Уф, колку ме фаќа страв од реченицава:" За жал вие не сте примени" и сличните на неа. Треба да одам во училиште, да читам и да ми кажат дали ќе учествувам во патронатската претстава. Мори Лајти, зошто не си признаеш дека имаш трема од јавниот настап, не од ова? Туку ајде, ќе дојде и тоа, ќе помине. Па и да одберат некој друг, или ако ме одберат мене, сеедно. Да, ако ја одберат Таа или Оваа нема јас да се тресам пред настап. Поарно неке се тресат тие, нека погрешат некое име, и така се искусни. А јас? Никогаш не сум била на бина.. Пуст страв, ќе ме убие. СДК2. Почнав да играм пикадо дома. Дури и центарот го погодив вчера. Опаа, сум имала јас и други таленти. А додека сум кај талентите, ја погодив саксијата со цвеќе во школо. Ај, не го исчистив јас нередот. Сѐ погодувам во последно време. Ќе играм пикадо. Само.. Како се викаат тие што играат пикадо? Играчи на пикадо?
Апаратче за уши, негде има... за тинејџери? Супер уво, нешто...? Глувтар сум, жими сè. Па и тие продавачките, намерно ме зезнуваат. Секогаш помала цена слушам. Отидов до аптека, демек такви за шмукање, за грлото да си купам. - Колку се ангисепт? - 99 денари. - Е па ај едно опакување. (куца таму и после некое време) - 199 денари. Молим?! Дадов пари и си искочив. Сестра ми ми вика: - Мора да се научиш, да се побуниш, а не само да им ќутиш. Е па сега, таква сум, што да правам. Таа таму си искуца и сега јас да и' побарам да ги врати назад, е како? Шест пара антибиотици ќе си купев за тие пари... ај, нема врска. Ќе си шмукам сега.
Имам заборавено какво е чуството да си среќен и насмеан, ама од сега нема на никој да му дозволам да ме растажи и да ми ја украде насмевката!
Мртва отепана трчав да фанам автобус, стигнав 10 минути пред да стигне на станицата, а овој иде од таму. И застанува на 200 метри од постојката, симнува патници, трчам да го фатам, ми ја треска вратата у фаца, мафтам, се праи дека не ме гледа и ме остава. Тоа е коа ќе си зема некој државно платиче го болат мадињата дали некој денеска се акал цел ден и трчал да стигне да си отиде дома. Абе никој не сфаќа колку им е и на студентите некоаш мачно, си мислат само така е, седи си и учи си. Е не е, е шалтери, е пари, и уште пари, и уште пари, и трчанки, и тетки шо си мислат дека на улица не нашле нас па не прибрале. Со малце будали се расправам на факултет, па и се друго шо припаѓа на државава мора да се понаша као од штала да е излезено... God bless the internet, со тек на време ќе не поштеди од ваква вукојебина колку - толку, само уште да сфатеа луѓето дека има и друга алтернатива да си подобар и поуспешен човек од таа да треба да вежбаш трпение на некои државни пиунчиња по администрации. Ама тоа е, кај те фрлил штркот, да му еам. Се чудам како има луѓе, абе трн не ги боди, алал нека им е...
Не го рабирам народот кој еден на друг си вели „умри“. Јас тоа никогаш не би можела да го кажам. Колку и да мразам некого, колку и да ме иритира, колку и да ми згрешил, никогаш не би посакала некој да умре.
Што се случува со мене?! Денеска од дома сум испадната со римите,дефинитивно. Денеска еден школски ми го скриши ноктот и јас извикувам. - Еј,мојот нокт,мојот прст и фати се за крст. Потоа,му викам..- Дарко наш е фраер, и ако му а залепам една,ќе го вработам у Дрекстер Маер. Само да не ми е од менструацијата,оти ќе почнам да правам некоја рима и за неа.
Чувството кога се враќаш на места кои си ги запоставила пред 100 години, и гледаш дека се е каша-попара, се е измешано, искомплицирано, сите се караат, веќе ништо не е како порано. Бев на работа, чисто да ги посетам, да не речат дека сум ги заборавила. А таму секој за секого збори зад грб, абе една атмосфера што да ви кажам. Се враќам на Фемина, гледам никој од постарите, квалитетните членови нема. Ситуација да се фатиш за глава. Страв ми е да си дојдам и Македонија, којзнае што се дешава таму. Леле луѓе колку ми недостигавте, свесни сте? Времињата кога ќе си се оптегнев на нишалката која фати прашина на балкон, со лаптопот во раце, и онака убаво ќе си се изназборувавме со вас, е тие времиња проклето ми фалат. Туку сега и на чет има некои глупави досадни теми за зборување, барем за мене. Не сте старите бе луѓе, нема со кого да се изнаправи муабет веќе, се е сменето, го нема Деки, ги нема старите пријатели, нема ништо веќе. Вие пријателите, вратете се, да не ве вратам со сила Барем вие може да се вратите...
Бубо мој ќе ми отиднеше за малку, ни криво ни должно.....кутрото куче мое имаше 41 температура и храбро издржи. Сега кај очињата му се познаваат две солзички како што му течеле, како река мала се низ неговото лице. Колку ми е жал за се што преживеа денес. Ајде Бубо само храбро, ќе помине и ова. Што не поминало, та и ова. Важно е дека кучето ми се спаси, мислев дека ќе го изгубам. Страшно беше.
