Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Kathrynn

    Kathrynn Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Мразам негативни луѓе, мразам лажни пријателства, мразам кога некој те бара само кога му требаш. Мразам кога сум болна и поради тоа не можам да спијам по цели ноќи. Мразам кога имам херпес на устата :envy:. Мразам кога ме фаќа носталгија по минатото, по лица кои не заслужуваат да им го спомнеш името.
    И покрај се, се трудам да си го задржам доброто расположение, јули ми е омилен месец и летото ми е омилен период. Мој период.
    Имајте убава вечер :*:
     
    На JollyGirl, emmacool, Love...music и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Многу сум заљубенааа!!!!! :l: :l: :l:
     
    На JollyGirl, poenta, Love...music и 21 други им се допаѓа ова.
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.571
    Допаѓања:
    174.995
    Mi se naluti....:(
     
  4. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Понекогаш во животот не треба да си искрен. Или не секогаш е добро да си искрен и чесен. Влогот е голем а остануваш изигран.
     
    На Herrera, Butterfly-Girl, JollyGirl и 20 други им се допаѓа ова.
  5. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    Замислувам каков би бил светот ако се се кажуваше во лице,без цензура,без маска,онака,баш искрено,без влакна на јазикот...
    Еве пример што имам една ,,пријателка,,од детството,која глуми дама,а нема ни д од неа,оти дама не се станува ако се омажиш во докторска фамилија..Душата и ,,смрди од што има прегазено преку многу лешови,, дур да стаса таму кај што е,уште дете беше а имаше злоба човек да убие скрос ладнокрвно.Одмаздољубива,парољубец,љубоморна на секој што е повеке од неа.
    Па така некогаш кога наидам на нејзина фотка на фејс,испрчена,со дигната глава,како да вели гледајте ме,над сите вас сум,јас сум Бог...ми доаѓа да и пишам во коментар дека е олицотворение на злото,дека смрди без разлика кој парфем го има ставено...и така по список,секому да му кажам она што си го заслужил....
    За жал, не е баш така едноставно..многу по искомплицирано е одошто изгледа...
     
    На Оленка*, sj *O*, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.478
    Колку ми е жал само што ги гледам моите родители како се мачат за парче леб. Во држава во која треба да си роб, кој од утро до мрак треба да работиш за државата, која притоа ти наметнува уште милион давачки.

    Како со минимална плата од 11500 денари да ги платиш сите сметки (телефон, интернет и струја) кои заедно не се под 7000 денари. И да, со останатите пари да нахраниш петчлено семејство. Све живо се покачува, а платата си тапка во место. Како немаат совест? А да не ги спомнувам родителите кои со последниот денар го школуваат своето дете, кои го делат својот залак, за да му обезбедат подобра иднина. И да, кога ќе завршат високо образование да работат во супер маркети и конфекција. Каде ќе им оди душата?

    Единствен спас гледам во тоа, кога ќе го завршиме нашето образование, со диплома во една рака и пасош во друга, да си одиме од државава. Ќе цитирам еден твит: „Не, младите не бегаат од државава, младите си одат! Бегаш кога ти си згрешил нешто. Си одиш кога други ќе ти згрешат.“-Ленка

    Добра ноќ. :l:
     
    На Mencia, macka91, Annath и 31 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.428
    Кога не можам да спијам гледам амерички и австралиски канали листам Лидл проспекти од Грција и Германија.
    И се нервирам. Во Грција евтино, а у Германија бетер. Ние тука Кам...тоа е. Есмара само бар... ама нема.
    Кога ќе го прочитам/слушнам називот Филаделфија ми оди убаво чувство секогаш. Не знам зошто...макар било намаз.

    Едно маченце отиде. Уште ми е тешко...кој знае колку е осамен и му недостигаме. Плачко си беше и онака. Ама мислам дека е во добри раце. Има едно многу е независно, и да остане само си се заигрува или заспива. Зошто толку многу ги сакам?! Од тага по мачето ги качив останатите на перница горе иако не им е дозволено.
     
    На sj *O*, sweet-cherry, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.418
    Допаѓања:
    16.832
    Лежам, се разбудив уште од 6ч. Вчера вечер имавме дебата со еден другар - симпатија, толку ме навреди со тоа:Најмногу ме нервираат таквите ко тебе шо се пра дека ги слушаат Пинк Флојд, а ти врска немаш, ко почна да вика цел град ме дозна.... А тој врска нема која сум, еден цел месец ме знае и одеднаш вака. Се навредив и почнав да му враќам... Се законтравме и се в лице јас него
    Јас убаво му кажав дека знам некои песни.
    Дали ми мириса на љубов?
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, Feminka192 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    85.149
    Пол:
    Женски
    Позитивен човек може да одолее на сите негативни умови !!!
     
