Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Седам и размислувам за успех!
    А навистина што е успех во животот?
    Што човек би требало да постигне за да го сметаат за успешен?
    Дали ако не успее да запише факултет, да дипломира и да се стекне со одреден степен на образование автоматски се класифицира како помалку успешен? Дали ако не добие солидно работно место или висока работна позиција или позиција која носи добра заработка автоматски станува неуспешна личност? Дали ако не стапи во брак или стапи подоцна во животот или доста рано го сметаме за малку успешен? Дали ако не оформи семејство од разно разни причини не е успешен? Дали ако не живее во одредено место или ако не патува и прошета разни места е неуспешен? Дали ако не поседува добар автомобил, добро средено живеалиште и убава гардероба е неуспешен? Дали ако не се дружи со одреден круг на луѓе се смета за науспех?
    Сериозно што е успехот? Кариера, Образование, Пари, Љубов, Популарност, Авантура... :bow:
    Што ако ова не го постигнете?
    Како ќе живеете со вашиот (не)успех?
     
    На fallenangel, НаталиЛили, kala21 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Порано кога бев помала немавме кабелска телевизија.
    Ги имавме тие 5-6 програми што беа достапни за сите, а на нив многу ретко даваа цртани филмови.
    Со нетрпение чекавме со брат ми пред телевизор за да пуштат цртан, па и ние да погледаме.
    Обично даваа во сабота сабајле...Надвор снег и студи, а ние двајца гушнати еден до друг и гледавме Пајо паторот или Том и Џери...Па некогаш на сред цртан се прекинуваше програмата, па ајде нервози и плачења.

    Често одевме кај братучедите и таму гледавме со саати на програмите за цртани од кабелска.

    Не знам дали од тогаш што сум немала можност да гледам, ми е останато желба....или.... едноставно сум љубител на сите видови филмови, но и ден денес уживам кога гледам стар долгометражен анимиран филм од Дизни.
    Од време на време, при слободно време си пуштам на лаптоп и си гледам.

    Тогаш се чувствувам најсигурно.
    Фантазирам, мечтаам, се враќам во детството, се изолирам од реалноста.

    Петар Пан, Пепелашка, Пинокио, Снежана и седумте џуџиња, Алиса во земјата на чудата...Никогаш кога бев мала немав можност да ги изледам до крај овие цртани филмови.
    Ги знаев од сликовниците и сама си правев филмови во глава како би изгледале тие цртани.

    Сега ми се достапни во секое време, па ете често си му правам ќефови на детето во себе.

    [​IMG]

    Навистина, никогаш за ништо не сме стари за да уживаме во животот.
    Никогаш за ништо не е доцна.
     
    На fallenangel, Tan4ence, Quuen и 28 други им се допаѓа ова.
  3. AmandaS

    AmandaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    141
    Трките со автомобили на Партизанска биле последица на дрога и алкохол.
    Не. Последица се на некадарна полиција и на принципот на селективна казнивост кои оставаат простор за вакви болни идеи да паѓаат некому на памет.
    Зарем е толку тешко, скапо или не знам уште која друга пречка постои за да се постават камери со 24 часовен надзор? Цел цивилизиран свет ги има.
    Наместо полицијата да троши ресурси, да пушта патроли на +40 или -20, да плаќа гориво и наместо сообраќајците да се колебаат дали да подигнат стоп на џип од 100.000 евра и притоа да се отвора можност за вршење притисок при пишување казна, со камерен надзор полицијата ќе си седи в станица, под клима, ќе си јади крофни, нема да се расправа на улица и ќе листа снимки кои воедно ќе бидат несоборив доказ за направен прекршок на: Стоката што се трка, што поминува на црвено, паркира сред улица, не пропушта пешачки на зебра..., а казните од по 200, 300, 500 евра ќе им ги праќа како новогодишни честитки на домашна адреса, па нека повелат нека не ги платат и пак нека се тркаат. А полицијата нека си пушта патроли само навечер и нека си прави рандом алкотестови.
    Ваквата пракса не само што ќе ги казнува лудаците, туку и ќе изгради навика кај луѓето, бидејќи ќе знаат дека секаде се снима и ќе внимаваат како возат.
     
