Имам забележано дека среќна и искрена врска со промискуитетен маж не може да опстои. Многу искусни мажи чие искуство потекнува од големата бројка на партнерки исто така мислам дека не се материјал за квалитетна моногамна врска. #justarandomconclusion
Јас воопшто не очекувам, нити па пробувам нешто со таков тип. Фала богу, нели? Она што ме инспирираше да го напишам постов се мислењата кои ги прочитав од многу членки низ форумов каде се изјаснуваат дека не ги интересира со колку бил партнерот пред нив, а и општо слушајки искуства од девојки кои започнале (или пробале барем) да имаат моногамна врска со момци со богато сексуално минато зад нив.
Ако проблемите се стават под тепих и да се правиме како да нема проблеми,туку сами од себе ке се решат грешиш многу,ако мислиш дека без меѓусебна комуникација за сите работи и проблеми што не мачат отворено не се зборат,дека сами од себе ке се решат грешиш многу. Ако мислиш дека јас ке си терам по свое а за тебе ми е гајле,грешиш така ништо нема да постигнеш, Ако мислиш дека твојот збор е главен а мојот не е битен грешиш и те како е битен за да има мир и хармонија помеѓу нас. Ако мислиш дека со игнорирање ке дојдеш до решение на проблемите,грешиш напротив поголеми стануваат. Ако мислиш дека со бегање се решаваат проблемите,грешка си уште толку се натрупуваат,проблемите ти се како снег ако не го очистиш снегот навреме ке падне нов и ке затрупа уште повеќе. Затоа убаво размисли што ке постигнеш со оваа што го правиш.........
Од мала мајка ми ме советува дека нема пријатели, дека од љубомора се ќе направат. Идев со глава у ѕид и контра мајка, со рака у оган дека моите пријатели се верни, можам се да им кажам и дека не ми мислат лошо. Летово и малкумината пријатели шо се броеја на една рака почнав да ги губам. Сите си го покажаа лицето полека полека. Кој праел лице, кој ми љубоморел, кој ме оговарал... И се изнаплакав пред мајка ми, ја гушнав и и кажав дека ја сум била слепец...јес да носам наочари ама вакви работи... Ги исфрлив токсичните луѓе, да може сум сама сега, но подобро сама отколку опкружена со луѓе змии, кои ме трујат, уништуваат и преку "добронамерните" совети ми рушат самодоверба и психа. Едно сфатив, не е битно да си фин пред мене, биди фин и зад мојот грб и брани ме зад грб...
Едно никако ама никако не можам да го сфатам. Ние луѓето сме толку немоќни суштества денес не има утре не, денес сме на врвот утре не, не знаеме што ќе не снајде со доаѓањето на утрешниот ден. Епа зошто тогаш толку љубомора, завист, злоба? Зошто да се љубомори на туѓото? Или пак јас сум премногу наивна, еве не знам. Никогаш ама баш никогаш материјалното или некој си успех не може да ти ја исполни душата ако си осамен и несреќен. Среќата не зависи од материјалното. Од нас зависи.
Луѓето кој неможат да го достигнат твојот успех,почнуваат најчесто да те плукаат,да те вреѓаат,со омраза сам на себе си копаш дупка,во која еден ден ке паднеш.
Не чуди се зошто те оговараат зад грб личности кои немаат храброст ни да ти излезат пред очи а не па во лице да ти речат нешто!!!
Од омилени зависности - зависноста од него.....нема послатка зависност нема....нема такво ни чоколадо, ни дрога, ни лек кој ќе те направи позависен, можеби забележува - можеби не, некогаш кријам чувства преодлично...и покрај тоа што е возрасен - би се засрамил да знае дека го гледам како еклер на излог, како чоколадна торта прелиена со чоколадо....не смеам да ги допрам ни едното ни другото, но се осеќам како во затвор заради зависноста...аххх кога само би знаел, но не ти кажувам, дури и вака - сакам да поуживам во тебе
Животот постојано знае да ни поставува пречки на патот. Наше е дали и како ќе го поминеме тој пат. Ако се откажеме, никогаш нема да знаеме што има на другата страна. Мора да стиснеме заби и да истрпиме се. После дождот доаѓа сонце... Ќе го чекам да ме огрее. Се надевам дека ќе биде што поскоро.
И официjaлно од денес 30че во години. Сакам само годинава да биде исполнета со убави работи, од лоши доста ми е. И тие што ги сакам наjмногу да се до мене. Толку.
Сакам полека се да ми се среди, да плачам помалку, да се смеам повеќе, да мислам помалку, да живеам повеќе..
Им благодарам на сите лоши зборови изречени од некои личности ме направија посилна, по борбена и похрабра. И посреќна П.С. Ќе ме згазеше кола за мал сентиметар ако не закочеше девојчето. Во право сте Господ гледа и чува.
Ги обожавам овие летни дождови , ме потсетуваат на убави моменти, ми будат спомени. Доживувам мир, спокој и тишина.
Не е толку страшен овај летен студ ако во душата ти е топло. Ако умееш да најдеш убави моменти и во тмурни денови... Се зависи од нас, се е до нашиот ум. Какви ти се мислите таков ти е животот.
Луѓето се почесто ги слушам да кажат - "е сега така е, модерно време дојде" .. Па се вртам околу себе и ги гледам сите на таблети, телефони, по некој лаптоп... Гледам стари луѓе на кои им е тешко да се движат, а сепак тргнале со автобус... дете што паѓа и мајка што по 5 секунди го тепа затоа што паднало.. Гледам луѓе што сакаат да ја продадат приказната за трето дете, во која ни сами не веруваат... Гледам бездушен народ со скоро никаква насмевка на лицето.. Дали во трката по пари, заборавивме на семејните вредности? Дали ова таканаречено модерно време, ни го наплати данокот по највисока можна стапка? Вчера бев на место што за моите скопски навики делува како да е крајот на светот.. 10тина км од најблискиот асфслт, 30тина км од цивилизација, на преку 1500 метри надморска височина ... на момент бев целосно исклучена од модернава доба..без мрежа, без интернет.. Седев и зборував за моето семејство.. за потоа некое време да размислувам за семејните вредности кои и самата јас не ги почитувам... Кога мајка ви ќе направи јадење, седнете каснете макар 2 залачиња..таа вложила време и труд за вас затоа што ве сака.. Кога татко ви ќе ви побара лист хартија и пенкало, станете и одма дајте му...не чекајте пола саат.. Така покажувате колку нивните потреби ви се важни на вас и дека истото го правите од задоволство а не со сила.. Утре сестра ви кога ќе побара торта од семејната слаткарница, не ја прекорувајте дека цел живот јаде слатки и колачи без пари... Кога брат ви ќе ви побара помош околу некоја работа, помогнете му затоа што сакате, а не затоа што ви е брат па морате ... Колку побрзо научиме да го ставиме семејството на прво место, толку побрзо ќе постигнеме хармонија во нашиот дом...а мислите ќе ни бидат помалку конфузни ... Животот е краток, а тие околу нас не се вечни. Гушнете ги, бакнете ги .. направете ги среќни затоа што вие сакате ...утре истите тие ќе ви вратат со дупла мера.