    На sj *O*, Mr. Right, "Zoki" и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Знаете зашо сакам да одам на одмор кај шо Македонци има многу слабо, а не пример у Охрид кај шо цело Скопје ќе го сретнеш. Станав рано, се облеков у кроп топ и шорц и отидов да трчам покрај плажа. Ниту еден не зјапаше како ненормален, ни имаше коментари од страна, ни свиркања, секој си глеа за себе. У Охрид на истово ќе добиев секакви погледи и коментари. Е тоа е македонскиот менталитет шо не кочи.
     
    На sj *O*, sweet-cherry, Nine25 и 20 други им се допаѓа ова.
  11. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.172
    Пол:
    Женски
    некој ќе ти го разголи телото, а некој душата. не само што ми ја разголи душата, си зеде и ќебе и перница и таму си легна. заспа како најубавиот ангел што го имам видено. мислиш дека се плашам од тебе, можеби и би требало - но само ако те разбудам. затоа спиј, сонвај го твојот сон, плажата, песокот, морето...не ме сонувај мене, никогаш, само спиј мирно, без кошмарите од минатото. без луѓето кои те повредиле, без цинизмот на истите тие луѓе сега, кога успеа во она што порано ти изгледаше невозможно. и ти ми виде во очите она од кое што се плашиш, но знам само дека кога спиеш си како дете, а маската што ја носиш веќе ти сраснала на лицето - не можиш да ја извадиш. и јас сум таква, само што јас сеуште ја корнам таа маска од лицето кога никој не ме гледа. ни мајка ми не ме гледа таква. за тебе е сега касно, затоа спиј, тука во душата, нека трае оваа илузија подолго, да ми биде потопло во неа
     
    На Petar80, Feminka192 и fallenangel им се допаѓа ова.
  12. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.724
    Сакам луѓе кои се храбри да го живеат животот како они сакаат без да мислат кој што ќе каже. Кај нас е реткост тоа. Леле што ќе кажат за ова што ќе кажат за она. Ма многу ми е гајле што ќе кажат.. 8) Од сега па натаму..
     
    На sj *O*, JollyGirl, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Нов град, голем, да не можеш една недела сите места да ги прошеташ и разгледаш. Нови лица, нови места, секој ден различна авантура. Одиш по пат и се ти е ново, интересно, а тебе те копка љубопитност за непознатото. Долги ноќи и вечерни капења. Поминуваш попладне во некоја добра библиотека, а на крај вечераш во добар италијански ресторан.
     
    На sj *O*, fallenangel, душленце и 6 други им се допаѓа ова.
  14. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Каква магија има во утринското кафе што го правиш и пиеш сама?
    Секое утро ист почеток,исто кафе и не здосадува,прва помисла ми е штом ги отворам очите:inlove:
    3308df93533d9b0165557c34b877fc6c--coffee-in-bed-coffee-date.jpg Life-is-short.jpg sweet-good-morning-coffe-quotes-wake-up-love.jpg
     
    На sweet-cherry, fallenangel, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  15. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.172
    Пол:
    Женски
    велоком то д клаб. и енџој а лот оуу је
     
    На Brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.282
    Пол:
    Женски
    Денес мајка ми чистеше и фрлаше некои непотребни стари работи кои со години местото им беше на таван стоејќи запечатирани во вреќи.
    Арно ама јас бев љубопитна што има во вреќите со алишта и така си најдов едни многу убави кратки панталони во морнарски стил како што е модата де,си ги зедов си ги исперив,е само проблем е што не ми се точни,треба да ослабам 10 кг за да ми се точни :D
    Мајка ми била слабечка како девојка,и сега е,ама ќерка и е подебела,за тоа дури и забелешки добивам секогаш од луѓето како мајка ми била послаба :D
    Ама нека си стојат де,ако не ги носам ова лето,ќе ги носам наредното.
    #сисетешамсамо
     
    На fallenangel, Brojka, Viktorijaaa5 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. AmandaS

    AmandaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    141
    На булеварот Партизанска во Битола, на раскрсницата до дворот на болницата со денови три камиони продаваат бостан.
    Не само што камионите ја блокираат пешачката зона па мајки со колички, стари луѓе и други пешаци се принудени да слегуваат на булевар каде се вози лудо, туку околу камионите е вистинска депонија од пресечени и скапани лубеници.
    Друго, тие што решиле да купат застануваат сред улица и ја претрчуваат каде ќе им текне. Трето, продавачите сосе цели фамилии спијат во камионите, а како тоалет го користат дворот на болницата.

    Еве јавно ги прашувам господата од општината и претставниците на СВР - Битола, кој ќе биде одговорен ако:
    1. Некој настрада оти вака се загрозува безбедноста на сообраќајот.
    2. Се појави некоја друга заразна болест поради горенаведените причини.

    Би ги прашал одговорните и во кој дел од светот виделе некој да продава бостан од камиони во близина на здравствена установа? Не само што не е дозволено од санитарен аспект, туку не личи ни на град.

    Бидејќи очигледно не знаат, да ги потсетам:
    Лубеници се продаваат по маркети или на пазар, не на главни булевари во град. Нивна должност е да реагираат и да ги отстранат камионите.
    Поради нивната индоленција и нереагирање што трае со години, од конзулски град Битола е претворена во одвратно гнасна касаба.
     
