Во секоја фамилија има: - некој роднина што еднаш во деценијата ќе се сети да Ви се јави, секако, не од куртоазија за да Ве слушне и да Ве праша како сте, туку за да му излезете во пресрет за некоја услуга и тоа да биде "повод" да продолжи да Ве бара и покрај премолченото ветување; - некој негодувач што секогаш ќе контрира за се и на секого сакајќи да биде центар на случувањата, а всушност станува тема за потсмев на другите; - некој "најуспешен" што не пропушта можност да го детализира поледното дело за да Ве убеди во неговата фасцинантност. И додека овие се наметнуваат во прва постава за да го задржат вниманието без причина, тие во позадина се стремат кон целта без да форсираат зборови. Делата се репер за секој изоден чекор.
Доволно е само на кратко да седнеш во мојот двор и буквално триста комични приказни можеш да напишеш, за пола саат. Од тепачки промеѓу баба-мајка-внука-правнука за јагоди... преку човек што зборува со светци и икони...па се до бркање на швалери по гаќи....Мислам дека полицијата си има најмногу работа овде Најнова случка: - Си седам јас во двор и слушам како еден комшија разговара со некој непознат. ( Инаку тој непознатиот се вртка низ улица веќе неколку дена) Комшија: -Добар ден господине. Барате некого? Непознат: -Молам? Ааа, не не...Така само... Комшија: - Како така само? Улицава не е шеталиште. Кажете што ви треба, зашто луѓето ве забележале тука се вртите цело време...Треба полиција да викам? Нопознат: -Не бе, каква полиција...Слушај, ќе ти кажам ама да не слушне некој...Имам љубовница овде, па го чекам мажот да си замине... Комшија: -Која ти е љубовница? Ајде покажи во која куќа одиш? Сред бел ден љубовницата те поканила, нели? Непознат: - Еве тука одам, таа ми е љубовница....(покажува баш во куќата од комшијата со кој разговара ) Да присуствуваш во живо на настанот, ќе прснеш од смеење Комшијата збеснува и му пцуе, се јавува во полиција, непознатиот трча на сите страни, деца плачат, комшиите трчаат по непознатиот Инаку не бил љубовник туку крадец...Си разгледувал терен кои куќи се слободни, а кои не. И друга тазе случка: Нервозен маж се дере пред куќата на една стара комшивка што бае од уплав (најголем преварант е жената) Каков уплав, какви бакрачи Се дереше дека нешто го излажала, па и ги бараше внуците да и ги прегазел со кола ( Да, со цел памет и викаше да излегле надвор внуците за да и ги прегазел ) Одма викна некој полиција, човекот силно удираше по вратите на куќата, полицијата го зеде...А тој упорно и се закануваше дека ќе ја прати во пеколот Не дека се фалам, ама нашата куќа и уште 2-3 други во близина, сме најнорманли...А другите се Не знам јас како можев толку паметна да излезам, растена со вакви комшии
Кога ке прочитам секакви глупости ми иде да си се изнасмеам од душа,но тоа е нема секоја доволно интелигенција за да ги разбере работите како што треба,а не како што и одговара на некоја личност. Изедеме туѓа срамота
Глеам ракомет. Посреќни луѓе од Алжирциве што се гледаат на видео бимот нема. Кога велат дека среќата е во малите нешта, еден таков момент. Е сеа тоа што една од жените го расклати 2 месечното бебе покажувајќи го кон камерата е дискутабилно и така малце језиво ретардирано. И сите во публика јадат. Јас мислев ние сме најголеми "шверцери" на храна, по стадиони и преку граница. Ние сме супер бре!
Што прави вмровче на форум? Провоцира Ех, чудна работа, летно време нема тука од оние поинтересните тролови на распуст. Новите модератори забарикадирале изгледа Партибрејкерство.
Чудна работа е овај мозокот,некој го користи како што треба а на некој потешко му оди. Јас понекогаш спаѓам во овие вторите и искрено малку се подзамислив сега Си вртам низ темиве и наидов на тема како ви е никот од наопаку,и со минути не ми текнуваше како би дошол мојот ник Се нешто накај Амра ме водеше,за по некоја минута да сфатам дека од Рама е Амар. Алелуја!