    На fallenangel, НаталиЛили, LollySky и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.281
    Пол:
    Женски
    Може си дипломиран правник,ама само тоа е успех и напредок во животот?
    Основна култура,почит кон "простите луѓе" не треба?
    Јебига дечко,не секој има шанса да е факултетски образован,ама тоа не значи дека ти си нешто повеќе од тој што не завршил факултет од икс причини.
    Се згрозив кога те слушав како ги потценуваше луѓето кои немале факултет,ги етикетираше како прости и не си сакал да губиш време со такви,море гони се и ти и таа твоја преценета диплома.
     
    На fallenangel, ♡BuBaLe♡, macka91 и 19 други им се допаѓа ова.
  5. taznata :(

    taznata :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Најпрво да си го кажам мојот проблем и на дечко ми исто така со казиното.. Пред пола година лично јас го убедував мојот дечко да влезиме во казино да изиграме една 100 ка на апаратите..тој не сакаше ама го убедив и влеговме..како што минуваа деновите ние се почесто и почесто одевме во казино..почнавме да коцкаме повеќе пари...станавме зависни..не верував дека тоа може да се случи .мислев дека ќе можам да се контролирам барем јас..ама ние почнавме да одиме секој ден и да губиме по 2000-3000 денари ...пробуваме да се контролираме да не одиме ама не тера одвнатре да отидеме...ако не отидеме сме нервозни, се караме ...најлошото од се е што и двајцата сме зависни ..незнам веќе како да си помогнеме како да не одиме повеќе или барем да намалиме со одење ...секој ден се надеваме дека можеби ќе добиеме некоја поголема сума за да си ги вратиме досега изгубените пари ама ни тоа не се случува...знам јас сум најмногу виновна што се фативме во мрежата на овој порок..но никогаш не сум била среќна и секогаш ме привлекувале вакви работи мислејќи дека ќе заборавам на другите проблеми ..не ја ни гледам смислата на животот, ништо не ми е убаво , никоја активност не ме расположува само кога сум во казино се чуствувам најубаво...а свесна сум и знам дека тоа не е правилно...незнам како да си помогнеме и да се спасиме од оваа ситуација..:(..Исто така и со факултетот одам надолу ..сеуште немам почнато салам да учам а средината на август да полагам испити ..ми фалат уште минимум 16 кредити ..многу се плашам да не презапишам..то се 3-4 ри предмети да положам за да фатам услов за петта година..ама со оваа паника од тоа дека ќе ја презапишам годината неможам ни да се фокусирам на учењето:worried::(:)...животот ми е хаос.. ми нема смисла..немам никаков талент..и се запрашувам зошто воопшто живеам кога ништо не ме прави среќна...
     
  6. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.738
    Пол:
    Женски
    Само што се разбудив од најглупавиот кошмар. А среќна сум, зошто во реалноста рози ми цветаат. За само неколку часа ќе бидам онаму каде што сакам да сум, насмеана од уво до уво. :)
     
    На ♡BuBaLe♡ и Rama им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Научна фантастика е да се асфалтира улица во МК. Треба некој посебен тим на врвни научници да се состави, да се испита оваа појава, зошто во Македонија најтешка работа е да се направи улица. Во светот автопат прават за неколку часа, без застој во сообраќај, кај нас улица од 300метри не може две недели да се направи. Ете, изгребаа асфалт, ископаа дупки и си заминаа. Тоа е невозможно истиот ден да се пополни. Не не, истата недела е невозможно да се пополни тоа. Друга тема е Првомајска...
    Друга ствар... мислам дека треба да одам на бајачка. Исто, за научни потреби. Да увидам што е тоа толку неверојатно што овие жени им го прават на луѓето, што толку се заслепени по истото. Или повеќе е до тоа до колку сакаш да ги отвориш очите и ушите, зашто тоа што не се гледа или слуша или знае... не може да повреди никого?