    На sj *O* и Rama им се допаѓа ова.
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Дебре што лошо пиша????
     
    На душленце и RainBow им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    У последно време почнаа све поише да ме нервираат луѓе кои возат точаци. И после сите кампањи за подигање на културата и свеста за бенефитите од возење точак и масовно организирани собири со точаци, уствари конечно сфатив дека на нас како луѓе не ни фали култура и свест за возење на точаци, туку ни фали култура и свест, period.

    Сѐ што успеаја да направат кампањите за подигање на свеста за точаците е на некои луѓе да им набијат месијански комплекс, да направат да се чувствуваат како спасители на животната средина и на светот и како ништо друго освен нив и нивниот точак да не е важно.

    Совршено ми е нејасно зашто некои луѓе одбиваат да се симнат од точакот по секоја цена. Жив пример ми беше дрвеното мовче кое го поврзуваше плоштадот со кејот – таму едвај имаше место да се разминат и двајца луѓе пешки. Ама не – нашите еко-спасители на точаци храбро и непоколебливо возеа! – макар по цена на сопствениот или нечиј туѓ живот. Најверојатно затоа што секој момент кој го поминуваат симнати од точакот, едноставно буткајќи го, умира по една панда некаде во светот.

    Од ѕвончињата од точаците веќе имам PTSD. Не знам дали сте знаеле, ама чим точакџијата ќе го заѕвони ѕвончето, твоја должност и обврска е во истата секунда да се дематеријализираш од патеката на месијата на две тркала. Не е битно што во моментот буквално немаш простор на тротоарот каде да се поместиш за да он помине со точакот. Ако треба, ќе се фрлиш под кола или автобус – затоа што твојот живот е мала жртва во споредба со спасувањето на животната средина, мисија која него му е доверена лично од Мајката Природа.

    Ако по некоја случајност стапнеш на велосипедска патека, ќе ти испцуе све до трето колено и ќе те нарече неписмен; од друга страна, најприродното нешто на светот е он да си вози на пешачката патека на кеј, и покрај тоа што има и обележана патека за точаци. Сепак, секогаш е тука утехата дека те испцул некој еколошки поосвестен од тебе.

    И така, благодарение на кампањите за подигање на свеста за велосипедите, сега кон групата на неписмени и некултурни учесници во сообраќајот – возачите на коли и пешаците – можеме да ги додадеме и оние кои возат точак. Научивме дека е здраво и еколошки да се вози точак, само не научивме како и каде треба да се вози.

    И стварно, секоја чест на оние совесни и обзирни исклучоци, на оние фини и културни момци и девојки со точаци, кои како митски и ендемични видови се провлекуваат низ масата љути, нетрпеливи и пасивно-агресивни кретени, кои колата ја смениле со точак (најчесто само привремено), ама старите возачки навики и невоспитување си ги задржале.

    Мој предлог е следниот собир да биде насловен „На точак: Како да возиш точак, а сепак да не бидеш тотален и неподнослив сероња“, со кратка обука и упатства за нормално учество во сообраќајот.

    1. Тоа што возиш точак у време кога е „ин“ и „фенси“ да се вози точак не те прави посебен или најбитен учесник у сообраќајот.

    2. У ситуации кога ќе наидеш на гужва од луѓе, симни се од точакот, не си сраснат за него, и буткај го 10-ина метри, додека не минеш низ гужвата. Не биди идиот.

    3. Ѕвончето е исто како и свирката у автомобилот – ако редовно и често го користиш, тогаш си неотесана и иритантна сељачина – користи го само кога е стварно неопходно.

    4. Ако си го заѕвонил ѕвончето, тоа не значи дека по автоматизам секој жив човек што ќе ти се најде на патот до твојата дестинација мора да се тргне, у истата секунда. Можеби нема доволно место или има гужва. Ако има гужва, види број (2). Ако некој сепак не се тргне, не ѕвони упорно како морон – види број (3).

    Уствари, прилично едноставно е, кога ќе видите.
     
    На macka91, sanjaeva, theowndemon и 23 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Секаде веќе луѓево се "шлепаат" на туѓи проблеми, ги користат нивните изговори за своите одлуки донесени само по линија на помал отпор. Секој кој нема храброст или желба да се соочи со животот бара разбирање какво што имаат сите со тешки психички пореметувања, сите се дебелеат заради болест и хормони, сите се хомосексуалци од раѓање, нема перверзни што и коза би сексале не па ист пол, секоја втора мајка нема млеко за доење и бара сожалување за голготата што ја минува...сите сме дискриминирани на овој или оној начин и бараме поддршка. Не е фер на туѓ грб, на грбот на оние со вистински проблеми. Се е ок, како сакате така живејте си, ама потивко ако може. Вашите помали проблеми раскажете им ги на вашиот потесен круг роднини или пријатели, тие ќе се тука за вас, доволно е. Светов има побитни работи за средување.
     
    На sj *O* и Brojka им се допаѓа ова.