Не можам да опишам колку многу ми е гајле за суперкупот. И за пивофестот. Апсолутно за ништо не ми е гајле што се дешава у градов.
Со другарка ми бевме во шопинг. Влеговме во Васидора и јас си зедов едно фустанче да го покажам на другарка ми и продавачката ми се извиси буквално над глава, само што го зедов веднаш ми го зема од раце. Си излегов. Влегуваме во Космо да купиме шминки таму се расфрлано,не средено да ти е гроз да фатиш. Не се работи и нуди така. Не бевме нешто посебно облечени како што знаеме да се дотераме за до град, на овие 40степени и шминка да трпам нема шанси. Не го потценувајте човек по облеката и изгледот да не се зафркнете. Секој може да им удри анти-реклама.
Во глава ми се врти мислата: немам време за туѓи драми, уживам и живеам во својата љубовна бајка. Знам, звучи многу злобно но има голема вистина. Далеку од тоа дека сум се претворила со себична и бесчувствителна, сочувствувам со секој дури и со болката на странец но не ме тангира изведување на лажни драми и преправањапосебно не некакви наводни болни лажни раскинување и не на оние кои некогаш биле причина за крај на моја врска, за моја тага. Откако повторно си ја пронајдов прекрасната лчичност покрај мене сфатив колку е побитно да го почекаш она што го заслужуваш па макар тагувал и бил сам наспрема да се задоволуваш со трошки љубов, лажни пријателства. Покрај него созреав, осознав што значи да сакаш и да бидеш сакан, што значи да имаш доверба без да те јаде црвот на сомнежот дали и тој ќе ја плесне твојата најдобра другарка ! Во неговите очи не постои ниту една друга освен јас и тоа е прекрасно.Сите негови соништа се поврзани со мене, ме опсипува со бакнежи, прегратки, комплименти, ми испраќа пораки за добро утро и за добра ноќми дозволува да спијам покрај него па макат и да не падне сексдоволно е да сум до него да го гушкам и бакнувам, да муабетиме, да пиеме кафе и јадеме колачи и чоколади. Конечно еден и мене да ме разувери дека не биле сите исти сега се уверив и сфатив дека има личности кои ќе те почитуваат, сакаат и ќе ја увидат твојата вредност и нема да те повредат и остават со скршено срце. После се заслужена ни е оваа среќа и љубов на двајцата. Нашата приказна продолжува онаму каде што застанавме само овојпат помудри, созреани и спремни да ја зачуваме нашата љубов и среќа од секого, спремни да се избориме за нашите соништа и планови и да си го оддржиме зборот што одамна си го ветивме еден на друг и да се реализира се како што посакуваме..
Пред мене е исправена нова работна седмица и провлекување на стари обврски во добро познат тим на соработници. Чист и искрен поглед во очи проследен со срдечна насмевка за нетрпеливо добре дојде меѓу две интровертни души на едно заедничко биро. Сплотени во прегратката на професионализмот нашата доверба и блискост ја дефиниравме со паролата "лице за контакт". Предност е што сме тука една за друга. Заедно сме се што не можеме да направиме индивидуално. Слични по карактер, тивки во разговорите и поврзани во работата. Јас и таа во меѓусебно надополнување за успешно надминување на препреките. Мојата драга колешка и пријателка... Среќна сум што имам до себе личност како тебе.
Се поткарав со мајка ми. Утре и е роденден, а јас две недели претходно имав некакви идеи и очекувања за тоа како да го прославиме. Мојот план беше да го направиме по традиционален принцип во домашна атмосфера со кифлички, руска салата, скара и благо, но ништо од тоа. А зошто? Поради парите секако, кои месецов се потрошија буквално на ситнурии, додека фрижидерот и понатаму е празен. Исто имав план и подарок да купам, но и тоа отпадна. Понекогаш се прашувам за што ми вреди животов кога живеам од денес за утре, и не сум во можност ниту родендените на најблиските да ги прославам.
Позната сум по тоа што сакам црна боја и други темни бои и се до сега не сум обрнувала внимание на забелешките од моите колешки зошто толку многу носам црно бидејќи тие сепак знаат дека така изгледам доста елегантно, а и по малку мистериозно. Но овојпат не беше така случајот ... Имено, денес бев на шопинг и додека излегував од еден бутик случајно на улица се сретнав со една ,,другарка,, од факултет која откако лажно се направи љубезна со мене и ме поздрави, ме одмери од глава до петици и притоа подбивно ми прокоментира дека скоро секогаш носам црна облека или други темни бои и почна да ми се смее. Е во тој момент ми дојде преку глава од нејзиното однесување и со мртов сериозен израз на лицето ја погледнав длабоко во очи и цитирајќи ја Morticia Addams и реков: ,, Носам црна боја за да те потсетам да не се плеткаш со мене, бидејќи веќе сум облечена за твојот погреб ,, И ,,другаркава ,, за помалку од една секунда се сврте и брзо ме одмина бегајќи без повторно да погледне назад кон мене а јас воопшто не се ни почувствував лошо што така и реков и со мирна глава си продолжив со шопингот ... P.S. ,, I wear all black to remind you not to mess with me, because I'm already dressed for your funeral ,, - Morticia Addams quote.
Pure love - личноста што ја сакаме сме спремни да ја чекаме дури и цел живот, а за некои сме нетрпеливи и пет минути да ги почекаме. Воопшто не си го губете времето на вторите личности. Добра ноќ
Се радувам шо мојот омразен клуп реал мадрид освои Лига на Шампионите и дојде во Скопје, да не ми биди криво шо не можам да ги гледам на стадион.
Зошто некои личности ми се вракаат во животов откако сум ги заборавила? Некои работи треба да останат таму кафе што се, во минатото. Туку повторно доjде момент за промени, позитивни нормално.
како бе вака ги тераат работнициве да работат на овие горештини па немаат ли жал и усул за луѓево кај работат за никакви плати па уште и вака ги експлоатираат жалосно стварно
Изгледот и те како знае да биде пречка во остварување на цели во животот.. Да не се лажеме реалноста е таа. А за жал не можеме да сме сите високи и слаби....
Што е работава со луѓево што те судат зошто не ги сакаш Ријана Бијонсе Кање Анџелина Џоли Кајли Џенер Ким и сл. на нив ми викаат ауу Нина Добрев и Тов Ло кој ги знае реално бе се ни фаци ни ништо 1 бич за мене не се ништо туку све 2 ги сакам зошто не се мега фаци 3 не сите имаме иста слика за "идол" убавина и талент. ако тебе те привлекуба бијонсе или си заљубена во нејзиниот глас и песни воопшто не значи дека и јас ја сметам за убава или талентирана (според мене не е ) како и да е ова го пишав зошто ми пиша познаничка во америка што е сеа на работа и и викам ако ја видиш Добрев барај слика и автограм и она ауу извини ама не ја скоро и да не ја знам таа и не ми е некоја фацка да се сликам со неа ... ок гуурл сликај се со бејонсе ондак ако некад и пристапиш во радиус од 1000 км
Но, немој да мислиш дека на слабите и високите им се отворени сите врати, а патот кон успехот послан со рози. Во многу сегменти од животот физичкиот изглед не игра баш никаква улога. За волја на вистината, во многу малку навистина важни сегменти од животот, физичкиот изглед е предуслов за некаква си среќа. Одразот на виткото тело во огледалото дава моментално чувство на задоволство и ништо повеќе... Сами си ги ствараме бариерите за успех, се друго е само изговор.