Тука е веќе 5часот, а ја сум будна од 4, нормално кога легнав во 21ч... Дали дека планински плус морски воздух ама претерано ми се спие. Туку, спакував куферот и сега беше бетер од на доаѓање. Дека изнакупив работи, дека ептен до врв, седнав врз него, ги кажав сите молитви шо ги знам и го затворив. Ми текна дека заборавив чешелот и фенот да ги стаам ама ако па го отворив немаше веќе да се затвори, а и секако место немаше, па ги пикнав кај мама у куфер. Не носам ја многу работи, куферот ми е мал. Сеа за некој саат напуштаме хотел и искрено некако се зажелев за дома ама и одморов беше 5ка, наполнив батерии, се освежив и се одморив. Сеа месецов иам многу работи, реновирање на собата, секако цел стан ама за тоа моите си мислат, ја за собата само, па на крај од месец роденден ми е, па шопинг треба за школо, неам облека, сериозно сеа неам, не е ова типична женска фраза туку од xl паднав на xs/s и стварно неам шо да носам, мама дома нагалено ми вика да ме дувнеле ќе сум паднела. И така дечки спремна сум за нови походи сеа, добро ми дојде одморов.
Не знам како може да се оформи мислење за некого од рекла казала. Никогаш не сфатив. Секоj за секого миже се да мисли. И нормално е дека не можеме на секого да му се допаднеме. Во споjлер комплетната дешавка Спојлер: Дешавка Имам роднини во Joрдан. Македонка мажена за Арап. Сестра и на оваа тетка ми е мене. Толку и го има направено филмот дека ние не чиниме.Демек ние сакаме во Joрдан да идеме на одмор, и тоа на два месеци. 25 години се таму, досега ниту еднаш не сме спомнале за да одиме. Немаме ни намера искрено. Раскажува за нас(мене, маjка ми и сестра ми) како коj да знае какви сме. На времето баба ми ептен даваше се за нив. Што се вика тие и беа побитни од нас.Доjдени се деновиве во Македониja, нигде ги нема да се jават. Ама како поминува време се повеке сеедно ми станува.
Се мачам со вишок килограми, може да се каже цел живот. Сега кога прочитав дека @Dream-Girl успеала да ослабе, сѐ прашувам дали и јас некогаш ќе го постигнам тој успех! Браво девојко ти се воодушевувам ☺
На денешен ден очи во очи дојдов со смртта. И побегнав. Се спасив. Фала му на Бог што ме остави да му се радувам на животот.
Колку човек ниско паѓа... Колку лоша глума околку мене. Дали мислите дека сум слепа? Некој од горе ве гледа, а јас се правам дека мижам. Голем е Господ!
Ништо не оди по план. Затоа ништо не треба да се планира. Животот ни минува планирајќи, а не се остварува ни пола од планираното. И после ми се чудат зошто живеам од денес за утре!? Затоа што, што би рекол Џамбазов, утре никогаш не доаѓа. Се будиш и пак е денес. А ние многу работи оставаме за утре. Затоа не ни се случуваат.
И не навлегувам во тврдења дали постои судбина или не, карма или не, но нека трепка ова тука, зошто е комплетно точно. Некогаш некои луѓе ќе дојдат и ќе не сјебат за цел живот, ќе не направат воени инвалиди неспособни за љубов и ќе заминат....
Мажи, се додека добрите девојки ги третирате како к**ви, а к**вите како принцези, ќе бидите сами. И несреќни.
Сега конечно го сфатив тоа дека ништо не е вистина и ништо не е лага. Луѓето се такви какви што се, тие си имаат своја реалност, своја вистина и не е твое ниту да ги уверуваш ниту разубедуваш дека тоа твоето е вистина не нивното. Животот не е тоа што се случува туку како ние гледаме на тоа што се случува сега го сфаќам потполно ова. Може касно сфатив ама битно сфатив. Човек учи дур е жив, нели?
Животе,судбино што и да си,да те прашам нешто може?! Всушност,не едно,туку 10001 прашање имам за тебе,ама цело време сум е*ана странка,не добивам никакви одговори,само ми се враќаат 1001 ете затоа
Кога го спомнувам моето мрачно минато, веројатно за овој период од животот зборувам. Спојлер: Read at your own risk
Баба ми е најголмиот savage што може да постои....Баш и е гајле за мислењето на другите...Баш и е гајле што мисли Трајко и Рајко за неа. Покрај тоа што може да те изнасмее, исто толку може и да те закопа од срам во јавност. Бевме во продавница. Таа бара нешто а јас одам по неа. Покрај нас помина некое дете...Ни се насмевна, си зеде сок од фрижидер, си зеде некое чоколатце и со трчање се упати кон вратат за да бега. Ни плати, ни ништо. Баба ми го примети и почна да се дере: - Детее? Ало бе детее? Кај бегаш?? Вака од дома те воспитале?... (им се обраќа на луѓето и продавачките)... Ејјј си зеде детето сок и избега...Не плати...Запрете го... Сите не гледаат ко од Марс да сме дошле, и само една продавачка вика: - Во ред е госпоѓо, детето е од газдите...Во ред е И наместо да поќути, баба ми пак се дере: - Па добро мајку му стара, како се прикрадува ко арамија вака? Човек да помисли го ограбува дуќанот...Аиии луѓево веќе... Јас и викам да ќути, а таа на цел глас: - Што да ќутам Џоли? Ме изнервираа...Сакав само да им помогнам... После поминуваме покрај друга продавница и ми вика чекај само да влезам и да видам дали ми донеле тоа што барав...Велегуваме внатре, продавачката си седнала со кошивките и кафе си тераат, па баба ми одма да не остане без забелешка: - Оооо дами и господа, добар ден...Нека е честит Илинден....Да не ве прекинуваме во нешто? За ова ве плаќаат? Бабо биди здрава и жива, ама отсега со тебе никаде во јавност
Додека го носам презимето на татко ми ниеден друг маж не може да ми наредува. Може ако имате постар брат Јас и наредувам на сестра ми,понекогаш и она мене и на крај никако да ја наредиме А затоа има некој откако ќе се омажат го задржуваат презимето на таткото, да не им наредуваат мажите А што кога ќе се омажите демек може да ви наредуваат. Робови сте? Слуги сте? Ако сакаат да наредуваат има персонал за да наредуваат. Ова беше да се извадам да не ме затепате Одам да ја зафркавам сестра ми со мажачки,презимиња, утре чекај те ме во темата Вашата шминка преку слика
Дека постојано размислувам за тоа да ме снема.Што и да фатам се расипува со кого и да се доближам го повредувам.Секогаш мислам добро правам лошо.Секогаш сакам добро добивам лошо.Моментот кога ќе помислам дека сум слободна и се чувствувам како птица е моментот кога сум затвореник во сопствениот дом.Околу мене лажни насмевки и лажни дволични лица.Секое од нив те прашува како си што има ново,а што ќе има ново кога уште еден ден измина во гледање серии.Животот не е фер,луѓето не се фер,ништо од ова не е!