Секое уклучување на фемина- гледам по некоја тема заклучена...па ќе останат гледам, што јадам во моментов и што носам моментално како единствени теми за пишување.
Ми се допаѓа овој ден. Го видов него , ме праша:" Лајтнииинг, го научи ли текстот?", а јас му вратив:" Не, не сум го научила". Не може тој така да ми збори кога ќе му текне бе.. Ама ајде, демек ми е гајле ( да, гајле ми е). ПОсле школо, мислев дека ќе дојде и тој на пробите, но тој е кај другата наставничка, па за жал (или за среќа) не дојде овде... Ај, не` искритикуваа наставниците малку за искажувањето на емоциите, но се` е во ред. Бившиот *тој* беше таму. И ми беше малку глупо кога *требаше* заедно да си одиме накај дома. За среќа, тој замина некаде (баш се прашувам каде ли отиде ) Како и да е, заедно со старата* другарка ги поминавме улиците неколку пати и се пораскажавме. Ми фалеа овие времиња кога можам да се искажам за што било на една единствена личност, личноста на која и` верувам повеќе дури и од сопствената сестра. Сега ме чека долг ден, новиот дневник ме чека, книгата по Историја исто така, цртежите по Ликовно, задачите по Математика, тушот, ручекот (заборавив да јадам денес од возбуда ).. Колку и да имам работа, сепак не можам да заборавам на оние зборови:" Често сакам да ги прочитам старите дневници и да се потсетам наа тие моменти". Тој ме замисли дури и премногу. Многу од важните моменти јас не ги памтам. Ги памтам само чувствата кои ги видело моето срце тие денови.. Но, чувствата засекогаш ќе бидат исти, а моментите? Тие се менуваат. Не се сеќавам на дејствијата од претходната година, ниту порано од тоа.. Ми фалат некои моменти.. Јауу, минато мое, не знам дали да те барам назад, дали да се потсетувам на тие случки, или пак, да заборавам на се` и да поминам низ нова фаза во животот. Најверојатно и двете ги посакувам. Мозокот ми вели:" Избегај од минатото, ќе ти наштети, ќе ти се скрши срцето повторно.. А срцето ми вели:" Не заборавај дека минатот беше она поради кое се смени, минатото беше она кое те зајакна. Ти се смени себеси за да не ги чувствуваш истите нешта кои ги почувствува тогаш кога се раздели од светот во кој живееше. Сега е различно. Дали сега би останала сама и покрај тоа што околу тебе има куп луѓе кои те сакаат? Дали би го повторила она што се случи? Немој да бидеш толку патетична. Се` се случува со причина. И со причина ти и твоето минато се пресретнувата речиси секој ден. Уживај во сегашноста, не грижи се за иднината, минатото ќе биде овде, но нема да ти наштети. Верувај во мене, верувај во своето срце, верувај во себеси".
Не е фер животот... Кога и да се понадеваш на нешто, така фино ќе ти залепи шлаканица за да сфатиш дека не требало така да биди... Се што е убаво кратко трае? Дури и прекратко можеби...