Некогаш се фаќам како се смеам на банална работа со саати,и сите околу мене мислат дека сум хај Еве на пример,сега додека листав по форумов несакајќи притиснав Translate this page to English,и читам читам за да си го повежбам англискиот,и гледам свекрва преведено Sweetheart @Rama мојот ник за да го погодам отпозади си го пишав на лист,се ти е јасно сега
Зошто чекаме последен момент на некому да кажеме колку ни значи? Дали смртната постела е место за тоа? Или полошо, изгубена последна шанса? Многу лошо програмирана психа имаме. Вредноста на нештата ја сфаќаме откако ќе ги изгубиме. Звучи клише, звучи патетично, но е вистинито. А знаете зошто е така? - Мислиме дека имаме време, а немаме. Жално е што треба да се случуваат вакви работи за да сфатиме дека егото и гордоста се најголем непријател на срцето. Чувајте ги близу до себе оние кои ги сакате и не ги пуштајте. Погазете гордост, повредете его и суета и уште сега кажете некому колку ви значи. Нема да ве боли.
Комшијата шета гол низ двор. Трет пат по ред го гледам како со метлата во раце мете и чисти низ дворот, изнесува ѓубре, си врши градинарски работи... сето ова во 06 сабајле и гол. Не му студи ли, под 10 степени е наутро тука.
Пиштол гол е луѓе. А стар човек е, над 70. Се си викам дека се штракнал со паметот, па сабајле, кога жена му спие, овие работи ги изведува. После она ќе го прибере. А немаше вакви работи до лани, затоа мислам дека не е намерно, туку болест. Па и ќе настине, ладничко е наутро.
ги имам и јас такви малце забегани како кај @danichap овие носат гумени чизми. Кога е поладно,бермуди,мајца бела чарапа до под колено и сандала,лепота
Да се надоврзам малку на муабетов погоре И јас имам комшија кој се шета и работи низ двор гол уствари без блуза само де,ама па стар е многу и не ми е вкусно да морам да го гледам ова принудно нели. Ај ќе речете оваа нејќе да гледа стари,а млади сака ц'к ни млади нејќам бре. Ок друго е на плажа,ама па кога ќе видам без блуза седнати во кафич ги рекламираат демек тетоважите,па и уште кога ќе ги соблечат јадранките е грда слика ми е,што сум должна јас некој да ми ги шутка влечките под маса и да си ги тегне нозете до кај мене
Предлог закон да се забрани луѓето да шетаат боси зошто прстите на нозете се најгадно нешто, посебно машко нелакирани
Секоја личност си има препознатлив образец и начин на однесување со другите. Тоа ја карактеризира личноста. По тоа ја препознаваме нејзината аура и без да ни е во домет физикусот. Една од работите т.е.личности кои неможам да ги поднесам и отворено ги избегнувам се оние кои тој образец го менуваат према свое расположение. Ако им се случува нешто неубаво, тогаш мора цела нивна околина да страда. Ако е нешто убаво во прашање, тогаш личноста е непрепознатливо весела. Ми здодеа да го погодувам нечие расположение и некој растројствата да си ги лечи на мене.
Конечно се насмеав од срце. Ми олесна, многу. Среќна сум. Полесно дишам. Верував дека се ќе биде во ред и се излезе како што треба. Ми доаѓа да врескам од среќа...
Денес имав една разделба... Поттикната од неа имам да пишам нешто во темава... Секогаш при разделби со луѓе ми трепери гласот и сѐ што сум наумила пред последното ,,чао" да им кажам паѓа во вода. Којзнае како успевам и тоа ,,чао" да го кажам, а да не изгледам како чудак. И да, сакам ако сум имала океј однос да го кажам последното ,,чао" со прегратка. И не се срамам да се упатам и да го прегрнам соговорникот.
Арно си читкав по теми низ форумов кој цацко ме натера да земам да си правам природни маски за лице и коса од јајце, мед и лимон ко да ќе има некаков ефект. Ако нешто ви смрди на јајце од мене е да знаете. Мислам не помага ништо ама баш ништо ниту бањање, ниту најубав гел за туширање, ниту најубав пилинг за лице од малини не постои начин да си ја тргнам смрдеата од јајце. Еднаш се избањав потрошив цел болјер сега чекам пак да загрее пак да се лупнам под вода. Што ми требаше природна маска да си ставам на лице и косаарно си знам ја мед и јајце се за кркање, за доручек не за коса и лице, што се изветреав, што се заебав. Ах бе ангелче друг пат најди си друга занимација, ко на пример читкај си книга, денсајили смати некоја торта, некој убав солен куглоф не туку се глупирај да трошиш јајца на маски за коса и лице.