Кога фрламе цигара во планинско место,ливада,дури и на улица нека не ни биде тешко истата да ја изгаснеме убаво. Истата таа цигара може да направи огромна штета бар во летниов период. Добро намерен совет за сите Без тепање молим
Јули беше мој омилен месец. Месец на мојот роденден. Месец на сонце, плажа, бурни ноќи... Но оваа година овој месец не е како што сакам. Ми донесе грижи. Ноќи без сон. Солзи. Не, немам јас љубовни проблеми. Камо среќа да беа љубовни. Таквите се решаваат. Одам со насмевка од уво до уво. За никој да не види, за никој да не забележи колку тага носам со мене. И си велам се ќе се реши. И ќе се реши. Мора да се реши. Но тешко е да гледаш тага во очите на некој што ти значи се, а да стоиш со врзани раце, да не можеш да му помогнеш. Што друго ми останува освен да се молам на Бог? Се надевам Бог ќе ги слушне моите молитви...
95% од здравите луѓе воопшто не си го цениме здравјето. Стануваш, јадеш, вршиш обврски, легнуваш... И секој ден така, без да помислиш колку си всушност богат што си здрав и прав. Во моментот кога ќе ти се случи нешто, тогаш сфаќаш колку значи да си здрав и колку треба да се цени секое делче и органче на телото. Си ја немал блузата каква што сите носат? Не си пошол на одмор? Си немал најнов мобилен? - Па што? Сега немаш (пари, работа), ама утре ќе имаш... Не е страшно...Но, здравје ако снемаш е лошото.
Рамичке ако некој има што го бива да постапи секогаш правилно во вистинско време тоа би било еквивалент на совршенство-а такво нешто не постои
Куферот напунет до врв, пасошот на маса и желбата за патување на максимум. Сеа само чекам да дојде време да патувам и да наполнам батериите.
Ретро... Кога и да се појави иако е веќе видено внесува понаков дух и свежина во изгледот. Големи шапки, долги цветни фустани, велосипеди со плетени кошници, гладијаторки, везени кошули, широки здолништа... Се враќа и станува тренд. Но, дали некои ретро-личности треба да се вратат во нашиот живот? Можеби низ временскиот времеплов ги изгубиле големите очила и успеале да ја видат сегашноста од блиску. Таа е секаква, само не секој е дел од неа.
Секој ама баш секој може да си го живее животот како сака! Со тоа што нашата среќа нема да зависи од другите. Самите сме си одговорни, никој друг!
Знам дека не се цитира овде но СКД нешто инспирирано од постот на @Rama околу поимите рано,доцна... Дали нешто сме направиле рано ,доцна или тамам на време е доста релативно. Мој пример:прв дечко на 17(тогаш мислев дека е касно ),дипломирав на 22,се омажив на 23,уште истата година родив дете.Тогаш за се тоа мислев дека навреме е се тоа ,но од денешна перспектива гледам дека било многу рано... Сега мислам дека и не е битно дали некои работи се случуваат порано или покасно,битно е да се случат вистинските работи,со вистински личности или барем ние да сме убедени дека се вистински...
Еден од омилените актери ми беше Пол Вокер,но за жал прерано му згасна животот Физички ме привлекуваше,обожавав да го гледам во филмовите како вози брзи и бесни коли. Но се тоа го правеше успешно само на филм,а во реалноста токму таа брзина и бес беа причина за неговата смрт... Негови зборови т.е нешто како мисла лична беше-'Ако еден ден ме убие брзината,не плачете по мене бидејќи јас се смеев кога возев'. Не драги мои,немојте никогаш да се водите според неговите зборови. Брзината вистина убива,но не само одредена личност склона на бес и брзина,туку и целото семејство е "убиено" после тоа. Зарем вреди своите најблиски да ги завиете во црно само за да ги исполните вашите каприци? Ве молам,ве молам возете внимателно,не си го одземајте сами себеси животот,а уште помалку на друг,немате никакво право на тоа... Вечерва млад татко остави мали дечиња сираци,си пресуди сам со огромна брзина возејќи огромен мотор....нај трагично е што нема да биде последен ваков случај
Сакам да кажам дека е мизерно да се смееш на некој кој не сака да фрла работи далеку од канта, туку стрикно во неа. Не е срамота да се носи ѓубре в раце дур се најди соодветно место да се фрли, срамота е да се фрли каде било колку да не се носи в раце.
