Во мојот град има една поговорка:Ако немаш во главата ќе имаш во нозете. И така е.Често лично јас или другите околу мене не размислуваат трезвено пред да направат нешто,туку само брзаат со големи чекори да стигнат до погрешната цел. Има и друга:Брзата кучка слепи кучиња раѓа,е оваа лепотици,оваа ми е проверена на моја кожа 1001 пат
Пред неколку недели случајно наидов на другар од основно, кого го немав видено можеби 6-7 години. После обичните разговори за набрзина да се информираме и двајцата за тоа кој каде студира, живее и слично, на заминување ми рече дека многу сум се изменила. И кога го слушнав ова најпрвин ми прозвучи малку глупаво, затоа што и очекувано е човек да се измени за толку години. Дури и една година прави голема разлика, а не пак повеќе години. Но ме поттикна малку на размислување ваквата забелешка, навистина колку многу се имам променето од оние мигови кога најважно од се ми беше да сум одлична ученичка во училиште ( а и секако оние детски размислувања дали симпатијата ме погледна мене и дали мене ми се смешкаше ). Колку многу искуство и поинакви размислувања ми донесе секоја година, како полека научив дека луѓето секогаш ќе најдат причина за да кажат нешто добро или нешто помалку добро за мене, но дека не секогаш треба тие коментари да ги земаме „здраво за готово“. Ако лично ти не си задоволен од себеси никогаш нема да ти бидат доволни комплиментите упатени на твоја сметка, а и обратно ако ти си задоволен од себе тогаш нема и да те допираат негативните мислења од луѓе кои не те познаваат ни 1%. Кога го слушнав коментарот дека многу сум се изменила, ми дојде во глава да го прашам дали сум изменета позитивно или во негативен правец. Но потоа се сетив на тоа дека не е важно што ќе каже тој се додека јас сум сигурна дека чекорам по вистинскиот пат за мене. Се додека јас сум задоволна од тоа каква личност сум и се додека сум свесна дека имам маани, и се додека се трудам да се подобрувам, тогаш не е ни важно што ќе речат другите.
На сите нас ни треба љубов. Не сме создадени за да бидеме сами. А и не за џабе велат за секое грнче има капаче.
Цел свет да го имам ако љубов нема тогаш ништо немам,во денешно време некако љубовта ја снемува,не зборам за љубов помеѓу маж и жена тука да се сакаме сите без разлика на вера,нација,религија. Луѓе да се засакаме за да постоиме.
Куферите полека спремни, одмор од работа конечно земен и време е за еден добар одмор. Малава возбудена, бидејќи првпат ќе ја носам на море, а богами и ја сум среќна со години не сум видела море, а ни одмор. Проблем за проблем кога ќе ти се наредат, финансиите кога ќе ти се на 0, одмор само ќе сонуваш. Ама фала богу, добро е сега. Една недела ќе се изгубиме од светот, милиот ми мој и мојата малечка најсакана. Ќе ги наполнам батериите, ќе ги исклучам социјалните мрежи и ќе се препуштам во уживање. Јас сум среќна кога ја гледам и ќерка ми среќна. Среќна е што ќе оди со семејството на одмор исто како сите другарчиња од градинка. Среќна сум и кога ќе го нарече тато, а он и покрај тоа што не и е биолошки татко ја сака неизмерно и и го подарува целиот свет. Целата среќа на светот ми е собрана кога ги гледам покрај мене 2цата среќни. А, утре ова време, јас, тој, мојата најсакана, море и сонце. Што друго да посакам.
Ветер, зеленило, гранки, дрвја и зелени лисја, лулашка, мало базентче за разладување, сандали и шарен фустан ... Вечна идила и највечи лексилиум на свет! Фали уште заминувањето на едно островче, јахта, подобран, скутер во морето, костим за капење и наметката да ја дува ветерот. Енергија за цел живот! Барем заслужено е!! Ќе ладам глава, организам и метаболизам. 2 ра годишница на фемина ... И јас не сум тоа што бев Чирс!
Па, уствари заработував 100% повеќе од него, оти го мрзеше да работи, али му сметаше што јас го частам, и што му наоѓам работа повеќе платена од мојата... Подоцна,од кога раскинавме, за инает се вработи... И ќе му пишев на 1000ка, али наместо да ги дадам на здрав, прав паразит, ги тутнав во џебот од скинатата торбичка на еден нем и без нога чичко, кој плачејки објаснуваше со млмање дека му ги украле личната карта и книшката ,додека чекав во социјално за плави картони... Е тогаш, за прв пат плачев надвор од дома, пред сите, и не ми беше гајле... И тогаш всушност, можев да кажам за себе дека конечно сум јака...
После убаво попладне со точак низ Скопјево, навистина се релаксирав добро и помага во размислувањето. Сакам пак. Предобри 3 часа возење со еден час пауза. Мераци. За крајот на денот ќе го надополнам со филмче и може да се ужива.
Да ти се мочам на животов.. трчи, рмбај, гладувај.. Да не можеш да тргнеш пари на страна. Исто како и секоја година и оваа остануваме дома преку летото.. Јок одмор..
Постои ли човек кој не згрешил што го слушал срцето што му кажува пред разумот,и обратно постои ли човек кој избирајќи да го слуша разумот,своевремено жали што не си го следел срцето???
Колку повеќе си ја знаете сопствената вредност толку помалку ќе имате потреба да ја докажувате пред другите
Ова ми е последен пат да ми е тврда перницата заради други. Си ветувам. До тука беше. Око не склопив. Одлука донесов, ама превртување на муабетите низ глава колку може да е некој одвратен и просто да не ти се верува што шљам од личност може да биде... Ах карма... време е да пуштам... На страна тоа, немир чувствувам. Само да е мирен денов посакувам.
Дојде денот за море,да испразнам мозок од негативностите,да ги полнам батериите на плажа,на лежалка со ладно пивце,да уживам во убавината на морето,да ги слушнам брановите,а јас некаде далеку со мозокот да избегам од сите нервози во годината и животот. Останете ми добри луѓенца,чувајте се од секакво зло,сакајте се,ширете позитива,избегнувајте ги негативните суштества на овој свет,и само така ке имате мирен и стабилен живот. Се читаме
Кога ќе набереш свежи производи од бавчата и ќе вкусиш природна салата искомбинирана со омилениот оброк за ручек останува насмевката и здравицата да ги преточиш во дневна доза задоволство. Ништо посебно, а сепак исполнително. Па нека е и храна... Малите нешто во непредвидливото секојдневие среќа значат и здравје зрачат.