Го победувам полека полека стравот од кој се плашам и си дозволувам да уживам без да мислам на најлошото. И не сакам да мислам и си дадов ветување себе си дека ќе се препуштам на времето. А настрана се тоа и стравот на молчење и ѕидот на штитење на себе си да паднат.
Odmor edna nedela. Spremanje, rabotenje, se na spisok da se stavi, sekoj moment da se izorganizira, se da se izora (poseti) vo radius od 1000 km,..... da si kupat sto sakaat, da bidat najubavi vo gradot Uste maku gostite doagaat Jas im se raduvam. Ova mi e vtor pat nekoj da me poseti za 15 god.
Порано мн. често пишував тука. Некое време не бев активна. Кога се вратив, како да се зачленив на нов форум. Си читам лп со драги членки. Гледам и тие престанале да се активни оддамна.... Пирамидка, пример. Ако читаш те гушкам многу Трендафилчето , ах колку сакав да ја читам.... Ме фати носталгија за тоа време..... Ете тоа .
Преку глава веќе од муабетот мајки, немајки. Видов пост од Фемина за Пинк како готви нешто на шпорет со бебето на неа во кенгур. И одма коментари таа не е мајка, ваква, таква. Првиот навредлив коментар беше од жена што на cover има слика од нејзиното бебе седнато на огромен мотор само, од кој може да се лизне да падне. Она е мајка, Пинк била немајка. Прво погледни си во твојот двор. За да судиме за други први сме.
СДК дека со тек на годините ти се изоструваат сетилата. ..во неговите очи можеш да видиш тоа што никој друг неможе ..можеш да чуеш "те сакам" и без да ти каже ..можеш да го осетиш и без да те допре Чуден линк е љубовта.
На сите ни е потребен бакнеж што ја лечи секоја болка. Како кога бевме мали, па ќе падневме, па мама, тато, дада или бато ќе дотрчаа, ќе ни бацеа колено и болката магично исчезнуваше. Па ние повторно безгрижно ќе ја продолжевме играта. Денеска на сите ни фали прегратка полна емпатија. Најчесто само тоа е доволно. Да се бацувавме и гушкавме и денеска после секој пад во животов, ќе бевме многу посреќни од она што сме. Ама не. Денеска те учат дека мора да боли и дека мораш да научиш да живееш со тоа, место да те гушнат. Гушкајте и бацувај те почесто. Сонувај те и љубете вечно. Магија е. Сите ја носиме во нас.
По утринскиот џогинг отидов до најблиската фонтана за да се напијам вода, кога одеднаш еден човек ми се обрати со: Еј ар ју американо? И уште нешто прозборе, ама не успеав да го разберам, не му беше баш добар англискиот. Веројатно спортската облека и ранецот прават да личам на турист. Иако не е прв пат да ми се обратат на англиски. Weird.. #FeelingAmericanoToday
Јазикот често ми е побрз од паметот, па така и денес и се изнавикав на мајка ми за банални работи. Станав на лева нога ова утро. Едноставно се ми сметаше. И не знам зошто ама секогаш мајка ми е таа на која што ја истурам сета нервоза. Сега ми е жал. Знам дека претерав. Таа не го заслужи тоа. Баш таа е онаа која животот би го дала за мене, која безусловно ме сака и кога најмногу грешам.
