Едвај чекам да дојде вторник и конечно да одам битола. Башка и на мајка и е роденден, па тамо ке го прославиме со моите најмили
Едно време,паѓав на добро склопени текстови,разговори во кои другата страна толку довро зборуваше,без грешка на точка и запирка,кага зборува како да те внесува во некоја бајка. Не повеќе. Сега повеќе ја сакам спонтаноста. Актери поштувам само во театар. Џабе им навежбани периоди кои им одат од крајност во крајност кога ќе ги начекаш неспремни.
СДК... Во македонскиот јазик не постои зборот обрачунско. Многу лошо звучи на слух. Услугите ги извршува одделение за сметководство. Јазикот што го зборуваме ќе го зачуваме, ако го негуваме. Ама далеку сме од негата...
Соучесник си ако не пријавиш потенцијален убиец. Како спиете знаејќи дека нечија неспособност или непресмерливост ќе убие некој а вие ништо не сте направиле? И кога ќе убие некој уште викате ЗНАЕВ!!! Ако си кажал немало да убие. Вака само си овозможил убиство. Соучесници. Спијте мирно. Немате душа за да ви е немирна. Ама кармата е тука. Не се чудете оти имате несреќи. Кога следен пат ќе речете тој е несалам ќе убие некој јас ќе пријавам. За ваша душа. Оти ги изгубивте душите за да се правите паметни. Кармата е кучка ама праведна кучка.
Љубопитност и бутање нос у туѓ живот се две различни ствари. Едното е карактеристика, а другото некултура.
Секој има право на свое мислење... да, но тоа не е оправдување за да кажеш секакво неинформирано и/или полно со омраза мислење и да не очекуваш никаква критика за истото.
СДК дека криво ми е што сум немала да ми го шепне ова некој на уво додека сум се трошела на погрешните, додека сум се фрлала како партал пред туѓите нозе... Не знам колку ве има такви како мене, ама сепак еве нека трепка овде, ннека не потсетува дека на крај на денот најбитни сме си сами на себе!
Кога животот ќе си поигра со тебе, насмевни му се. Не тргај ја насмевката во ниту еден момент. Не покажувај дека ти е тешко. Бори се со сета сила. Не потклекнувај. Не се предавај на поразот. И ќе помине. Верувај ќе помине. Се поминува. И животот поминува и не се враќа повеќе...
Decata se ukras na svetot... Decata se motiv vo zivotot... ..... .. ..... Decata mozat da ne krenat vo oblacite,ama i da ne izdignat od zemja.. Mojot me izdigna zdravo deneska...Ne deka e kojznae sto...ama zosto? I taka... utre ke treba da trepkam,da diplam usta... Aj na arno neka e...
Прво велиме дека е рано,па после ќе стане премногу доцна... Блазе на оние кои ги бива се да направат како што треба во вистинското време.
Сите на форумов ве поштовам, што би рекле во мојот град. Ама ако сте заглавени во нешто кое не ви одговара, макар што и да е - ЗАМИНЕТЕ СИ! Не е битно што, срцки, дали работа, дечко (или слична релација - да не набројвам се), другарки, град, професија. Направете го тоа. И да, страшно е, страшен е светот кој е надвор и кој не го познавате надвор од таа работа во која сте заглавени со години. И можеби нема да најдете подобра работа, подобар дечко или слично...Ама кажете ми едно - подобро е до крајот да се каете што не сте се ни обиделе? И секогаш некој штетен фактор од вашиот живот ќе го нема. Нели и тоа е одлично? Да не работите работата која не ви лежи и да одите макар на некоја преодна работа? Можеби таа ќе ви се допадне а? Можеби баш таму ќе напредувате? Или можеби ако го немате тој дечко, ќе можите да се забавувате без страв дека нешто на тој намќор нема да му се допадне - ќе ги ставите највисоките штикли и најкраткото фустанче без страв дека само со поглед некој ќе ви го зезни расположението...Не е се што одбирате да го немате лошо. На 80 години кога ќе се свртите - сакам да се свртите со насмевка, а не со каење дека нешто сте пропуштиле. Бидејќи кога ќе го слушните гласот од горе кој дошол по вас, ништо од тоа што другите луѓе велеле или мислеле нема да е битно - битно е како сте живееле....
