Велат дека за човек да биде среќен потребно е многу малку... И да,некој успева да пронајде уживање и среќа во малите нешта,некој се стреми кон исполнување на повисоки цели,а некој не умее да биде успешен ни во едното ни во другото. Јас таквите луѓе ги викам вечни талкачи или себе-осуденици.
Судијата кога суди го слуша и обвинетиот што ќе каже. Така треба и ние пред да осудиме некого треба да го сослушаме убаво.
Победник не е оној кој победил туку оној кој изгубил не откажувајќи се од победата која еден ден ќе ја добие. Победник е тој што се надева, тој што е упорен.
Welcome to robotic future. Светот иде во пм (пизду матер), а ние тука се караме за глупости. Замислете да имате роботски партнер хаха. Ќе биде лудница за 10-20 години. Живееме in the best time in human history.
Уживам во тишината посебно многу добро ми влијае кога пијам кафе а во главата ми се ројат мислиза тоа што и како понатаму. Понекогаш потребно е човек да застане, да земе здив, да остане сам со своите мисли и желби за да се преиспита во која насока се движи животот и кој е следниот чекор што треба да се превземе, како да се справи со предизвикот кој што го чека. Исплашена сум, не дека не сум дури се сомневам во своето знаење и тоа се е резултат на односот од страна на некои луѓе, но верувам штом се најдам таму ќе ми се обвноват на еден магичен начин мозочните ќелии, ќе ги впијам информациите како сунѓерче и со Господова волја и помош ќе стигнам до патот на успехот. Ниту една прилика и можност за стекнување на ново искуство не треба да се пропушти. Се надевам ќе стекнам ново и поубаво искуство од она претходно, се надевам се да биде како што треба и работите ќе се средат во најдобар ред.
Вујко ми и вујна ми по цел ден се зафатени со работа. Имаат мали деца, им посветуваат внимание но сепак мислам работата им е главна преокупација. Си седевме сами пред некој ден со братучетка ми (нивната ќерка). Извади сликовници и ми покажуваше како знаела да чита. Буква по буква составуваше реченици, а јас ја пофалував, и правев пуканки, ја гушкав, гледавме филмови...Се обидував да и биде интересно, а таа ме праша: - Зошто и мама не си игра вака со мене? И објаснував дека мора да работи, дека сите мајки работат, па кога ќе земе пари ќе и купува најубави играчки...Ништо не рече, ама како да не беше задоволна од одговорот. Дојде мајка и од работа, нормално изморена. Седна малку, а братучетка ми одма појде со сликовниците до неа, па почна да ја прашува како се читаат некои зборови...Истите зборови претходно мене сама ми ги читаше...Значи ги знаеше. Мајка и и кажа малку, но одма замина да се тушира. Останавме сами со братучетка ми, па ја прашав зошто ја прашува мајка и за читање кога таа веќе ги знае буквите. Ми врати дека сакала повеќе со мајка и да зборува, да ја слуша како и објаснува, па секогаш ја лажела дека не ги знае буквите...секогаш лажела дека ја боли мешето за да ја гушка...секогаш лажела дека не знае каде и се патиките за заедно да ги бараат... Останав подзината. Не чувствува доволно внимание од нејзините, па измислува такви работи...а толку е мала... И кажав на мајка и и таа се зачуди....се надевам ќе променат нешто во иднина...Ако ништо повеќе, барем нека ја гушка почесто, нека осети љубов... Треба да се работи, но барем додека се мали дечињата нека бидат приоритет.
