпознато решение во моментот и го сметаат како такво дека е единствениот излез. Јас од страна гледам дека не е. Одат до радикален степен следејќи го правецот што ги изместило од шините. Можеби чекаат промената да дојде, но некако какл да стагнира состојбата долго време. И јас порано мислев дека филозофијата е единствено решение за сите мои проблеми. Таму секогаш ја барав утехата, излезот, благосостојбата и онака како функционирам. Но тоа беше така се додека променив нешто, колку за да испробам од љубопитност. Сепак филозофијата не ја исфрлам но од 100% сега ја користам 40%. Сега располагам сои понови извори кои лично ми кориатат. Бидејќи длабоко чувствувам потреба, како да се изразам, да им " помогнам" на некој начин и да им понудам други перспективи. Таа потреба ми се зголемува со фактот што сум како набљуфувач од стана, кој знае дека нешто кај другите не функционира, а имам можност да помогнам. Само размислувам како да го направам тоа, без да ги убедувам, без да ги исплашам со новото и непознатото за нив до сега.
Животот е краток живеј ги како мислиш ти другите кој ги шиша. Јес јес ми дојде паметот или го изгубив и тој што го немав. Одиме денс ту да бич на Вардар.... Само јако
Му завидувам искрено на оние семејства каде владее мир,спокој,каде што проблемите се решаваат на мирен начин. А не само стрес,нервози и кавги. Владее некоја хармонија кај нив. Не можам да го кажам истото и за мене. До кога вака? Секој ден стрес... Мислам дека ке ми се случи нешто од толку многу стресни ситуации и нови проблеми. Не знам што сум згрешила па ми се враќа вака? А што е најтешко никој не сака да ме разбере. Да праша барем како сум,дали ми треба нешто. Тоа е животот.
Си добив денес цвеќе од мајка ми. Притоа и совет кога ќе се исуши веднаш да го фрлам затоа што прочитала дека според "кунг шуи" - исушено цвеќе е бед вајб, бед енерџи. Читала жената ама не дочитала дека е фенг шуи, али нвм битно ја сфатив поентата. Фала ѝ за цвеќето, најмногу за позитивниот вајб од кунг/ фенг шуи
Дволични луѓе ми се оние кои викаат дека ќе помогнат, а потоа вртат грб и бегаат. Таквите ги шиткам веднаш. Пријатно попладне со книга и кафенце,пирка ветренце - милина.
Ж1: - Што е со ќерка и на Снежана? Здрава е? Што се случува со тие луѓе? Ж2: - Здрава е...Зошто прашуваш? Не знам што се случува. Ж1: - Па што е проблемот со неа? Ете скоро 40 години има, и не е мажена... Мислев нешто не е нормална. Ж2: Абе таа по жените била... Геј била... Не сакала мажи, затоа не е мажена. Имала пореметени хормони. Ж1: - Ете знаев дека е од ненормалните.  Ненормални Тоа е земјава. Заостанати и со испрани мозоци на секој чекор. Животот на другите луѓе секогаш е поинтересен за коментирање. Прости луѓе у пм.
Минатава недела одев на најжешконо да поднесам барање за извод од матично. Се изначекав таму, еден шалтер работеше само, гужва и нервозни луѓе чекаат, платив, за вчера да ми го дадат изводот со погрешен матичен број. Од кај извадиле таму некои рандом броеви си се чудам. Не за џабе луѓево ги хејтаат тие што работат во администрација. Секоја чест на исклучоците кои се поспособни.
Алчните ни иселеници ми се посебна категорија на омразени (ајде во поблага форма), неподносливи луѓе!!! Не, немам ништо против вас што живеете во дијаспората, туку против оние кои се иселиле и со двете нозе од овде, доаѓат на гости!!! три пати во 20 години, "чуват" свои родители преку телефон..., а за имот и се' што е поврзано со пари се први. Едноставно, не Ве сакам во моја близина ниту тие месец дена што ги поминувате овде, ниту пак на социјалните коментари на кои толку се расфрлате со поздрави коментари и лајкови. Од куртоазија ќе Ви одговорам, ама моето мислење за вас останува исто!
Кога ќе видам во опис на некои луге што студираат и стои напишано "Med student" и сеа тоа кажува дека се на медицина. 9 од 10 пати мене ми се чита "Mad student" Све лудаци ги направив ..
Јас незнам зошто судбината дозволува двајца луѓе да се сретнат,кога нема шанси да бидат заедно. Она кога немаш кого веќе да обвиниш...