не умираш кога ќе те повикаат од горе да си одиш од каде што си дошол. умираш кога ќе се откажиш, умираш кога ќе крениш бело знаменце и ги отвориш рацете да те прегрни поразот и безнадежноста. најстрашно умирање не е во болки и страдање, туку кога ќе останиш без надеж. скрши му ја надежта на еден човек - и не го убивај - тој е веќе мртов. затоа, златен, ќе ти кажам само едно проклето нешто што овие денови го сваќаш - и кога ме прегази и кога проба да ме уништиш, го предизвика најлошиот непријател кој некогаш си го сретнал. оној кој убива надеж. ќе дојди ден и твојата надеж ќе умри, многу бавно, многу болно и многу полека...ќе знаеш дека е од мене. затоа што нема човек на оваа планета кој може да рече - и направив зло и - не ми направи ништо. дојде денот за ти да плаќаш за сите мои солзи и страдање. затоа што сите ги исплакав и страдав надвор од моите граници на праг на трпење болка. затоа ти се плашиш од мене, затоа бегаш...бидејќи не знаеш што можеш да очекуваш од човек кој сам пак си ја створил надежта - кога еднаш ти му ја уништи.
Некогаш е подобро некого да го одминеш без збор одколку да го поздравиш и да ти го уништи денот само со отворање на устата без да каже збор. Подобро имај ги некој пријатели во непријатели оти незнаеш од кој ближен ќе добиеш нож во грб.
Ме нервираат луѓе кои и на 40години сеуште се зависни од родителите,сеуште пари им даваат,добро бе чукнете си ја малку лејката празна,родителите нема да бидат вечни тогаш што ке правите,неможе некој вас вечно да ве издржава,дај бидете свои луѓе со свое мислење,бескичмењаци едни,брука сте за општеството,паразити.
Сакам да кажам, што ми требаше да ја отворам темата Фемина Инстаграм додека грицкам едно лиснато со јогурт...луѓееее, па па па, пржени пиперки,сиренце,макарони со преливи, замрзнат јогурт од калинки...оф, ооооф.
Во врска со претходната тема што ја заклучи Даст имам да кажам дека жената не е роб да се иживува некој врз неа, никој ништо не мора преку сила, на никој за ништо не му е време тоа си доаѓа само по себе. И никој не се родил на улица сите сме воспитани убаво околината знае да те расипе здраво. И да, се е претерено ако е испод граница. И тоа живејте до максимум без проблеми.
Е баш сакам ова да кажам... Па нека си трепка тука,да ме потсетува на миговите кога сум се гушела од болка....
Денес од што беше толку топло ми се учини дека од климата наместо ладно ми дува топол воздух. Добро е, преживеавме пеколен ден. Уште 2 дена и искачаме од пеколот. Summer 2017 Ајде да се организираме и гледаме Манчестер - Реал во некој скопски кафич. Come on феминки, ајде да договориме локација, да дојдеме таму и да немаме појма кој е од фемина, а кој онака дошол. Треба вакви работи да се прават. Скапавте зад монитор и тастатура, ајде дружба во живо.
Не знам зошто го сонував бившиот. И тоа баш пријателски муабети и со него и со жена му, а инаку очи не сакам да им видам. Мора да е некој знак. Утре сум на свадба. Па ми текна дека има големи шанси да бидат и тие. Само да не сме на иста маса. Зарем и такво нешто може да ме снајде? Се надевам нема...
Сакам да кажам дека никогаш не е доцна да се откажеме од мажите кои не не почитуваат, од пријателите кои тоа не се, од браковите и врските кои се само мртва буква на празен лист, од омразата на која не и припаѓаме реално, од половичните и не вредни љубови... Никогаш не е касно да се почестиме за својата неопислива храброст, волја, за продолжувањето на борбата и покрај се, за заборавањето на животот по лиија на помал отпор, но и за навременото отфрлање на луѓето кои не не подржале во се ова. Зошто може да се откажеме од се и од секој што не дише во ист ритам со нас, но никогаш , никогаш не смееме да се откажеме од нас самите и од нашите соништа. За никој и за ништо на светот!!!!
Секогаш се си доага на своето месро. Порано или подоцна. Колку и да сака некоj да сокрие нешто, кога тогаш ке се дознае. А денес денот не можеше да заврши подобро, може да си легнам мирно и срекно.
За чудо за првпат после толку долго време се чувствувам некако чудно и со поинаква енергија.После цел месец мислам дека работите ќе бидат добри.Имам некоја надеж и предчувство дека ќе се случи нешто добро... Дека неделата која доаѓа ќе биде незаборавна?Или само сум среќна што си обезбедив карта за концертот на Саша? Не верувам дека постои по променлива личност од мене за рок од 5минути три пати го менам расположението.За рок од 5 минути можам и да плакам и да се смеам.Се менам на 360° но и на 180° и на 360° јас сум она девојче кое е оптимист и постојано живее со надеж и се бори за подобар живот. Има уште многу работи кои сакам да ги кажам бидејќи секогаш сум недокажана но она во моментот што сега сакам да го кажам е дека овој форум е местото кое ми дава мир и спокој.Бескрајна благодарност на моите виртуелни пријателчиња кои повторно ми ја врарија надежта во животот.
Иде по сите можни размени по странство, на сите можни групни патувања и размени од факс, со сите можни чекирања на ФБ и Инста, каде јадел, каде пиел, каде чиел, па коментари, па лајкови, па па пааа...Секој ден, нова локација... * Шернува пост како денешнава младина наместо да си го живее животот, цел ден дреме на ,, социјалистичким мрежама ,, , и љубомори на овие кои си го живеат животот,( алудира на себе си, наравно ), и затоа е депресивна ... Како чаре нуди и овие да се снајдат, па да си шетаат по светот и они како него... Еве на пример, он се снашол така што се родил богат... Кај и да е , и ќе магистрира и на катедрата за продавање на муда за бубрези!