    Исеченица од хартија страшно многу боли

    Why does it feel like night today
    Something in here's not right today...
     
    На Hipster, LollySky, Peppermint и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Додека мудруваме и размислуваме за животот и се околу него како да го средиме и проживееме оние клај клај личности веќе го живееат неоптеретени тс го проживуваат животот.
    Најголема трагедија во животот е кога мислиме дека сме постигнале некој врв и сне станале мудри по сето тоа се погледнуваме во огледало и гледаме дека сне остареле. Затоа не секогаш е убаво да се оди по истрасирани патишта убаво е и самите да си ги пробиваме тие патишта и понекогаш да не се подзавртуваме наназат за да видиме колку сме изоделе само напред, нетрасиран пат има сопки, трња но како го газиме и трасираме така помалку ги чувствуваме тие сопки и тие трња во нашите нозе.
    Господ ни дава живот а наше е како ќе го потрошиме. Дозволете си се во него умерено, без лакомост со ум.
     
    На fallenangel, Viktorijaaa5, ♡BuBaLe♡ и 15 други им се допаѓа ова.
  9. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    19.976
    Пол:
    Женски
    Ако времето знае да се смени 100 пати на ден, моето расположение во текот на денот се менува 200 пати. Тоа е што наjмногу мразам каj себе. И кога сум за никаде, сакам само да молчам, зошто некоj ни крив ни должен ке настрада. Срека е што негативното расположение брзо поминува со добра прошетка надвор.

    И нели кога има сонце недвор, денот секако ке биде убав. Имаjте и Вие убав ден и уште подобар викенд.
     
    На Rama и pravnicka_2604 им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.356
    Една од причините зошто да се разведеш од родители - не ти се жалат еден од друг.
    Мајка прави фантастичен грав надалеку прочуен (#хехе не во таа смисла), арно ама увек заспива кога го прави и и загорува па од втора ќе го биде.
    Е така синоќа се успале рано у дневна и и загорел гравот. Татко ми многу сака грав и уште синоќа психички се спремил дека уште за доручек ќе јаде грав.
    Ама грав немааа...
    И ми ја пукнаа главата од сабајле едниот па другиот за дешавката. Недостапна ќе станам.
    Ги сфаќам у двајцата.

    Епопеја за гравот...
     
    На k.frosina, LBC, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.471
    Допаѓања:
    183.654
    Пол:
    Женски
    По језиво нешто на светов од прст во пупак нема! Ја да ви кажам. :envy:
     
    На Viktorijaaa5, k.frosina, sanjaeva и 9 други им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.571
    Допаѓања:
    174.992
    Na vremeto Stip mi bese...(facepalm)
    Sega mi e superrr tamu ...Nikoj ne me poznava,nikoj ne poznavam...
    I stipjanite kako ludje mi se epten ok...jes da malku ,,cudno" mi zboruvaat ama simpa se.
    A ,,Mal odmor "....prikazna za sebe...
    Ajde...vreme e za rucek....
     
    На La.loca, k.frosina, Feminka192 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    сдк некој у маало прај пеерски работи.
    пржи кришки на тераса.
    не е фер ова :shake:
     
    На Love...music, fallenangel, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.763
    СДК..колку маски и да смениш, пак остануваш иста!

    Маската ти го крие само лицето.

    Се останато е исто:крш карактер, лошо воспитување и дрскост која ја сметаш за доблест а уствари е твојата најпрепознатлива маана.

    ...и немој да мислиш дека позади маска никој не те препознал..едноставно-таа си!
     