Помеѓу речено и сторено... измеѓу има кревет,телевизија,интернет и едно кафе На крај фактички ми се случува често да заглавувам измеѓу тоа „измеѓу„ А едно време си мислев леле кога ќе се зголеми денот,за се‘ ќе имам време.Шипинки!Се мотам како мува без глава од таму до ваму,не бре до мрзата ќе да е изгледа Мрзата ме стега јас ја бркам, а таа не бега Барем за пеење за своја душа не треба да се стои
Хех интересен ден денеска беше... Наместо 7, ние имавме 4 часа И ниеден не ни беше учење, имавме физичко, одделенски и изборен предмет 2 часа. После незнам кога успеавме со другарката за 4 часа да повредеме нози и двете и тоа филмска сцена беше. Она трча накај мене, јас трчам накај неа, никој не застанува и БУМ. Ме нагазна и си ја пресвитка ногата. После сите имаа физичко само ние ги гледаме и не вежбаме. Класната цел одделенски час ни кажуваше за проблеми од екстерното, лани што било за 1 месец што ќе било, некои деца имале незаслужени 5-ки... И јас дигам рака и велам: „Наставничке може ли да кажам решение“ и женава видно изненадена и јас: „Најпаметно е да не праеме екстерно па нема да има никакви проблеми“. И седнувам на компјутер и читам мислењето на Елена за оглувувањето, значи ако она не ме насмее нема кој. Иначе ја сфаќам пошто и на мене треба да ми се дерат за да слушнам али да си се посмееме малку на наша мака де.
Сакам да ги прередувам старите предмети.Се приврзувам за нив и ги доживувам како дел од себе. Секој од нив крие посебна приказна.Свое место меѓу спомените имаат и малите детски сложувалки. Ме враќаат во деновите кога вложував многу труд и трпение за да ги сложам. Низ игра научив логички да размислувам.И горда сум на тоа. За да се постигне успех во животот е потребно нешто повеќе од игра и логика. Животната сложувалка е секојдневна игра што тешко се сложува. Парчињата се во постојан дисбаланс. Кога ќе помислам дека само едно недостасува за да ја комплетирам, се изместуваат сите и почнувам од почеток.Секое од тие мали парчиња е моќен фактор во комбинацијата. Чекам и се надевам.Времето е пред мене. Верувам дека фамозниот ден ќе се случи и ќе ја имам на дофат мојата сложувалка. Цела и комплетна за да ја почувствувам среќата.
Одам со сестра ми кај нејзината шнајдерка на проба. И, таму ја најдовме Фатма. Жена Босанка која гледа на кафе. Знаете, го пиеш кафето и ја вртиш шолјата... Па, те лажат до мила ти бога. Јели, како се зовеш? Ја сам ти Озбилна жена пусто озбилна, ама терај. Јели си ти душо, удата? Вала нисам. Није се нашао тај ко ќе да ми скине sвезде са неба. Окрени шолју да видим шта она каже. Окренем је. Нек ме лаже. Цело животинско царство збрано во една шолја за кафе. Птица, има да летим и без крила Зец, као нешто набрзина. Петел, некој скриен широкогруди удварач. Јој јеботе! где га сад наџе. Џе ме наџе!? Јели Фатма, све то у мој филџан има ? Молчи озбилна, забавата сега почнува. Вели, шнајдерката Ја, ете го и принцот, ама без коњ Како ма без коњ бар магаре да имаше да не одам пеш. Таа мене удварач и тоа без превоз
Има некоја вистина во она: Best things happen when you least expect it. Јас се вратив жива, здрава, одморена и една година постара. Временската разлика ми дојде во прилог, па роденденот си го славев 25 часа Туку си викам, еден спа центар да си имав дома, ќе терав до 101 и назад. Деновиве целосно се релаксирав. Единствени прашања со кои си го оптоварував мозокот беа: „Што да порачам“ и „Дали прво да одам во сауна и парна бања, или директно на базен“. Викендот го заокруживме со супер рок концерт кој беше шлаг на тортата. А јаготка беше фактот дека после концертот, го видовме фронтменот и тапанарот во лобито на хотелот. За на крај на рецепција да ни кажат дека целиот бенд со тимот престојува во истиот хотел! Следниот ден при излегување од лифтот со се куфер се лупнав во гитаристот. Ама од што бев збунета не ни му се извинив на човекот Тортата ја изедовме, ама еве една за вас во знак на благодарност за сите роденденски честитки!
Еден ден, еден изненадувачки настан, еден час, една личност, милион испреплетени среќни случки. Преубаво е она чувството кога ти велат:" Мора уште многу труд", а ти размислуваш само на него. Преубаво е чувството кога ги гледаш неговите сини очи исполнети со радост. Преубаво е чувството кога сѐ смееш во друштво на луѓе за кои досега си мислела дека се "дигнати фаци". Преубаво е чувството кога тој се врти кон тебе и разговарате.. Преубаво е чувството кога дознаваш дека утре ќе бидеш сама цел ден, па ќе можеш да слушаш музика по твој избор. Преубаво е чувството кога ја договараш првата средба по долг период со личност за која си се надевала дека еден ден повтрно ќе ја сретнеш. Преубаво е чувството кога го раскажуваш поминатиот ден на кој и да е...
Некогаш душава ја чувствувам како мирно море. Да се спремам за бура? Имам добро сидро, јас сум добар капетан на ова мое бродчуле и да се деси бура, ќе преживеам. Сега за сега е мирно и е добро. Како на топло зајдисонце си плутам во водата и уживам. Утре не чека сончев ден. Патем добив охридско рачно правено кајче украс полно со најлепше жеље малецки чоколатца. Кога веќе не можам јахта и ова е ок, само без платно е има нешто налик мрежа за ловење риба во него. Дефинитивно во претходниот живот сум живеела покрај вода, друго објаснување немам.
Уште колку дена треба да поминат за да го видам, уште колку недели? Зошто вака? Ај ќе се тешам со сликите на фејсбук.