Добро утро. Силно светнал ден, денес малку посвежичко. Спремна за нови предизвици и патувања. Одиме во поход. Имајте убав ден.
Некои личности се опседнати од минатото,некои од иднината,но мудрите личности го живеат сегашниот миг еве како мене,не се оптеретувам со ништо што ке биде нека биде,вратите се ширум отворени.
Убавината е во окото на оној што набљудува. Во наоѓањето зрак светлина во најтемните ноќи. Во живеењето со полни гради. Премногу се жалиме и кукаме за материјални ствари. За лошо потрошени пари, за непредвидени трошоци, за намален домашен буџет повеќе од предвиденото. Живееме во ера на премногу погрешни значења, а премалку почит на вистинските вредности. Не треба да се жалат парите дадени за дополнителни исправки и поправки на нешто што требало да биде ново. Ниту загубените, ниту погрешно потрошените. Најголемата трагедија во животот се оние пари давани за лекови и по болници. Се додека вашите и нашите пари не се даваат за да купиме уште едно утре, ние сме среќни луѓе. Моите добри мисли се со оние кои ги водат тие битки долж болнички ходници. Ви посакувам душевен мир, позитивна мисла и истрајност за издвојување на секоја битка. Нека среќата ве прегрне сите на крајот.
Знаеш она кога посакуваш нешто со години и ќе се случи и потоа си викаш-па можеше барем на есен не мораше баш сега!? Е, тоа...
Луѓето велат, од лошото има и полошо. Да, и од твоите најтешки моменти – постојат многу луѓе во светот доживуваат нешто уште потажно и пострашно. Но, тој факт е тука само за да ти ја засили емпатијата и да ти послужи како мотивација дека некои успеале и од пострашно да се издигнат – а не ти ја прави ништо помалку важна и оправдана твојата сопствена чувствителност и тага, а уште помалку те прави слаба или себична личност. Велат и дека секогаш може подобро. Да, и од најголемите твои успеси и среќа има врвни луѓе што постигнале уште повеќе – но тие се тука за да ти покажат дека и тоа е возможно, а не дека си помалку вреден/на да се гордееш со сопственото. Луѓе сме, живееме во заедница и сепак е невозможно да не се случи никогаш да се споредиме со некого, но дај да ја извлечеме само мотивацијата од тоа.
Денес излегов од сабајле да вадам некои документи. Покрај стотина жени што поминав најголем дел од нив не мирисаа на ништо. Значи ниту смрдеа, ниту мирисаа на парфем и свежа облека. Како е можно тоа искрено? Последно што приметив за себе е дека почнав да се вртам на добар женски парфем. Значи не задник или гради, туку парфем. Што фетиш ќе беше тоа искрено? Денес читав за некоја девојка од Скопје која водела некој хотел во Турција и малтретирала и проституирала 40 девојки од Куба неколку месеци, а притоа ги лажела дека ќе работат само како хостеси во клуб. Некој девојка едвај избегала од хотелот и пријавила во полиција. Со мајка ми баш прокоментиравме каков монструм треба човек да биде за да направи такво нешто. Колку наводно добри луѓе среќаваме секојдневно, а кријат монструми во себе. Пред некој ден заедно седнав со еден човек во паркот кај Собранието и започнавме муабет. Ми се пожали дека оставил сигурна работа затоа што некој го лажел за ситна пара дека ќе му среди работа во странство, а потоа магично исчезнал. Останал без сигурна работа и пари, а на себе си навлекол куп нервози. Едноставно не можам да сфатам какви личности се тоа и со каква мисла треба да тргнеш од дома за да превариш човек за ситна пара и да му го земеш парчето леб?