Лошо е кога се карактеризира човек по местото во кое живее.Има муабет од тип Еј ти од село си,абе ај бегај види си ја нивата тука си нашол да ми се правиш паметен.Дечково е од населба оддалечена 25мин до главниот ни град.Абе дечко по сељак(морав) од тебе нема.Он е од село,ама селото од тебе дефинитивно не е искочено.Поуспешен ќе биде тој,него ли ти.Смири живци.А уште поиронично е што дечково нема доволно средства а нашол да ми збори за село, дека сите се овакви или онакви.Да има луѓе што стварно не се едуцирани и културни,но исто има и персони што се паметни и успешни иако живеат во село.Секој од некаде мора да почне ,па и од село.Има персони од село кои не за во клупи,но исто така има и персони кои се од град а не се за во клупи.Не е до живеалиштето.Финтата е до тоа внатрешното во тебе,тоа што вика дека човек не си по палати и вили или до употреба на кавијар и шампањ.Колкав е човекот се гледа во оние 10секунди на нервоза ,во тоа колку може некому да помогне,во тоа како се однесува со лица со пособен хендикеп ,со лица во полоша ситација од неговата. СДК2 Има муабети како девојките зборат дека сите машки,а машкиве дека сите девојки се исти.Види ако те има изневерено некое машко, не значи дека сите се исти.Ако некоја ја има злоупотребено твојата доверба,твојата љубов ,не значи дека сите девојки се исти.Крај на приказната.
За викендов, случајно се видов со еден бугар и бидејќи секогаш се расправаме за тоа колкави цигани се, запна да ми покаже каков невиден талент искочил од нивната нација со цел да ме разубеди... Леле што да видам, абе е*ати циганите е*бати! Сичко хубаво! Не знам дали го знаете видеово, бугаров се лупа во гради дека балканската Витни Хјустон е родена, а мене ме уби туѓиот срам! http://www.youtube.com/watch?v=aj0KmlucsAQ
Жал ми е што онаа квалитетната музика не ја ценат ни најмалку, туку побитни им се Аца Лукас и компанијата.. Си правиме муабет за музика и една мене ми вика „абее ти што зборуваш, само стари песни слушаш“. А, под стари песни т.е бендови мислат на (Rolling Stones, Nirvana, GNR, Led Zeppelin, Pink Floyd, AC/DC, Iron Maiden, Pantera, Evanescence, Five Finger Death Punch, Тhe Beatles, Linkin Park) и други бендови што ги слушам, ајде да не ги набројувам сите. Добро која музика ја сметате за квалитетна? Може некој да ми објасни што е квалитетно, Џастин Бибер, Селена Гомез? Ужас ми е што живеам со ваков народ. Разбирам не секој сака таква музика, ама ако не слушаш тоа што слушам јас, замолчи. Не кажувај такви биле, вакви биле. Па замислете, дури ги проценуват луѓето по тоа кој каква музика слушал. Јас сум била настрана. Ма немој. Опшеството е никакво. Не за џабе се кажало „колку повеќе смарт телефони, толку повеќе идиоти“. Е така е драги мои. Почнаа да осудуваат и по тоа каква музика слушаш. А страшното е што баш таа музика е онаа квалитетнта, за која тие умират да ја разберат. Не ми се живее помеѓу вакви идиоти. А оние што го кажуваат тоа, срамота е дури да спомнам ама немаат прочитано ни една книга, за нив читањето било губење на време. А времето го губат пред фб, ама ајде кој да им каже. Се повеќе ги има таквите. Јас барем ги слушам бендовите што ги има на мојата блуза.
Секој си има свој вкус и секој си слуша музика каква што сака. Не се сите исти. Некој го слуша Аца Лукас, некој Џастин Бибер.