http://zicer.org/2017/07/21/ustase-su-ubile-majku-dzona-lenona-zato-sto-mu-je-otac-bio-cica-draza/ Enough internet for today
Вчера после долга прошетка со мајка, вториот сладолед решивме да го довршиме на клупа пред зграда. Детски џагор пред нас. Турчиња и Македончиња по цели денови играат заедно. Прв пат заседнав пред зграда, а одамна не сум била меѓу деца, па не можев а да не им ги набљудувам игрите. Најголем дел од нив немам поима кои се и како се викаат, ама редовно сите ме поздравуваат кога ќе ме видат. Ги слушам како разговараат, се смешкам под мустаќ од убавост и милина, а и човек не може да остане рамнодушен на детски ум. Некогаш воодушевуваат, почесто смеат, во принцип со деца никогаш не е досадно. Се додека муабетот нивни го надмина детското и невиното, и отиде во за мене изненадувачки друг правец. Дојдоа до тоа да се делат на богати и сиромашни. И јас еднаш бев дете. Ама на улица ние сите бевме исти. Родителите не не делеа, па според тоа не се делевме ниту самите. Кога се мачкаа лепчиња со ајвар, добивавме сите, без разлика чив е родителот. Немаше никакво делење по никој основ. Не ја сфаќам смислата на родителите денеска, на 6-7 годишни деца да им кажат да не се дружат со нивните врсници кои се богати. Зошто побогу си го деградираш и декласираш сопственото дете? Сфаќам, дете на улица сешто ќе слушне, па љубопитноста ќе го доведе до родителот со тоа прашање, но зошто на дете од 6 години тоа му го преставуваш како нешто страшно, знаејќи дека мозокот на тоа дете не разбира како возрасен човек. Зошто пред да се направи таа поделба, не му се укаже на тоа дете дека освен што нејзината другарка има 10 кукли повеќе не ја прави различна од неа. Дека родителите исто си ги сакаат децата и исто прават се за децата. Дека да си богат е кукла плус, а не љубов. Дека ако некое дете е богато не е ништо повеќе сакано и не вреди ништо повеќе од другите деца. Дека сите деца имаат еднакво право да бидат што сакаат кога ќе пораснат. Самите се деградираме и етикетираме, а потоа го обвинуваме општеството. Немојте да им ги уништувате надежите на децата уште пред да почнат да ги коваат. Престанете да ја искривувате сликата. Тие сепак си продолжија да играат.
Neznam zosto sakam da go kazam ova ama ke go kazam eve kako dolgogodisen clen na femina. Pred dva dena so sin mi si sedime na vardar vo delot na vlae-karposh 4 kako ke mu dojde vo anfiteatarot I odmarame od setanje koga dve klupi podole odmara na svojot mobilen telefon gospodin na svoj 50... Godini.a zamislete na koja strana citase femina. Dali pisuvase ne vidov a I nekulturno I so dete sum vnimavam vo nego. Nego ete dali radi pretpazlivost dali neznam ete vnatresno me terase da pisam..
Месец дена социјалниот живот ми страда поради јаки панични/анксиозни напади. Ама денес само: Си го расипав кафето, а едно кесенце ми беше. Си го лупнав лактот, ми пројдоа жици низ цело тело и ми излезе модринка. Си го пукнав малото прсте на левата нога, на ќошот од стаклото од масичката. Голуб ми се посрал на тепихот што го сушам и превртувам два дена ко улава, на 40+ степени. НА БЕЛИОТ ДЕЛ БАШ! Е, тоа е сељак.
Секој има право на свое мислење, но тоа не значи дека сечие мислење е точно. Луѓето често се во заблуда кога е во прашање вистината и многумина мислат дека таа зависи само од личната перцепција на човекот. Ако збруваме за нешто базирано врз субјективност и лична перцепција, тогаш да, можам да се сложам дека секој има право на сопствено мислење и дека сечие мислење е на свој начин точно и вистинито, гледано од личен аспект на човекот. Но ако зборуваме за нешто базирано врз факти, тогаш нештото може да биде или точно или погрешно, а вистината може да биде само една. А ваквата вистина нема никаква врска со нашето мислење, став, перцепција или чувства во однос на даденото прашање. Баш како во примерот со шестката и деветката.
Често се прашувам кога би ми дале нова шанса за нов почеток, што би изменила, која грешка би ја изменила? Што би сакала да избришам од животот? Долго размислував и сфатив дека не би изменила ништо. Затоа што не би била тоа што сум јас денеска ако не направев одредени грешки, ако не почувствував тага и не знам дали тогаш би ги имала и оние среќни моменти што сега сум ги имала низ животот. Секогаш кога ќе успеев да се качам на врвот, нешто ќе ме треснеше толку силно на земја како да се обидуваше да ми каже да не летам со паметот. Тие издигнување и падови ме направија силна личност. Личност која сега секогаш гази цврсто на земјата.
И шо ако читал бе? Сајтот е јавен и достапен за секого. Нигде не е назначено ограничување за пристап по возраст и пол. Кој сака ќе го посети. Гледајте си ги вашите телефони и животи, гледајте си ја својата работа. Прелу глава од такви на кои носот им е пикнат во нешто туѓо, нешто што не ги засега воопшто... Get a life!