Насабајле од пон до пет го дават римејкот на туркото Притаени страсти, ака Pasion Prohibida (Забранета страст), сигурна сум дека имаш 1 сат време
Нешто што ми е многу неубаво да видам ми се слики од бебиња/деца со цигара во уста. Не знам зошто многу луѓе мислат дека е смешно или симпатично. Никогаш не би ставила цигара во рака на дете, макар и за слика, ниту пак би дозволила некој да даде на моето. Не мора да значи дека кога ќе порасне ќе посегне да пуши ама едноставно неубава глетка е.
Сакам да кажам дека се’ додека односите со другите луѓе ги базирате на "дали се исплати или не" - секогаш ќе бидете зезнати.
СДК дека исплаќањето е на емотивна основа, тоа боли...и неможете да му судиш на некој кога не му ја знаеш приказната.
зошто? зоштоо се што сакам ми се лизнува од раце? Си оди,засекогаш? Почивај во мир слатко кученце, ти беше единствена светла точкичка кога че си отидам дома, ти беше сречко. Ти беше радост. Се уште постои одвратен народ, без милост. Проклет нека е тој што го уби. Господ гледа,враќа иако е еден.
Она кога ќе го слушнеш - леле што ти изнакажав се, одма полесно ми е. А ти, дупнат балон. Има разлика како споделуваш, дали со цел да си се испразниш и да и го дадеш на другата личност да ти го носи, фино лепо да си се исчистиш или споделуваш за да слушнеш совет и да дадеш фидбек и љубов на подадената рака. Не сакам бре да делам што ми се случува кога знам дека не можат да ми помогнат или ако не сум спремна за совет. Зошто да гнасам туѓа енергија?! Зошто да му пренедувам лоши чувства?! Нејќум! Ебате луѓето, ебате. Иш со гнасните рачиња!
На татко ми најдобра пријателка му е женско. Нивното пријателство, што трае скоро 25 години, ги урива сите стеротипи дека не може да опстане машко-женско другарство. Многу луѓе и викаат на мајка ми дали е сигурна дека се само пријатели, дали е сигурна дека не се љубовници, зар не е љубоморна што татко ми поминува толку време со пријателката?...а таа само си се смешка...како да им објаснуваш на луѓе што е пријателство, ако не почувствувале пријателска љубов? Истите работи му ги викаат и на сопругот нејзин....Дали бил љубоморен на татко ми, дали бил НОРМАЛЕН што и дозволувал на жена му да се дружи со маж...И тој си се смешка. Тие двајца се нарекуваат брат и сестра. (поблиска му е од родената сестра). Многу си имаат помогнато баш во најтешки периоди. Се заљубиле во други луѓе, си основале семејство со други луѓе, но нивното пријателство цути од ден на ден. Се случува да се скарани, но по некое време некој ќе попушти и пак се дружат ко ништо да не било. Не знам дали луѓето се љубоморни на нивното другарство или толку се заостанати. Убаво им е и се дружат луѓето, на кого друг треба да се објаснуваат ако од најблиските домашни имаат целосна доверба? После сме сите заедно на ручек....Таа со ќерките, со сопругот, и плус ние од дома...Заедно ќе ги прославиме тие 25 години од нивното нераскинливо другарство и ќе им посакаме уште дооолго да си се дружат. п.с. Потајно посакувам и јас да си имам такво другарство.
Ги сакам луѓето кои со ситници ти покажуваат колку те сакаат и им значиш... Со едно обично „ земи вода, знам имаш заборавено да се напиеш...“ „земи јади те молам...“ со омиленото кафе во рака и со насмевка од типот „ајде диши 15 минути со чашава, заслужи“ Нека се здрави и живи... А оние другите.... тие , тие само им даваат поголема вредност на овие првите во нашиот живот
Браќа,сестри,внучиња, родители.. сите си заминуваат по свои страни и остануваш сам.. Можеби празнината ќе биде помала или ќе ја нема кога ќе создадам моја фамилија, а до тогаш- копнеж.
Многу добро ги разбирам ваквите другарства, но ретки се. Мило ми е за нив и им посакувам се најдобро. И јас имам вакво другарство кое трае 22 години и сум во брак. Најблиската пријателка ми е машко. Не сум настроена за женско -женски дружења на долги стази. Во ваквата дружба има нешто што го нема кај жените и ги прави поинакви. За нашето стереотипно општество ова е невозможно, чудно и сомнително. Ако секој си ги препознава емоциите и знае да постави граница, може да се одржат долгогодишни машко-женски другарства.
Колку сум изгубенаааааа!!! Идиот на месецов сум! Отидов да канам кај најблиски, ги заборавив поканите.... Ааааааааа!!!!! Многу ретко се нервирам ама овие 2недели врв! Минатиот понеделник заборавив дека сум на проба за фустан Ова топлово мозок ми стопи.Што да пијам за памтење???
Кога ќе видам убави средени девојки си мислам дека има манири ама така не било. Една девојка си ја средуваше косата во Cineplexx и зева. Каде со зевањето, рака на уста се става. Инаку, после фаќањето на вчерашната утакмица и денес добив гратис билети за во кино, па го одведов татко ми. Само со него можам да ги гледам акционите филмови. Се израдува човекот.
СДК пред некој ден започнав хонорарно да работам нешто,не е кој знае што,но добро ќе ми дојде за периодов. Па натаму здравје,ќе барам стабилна работа И одма,значи одма ме нападнаа со глупави коментари и забелешки,како ќе сум се откажела оти тешко ќе ми било. Ок,нека ви биде.
Додека ми течат солзите ти аинко ја извади цуџлата лажливка од устето и ми ја стави мене во уста за да се смирам да не плачам исто кога ти плачеш јас кога ти ја давам да чувствуваш сигурност во себе. Ме боли тоа што не сме сите заедно но тоа е ќе помине се.
СДК па добро е, супер. Од нешто барем во нагорна линија Друго, најтешко е да одиш две смени на работа, т. е. Двократно нели. Нели, е глупаво некој да ти префрла оти не излегуваш после работно време?,А, ти си двократно на работа, на обука од 10-13:30 и од 17-20:30 секој ден. Повеќе не гледам да му угодувам на другите и да одам по нивни тајминг. Звучи себично, но чувам енергија за себе и за оние кои им требам. Зошто морам да пијам алхохол, ако не сакам?