    На Love...music, fallenangel, Mr. Right и 14 други им се допаѓа ова.
  15. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Многу ми завидуваат,љубомораат и секогаш од други дознавам која сум,сите знаат за мене каква сум само јас не си се познавам,како народ многу сакаме да даваме совети и да критикуваме а сами прво не се погледнуваме какви сме.
    За жал кај нас не си го живеат нивниот живот туку туѓиот,е па чорба Македонче.
     
    На Love...music, fallenangel, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.281
    Пол:
    Женски
    Искрено според мене не е убаво кога упорно некој се меша во нечија приватност и гњави со прашања од типот зошто не се мажиш\жениш,или зошто немате деца.
    Не да се оправдувам бидејќи не сум мажена,ама на никој никогаш не сум му поставила вакво прашање,уште поболно ми е кога од страна им го берат гајлето на парови што долго немаат деца.
    Абе оставете ги на раат луѓето,не знаете кој какви маки,проблеми и причини си има па што е во дадената ситуација,па најмалку им се потребни вашите "мудрувања".
     
    На sweet-cherry, kala21, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Прееска на еден статус прочитав една тажна приказна, што повторно ме допре до срце и ми го разбуди револтот на една тема, па ќе кажам нешто најискрено...
    Сиромаштијата е една подла, сурова кучка што уште од најмали нозе им ја одзема безгрижноста на луѓето, им плеска во лице дека не е сè весело и розово како во приказните (а секое дете заслужува само за такви работи да знае) и дека ќе треба да се навикнат многу желби и понатаму во животот долго да им остануваат само тоа - желби и соништа.
    И да, ако човек што се соочува со сиромаштија, ја мрази истата од дното на душата - тоа е сосема нормално и природно. Фактот што не е помирен конкретно со неа и го кажува тоа гласно - не го прави бездушен и морално помалку вреден, а најмалку го исклучува по дифолт чувството на љубов кон најблиските што го опкружуваат и благодарноста за тоа што ги има.
    А кога за жал ќе се случи трагедија во која човек губи од оние најважните нешта, таа е тука за уште повеќе да ја зголеми и отежни болката.
    Затоа, луѓето кои со екстремни фрази дека парите немаат баш никаква вредност сакаат да се издигнат како морално совршени, првенствено се лажат самите себеси...
     
    На sweet-cherry, cresa-jagoda, fallenangel и 19 други им се допаѓа ова.
  18. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Има членови што мислат дека се најпаметни на форумов.
    Со песна е повесело

    Пивото од админот Михајло нека биде :rofl::rofl::rofl:
     
    Последна измена: 22 јули 2017
    На cresa-jagoda, fallenangel, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам на некои работи.
    Пример за верување или не најголема самодоверба, оптимизам и позитивност сум имала на 14 години. Мхм тогаш целите ми биле остварени а енергијата на највисоко ниво за борба за докажување и напредок. Се чувствував силно и непобедливо. Мислев дека можам да постигнам се. Јас полуматуранката со сите 5ки, со учество на многу натпревари, со голема почит од соучениците и наставниците, со круг од неколку другарки со кои летото го миневме во прошетки неразделни како од некоја тинејџ серија, со надеж дека тогашните љубови ми се на дофат. Никогаш подоцна го немав тоа чувство.
    Што се случи? Животот ми залепи силни шлаканици само неколку месеци подоцна. 1000 пати се кршев и се составував, паѓав и станував. Сега сум тука каде што сум. Мојата 14-годишна верзија и не би била најсреќна со тоа што го гледа. Но мојата сегашна верзија е среќна што последните години научи дека треба да живее во моментот. Дека месец за месец, ден за ден, час за час се менуваат работите а ние ретко кога имаме контрола врз тоа. Животот иронично ти се смее додека ти планираш! :nod:
     
    На SnowWhite8, fallenangel, evangelina.ina и 2 други им се допаѓа ова.
  20. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Како што може песна да разбуди сеќавања, ништо друго не може.
     
    На Love...music, iloveyou29, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.