Ја во кола се драпам пошто едниот тестис секогаш забегува, па морам да го наместам. Ако не го наместам, ќе се прецвикаат. Никој не ме гледа = не се важи. Исто ко на пр. кога удира гром, а никој не слушне ко да не се случило. Ко швалерај, а никој не знае, исто ко да не се случило. Anyway малку на недрапачка тема СДК: на светот има луѓе givers & takers. Takers се паразити, цицачи на енергија, време и остало, само земаат и ништо не даваат. Таквите ги избегнувам и посакувам главата да им ја скршам, ама законот ги штити. Givers од друга страна само даваат и се искористувани од takers. Наивни и кротки душички. И као сe' у животов испаѓа дека е добро и да си тоа и тоа: и giver и taker. Придонесуваш, ама не паразитираш. Ко што е добро да си добар и лош. Ко што треба да кажуваш не на ствари што не ти одговараат, а не да кажеш да само за да угодиш на другата страна. Be smart. Be wild. Be irresistible. Be awesome. Be you.
Постојат нешта кои знааат да ме потсетат на личностите кои сакам да се сега тука... Но за жал не се. А боли секоја помисла на нив. Солзи потекуваат на секое сеќавање. Понекогаш толку многу ми требаат... Да ги гушнам, да им кажам многу нешта. Се надевам дека ме гледаат од некаде и ми даваат сила да чекорам. Знам тие сега се моите ангели чувари... А јас никогаш нема да ги заборавам...
За сите погрешни љубови за сите мигови во кои сме добивале само трошки и сме се гушеле во глад за љубов. За сите оние погрешните што сме морале да ги поминеме а и да ги исплачеме овде на форумов за да ги препозснаваме оние кои вредат. За сите мигови кои сме се убедиле дека ние не вредиме нека си трепка ова тука ни кажа човекот како заслужуваме некој да не сака и гледа... толку
СДК..илузиите се природна дарба кај човековиот ум. Слатки се. Секој ги има. Ама да живееш и да се храниш само од нив,краток ќе ти биде векот.
колку сакаш ти пишувај убави мисли и состави, животни поуки и тажни приказни или пак поезија и проза ко писател од светски ранг НИКАД нема да ти лајкнам пост пишан вака иди научи се за точка запирка голема буква а па да не зборам за празен простор пред почеток на нова реченица или пак нов пасус амин
Колку само ми е потребно да одам на море. Сакам,а не можам,не сум во можност да одам и како за инат сите ме прашуваат зошто не одам. Од ќеф сигурно не Ама наредното лето има да надокнадам здравје....
Запомнете, сфаќањето на саркастична критика и разликување на истата од неоправдано и злобно исмевање е најголемо мерило за зрелост и висока емоционална интелигенција.
4 години ме учеше за култура и однесување.Сега јас испаднав поучена и покултурна од тебе мил професоре.Имав некоја почит минимална ама и тоа не сте го заслужувале.Вие сте никој и ништо и не зависам од вас веќе.Денес кажав добра вечер и никогаш повеќе.Ај сега куферот и во лудница на лечење.И запомнете..Кармата е кучка
Дедо ми бог да го прости имаше право кога ми викаше дека денеска нема вистинско другарство, а јас упорно, и упорно мавав со главата во зид, и не му верував, знаев да речам не дедо ти си мислиш така дека нема, ама сега сватив дека бил многу во право, сега се каам што не те слушав. Ама знаеш ова ми беше една многу добра лекција во животот, што од сега па натака постарите луге ке ги слушам. Од сега па натака како прават, така ке правам, како ке се поставиш, така ке се поставам и јас, доста више бев добра со сите. Единствениот пријател што нема никогаш да те остави се мајката, и сестрата, толку имав да кажам.
Ако некогаш некаде постоела љубовта тоа е мојот син. Мојто бебе и мојата душа. Секојдневно се повеќе подлабоко и поемотивно ја чуствам таа љубов и таа болка, радост и тага во душава длабоко. Како му е нему така и мене. Не, нема поголема љубов од таа љубов што живеела во тебе дишела и се хранела во тебе 9 месеци, не нема поголема љубов од тоа зависно мало суштество до тебе, нема!! Секоја негова солза мене ми ја пара душава, секоја негова смеа мене ме препородува длабоко силно и емотивно. Не не е клише мајчинството, не е клише таа љубов опишувана насекаде, тоа е најголемиот дар од небото, најголемиот втор живот за себе. За мене моето бебе е најголемото совршенство во животот, тој ми дари и воздух и се што е потребно за да ја јас живеам. Мајчинството не е сакање, љубов е, нешто енормно што со збор не се опишува, нема збор што може да го опише тоа чуство, тоа чуство се носи длабоко длабоко и несебично во себе.
Човекот може да си е најголем непријател на сам себе. И најголем пријател... Ако не се става себе на прво место другите ке го стават на последно.