Сензорот вика имам премногу алкохол во мене. Одам да се издувам на Водно со точакот. Бајк Ако ме сопрат џандари и ме тераат да дувам шуу прајме чоек Че завртиме едно колце Добро утро Македонски народе. Се гледаме од врвот
Ме буди внук ми утрово околу 4 и ми вели -тета мене ми се мочка,јас заспана цела му одговарам носиш пелена мочкај се,и детето пак ми вели ама не носам пелена,јас пак упорна носиш ајде,и што да прави ме послушало кутро дете,се измочка во гаќи и почна да плачи и кога се свестив оп стварно нема пелена,а тој не ни носи веќе,ама толку од мозокот мој И сепак станав,го средив,го пресоблеков и заспавме пак. После како луда се смеев,ми текна на зборовите на татко ми,често ми велеше порано дека немало да сум одговорна мајка јас,сум спијала тешко и заблудана во сонот,па децата можело да ми избегаат јас да не ги осетам. Во право е до некаде,внук ми упорно ми велеше нема пелена а јас заборавив оти бев занесена во сонот. Се колнам незнам како не се свестив,досега бев одговорна тетка секогаш и во секое време
Чудно е како во ова мало место ја наоѓам сета слобода. Со патиките в ранец, костумот, моливче, малку празни лисја и малку повеќе со навезани реченици и сјајни корици... Слегувам... Вдишувам чист воздух. Горе зеленило, долу синило. Толку е - пуштив котва во душава. Ама сабота било. Ама не ми е гаајлее. Ми фали моето друштво: вечер да ги фатам угорницине и сабјлечки да си го гушкам езерово и да се решавам ко рубикова.
Уште им немам простено на моите што вака ме воспитаа, им викам зошто волку фин ме воспитавте? да бев како другите подобро ќе си поминев во животот - ова ми го рече еднаш еден познаник. Се подзамислив ама знаев дека е во право. Знаев дека родителите добро постапиле што вака не воспитале, ама понекогаш е тешко, а правилниот пат со почитување на вистински вредности е секогаш потежок, но крајниот исходот го исполнува срцете и душата
Кафе после 21 часот. Oh, let the flock scatter, let the sheep roam Acquired dream deficiency syndrome.
Некогаш ќе ви даде животот преголем товар, некогаш во главата ќе ви зујат милион прашања, некогаш ќе гребете за одговор и спас, некогаш ќе се плашете и од најмалиот чекор за да не го пуштите товарот кој и така едвај го носите, некогаш во таа мака ќе ви текне да погледнете наоколу е тогаш ќе ги видите лицата на оние кои „ве сакале“. И товарот ќе го заборавите, и маката ќе помине ама никогаш нема да го заборавите предавството нна овие што требало да ве чуваат со „својата љубов“
Еднаш една не толку важна личност ме спореди со фразата-тивка вода брег рони. Е сега се прашувам како така ме проценила? Се прашувам до толку ли сум "тивко опасна". #прашањекоемемачи.
Биди своја. Не е многу важно туѓото мислење. Спојлер Ама мене си ми интересна за читање. Ете ти пак туѓо мислење. Да се надоврзам на муабетов мене ,,скриено жарче" ме викаат во блиско друштво. Не ме мачат прашања - вистина си е.
Убавината на човекот доаѓа од душата, некогаш и без визуелност кон персоната се раѓа страст преку пишан збор.
Gostite dobia viza. Nabrzo ke uzivame zaedno, ke se setame, ke pazarime, ..... ke se potrudam da vi go napravam nezaboraven ovoj godisen odmor. Dva meseca zaednicko uzivanje. Sega da kupime karti i da kazam na rabota deka slednite dva meseca ke me gledaat extrimno malku.
Од денес можам да кажам дека животот е убав. Татко ми велеше "Луѓето се гомно,колку повеќе им придаваш значење толку повеќе ќе те газат." Колку само имаше право, ама додека не научиш и не се тргнеш сам нема да веруваш. Сакам да кажам дека периодов и покрај толку проблеми успевам да си поминам одлично. Мило ми е што веќе ништо лошо ниту навредувачко не допира до мене, тоа значи дека сум созреала. Девојка поим кој ретко се изговара, и знам дека созревањето е многу повеќе од ова,но за почеток е доволно. И си посакувам милион вакви денови. Не мора никој да ми посака, најубаво сам да си посакаш.
Мислам дека ако прекинеш да придаваш значење на туѓото мислење за ТВОЈОТ живот ќе бидеш многу посреќна. Секој пост кој ти го читам е за други освен за внучето Ослободи се од стегите. Заслужуваш среќа. Секоја постапка гледај ја од твој аспект. Прашај се дали со нештото ќе си ти среќна не другите што ќе речат. Дадов небаран совет се извинувам така ми дојде.
Кога ќе се наклонат планетите за да осетам мотивација ? Изгледа никогаш. Моментално се мотивирам само за да си го сменам местото од соба во дневна и обратно. Не ми е грижа за ништо веќе.
Шо е Македонец ако при идење на одмор у Грчка не ја однесе цела кујна и цел шкаф преку граница. Е така и јас оваа година. Тато ко на шала ме праша да му напраам список шо сум сакала да јадам пошо од тоа шо ќе носеле немало нишо “од мојата диетална храна“. Мајтапи си тераат со мене ама ако. Му напраив огромна листа и еве сеа у кујната посебно одделен мојот црн леб, интегрални бисквити, 500 вида на житарици и мусли, а на посебна страна шпагетите и макароните и слична брза нездрава храна шо они ќе ги јадат. Па дури и го излажав тато дека малце се попраил за на сабајле да ме придржува коа ќе трчам на плажа јер не ми се трча сама, ми треба некој шо ќе ме мотивира да трчам подолго хаха. И чоеков се мери на вага, глеа +2кг и вика добро, ќе трчаме. Све е средено, чим го убедив нема гајле. И цел шкаф го превртев ама тоа е друга приказна. И покрај тоа шо утре тек требаше да се пакувам, ја уште сеа одделив шо облека ќе носам утре, седи растурена на креветот, а утре куферот ја чека да ја напикам иако не знам као се ќе ми собере у моето мало куферче, а ја земав облека ко да ќе живеам таму у следните 4 месеци, а не ко да идам само на 2 недели.