Работно со форумов. Си мислам што би било ако колешките ми го дознаат ников. А и колку од нив се членови ? Хаха луѓе бе викенд е и едвај чекам да летнам накај дома.
Денес сум се уверила дека вистинското другарство постои само ако истото се чува меѓусебно и се цени. Колку повеќе цениш толку повеќе опстојува.
Ми нема ништо посимпатично и помило кога гледам како некој маж со огромно внимание и љубов се грижи за децата....И не само неговите, туку општо кога сака и задева деца... Порано татко и на една другарка, воедно и комшивка, секогаш кога ќе дојдеше од работа ја земаше неа во раце, ја бакнуваше и силно ја гушкаше...Ја нарекуваше пиле, црвче, зајче....И денес имаат сличен однос. Со восхит ги гледав...Бев многу мала, но сфаќав дека ТАТКО не значи само да те погали по коса кога ќе дојде од работа, туку ТАТКО значи да те бакне, да те гушне, да си поигра со тебе, да се смее со тебе... И ден денес, едно од првите нешта кај млад дечко е што приметувам дали сака дечиња (внучиња од брат/сестра, деца од другари), дали ужива во нивно присуство или е тотално ладен спрема нив. Не знам дали дека јас немав толку големо внимание од татко ми кога бев мала, па сега барам спротивно од него, или едноставно најбитно ми е семејството. Никого не обвинувам што сме развиле таков однос со татко ми. Многу е емотивен човек, но не знае да ги покаже чувствата на дело....Не знае да ме гуше од чиста мира, да ме бакне, да ми каже дека ме сака...Чувствувам дека има огромна љубов во себе, ама не може да ја извади на дело. Најмногу ми помага за се, најмногу тој се грижи за оценките на факултет, секогаш го бара индексот и со гордост го гледа, ми помага околу факултетот...Ама ете, од мала ме научил да имаме дистанца, па тоа и денес влијае на блискоста...имам блокада за да искажувам чувства. Плус долгите деловни отуства од дома, си го направиле своето. Може заради таков (поладен) однос што имаме ние развиено, сега се топам кога ќе видам како некој татко се грижи за децата. Обожавам да гледам како си игра, ги шета, им купува работи, им ги објаснува нивните смешни и детски прашања, по малку ги разгалува...Ужива со дечињата и без проблем си ги искажуваат чувствата.
Од жештината не се дише. Се цеди вода од нас. А некоја проклета цевка пукнала, па си немаме вода цело маало. Ај што нема со што да се истушираме, измиеме, немаме вода ни за во wc. Од нервоза се препотувам уште повеќе. Доаѓа прееска за кратко и трчаме сите полниме вода како некои примитивци. Трчам и јас да се туширам. Слаба ама колку толку ја има си велам. Колку да се истуширам добро ќе е. И малери невидени. На сред туширање ни капка вода. А јас цела во пена. Ми доаѓаше да се расплачам. Со шишињата што ги наполнивме успеав некако да се исплакнам. Но сигурно не доволно, зошто еве глава ме чеша... Ќе побудалам. Колку пцовки кажав ни самата не знам...
Грото луѓе не се спремни да слушнат критика. Едноставно до нив допираат само убавите зборови, тапшање по рамо и позитивни критики. Добивам впечаток дека самокритичноста е сведена на минимум, јер се додека до нив имаат дежурен пријател кој им вели дека се топ, тие ќе туркаат во животот. Да, тешко е да се соочиш со своите недостатоци, грешки, маани и неправилни одлуки, ама секогаш има можност за промена. Дали кога ќе се погледнете во огледало сте задоволни? Дали кога ќе легнете да спиете сте задоволни од постигнатото? Дали тоа е вашиот максимум?
Внуками ја немам видено извесно време,но ја имам истетовирано,деновиве кога ке ја погледнам тетоважата солзите сами ми течат по лицето.Единствената светла точка во нашата фамилија,е тоа невино човече,за кое животот би го дал.Доволно е со прекрасните коси очиња да ме погледне,за да ми стане светот розев
Сдк Денес повторно од тие мои мрзливи денови ... Се мислам дали да пишам некој твит или да одам на кафе , или да одам на плажа , или да мислам на работа што ме чека ... Но сето тоа е маска ... Го тргам намерно мозокот да не мислам на некои негативни работи што ми ствараат болка во градиве, што се помирив одамна ... Но сеуште ми ствараат болка .... Се мислам како ке живеам во друга држава , далеку од сите ... Но каде и да одиш од чувствата не можеш да избегаш ...
СДК... Ме разоруваат емоции како никогаш. Одамна не сум гушнала некого.Ми недостасува прегратка и чувство на блискост. Колку ли е прекрасно да сакаш и да бидеш сакан?
