СДК... Само завиените зборови со молчење се наши. Се што ќе кажеме не е дел од нас. Сплетот на околности низ времето ни ја одзема можноста да се идентификуваме со препознатливоста.
Усниве ме болат, искорнати се со рани од нервоза и од трема (или можеби исто е, сеедно). Нервозата ја добивам во исчекување на долг пат, ми се вртат мисли кои не треба. Неубави. Кога бев помлада и без дете имав позитивна трема во стомакот и со нетрпение сум го дочекувала патувањето. Откако таа е родена психата не ме остава на мира. Било да патувам со неа, било да сум сама. Одеднаш и мојот живот има многу поголемо значење Сакам да замижам и веќе да сум таму...
И денес едвај го терам денот. Сакам само да спијам, бидејќи само кога спијам не мислам на своите проблеми. Се смеам, а во себе плачам. Никој од страна не би помислил дека огромна тежина ми ја притиска душата. Само да поминат овие мачни денови. Да заминат и веќе никогаш да не се повторат. Да можам гласно од срце да се смеам.
http://neo.ssa.esa.int/news-archive...articleId=27960&_62_INSTANCE_qyX7_version=1.2 https://ssd.jpl.nasa.gov/sbdb.cgi?sstr=1991VG Објектот 1991 VG кој имал необично правилна хелиоцентрична орбита, многу слична на онаа земјината - поминува покрај земјата а најблиску ќе биде некаде средина на Август. Бидејќи објектот не се однесувал воопшто како астероид, не е заробен од земјината гравитација и нема да удри во земјата него си лета наоколу како да има свој погон Да видиме дали ќе се испонаша како нешто од вонземјански извор. Тоа ќе биде вест на векот Можно е да сме на месец дена од откривање на тајната дали сме сами во космосот.
За сите оние кои ни тежат, кои знаат да не здоболат, кои намеато дар /терет станале, за сите оние за кои тука сме пишувале нека си трепкаат стиховиве, може ќе не научат на нешто! „Застоени луѓе и алишта не се чуваат“ - Ана Бунтеска Има голем марифет во спастрување алишта Ете, на есен ги диплиш летните Ама полека и со усул Да не ги најдиш на лето згужвани Та ги ваѓаш зимските Ги протресуваш Ги ветрееш надвор на студот Запеглуваш таму кај шо треба И ги редиш во плакарот испрани Чисти, ко нови да ти се Има голем марифет и во спастрување луѓе Да ги одвоиш оние кои радост ти носат Да пазиш на нив, да ги чуваш Оти и тие се гужваат ко алиштата Малку да ги подзаборајш и рана ќе им отвориш А потем Имаш па и такви кои ги ставаш на страна На кои времето за дружба не им е Дали тие терсене или ти, сеедно е Ама знајш оти се арни луѓе Оти лошо не ти мислат А и ти за нив само уба мисла имаш Ама пусто Имаш и такви кои е редно да ги фрлиш Ти велам чупе, исто ко со алиштата Се смалиле Те стегаат Неубо на кожата ти прават Им минало времето И знајш оти појќе за тебе не се Тие луѓе да не ги чуваш покрај себе Скраја да е да ти дишат во близина Оти и ветви алишта кои не ги сакаш појќе Ако ги чуваш Не ќе се напрај место за нови Така е и со луѓето Тргни ги оние кои бол ти носат Кои гледаат оти до тебе не ги бива Ама седат инаетливи Абе ко душата со лајче да ти ја сркаат И покрај нив убоста твоја ја снемува Те оставаат со горчина и тежина Луѓе-нелуѓе Ете тие без око да ти трепни спастри ги во ќеса Од оние црните, големите Од оние за смет Напикај ги внатре без каење Без да ја бараш чоештината во нив Оти ако после години не си ја нашла Нема никојпат да ја најдиш Спастри ги И врзи ќесата за да не се премислиш Што поскоро фрли ги Налет да се Таквите не ти требаат Ниту место за убај луѓе ќе имаш ако нив ги чуваш Ниту себе покрај нив ќе се љубиш И памти ми го зборот чупе Чувај ги оние кои мелем ти се И не се врти кон отровот Налет да е, налет да се Застоени луѓе и алишта не се чуваат Ни за арно ни за лошо Ни за венчавка ќе се најдат Ниту за погреб ќе завршат работа Има, има голем марифет Да знајш со време да спастриш алишта и луѓе За душата чиста и нескината да ми ти остани Чупче мое...пиле
Денес добив коментар и тоа од блиска личност,дека сум многу чудна и мистериозна па дека и најстручниот психолог нема да може да ја дешифрира и одкодира мојата психа и потсвест. Па,и кога малку ќе размислам така е,навистина сум чудна,затворена,личност која тешко верува некому(речиси ич)до толку сум затворена што личности со кои се дружам од бебе,не знаат добра половина од животот мој Понекогаш и самата себе не можам да се разберам,кога ќе кажам нешто погрешно сум сфатена,или не ми се остава доволно простор да се изјаснам,и затоа избирам да молчам,подобро е за сите
Одлучувам тоа што неможам да го сменам да го оставам на времето .. Да се борам и да издржам во тешките моменти .. Негативноста да ја избришам .. На секој што можам да му помогнам- да му помогнам без повратна услуга .. И секогаш да сакам безусловно ... Добра ноќ
Неизмерна среќа е кога роднините кои беа неколку години во брак не известија дека го чекаат нивното првото бебенце. Јас ќе бидам тетка на машко бебенце а во нашата фамилија само машки бебиња се раѓаат. Нека се роди живо и здраво, а за гњавење и разгалување јас ќе бидам задолжена
Ние одамна не сме сами во космосот тоа е факт. Има и други планети и неоткриени планети, многу црни дупки. НАСА кријат многу информации околу нашата вселена, а се што е изнесено јавно е само пропаганда.