СДК ме изнервира личноста на која највеќе и верував, секогаш велев да бидеме искрени но не пред цело школо да ме зафркаваш бре човек. -За другарката што ме исмеваше за се: Ми беше другарка уште од градинка. Дојде кога бевме последна/најголема група, таа беше многу повлечено и срамежливо девојче всушност, се срамеше од секој и на ништо не се противеше. Но ете некако се зближи со мене. Имавме посебно другарство, таа не зборуваше многу но сепак се разбиравме. Во прво одделение се зачудив кога видов дека и таа ќе учи во исто одделение со мене. И од тогаш наваму бевме неразделливи другарки. Се` се смени од септември 2013, од тогаш таа почна да се однесува најсебично и само на неа си мисли, но ајде јас со мојата глупавост си сметав дека е резултат на разгаленоста бидејки е едниствено дете, има и тетка во Америка и сите желби и се исполнуваат. Но очигледно е дека си мисли дека таа е оската на светот и се` се врти околу неа. Уште од порано таа ги исмева сите, таа има дарба/талент за цртање и стварно знае перфектно да го направи тоа, па така да кога и да цртам јас или некој друг, она се смее дури вели дека и се повраќа од нашите цртежи дека полошо нешто нема видено. (Па ако она знае да црта подобро од другите незначи дека треба да им се потсмева). Исто така и за пеење и за изглед. Кога и да почне некој од нас да пее на омилена песна таа си ги затвара ушите и писка, демек оглувува од нашиот глас. Или за изглед, всушност уште од мала таа секогаш беше подебелка и никој ништо нема забележано па ни јас (Незнам како неам забележано иако бевме по 24 часа заедно, но никогаш ја немаме гледано со тие очи ). Сега таа се смее на сите, прееска раскажував лекција по историја и велам: „Империјата почнала да слабее...“ И таа довикува „А ти да ослабнеше?“ и тоа пред цело одд. на час. Потоа таа го бутна телефонот на една школска и се разглоби (нели батеријата), а јас си стоев и доваѓа накај мене ме бута најсилно што може и паѓам во столовите, си ја изгребав раката и ја гледам со фаца: Што? И таа: „Оди намести го телефонов јас неможам да се замарам“. И и` велам: „А зошто ме бутна?“ и замислете одговор: „Па кејф ми е“. Некогаш си мислам дали и фали нешто . Ајде некако поминав цел ден со крвава изгребана рака и на крајот од часовите одам во ВЦ и доваѓа таа по мене и ми бута вратата. Искачам и ја прашувам повторно „Зошто“ и повторно истиот одговор: „Убаво ми е, Кејф ми е“. Некогаш стварно не ја разбирам. И секогаш во друштвото таа секогаш се лути се не и е убаво, се случува и без причина да се налути... -Ама не и се замарам бе, таа ако постапува со мене идиотски, јас само ќе ја игнорирам. Таа нека се грижи бе... СДК2: Од утре сум на диета ама не на некои глупи диети како сега од кои изгубиш 2 кг, а вратиш 6. Од утре сум на диета: Многу вода, нема да јадам после 17ч. , ќе почнам да го возам велосипедот и ќе пешачам повеќе. Најлесна а најефикасна диета. И немојте да мислите дека сум на диета поради другаркава, на диетава ќе бидам поради мене бидејки сметам дека 74 кг. веќе се претерани. Не сакам млада да си имам проблеми со шеќери,притисок... Спојлер Не мора да ме читате, може само да ме прерипнете, сепак јас си ја олеснав душава си кажав се што си чував и збирав во мене. И сега стварно ми е полесно
СДК Никогаш нема да разберам зошто од овој свет најрано си одат добрите личности!? Зошто е толку суров животов? Спојлер Никогаш нема да ве заборавам,мила наставничке .Бидете и вие беспрекорен ангел.
..Колку се нервирам кога некои (па можам слободно да речам повеќето) го ценат човекот според тоа каков мобилен, каква куќа или автомобил има. Зошто е тоа толку битно ? Не можат да разберат дека тоа е последното нешто според кое можат човекот да го проценат ? До пред некое време, да кажам имав „раскантан“ мобилен што не беше на допир, морав да се шегувам на моја сметка за да не испадне нешто друго. Секогаш кога ќе требаше да видам колку е часот или да се јавам на мајка ми, викав „Хаха, еве го мојот IPhone 5-ка“, иако воопшто не ми беше до смеење. Зарем не е побитно да имаш човек со кој ќе можеш да направиш асален разговор, а не да бидеш со него само затоа што во дворот има паркирано Audi x4, има палата и најмодерен мобилен ?! Ми оди да вриснам најмногу што можам и сите такви луѓе исчезнат!
СДК зошто децава плачат за iPhone? Уште па статуси: Лелеелеле нема да го имам,ОМГ не ми купија не знам што хахах
Повеќе не го трошам моето скапоцено време со луѓе коишто не се вклучени во мојот развој ,мојата судбина е премногу важна за да губам време со безвредни луѓе.