Да кажам збор-два за мислења и ставови и кој „смее“ и „не смее“ да ги има. Ме поттикнаа некои работи кои ги имам прочитано на форумов од доста мајки кои ти викаат дека не смееш да имаш мислење за нешто поврзано со мајчинство без да бидеш мајка, или поконкретно, да родиш. Ќе ја исклучам целата емоционална страна на работава и колку тоа звучи надмено за мајките кои не родиле, за жените кои не можат да родат итн. И надвор од форумов, кога ќе спомне ова и кога некој ќе се побуни, веднаш се враќа со, на пример, што е со мажите и нивното мислење за абортус, тогаш не важи ова, а? Тогаш викате no uterus, no opinion. Спојлер: BTW Никогаш не би рекла дека мажите немаат право да имаат став за абортусот, туку како што вели фразата, единствен критериум за да ти биде мислењето за абортусот валидно, е да имаш матка. Не е битно дали си жена, маж, џендерфлуид, калуѓерка/монах, дали сакаш/не сакаш деца итн. Да се вратам на темата за ставови. Бидејќи ова толку многу се провлекува низ дискусии, чувствувам потреба да дадам објаснување за тоа кој „смее“ и „не смее“ да даде став, во наводници, како и погоре. Сфаќам де, која сум јас да кажувам кој смее, а кој не смее. Не кажувам јас, ете, туку вие, откако ќе прочитате, заклучете. No uterus, no opinion колку што важи за луѓе без матка за абортус, исто толку важи и за луѓе без дојки во тема за доење. See where I'm going with this? Ако не си воопшто засегнат од нешто, лесно е да викаш јас вака јас така. На пример, јас можам да кажам „пфф, kick in the balls не боли воопшто, само драматизираат“. Ова мое „мислење“ не е воопшто валидно, бидејќи јас немам јајца. Се подразбира, повалидно ќе е мислењето на некој што има. А највалидно ќе е на оној кој искусил kick in the balls. Затоа, секогаш кога мериме чие мислење е повалидно за одредена состојба (некое контроверзно прашање кое засега одредена група луѓе), скалата ќе оди вака: 1. Најдолу ќе се најдат тие што никогаш не можат да се најдат во таква состојба – луѓе без матка за абортус, луѓе без дојки за доење, белци за расизам кон црнци, мажи за сексизам кон жени итн. 2. По нив се оние кои имаат потенцијал да се најдат во таква состојба – луѓе со матка за абортус, луѓе со дојки за доење, генерално црнци за расизам кон црнци, генерално жени за сексизам кон жени... 3. И највалидно мислење е на оние кои директно се изложени на таа состојба – бремени луѓе, луѓе кои дојат, црнци кои искусиле расизам, жени кои искусиле сексизам (или кои искусуваат)... Би рекла дека најдебела линија се повлекува помеѓу првото и второто ниво, бидејќи како што кажав, некој што е заштитен од одредена ситуација, го нема истото ниво на емпатија. Што не значи дека третото ниво се богови и божици на кои не смее ништо да им се каже. Баш напротив, многу често доаѓа до злоупотреба на директната изложеност, бидејќи фактот што (сѐ уште) не си поминал низ нешто, не значи дека ќе го промениш мислењето кога ќе поминеш. И не, не важи само за мајките, туку и за жените кои мислат дека се над мажите бидејќи се маргинализирани, исто и за црнците, сфаќате што сакам да кажам. Исто така, ова не значи дека мажите не смеат да имаат мислење за абортус, или белците за расизам, туку дека едноставно нема да биде значајно. Најмногу што можам да понудам јас, на пример, како белец, е оставање на црнците да зборуваат за расизмот кој го доживуваат, без да се упикувам да мудрувам за нешто кое никогаш нема да го искусам. Уште ова. Имањето мислење и став значи вие како би реагирале, одлучиле или просто, гледале на одредена ситуација. Конкретно за абортус, јас можам да имам став дека би абортирала, друга би имала став дека не би абортирала, а каков став ќе има човек без матка во овој случај? Како што кажав, најмногу што може да понуди е да не се меша.
Има разлика меѓу секси слики и к**вински слики! На девојки кои знаат да направат секси слики им се восхитувам а од другиве ми се
За прв пат во животот си добив корпа од девојка. Акооо така ми треба. Како што правев така нека ми прават. Кој високо лета еден ден ќе падне вечерва беше тој момент и се надевам дека ова ќе ми биде малку,јас заслужувам повеќе. И се се исполни како што ми кажа една девојка: Тии никогаш нема да најдеш подобра од мене,а може и полоша. Сега и ја разбрав болката што и ја нанесов и јас спаѓам во идиотите што ве повредиле.
Го сакам овој ден. Денот кога прв пат сум ги отворила очите, кога прв пат сум испуштила глас. Нека ми е среќен роденденот. Не барам од животот ништо да ми дава, едноставно ништо нека не ми зема...
Колку и да сака човек да биде добар, стрплив, толку го газат ќе треба заби да покажам за да дојде све на свое место си знаат тие каква сум Денес втора смена на работа, што убаво Вие арни сте? Спојлер Добив понуда за брак