Го видов бившиот додворувач со моја школска која се мажеше и се остави. А ТОЈ Е ТОЛКУ ДОБРО ДЕТЕ што едноатавно таа не го заслужува него.Ми падна криво. Но како велат увек убавите крушки свињите ги јадат.
Сакам да дојде тој ден кога ќе ја оставам зад себе цела горчина и лутина. Не се лутам на никој за ништо,баш на сите им простувам лесно иако не заслужиле. Ама како,како да си простам сама на себе? Како да ги избркам сите овие темни облаци кои ме надвиснале? Се е лекција и искуство плус во животот,точно е да,ама во вечна борба сум со себе,со моите внатрешни демони...
Минута молчење за фраерите/ките кои после раскинување се плеткаат со другари/ки на бившите. Во тоа ли е одмаздата? Колку очајно!
Убаво е кога човек знае што сака и на кој начин да го добие истото. Убаво е кога знае дека е препуштен сам на себе и сѐ завси од него. Убаво е кога иститот е спремен да направи сѐ за да дојде до посакуваното. Да, го сакам светот на сопствената дланка. Големи зборови, но не преголеми за мене. И не ме плашат. П.С. Знаете дека не постои нешто со поодвратен вкус од течен колаген? Сега знаете. А кога ќе го отвориш шишенцето си велиш колку убаво мириса...
Велат ако не можеш ноќе да спиеш тоа значело дека некој ме сонува...аха,па затоа јас навечер одма заспивам ко заклана и одвај се расонвам после...аха...
Јас и денес на работа. За мене празник нема. Едвај станав. Што убаво си сонував како јадење си правам и оп алармот ме разбуди. Бар да си го пробав јадењето. А јас гладна да сум била. Одам накај работа црева кркорат ли кркорат. Па кога се залетав си купив пица бурек. Наврзина го лапнав. И само што се најадов ми кажуваат денес се постело. Епа кај бевте бе луѓе порано да ми кажевте. Нека проштева Господ. Среќен нека ни е и за многу години денешниов празник.
Спојлер @L-a-r-a22 јас прв пат слушам дека денес се пости Среќен празник на сите, за многу години и честит именден на сите кои слават!
Сдк многу измешани чувства, страст, посакување, љубов-не не е љубов, не се заљубив во тебе. Заљубена во друг сум си јас, си го сакам мојот.. ама...што ми направи, ја разбуди другата во мене. Таа за која не бев свесна дека постои. Ме палиш и тоа многу.
Се извимувам доколку некој навредив со мое мислење, немав таква намера, ама во ред, јас кажав мое мислење а кој како ќе го сфати не знам. Толку од мене, не пишувам повеќе за да не зборам јас пак глупости како што мислите. Поздрав и имајте убав ден.
Бројка што се правдаш не знам. Секогаш на некој нешто му боде очи. Ти си само реална, дали рекла казала или не, ми се допаѓа како размислуваш за твоите години. Продолжи да ни пишуваш во ќошето и не се замарај, уште помалку да се правдаш. Секој има право на свое мислење
Дефинитивно треба сериозно да се размисли за во земјава секој човек да си има матичен психолог, а не на тоа нешто да се гледа со страв и срам. Технологијава толкав замав зеде, што искрено многу се плашам за психичкото здравје на новите генерации. Ќе има ли во иднина човечки контакт помеѓу луѓето? Или се ќе се одвива преку екран? Дете од една година по цел ден седи со телефонот во рака... Самата таа песни пушта...цртани си гледа... Уште дечко да фати и да си се допишуваат Ајде малите така се родени, ама овие постари? Појдени на планина, а тој (познаник) поглед не тргнува од екран. Му викаме: Остави го телефонот, диши воздух, уживај во природата, зборувај со нас, врати се во реалноста.... А тој одговори дека телефонот му била реалноста Или средовечна жена на фамилијарен ручек не го остави телефонот... Почнаа сите да и викаат дека претерува, таа си се насмевна и пак му обрати внимание на телефонот, а не на ЖИВОТОТ околу неа. И јас сум зависна од телефонот, и ти, и тој до тебе... Убаво е некогаш да забегаш во фантазии, ама додека има време најдобро е стручни совети да се делат бесплатно....да не станеме апла РОБОВИ на технологијата. Живејте во реалноста. Додека не е касно.
Денес посакав толку пати желби што сериозно не е фер ако бар една не се исполни. Спонтани убавини ... далеку од мир, ама има слобода...
Порано или подоцна појавата на седи влакна е неизбежен процес. Тоа што низ годините значително се прошируваат и забележуваат не значи дека треба да се срамиме и потресуваме, па по секоја цена четката со боја за коса да ни биде в рака како опсесивен начин за прикривање. Едноставно, некогаш околностите налагаат помала камуфлажа од планираната што не е спротивно од грижата и негата за себе. Па, што... И тоа е дел од она што не прави свои и препознатливи. Ништо страшно, ако некој ни посочи дека забележува нешто за што сме свесни како нормална појава од која нема бегство. Се додека во здраво тело имаме здрав дух за се постои решение. Битката со животните случувања ја водиме низ временската непредвидливост со се она што сме внатре, а не она што физички не одразува во надворешниот свет. П.С. На пеколниве температури во име на убавината битката со седите влакна ја добивам со кармин за коса Големо благодарам до тој што го измислил
сум пишела срциња во коментари на фб. јас. као сум го бркала, а тој нејќел. бљак. срциња во коментари на нечии постови на фб немам пишано ни ќе пишам, полигаво од тоа здравје. очигледно лажи и не ме процена добро. и да си последниот, не сум очајна бре. ако сум сама, не сум очајна и морам да имам некој? жените се говеда, а мажите газди?! ти срцка, и на марс да одиш, ќе си останиш сељак во душата ( моето алтер его напоменува дека сељак е карактерна особина, а не географско место на живеење)
@JollyGirl Ако сакаш да видиш еден црн приказ на иднината поради технологијата ти препорачувам да ја ѕирнеш Black Mirror. Ќе те остави speechless.
Во лексикон под поимот „љубов“ наместо пеперутки, чувства треба да стават:„тоа се дела, а не пусти зборови“. Па можеби конечно сите ќе научиме што е тоа љубов
Има голема разлика кога пиеш кафе сам и кога пиеш кафе со друштво. Разликата е во тоа што кога го пиеш кафето сам можеш да размислуваш, да донесеш одлуки, да мечтаеш, да се релаксираш. А кафето испиено со друштво е ради реда, кога сум со друштво важно ми е да си направаме муабет, да размениме совет, да се насмееме и расположиме, тогаш кафето за мене нема некое значење, не ми е толку вкусно, како кога го пијам сама. Кога сум сама со кафето, му се препуштам целосно на неговиот мирис и вкус, а мислите ги шетам на разни дестинации. Особено совршено е кафето кога е испиено во природа, никој нема со тебе, освен звуците на птиците и некои други звуци кои доаѓаат од природата и уште повеќе размислуваш за она што ти било товар и мечтаеш за поубава и посреќна иднина.
А знаат како е они кога ќе видиш полиција да не се осеќаш сигурен, туку баш напротив? Или пак не дај Боже Алфаши? Ако толку им смета тоа што им е во опис на работната позиција, нека си дадат отказ - а ако толку ги заболе тоа што народот го мисли за нив ( оти видел и осетил ) , тогаш нека си поработат на работната етика и имиџот, па и на личиот морал. Не се сите исти, али грото се се тоа што опишал дотичниот у првата реченица. И ако му смета, нека иде на истиве да им збори како ја брукаат професијата, ако му држи секако ...