Малку забега од тоа што јас кажав. Тие ме навредуваат мене и ме нарекуваат настрана па тие се оние паметните? Вака испаѓа тоа. Кој каква сака музика нека слуша, не е мој проблем. Ама дај барем да не ги делат луѓето според тоа. Можеби вие не сте било во ваква ситуација и немате поим колку е само непријатно тоа да им биде впечатокот за тебе. Навредливо е, а јас не можам да трпам навреди. Сфаќам што сакаш да кажеш и се согласувам со тебе, ама она што јас кажав е сосем поинакво. И ајде не сакам да започнувам дискусија која може да настане до карање, затоа крај. И не ме редактирајте после ова ве молам.
Во еден момент мислам дека ќе пукнам, малку од бес, малку од тага. Во друг пак, мислам дека ќе пукнам од радост. Пред околу еден час бев на работ да експлодирам. Невозможно колку може да ме релаксира кошарката. Абе кажете што сакате, но за мене е најубав спорт. Каква бе одбојка, какви врагови? Колку сака нека е женски спорт, мене не ми оди и тоа е тоа. Во последно време желбите ми се исполнуваат. Ако се соберат деца, во јули ќе одам на кампот(од кошарката). Не ми се верува дека мајка ми се согласи. Еј, невозможно!
Се` е поубаво кога дома чуваш милениче или одгледуваш некое растение. Едно рипче да земеш, едно цветче да засадиш, одма поинаку е. Ти ја разбива монотонијата на секојдневието, истовремено добиваш и хоби и пријатна обврска која ти е мерак да ја исполнуваш и во која уживаш. Те смирува, правејќи да се тргнеш за момент од секојдневните стресови. Сончогледиве на тераса со ништо не би ги заменила, таква позитивна енергија даваат, мераци. Tуку, let's escape колекцииве на weheartit ми се guilty pleasure во последно време. Како сум почнала да се занесувам со такви сликички, чиниш озбилно некој луксузен одмор планирам. Таман пред некое време си го купив омилениот парфем со мирис на кокос, па постојано ме потсеќа на лето и ми го пренесува паметот на плажа. Ах, само еден ден во ваква куќичка покрај плажа, со сок од цедени портокали, некое лајт книжуле и чилаут со поглед накај море и зајдисонце во пастелни бои - и ништо потоа нема да ме мрзи. Да ве поздравам со едно идеално местенце.
Господ да те казни. Нешто како The Godfather класика на модерното време, соодветна псовка за шоферот . Останав со торбите в раце. Продолжен викенд, автобусот ми замина. Од неодамна покоен, во сеќавање ми се врти сликата, кога го најдов сред Декември во темница, облечен како Еским, нешто после ручек си седи на каучот. Штедеше на се, вклучувајќи ( исклучувајќи во случајов ) и светиклата. Кутриот, дури и за да побегне од болница чекаше до Вторник за да си дојде со бесплатниот автобус. Се тушираше со стоплена вода од импровизиран соларен систем ( читај шишиња на балкон ) и не веруваше во машина за перење алишта. Горд сопственик на ретко вклучен тв приемник. Баба ми расипикуќа, го земал далечинското кога одел на пат во случај да падне во искушение да го вклучи, будалеста жена. Тој беше дедо ми. Ах бе дедо да знаеш каков трошок се направи сега со смртта твоја, уште еднаш ќе си умреше од мака Дома после погребот, мајка ми решително го вклучи светлото во салонот со намера да го остави цела вечер. По некое време светилката прегоре. Си велам, последен поздрав од свекорот. Нека почива во мир.
Бум! Има цела ноќ да бидам будна, дури и ако ме прекапат очиве. Току не завршени работи ме чекаат, а најпрво треба и ноќното сијаличе да го најдам. Али, њама го. Сто посто ми е пред очи, а јас не го гледам.. Оохх, колкав период сум во минатот и никако да се вратам во сегашноста. Не ми е гајле ниту дали сум сам ана целиот кат, ниту дали утре ќе добијам прекор од некој, ниту дали ќе јадам утре.. Апсолутно за ништо не ми е гајле. Само минатото си го мислам. Слушам песни кои порано сум ги слушала, се потсетувам на сите прекрасни моменти. Ме обзена депресија, но и јас ја обземам неа. Кој ќе победи сеуште не се знае.. Може и да заспијам, па крајот на битката да се одложи.. Но не се давам толку лесно. Не сакам барем ноќва да сонувам. Подобро ќе пишувам во дневникот.. Да, тоа ми е најпривлечен избор вечерва. Мхм.. Затоа, ќе оставам се` зад мене, а компјутерот пред мене, и пишувањето може да почне...