Neka im kazhe, zatoa sto ako zaradi nekoi psihopati sto uspeale da vlezat vo policija ne treba i tie sto vredat da se plukaat
Имав преголем стрес,стрес кој ми ги здрма сите нерви на мозокот,ама барем останав жив. Животот ме мавна од земја,ме врати назад многу години,години на патење и психичка нарушеност,замор,страв,паника.Никогаш незнаеме каде може животот да не однесе. Отидов среќен на одмор,се вратив друг човек,човек кој ни јас самиот не го познавам :/
Кога сум со нозете на земја и главата на рамена, се појавуваат само најголемите гниди и паразити од луѓе. Ама задоволството да им кажеш три пати не како на ѓаволот е прекрасна работа. Едната одлучила дека јас ќе и бидам најголема поддршка за излегување од кризата во која е, а не тие со кои шета и се пијанчи. Тие биле за така, јас сум и била душата. Да де...а мене претходно ахахахаха ај бе па ти не се жали, може нема ни да преживееш...демек шала... Другата и текнало без да ме праша дали сакам и можам, она и јас и дм заедно на одмор. Надвор од паметот... а ја нема со месеци. Ни праша дали воопшто ќе одиме и каде сме планирале ако одиме. Она дојде со готов план. Третата бара муфте покрај мене од на мене драги луѓе и тоа бесрамно се наметнува и она е таа што уствари се прашува. Четвртите регулираат однос оговарајќи се и лажејќи се едни со други, а потоа се жалат какви се расипани луѓето. Пазете кој прв ве бара кога почнувате да живнувате. Не секогаш, ама почесто...едни та исти се кои сакаат да ве гурнат длабоко назад. Кого ли јас сум примала во животов... Олеснувачки е кога ќе кажеш - НЕ! И лути на твојата "лошотија"...
Помеѓу останатите вечни мистерии, секогаш ќе ми се издвојува оваа: Life is like a box of chocolates, you never know what you're gonna get. Obviously, you're gonna get chocolate. Што може да има внатре, бомба, jack-in-the-box, гулаб? Дури најчесто и на амбалажата има слика од што те чека внатре, а и листа на состојки. Ако се прашувам јас, life in nothing like a box of chocolates.
Колку да се навредам многу или малку повеќе??? Јас во триесетите а другарка ми ми пишува да ми местела некој од друг град за муабет и тотално некој што не е мој тип????? Дека јас нели сама и неспособна??? Каков одговор да и плеснам само???
Се сеќавам кога бев мала обожавав да ја перам колата на татко ми. Ќе се соберевме фамилијарно во викендица и јас прва ќе се фатев за цревото, ќе се направев лом, ќе викаше мајками по мене дека ќе настинам ама сепак се бунтував сакав да ја перам колата и точка. Се сеќавам уште кога бев помала и имавме лада кола која имаше радио на касети и ги викав другарчињата да слушаме музика во кола, кои времиња беа тоа. Ми недостигаат таквите работи. Веќе некое време ми се играат друшствени игри како карти, монопол и не лути се човече. Едноставно се соживеав едно време со овие работи, па се чудев дали имам 12 години или 27год. Гледам дека моите ги надминаа 50тите, а јас сеуште седам немажена. Уживам во животот ама би сакала да ги видам мајками и татко ми како баба и дедо. Се надевам ќе им се исполни желбата, еден ден, некогаш...
Чувствувам многу убави вибрации, некој чуден прилив на мир и спокој во душа... И одненадеж не навјасуваат такви мисли кои директно ми врескаат да си ја спуштам вибрацијата на нешто пониско од она што се нарекува оптимизам и убавиње. Ми врескаат и ме плашат. Обично, луѓето велат дека сум слатка, комуникативна личност желна за учење и споделување моменти со пријатели. Личност која речиси во секој момент се труди да сее позитива. А колку малку луѓе вистински продреле во мојата душа. Не дека лошо ме перцепираат, јас вистина се обидувам постојано да си ја кревам вибрацијата на што подобро и да ги правам луѓето весели. А со тоа и сама себе. Би рекла дека сакам да ги правам луѓето среќни, ама сфатив дека среќата е поим што можам да го чувствувам само на моменти, но никако подолг период. Мојот ум е толку подол што во секој убав момент ме потсетува дека јас всушност и покрај се плачам во себе. Плачам за себе, плачам за мојата фамилија, плачам за моите пријатели. Плачам и за луѓето кои секојдневно ги сретнувам во ЈСП а со кои никогаш си немам разменето ниту збор. Плачам и за сите просјаци кои живеат на работ на бездната. Плачам и за сите Роми кои се бањаат на среде плоштад. Плачам и за сите политичари, за сите украдени пари и за сето нанесено зло врз граѓанството. Ама јас, јас плачам во себе. Плачам тивко, пополека, плачам без солзи. Плачам небаре во себе имам некоја бездна која непресушно ги собира моите молчаливи солзи. И луѓето кои се способни да ја забележат таа бездна која ги собира моите солзи исклучително ми значат. Не поради тоа што препознале нешто подлабоко во мене, туку поради веројатноста дека и тие луѓе плачат во себе.