Премногу во одредени ситуации ми е брз јазикит и без изброј до десет реагирам. Суштината е некогаш лош период па си го сноси некој драг а некогаш нестрпливата насобрана нервоза. Покајание има но во себе цврстиот карактер недава да потклекне на зборот извини иако е со заслуга. Број Петре број а јазикот смири го не во се е добро да е брз
Човек се менува со текот на годините дефинитивно. Станав мекуш невиден. Знаев да скријам емоции. Ми се чудеа како сум толку рамнодушна, солза не пуштав пред други. А сегааа??? Не можам да ги сопрам... Ми се јави жена шепотеејќи да закаже преглед да не дознаат домашните за болеста. Се истурив од плачење. Си викам алоооо, прибери се ќе дојде некој. Идам накај црква за Ѓурѓовден и некои свадбени песни и таму . Ме прашува мајка ми што ми е , кажувам, па и текна дека свадба се ближи и таа почна. Порано и се смеев, сега сум иста како неа. За многу работи, не само за ова. Утеха ми е, бар знам најдобра мајка ќе бидам. Мразам кога не можам да си ги контролирам чувствата. Не знам дали е подобро да си трпиш од внатре или вака да си поплакуваш?
Сакам да кажам дека .. Do you want to become a doughnut !? Pro tip: Don't run when you can walk. Don't walk when you can get a bus. Don't get a bus when you can drive a car. Don't drive a car when you can sit on your arse watching YouTube videos. ПозЗ3³ ®
Ми тежи сега разделбата, се молам да стигне од работа побрзо и да можам да го гушнам уште еднаш пред да се вратам дома. Уствари не се чувствувам како да се враќам дома, јасно ми е сега дека тој ми е домот и ќе го чекам...не ми беше ни малку доволно времето што го имавме, на толку месеци разделба две недели се многу малку. Ќе продолжам да се молам и чекам додека конечно нема да има потреба од тагување за неговата близина.
Spustim pogled i ne vidim tlo, al guram dalje.. guram dalje... Dignem pogled i ne vidim nebo, al guram dalje.. guram dalje...
Добро утро. Конечно заврна малку и освежи. Двете мачки не би ги менувала ни за 20 луѓе па и повеќе. Ми го разубавија денот уште рано сабајле.
Често се прашувам зошто постојат толку лоши луѓе? Од човечка раса ли се тие суштества без емоции? Како може да уживаат дека некој човек починал? Што ќе постигнат ако се полни со злоба и гнев? Порано фаќав на тв македонски приказни, па често Шенка глумеше така лоша жена. Гледав и си викав не е можно ваква личност да постои, туку си преувеличуваат малку. Но всушност познавам лично ваква жена. Додека бев помала не ја сфаќав нејзината злоба, ама сега гледам. Случка пред некое време. Баш ко на приказна.... на фамилијарен настан, една повозрасна жена стоеше потпрена на дрво. Па оваа лошата и појде до неа и вика: - Добра си? Да не ти е лошо? Што ти е? (во себе си викам зар навистина ја праша како е) Жената потпрена на дрво враќа: - Добро сум.. Не ми е лошо, само ногата ме боли па дојдов овде. Лоша жена: - ПА ШТО ДА ТИ ПРАВАМ ЈАС? НА ДОКТОР ТИ ЛИЧАМ? Потпрената: - Ама не реков ништо да ми правиш, ти сама ме прашуваш па ти одговарам. Лоша жена: - Господ да чува, сите сте полуделе. На свекрвата јавно и викаше побрзо да умре, ја тепаше со стап, а на сопругот и неговата фамилија им викаше дека се многу прости и грди. ............... Не е ретардирана, ни биполарна туку всушност е многу итра и злобна. Навистина, од што се направени вакви луѓе? Зошто постојат вакви?
Ужасно се нервирам од неверни луѓе. Не ги сакам, не ги поднесувам. Секој си има право на свој живот, но ете јас едноставно ниту ги сакам, ниту ги оправдувам таквите. Читам тука се бара совет за поклон на швалерката. Ма оди отепај се. И да пишав дека мажот и треба да и купи јаже за бесење. И одма тоа е навреда, не соодветно мислење и ајде одма бришење. Не ми е гајле што ми е избришено мислењето, јас сепак останувам на своето. За срамота сте вие таквите...
Јас мислам дека зимата дојде преку ноќ, летото ни е скратено на пола месец. Да извадиме џемперите и чорапите. Да извадиме ќебињата. Што време е ова... мразам ладно.