Порано на фб сретнував само честитки за роденден , за разлика во последно време се почесто сретнувам честитки за бебенце за брак и тоа ме радува. Незнам дали така ми изгледа мене , но во последно време пак се зголемија стапувањата во брак и тоа ме радува , до неодамна никој се немаше омажено ама сега се почесто некој си стапнува на лудиот камен , толку ми е мерак кога видам некој се омажил. Ајде се надевам ке летне и кај мене понуда во следните месеци барем така имам предлувство дај боже да е така.Си го сакам многу и тој мене и заедно сме доста време , се познаваме и превише од доволно , имаме заедно живеено, делиме и лошо и зло така да тој е тој човек кој го сакам и во лошо и во добро. Според мене да знаеш дека тој е тој е да се замислиш со тој човек до крајот на својот живот , да се замислиш да бидеш мајка на неговите деца, да бидеш секогаш со него и во добро и во зло , да го сакаш и кога е нај лош и кога е нај добар, кога е добар да го сакаш кога е лош уште повеке , да му помагаш со сета сила секогаш кога ке му треба , да го разбереш секогаш , да не го осудуваш ако некогаш ненамерно те повреди , да ги прифатиш неговите добри и лоши страни.... Едноставно секогаш заедно и во Добро и во Зло. Иначе ЏУРЏЕВДАН ЈЕ А ЈА НИСАМ СО ОНОГ КОГА ВОЛИМ а за тоа виновна е Туѓината. ! Што да се прави тоа е , почни од Македдонија заврши до онаму до Африка се си земало свој дел. Некој нема да јаде , нека нема кај да спие , некој нема што да пие.....а НИЕ што сето тоа го имаме и некогаш пак се жалиме дека животот ни е лош ??? Не , не , со тоа саму му грешиме на Бога. Има многу полошо. Секој пат кога ке помислиме дека нешто е лошо мораме да се заблагодариме што сепак е тоа бидејки секогаш има многу полошо. Искрено немам ни многу ни малку имам доволно за скромен живот и тоа е тоа што ми е потребно , имам секој ден да јадам да пијам , имам каде да спијам , имам човек кој ме сака а и јас него , имам родители кои најмногу ги сакам и се мојата најголема помош и подршка во животот , здрава жива сум и што повеќе ? Кола немам , се надевам со тек на време ке имам , палата немам не ми е ни потребна бидејки ке се чувствувам осамена во неа , пари премногу нема , но имам доволно за да понекогаш макар и 10 денари дадам на некој бездомнник што ке го сретнам и тоа ми го исполнува срцето. За пријатели многу немам искрено да кажам а и не ми треба , колку повеке пријатели толку повеке проблеми , искрено секогаш само тоа сум добивала од нив , можеби поради мојата преголема добрина спрема нив , но ете така е , имам една две и доволни ми се . САКАМ ДА КАЖАМ ДЕКА во животот нај скапи се оние работи кои не се купуваат со пари. Парите во животот значат да купиш основни работи ....Но највредното се здравјето , среќата , љубовта , домот и семејството. Ајде доста е да не дрндам повеке кога ме нема ме нема ама кога ме има неможам да се изнакажам ( многу сум комуникативна ) доста е....Добра ноќ мили мои
Навистина било така,човек треба да ги следи своите соништа и да верува до крај инаку не се остваруваат
Значи нз κаκо да κажам добивам огρомна желба да иамам втоρо дете͵иаκо сеуште не сум одмоρена од Хρистијан ама гледам деκа му е и нему досадно бидејκи вρемево не дозволува да пρошетаме.Тотално не затвоρи дома и на детево му е досадно.Κе гρабнам утρе мм и моρа да се договоρиме дали сме спρемни за уште еден член во фамилија а и баш би било забавно да си иамаме уште едно сонце.Еве туκа си ја κажав желбата κоја веκе неκолκу дена ми се вρти низ глав и ниκаκо да κажам неκому.Ајт доста е позз до сите