Денес навистина незнам што правам . Цел ден работите се ми оди наопаку . Чувствата ми се измешани и навистина незнам дали да плачам или да се смеам . Некако како се да ме гуши . Од се ми е смачено и навистина сакам негде да избегам , негде каде што ќе бидам сама и ќе можам да си ги средам мислите . Да донесам одлуки кои се битни за текот на мојот живот , како и што понатаму ќе се случува со мене . Стојам на крстопат и треба да одлучам кој пат ќе го изберам и кој пат е подобар за мене . Но проблемот е во тоа што сум многу збунета и не можам правилно да одлучувам . Во главата ми е каша . Незнам што ќе се случува понатаму со мене , каде ќе ме однесе патот но знам дека треба да донесам најисправни одлуки . Животот е еден и времето брзо лета па затоа треба да се донесуваат вистински одлуки во вистинско време . Болно е кога немаш никој до себе . Не можеш на никој да кажеш што те мачи и како се чувствуваш . Немаш кој да те сослуша , да те разбере , да ти даде некој совет што и ако понатаму да стриш . Но уште поболно е тоа што некој најблизок може да ти забие нож во грбот . Да те предаде во мигот кога најмногу очекуваш . Тогаш целиот свет ти се руши а ти неможеш ништо да сториш . Гледаш како другите си го живеат својот живот и само се мешаат во твојот за да можат да те искритикуваат , да те навредат но никогаш и да ти помагнат . Се прават важни со тоа што го сториле но вистината е дека ништо сами не направиле , секогаш добивале помош од некој друг за да успеат во животот . Но нејсе , еден ден секој ќе си го добие заслуженото . Единственото нешто што сакам да ми се случи е да си го живеам својот живот . Онака како што јас сакам и како што мислам дека е правилно . Без никакви проблеми и нервози . Но тоа едноставно е невозможно . Барем еден ден да ми помине без проблеми не бре . Од ден на ден само во поголеми проблеми навлегувам никако да се спасам од нив . Аман бре . Се што сакам е да имам живот каков што секој нормален човек посакува да има .
Како што можам да приметам ти со коментаров го правиш истото што ти го правеле тебе. Зошто ја потценуваш ти музиката на Џастин или Аца? И од кај тоа дека само твоите бендови се квалитетни? Станува збор за вкусови и не можеш да им судиш на другите за тоа што не ја слушат твојата музика, баш така како што не сакаш да ти судат тебе. Убаво си кажала во потцртаниот дел. Според некој друг се што не е Шопен, Бетовен, Бах е неквалитетно. А мислам дека тој би бил повеќе во право. И до каде вака со муабетиве? Не си земај се при срце. Па што ако ти искоментирале така? Иди си дома, пушти си музика што сакаш и уживај си. Не ве разбирам како се замарате со глупости.. Спојлер Ги сокрив деловите кои не ги коментирав за да не е огромен цитатот
Ах бее Господ да ги чува и благословува луѓето што од се срце сакаат да ти помогнат,да ти излезат во пресврт за било што ,да ти дадат подршка и мотивација за да продолжиш ... Колку сум среќна кога ќе се најдам во таква ситуација и ќе се уверам дека добрите луѓе навистина постојат
Моиве ич не се колегијални Ја на диета, решена нема да јадам, особено не вака касно... А оди стави чокохоличар на диета! И влегувам онака случајно во кујна И во несвест ќе паднев мама печела кора со јаболка...и цимет Мирисот е незаменлив... Решение... останав да се надишам таму малку A сега си ропкам краставици
