Ние луѓето сме многу чудни,се замараме со толку небитни работи во животот,што за жал не сме ни свесни за тоа.Животот е еден кој за жал реприза нема,и треба да го живееме квалитетно,да уживаме во него,да не се замараме со другите што ке кажат за нас,треба да ги ичистиме црните мисли кој ни ги создал овој 21 век.Да му мислиме добро на светот,да нема злоба во нашите тела,него да владее мир и спокој. Најголемата убавина на светот е токму можноста да станеме секој пат кога ќе паднеме.
Сдк многуу ме нервираат пензионериве застанати пред лебот во Стокомак, па ќе ги фати сите додека да си одбере. Па леб си е леб, мислам. Како божем компири купува.
СДК дека многу ми е криво што одамна не си направив профил, можеби со вашите совети многу работи поинкау ке сум согледала. Прекрасни сте девојки, ве обожавам,ме смеете со вашите оригинални мислења,посебно во темата Насмевка. А сега одам во мојата омилена тема,т.е. серија да пишам збор-два
Како да направите кафе за помалку од пет минути: 1. Земете ѓезве. 2. Земете шолја за кафе и додадете вода во ѓезвето. 3.Потоа ставате една лажичка шеќер и кафе. 4.Оставете го ѓезвето со кафе надвор да се свари. Кафето ќе биде спремно за помалку од пет минути. #заштедетеструја #EVN #вредидасештеди
Секој си е кројач на својата судбина или ке си го направиш рај или пекол животот,многу е битно по кој пат ке тргнеш.
Еве успеав да се нашминкам за Пиволендот. Уште да задувка едно пријатно ветренце. Се релаксирам на тараса со турско кафе. Инаку да ви кажам молам Бога помалку да се потам.
Другарство е она кога два пати во неполн час звониш на тел,а таа не ти крева и наместо да помислиш што се прави важна или слично тебе срцето ти чука уплашено и помислуваш нешто лошо да не и се случило...
Аман веќе од себични другарки аман. Ме викна пред некој саат да пиеме кафе,отидов и цело време се допишуваше со дечкото,буквално цело време(а и не и е прв пат) јас седев со кафето во рака и молчев,молчев и избувнав и реков дека си одам,и реков не вреди да седам сама во туѓа куќа а никој да не ме рецка,ако беше за така ќе си седев сама дома. И знаете што?на крајот јас крива испаднав оти сум била нервозна. Е крива сум да,оти трчам за нив во секое време,буквално другарките ги ставам и пред семејството и знам дека не вреди,ама упорно одам со глава во ѕид. Болна ќе сум била,ќе имав обврски,ќе оставев се ќе истрчав да ги тешам кога ќе се скараа со дечковците. Еднаш,само еднаш ќе ги побарав кога ќе бев во депресија,ама никој не нашол време да истрча за мене.. Сега се е ок и кој ја е*е Рама,ама нека,се нека им е нај убаво
Некои луѓе едноставно имаат потреба да си сето лошо што го гледаат во тебе. Не ни можат со нешто поинакво. Небитно дали си ти тоа или не. Секој што си сака... нека и да си добие. Универзуму... дај им на човеците.