Никако не можам да го сфатам феноменот, случаите или не знам како веќе да го наречам, со преземање туѓ материјал и претставување пред сите како свој на интернет. Ај што немаат таквите личности никаков осет дека било да се работи за текст, поезија или фотографија – така се дрзнуваат да крадат нечие парче душа и овековечен момент на уникатен начин... туку и од друга страна, колку ли е само бедно чувството некој уште и искрено да те пофали за креативност/талент/мудрост/хумор или кој било квалитет, а ти во себе да знаеш дека тоа е за нешто што всушност не е твое? Немојте да бидете вакви луѓе, почитувајте го и сечиј туѓ труд, талент и преточени чувства, а и сопствената способност да се истакнете и да ве пофалат за нешто ваше.
Има луѓе што кријат емоции и ме има мене што несакајќи им кажувам на луѓе дека ги сакам. Никогаш не се научив на умереност. И не знам дали сакам.
Очи ќе си извадиме едни со други за да бидеме скала погоре. Најдобро глумат пријатели а чекор напред заминува и веднаш забива нож во грб. Почит спрема никој,понижување и исмевање кон секој. Е нема да не биде никогаш!
Не си ја научив лекцијата,или подобро да кажам лекциите,и уште полошо нема да се научам никогаш да зборувам јасно и гласно. Секогаш кога треба да зборувам најмногу-јас молчам. И ќе се нервирам и ќе си пукам и урлам во себе....и ќе си велам сега конечно ќе отворам уста ќе кажам се што ми лежи на душа,се што ме гуши и повредува. Ама не,пак ќе замолчам како нај нема личност,или како беше она:немоќна кукавица што се грижи прво за чувствата и потребите на другите!
Другпат кога ќе слушате музика (сé едно каква), играте игра или гледате серија, филм, порно и сл. на мобилен телефон во автобус, ставете си слушалки - не мора цел автобус да го слуша тоа што вие го слушате! п.с. и отворајте прозорци да се луфтира!
Криеш, криеш и наеднаш сакаш да се ослободиш од цел товар од емоции кои како ѓердан ти висат на душата. Порано трпев многу и збор не кажував, но сега сакам да знае и затоа и му кажувам. Не ми е страв, а не ми е ни грижа. Сакам да знае за чувствата, зошто се искрени и длабоки, зошто се вистински и зошто такви не се родиле за никој друг, а не бев таква. Кога малку сакав молчев. Сега кога силно сакам со цело срце и душа сакам да знае. Но, тој е како јас порано. Кај и да е ќе избувни... сакам да избувни, сакам да слушнам и јас. Сакам да ги слушнам тие два збора, во комбинација со неговиот глас би биле како кратка симфонија наменета само замене. Многу ли сакам ?!
Имало диви свињи на Водно па луѓево паника ги фати. Немој да возиш точак таму страшно било,ејјј ти луд си муабет што се вртеше до скоро. Побрзо ќе ме акне некој лудак со мотор или кола,одколку што ќе настрадам од диво животно. Досега повеќе несреќи на асвалт се случиле одколку во шума од диви животни. #Град#Диви Луѓе#Шоферишта #Каша попара
Утрото поумно од денот било, и навистина е така. По убав сон следува свежа мисла бистар мозок, А животот ни останува непредвидлив и го користиме како пара или ќе ја инвестираме умно и ќе направиме бенифит или ќе јапотрошиме во неповрат.
Се она што Ви се случува во животот - самите Вие сте го прилекле во својот живот! Го привлекувате со силината на сликите во Вашиот ум! Со силината на она што го мислите, со начинот на кој размислувате!! Сетете се што Ви се случуваше минатата недела. Размислете како сте го привлекле тоа што Ви се случуваше! Но,помислете подлабоко и одговорете си најискрено!! Гледате?? Самите сме господари на текот на нашите животи! Тајната ја имаме во нашите раце, т.е. во нашите глави - нашите мисли!! Контролирајте ги и насочивајте ги правилно!!
Си играме брканица со чудовиштето. Имаше една сцена од еден филм, некој благ хорор-комедија, не можеше да го пронајде духот, но кога се погледна во огледало сфати дека му е на грбот. Секогаш кога размислувам за ситуацијава ми се појавува таа сцена на ум. Можеби не успева секогаш да ме дофати, или едноставно понекогаш заборавам дека е тука, па чувството е полесно, не болат толку рамена. Три пари ура. Да се претвори трпение во материјална форма, па да соберам во кофи и да фрлам по луѓе.
Доста кога сами не можат да најдат работа, а активно си бараат, па дури и кога ќе им најдеш солидна работа, не сакаат.Тоа ти се вика сакам да работам, молам Бога да не најдам. Што кукаш и што мајка бараш, ако не сакаш да работаш. Значи стварно не можам да разберам.
Не губам надеж за подобро утре,незнам како ке биде во иднина,но се господ напред тој само ги знае моите планови.
Премногу посветуваме внимание на физичкиот изглед. Не сакам да звучам како клише ама страшно е колку површен народ сме станале. Не викам да одиме неизбањати, неизбричени како пештерски луѓе ама состојбава е фрапантна. Отворете инстаграм - насекаде само голи девојки промовираат најјако тело,curves are in, стомачни мускули, затегнат газ абе што не. И мажите не де ништо поарно де. Само се збори која на каква диета е, која е идеална тежина, па како да се нашминкам да изгледам ко Џенифер Лопез, па која форма на веѓи е ин... Премногу сме преокупирани со работи што се пролазни и што не треба толку да ни значат и да ни го одредуваат начинот на живот... Празни плитки мозоци.
Да читаш демек случајно разговори на другарка, познаничка или рандом личност не е културно освен ако мислиш дека пишува со дечко ти.
И секој бакнеж, и секоја прегратка. И пеперутки,и сонцето и денот. И дождот и среќата и љубовта се е убаво само зависи со какви очи гледаш.
Кога некој сака да направи нешто,ќе најде и начин и вистинско време. А кога не сака ќе се вади само на празни изговори