Сакам да се надоврзам на дискусијата што сте ја развиле за музикава, стиловите, животот ова она како ќе му дојди Со сета почит кон членките кои (досега) се вмешале во дискусијата, особено кон Свит, бидејќи со нејзе се познаваме, сакам само да ви кажам дека вистинската почит нема да ја добиете поради музиката, облекувањето, стилот на живот, колку што ќе ја добиете поради тоа колкав човек сте кон другите. Кога јас ја запознав мојата најдобра другарка не знаев како се вика, од кај е, ни која е, уствари ми пријде и ми помогна да си го однесам куферот до автобуска. И поминаа скоро 5 години од тогаш, и она не слуша иста музика како мене, не ја интересираат исти работи како мене, ама затоа кога ќе седнеме знаеме да си го наредиме муабетот, да си помогнеме, да се насмееме, да си ги кажеме маките, да си споделиме искуства, па дури и да си ги прифатиме различностите и да си ги споделиме, без разлика дали ни се допаѓале или не - тоа се кажува од кога ќе заврши песната. Муабетот ми е дека, без разлика на се`, кога ќе почнете да ги гледате луѓето поинаку, и тие поинаку ќе почнат да ве гледаат вас, барем повеќето, оние, вистинските, и ќе ве прифатат такви какви што сте, и ќе се прошетаат со вас, и ќе се насмеат со вас, и ќе ги интересира тоа што ве интересира вас оти ќе сакаат да ве испочитуваат, да ве запознаат уште повеќе. И да се вратам на тоа дека кога ќе почнете да ги гледате луѓето поинаку, и тие ќе почнат поинаку да ве гледаат вас, само не заборавајте дека најважното за гледање е кои сме, а не што не прави такви, оти на никој нема да му биде важно што ве прави такви ако не му се допаѓа кои сте, особено ако не му се допаднете, а тогаш па, ич да не ви е гајле, нема што да се расправате и да се нервирате, ниту некому да се докажувате светот е троа преголем за такви работи, и колку повеќе си го отворите срцето и умот, толку поубаво ќе ви биде, не се сите луѓе така лоши без разлика на тоа што слушаат, јадат, пијат, или носат. Абе клише звучи, ама така е, ќе видите еден ден...
Ме нервираат луѓе у стилом - подржи ми го копилево да и се посмејам на копиљарката. Ме нервираат несигурни жени кои прават пепел позади себе, мислејќи само на себе. Me нервираат умишљени лепотици и такви кои на многу подол начин врбуваат мажи. Го сакам него. Сакам луѓе кои поседуваат свест за себе и останатите, како и такви кои си ги разбираат и ти ги разбираат чувствата. Сакам самоуверени девојки за другарки. Сакам девојки кои се свои и размислуваат со своја глава и не ми прават празни муабети за ноктите и косата додека седиме на кафе. Сакам да се будам само покрај едни прекрасни очи. Сакам луѓе од кои можеш да научиш и такви со кои критиките се доживуваат како совети за подобар свет, а не повреда на его. Мачки се парат во мај. Јас- работа до гуша. Годинава не ме фати пролетната стандардна заљубеност заради временските погоди затоа што ни се задесија непогоди. Утре, само ако не стартуваш ти чудно сератонинско чувство, има мамицата твојааааа...
Убав ден, празник ! Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Празников ме потсеќа на радост, на среќа, на расцутени дрвја, на јоргован, на детски плач, смеа. Празник ми е на душава...Некако како да кажам не знам, мирна ми е, после долго време. Слатко се изнасмеав на една сабајлечка порака макар што кога ја препрочитав едни 10ттина пати, сега тешко ми е, шта чеш... - ,,Ѓурѓовден е а јас не сум со онаа која ја сакам,,- срцка
сдк ... Денес е мојот прв работен ден посакајте ми среќа. Се радувам и се надевам се ќе биде во ред,ете дури сонце излезе за првиот ден. Ви посакувам на сите пријатен ден,уживајте во сонцето после долго време.
Мене баш ми се посреќи работата денес. Но, не и на татко ми. Решил да вари компири за ручек но дремнал, па отишле компирите. Од едната страна црни. Па почна да ги лупи, но за ситуацијата да биде уште појака, еден од компирите му падна во ѓубрето. Претпоставувате што имам за ручек, нели?
Кога ќе се изнаслушашате се’ и сешто и кога ќе ви „пукне„ филмот,не ли ви иде да си ги затнете ушите и да почнете да викате блаблаблананананалалаллалаа.Мислам некогаш ова како терапија би ми дошло Јас сепак си се сметам за возрасна и зрела личност,а и вакцинирана сум