Сакам да кажам дека ми се иде на жешково тивко да станам, право у вц да се исповратам,така спонтано. Оти ДАРКО ЛЕШОСКИ НА СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА? Дали за украдената јакна и залепена хуба буба мастика ќе се чуе, како до сега шо се слушаше на велико, само и само тоа од него? Од него секако ништо не бива, туку нивото на манифестацијата? А нели беше доволно што е советник, овој почитуван НЕЗАВИСЕН ПОЕТ?
Најубаво кафе ми е она кафе со мајка што го пијам. Безразлика каде безразлика какво кафе. Неописливо чувство. Немам зборови со кои можам да опишам колку ми значи и колку ја сакам. Нејзиното присуство, нејзината прегратка, топли зборови... Една е мајка...
Денес буквално минатото ме удри од земја. За мене беше океј, јас сеуште го држам истиот став. Зашто истата личност е сеуште до мене... За некој ова ќе беше удар буквален. Но, пред се е лекција. Дека кармата е кучка и дека она што ќе си посадиме тоа ќе жнееме.
Се чуствува некоја празнинаа во мојот живот,емоциите навираат,си признавам не ми е сеедно,ми доаѓаат спомени поминати заеднички,особено прошетките до ситимол,капитол кога сите седеа по кафичи а ние гледавме цени и чекавме попусти да има за да си купиме по некоја маица,блуза,фармерки итн. Знан дека веќе све е готово,неможе враќање назад,но тоа требаше да мислиме порано пред да дојде до свршен чин,без разлика на разделеноста сепак сакам да останеме и разделиме пријателски,ферски и достоинствено и двајцат да бидеме задоволни без некои да се осети оштетен дали матријално или психолошки,после сетоа тоа што го поминавме можеме и двајцатада собереме храброст и да се разделиме човечки,без никој никого да мрази,и да си посакаме посреќен живот во иднината што не чека,секој нека си чекори по својот пат и секој со својата среќа.
Утрото го има најпрекрасниот воздух и шмек од сонце и сини облаци, кафе и малку ветер. Толку е свежо и убаво, релаксирано, додека и птиците пејат а надвор никој нема.
Синусите ме убиват на времево плус затнат нос неможам повеќе Ме чека многу важна животна одлука еве уште незнам што да одлучам Во мене влааде страв,немир,нервоза и среќа што ја чекав
Интересно е што тука на форумов се контраме со оние личности кои имаат различни ставови, размислувања од нашите. Во теорија не се согласуваме со таквите личности, но во пракса може да се случи токму со нив да се дружиме. Да бидеме пријатели, со взаемно почитување на нашите разлики. Понекогаш оние кои се со слични размислувања како нашите, оние во кои препознаваме дел од нашата природа на карактерот, се ѝ оние кои може да нѐ повредат на многу начини. Јас лично се дружам со луѓе кои се расистички, хомофобично настроени. А ниту сум расист, ниту хомофоб. Сите што ме познаваат знаат дека сум либерална во многу погледи. Ок сме, иако не се согласуваме на одредени теми. Затоа што има почит меѓу нас. Тоа е суштината на пријателството. Секако, овде не вклучувам екстремни случаи на луѓе кои ми наштетуваат или наштетуваат на некој друг со нивните убедувања. На таквите се спротивставувам. А доколку е потребно, се дистанцирам од нив. Ако некој (постојано) ја загрозува мојата слобода на размислување, ми наметнува свои ставови и запаѓа во конфликти, тогаш не би можела да бидам дел од такво пријателство, кое on the first place не е воопшто пријателство. On the other hand, сум се дружела со луѓе кое имале мошне либерални ставови, слични на моите. Ми било пријатно во нивно друштво. Убаво е чувството да бидеш опкружен со истомисленици, но истите тие не секогаш сѐ со чесни намери. Токму тие луѓе ме зафркнале најмногу во животот. Не бирајте пријатели според критериумите на согласување и не ги навредувајте оние со кои не се согласувате. Баш тие може да ви излезат во пресрет кога ви е потребна помош. Затоа овде (на форумов) како и во real life, ги почитувам туѓите размислувања колку ѝ да се различни од моите. Секогаш постои пристоен начин да водиш дебата со неистомисленик. Одбивам да верувам дека постигнуваме нешто продуктивно со навреди и pushing our opinions into someone's throat.
Ако Маја ги осудува хомосексуалците, а Ана ја осудува Маја за размислувањето, тогаш Ана не е ништо подобра од Маја. Ако верникот го осудува атеистот, тогаш ни самиот не е верник. Ако дебелиот прави шеги за слаби, не треба да се лути на виц за дебели. Ако не осудувам, не значи дека и одобрувам, но пробувам да ја видам пошироката слика за човекот кој стои пред мене.