Денес буквално ми се деси најголемата брука у последниов период шо ја памтам. Морето пореметено денес, бранови по 5-6метри огромни, гураат се пред себе, ја јаката хероина ќе идам ќе пливам бре, по татко ми, нема гајле јака сум ја. Влегувам, неспремна и бааам еден огромен бран, ме потопи, дур сфатам шо се дешава глеам горните купачи соблечени, градите на изволте, кога дур местам купачи, баам уште еден бран, сеа и долни купачи ми се соблекоа, па излегов, се облеков, исушив и дим да ме њама. А погледи од плажа и од згодниот спасител на плажата богами си добив, абе ко филм све. У меѓувреме на еден дечко истото му се деси и цела плажа му виде полов орган, па се утешив дека не сум единствена избрукана и си фатив патот. Ми идеше да се закопам у песокот на плажа од срам.
Братучедка ми бремена и му кажуваме на внук ми (3 год.) има бебе во мешето на мајка ти. И си лежам јас, стомак ми се подувал и ми доаѓа внук ми ме фаќа за стомак и ми вели тете има бебе. И јас не не, нема бебе тете, на тете стомакот полн чоколади. Па кога си фати дете да ми крева блуза чоколади да бара. И што да правиме, по жешково пат под нозе и во продавница чоколади да купиме. Одиме и и вели на продавачката тете нема бебе, има чоколади. Слатко се изнасмеав. Колку само едно мало дете може да ми го направи убав денот.
За мене уметност не е нешто што авторот треба да ти го објаснува на долго и на широко, за да ти го каже значењето... Самото дело треба да ја долови и пренесе суштината.. Затоа и сум изненадена кога во многу ретки случаи, ќе ми се допадне нешто од модерната уметност... ,, Venus of our times ,, - Anna Uddenberg Berlin Biennale 2016
Ако некогу извисите, навредите или му згрешите нешто а тој не ви возврати во прашање е една од две работи 1. Не му значите ништо 2. Му значите премногу
Од секогаш сакав да го анализирам небото,како мала одејќи некаде често се гледав во облаците и си помислував дека и облаците се движат,па потскокнувајќи ги гледав во каква форма се Одамна не сум се задлабочила во облаците. Искрено,вечерва се гледав во небото,ги гледав онака спонтано и ѕвездите и месечината и чувствував некој мир....мир кој бесплатно го добив и во кој уживав на најсмирен начин. Некои одамнешни навики сеуште постојат во нас,но ние не сме биле свесни за тоа...
Она кога злобен збори за туѓа злоба... комедија... Зошто некому би посакал да му направиш да му е неубаво? Имаме љубов каква што заслужуваме. Верувам во карма. И на најзлобниот враќам со добри намери, освен ако не претера во својата лудост и глупост, тогаш ем памтам, ем сум бланко. Како ви држи совеста вам кои посакувате некому и секунда да му биде лошо?! Ако лажете, пазете што лажете, многу поверојатно дека ќе ви се оствари, него ли она добро старо пази што посакуваш. Па веќе кога лажете, лажете за убави работи. Денес сум фасцинирана од туѓата злоба. Се плашам од неприфатени луѓе и сплеткароши. Некогаш можда и не од самата злоба, туку од што се глупи ќе ти го збиберат. Зошто? Зошто си среќен....
Морген Читам фикција, па пребарувам на нет дали е вистина Ми се заврте на ум деновиве, за сибирската хистерија. Зошто секогаш се воодушевувам повеќе на зајдисонцето. Си замислив, да седнеш во кола и да патуваш кон зајдисонцето... и секогаш да има зајдисонце. Утро, работа, дом, спиење... кога ли нас ќе не фати таа хистерија. Монотоното секојдневие се чувствува како бавно умирање. Не си го погодувам нешто кафето деновиве Не се филмајте бре многу луѓе, онака... проѕирни сте. Ми недостасува Охрид, ама не ги сакам гужвите. Сакам пак да ги гледам Персеиди од плажа. Овој свет е полн мали прекрасни "чуда". А ние брзаме... во монотоното секојдневие. Сега ги разбирам и оние, навидум чудни за денешно време, нечии желби. Бидете среќни.
Од кога тоа да се зборува на дијалект е селски? Има преубави дијалекти во Мк. Неретко слушам лоши зборови од моите сограѓани упатени на тие кои зборат на дијалект. И првртување очи.. Аман те престанете со тие поделби граѓани-сељаци, скопјани-провинцијалци.. 2017-та а се уште се занимаваме со ова.
Ај сега малку за автопералните "Абе брат ми текна: Ај гаражата твоја долу таман на улица излегва ќе ја напрајме автоперална... Ајде! И кој стигна, каде стигна отвори автоперална. По една автоперална за секоја кола. И нормално сите перални испикани таму каде има најмногу коли - во центрите на градовите. Ме интересира дали некој (општините, државата) води сметка колкав број перални се доволни зависно од бројот на возила, на кои места се отвораат и дали треба да исполнуваат критериуми од типот: адекватна диспозиција на отпадни води, обезбеден (не узурпиран јавен) простор за чекање ред, простор за сушење, односно дали добиваат некакви лиценци и дали им прави некој контрола на работата. Оти никаде во светот нема автоперални во центар на град, туку на периферијата или во индустриските делови. Зошто? За да не се слева цела отпадна вода сосе хемикалии по улици, а колите да не ја разнесуваат по патиштата кои постојано се водени и калосани. И за да не се плашат пешаците да не ги испрска некое црево сред пешачка зона. И испраните коли да не ги сушат по банкини кои се јавен простор, а оние кои чекаат ред за перење да не претвораат цели сообраќајни ленти во паркинзи. Налет тоа, некои амбициозни перални перат и теписи. Па не изгледа ништо победно од тоа во центар на град и сред улица да видите теписи спружени по банкини каде се перат или префрлени на шипки за сушење. Таквите глетки низ градовите во Мк, наместо на урбани места, оставаат впечаток на селска шабанарија. Вистинските градовите се градови не оти имаат повеќе жители од селата, туку поради тоа што за секоја дејност си има адекватен простор и адекватно место каде треба да се извршува.
Значи стваро не се нормални овие со приватниве автобуси, кај клима не пуштаат па и прозор да се немало да се отвори... Катастрофа
Ми стигнува порка на ВИБЕР од тетка ми: - Пиши ми го бројот кој ти е...Тетин ти ми измешал нешто во контакти и не ти го знам бројот...Поздрав.
Денеска увидов колку е точно она дека животот ти се оцртува на лицето. Со мајка ми сретнуваме една жена си прават муабет како годинава не се собрале на генерациска и сл.Не ми се веруваше дека се генерација ,неколку пати погледнав те во една те во друга.Мајка ми изгледа 15 г постаро,женава бре едно чисто лице без брчки ,исправена, дотерана... Ја знам од секогаш ама никогаш не мислев дека е генарација на мајка ми,но кога го споредив нејзиниот живот и тој на мајка ми се ми стана јасно...
чувството кога се едно е исто,монотоно.Стани гледај серии по цел ден јади пиј легни.И серии и се ми здосади.Земи книга читај жешко па почнеш книгата да ја користиш како ладило.Ајде на диета ти дома цел ден а мајкати ти прави ледени коцки и ти носи.Ајде да вежбаме до продавница не се оди на жешково не па на теретана.Се чувствувам бескорисно и беспомошно кога дремам без обврски.